Резултати од пребарување
388 results found with an empty search
- Со локални алатки се прават само локални резултати
Императив за секоја фирма е да се развива и расте. Ако не го прави тоа, прашање на време е кога конкуренцијата ќе го заземе просторот што фирмата го оставила заради отсуство на раст или недоволен раст. Растот и развојот на една една фирма зависи од повеќе фактори. Да набројам неколку тука: капиталот, организацијата за работа, индустријата во која се наоѓа, конкуренцијата, изборот на човечки ресурси, маркетингот и соодветниот квалитет на производите согласно барањата на купувачите. Дополнително, ако пазарот во кој работи фирмата е мал и-или стагнира, неопходен е меѓународен излез на фирмата. Секако важна компонента на развојот на една компанија е и амбицијата на сопствениците за развојот и напредокот на организацијата. Алатките и технологиите за работа играат голема и пресудна улога во работењето на фирмите. Дали е исто една нива да се обработува со лопата, рало и плуг, или со трактор? Секако дека не е. Дали е исто фирмата да изработува понуди на рака или со помош на компјутер и Microsoft Office? Секако дека не е. Една површна анкета покажува дека малите и средни фирми во Македонија многу малку користат современи ЕРП решенија во своето работење. Кај овие фирми најчесто ги сретнуваме следните случаи: (1) сметководството им го води сметководствено биро, или (2) имаат еден сметководител во фирмата кој им го води книговодството како одвоен остров од другите деловни процеси. За нив тоа е нешто што е задолжително заради државата, а сите други извештаи и анализи ги прават одвоено од главната книга. Фирмите секако имаат предвид дека сметководството е регистар на сите трансакции во фирмата од разните деловни активности – види слика подолу. Сепак, тие многу тешко се одлучуваат на интегрирањето на деловните активности во еден систем. Ако не се интегрирани податоците и трансакциите со сметководството тогаш фирмите немаат можност за корисна анализа во своето работење. Ако податоците се наоѓаат на различни места и во различни формати, менаџментот на фирмите или добиваат извештаи и анализа многу доцна или добиваат неточни извештаи. Импликација на ова се погрешни деловни одлуки или несогледување на битни трендови во фирмата и надвор од фирмата. ERP е вистинското решение Enterprise Resource Planning, скратено ЕРП, е категорија на деловно-менаџмент софтвер, најчесто во форма на пакет на повеќе интегрирани софтверски апликации, кој овозможува на организациите да прибираат, складираат, менаџираат и интерпретираат податоци од различни деловни активности какви што се продажбата и маркетингот, магацинското работење, набавките и испораките, кадровата евиденција, планирањето и анализата на производството како и сервисот. Иако има одлични локални софтверски решенија во Македонија, ваквите локални решенија се правени првично како софтвер за сметководство, а потоа му се надодадени базични функции за одредени процеси во работењето на организациите. Поради трендот на ЕРП, некои локални изготвувачи на софтвер побрзаа да ги прекрстат своите софтверски решенија како ЕРП системи. Постои голема разлика помеѓу локалните програми за сметководство и ЕРП системите од светска класа. Таков е примерот со Microsoft Dynamics NAV, ЕРП систем, кој е направен како софтверска платформа врз основа на целокупните потреби на организациите, а не само на сметководството. Кај НАВ сметководството е еден модул во целоккупното ЕРП решение. Локален софтвер или светска класа ЕРП системи Дури и да кажеме дека локалните софтери имаат прилично солидни опции за комерцијално работење, магацинско работење, набавки и човечки ресурси ... Сепак, локалните софтвери немаат 4 битни компоненти кои се неопходни за современото работење, или ако ги имаат, тие се со скромни можности и работат одделно од софверот за сметководство. Производството во Dynamics NAV е направено да се води на два начини и тоа како асемблирање (или лесно производство) или целосно производство. Модулот за проектен менаџмент ги води трошоците и приходите од проектите и ги книжи соодветните промени. Поправањето на производите и давањето на разни услуги се изведува во делот за услужен менаџмент . На крајот, неспорно е дека меѓународното искуство е важно за софтверското решение бидејќи со локалните алатки не може да се прават резултати од меѓународен ранг. Dynamics NAV се користи во преку 100 земји и во решението се вградени светските искуства во речиси секој сегмент од деловното работење на фирмите и организациите. Зошто е важно софтверските модули кои го поткрепуваат деловното работење на фирмите и нивните процес да бидат интегрирани? Прво, интегрираноста овозможува да нема грешки при изработувањето на извештаите за менаџментот, банките, купувачите и добавувачите. Второ, со ист број на вработени може да се постигнат подобри резултати. Трето, интегрираноста ги обесхрабрува вработените да прават намерни грешки и со тоа да неовластено да присвојат дел од ресурсите на фирмата. Четврто, ако фирмата користи ЕРП решение од светски ранг ќе биде повеќе вреднувана кај своите меѓународни деловни партнери, а воедно ќе биде компатибилна за поуспешна соработување. Ефекти Најважното е тоа што со поставување на платформа Dynamics NAV, фирмата ќе има поставено скалабилна и флексибилна архитектура која ќе го поддржи зголемениот обем на работа и ќе ги поедностави сложените процеси во фирмата. Крајниот ефект? Главните менаџери ќе може да се фокусираат на бизнисот, а не на проблемите што произлегуваат од недоволно информатички поткрепените деловни процеси. Фокусирање на бизнисот наместо на алатките носи значително подобри деловни резултати . Корисни линкови за дополнителна разработка: Основи на ЕРП и Dynamics NAV Блог страницата на Логин Системи Домашна страница за Microsoft Dynamics NAV Често поставувани прашања за Dynamics NAV Форум на Логин Системи #MK #DynamicsNAV
- Циклус што носи продажба
Софтверот за Customer Relationship Management (CRM) ги автоматизира процесите во продажбата и маркетингот на една компанија. Тој се базира на листа од контакти при што активностите поврзани со контактите се забележуваат во интеракции, размена на документи, работни задачи и состаноци. CRM ја подобрува тимската работа помеѓу маркетингот и продажбата. Тој дава појасна слика за минатите успеси (и неуспеси), продуктивноста и ефикасноста на тимовите и поединците во работата со купувачите и потенцијалните купувачи - проспекти. Колку и да е моќен софтверот CRM, останува на компанијата да воспостави продажни процеси и да создаде навики за користење за да може CRM да ги оправда инвестицијата и потребите. Клучна работа за тоа е да се заведуваат потенцијалите за соработка со контактите во зделки (opportunities). За да се реализираат и внесуваат зделките, компанијата треба да го сфати продажниот циклус и да воспостави еден или повеќе продажни циклуси за различен тип на зделки и групи на купувачи. На наредната слика е покажана шема на еден продажен циклус и одговорностите на тимовите во компанијата. Изведба на работни задачи во продажниот циклус Подетално, продажниот циклус се состои од повеќе фази со конкретни активности и работни задачи. Во продолжение ќе објаснам за еден типичен пример на активности во продажен циклус. 1 Првата задача е да се создаде упат или лид (анг. Lead Generation). Целта во оваа фаза е да се воспостави иницијален контакт меѓу компанијата и потенцијалниот корисник. Тоа се прави со реклами, директен маркетинг (емаил пораки или писма), пост на социјалните мрежи, телефон или случајна/намерна посета кај контактот. Креирање на упат е и кога ќе се види во средствата за јавно информирање дека некоја институција објавила тендер за набавки. 2 Откако ќе се создаде лидот или некој ќе изрази потреба од производ или услуга од компанијата, се преминува на фазата на квалификацирање на упатот (анг. Lead Qualification). При квалификување на лидовите (упатите) се одредува веројатноста за затворање на зделката. Квалификувани лидови се оние кај кои корисникот има (1) јасна потреба, (2) изразува интерес за набавка од компанијата, (3) има изготвено финансиска конструкција да ја направи порачката како и (4) има намера да набави во разумна временска рамка (типично во период од 30 до 60 денови). 3 Понуда (анг. Bid & proposal) се прави откако се задоволени условите од претходната фаза и компанијата има решение со производ или услуга да ги задоволи потребите на контактот што изразил интерес за набавка. Во оваа фаза се вклучени сите работни задачи потребни за да се конвертира квалификуваниот упат во зделка спремна за затворање. Покрај другото, понудата треба да содржи листа на производи-услуги со цени и динамика на испорака. Во понудата се ставаат и услови за плаќање. 4 Ако корисникот е задоволен од содржината на понудата, обично се пристапува кон преговори и активности за затворање на зделката (анг. Negotiation/sale Closure). Обично се преговара за цени, рокови и услови, можеби корекции во моделите на производи или типот на услугите и сето тоа е проследено со финализација и потврда на порачка. Вообичаено е во оваа фаза да се постигне договор за купопродажба кој вклучува размена на производи и услуги и соодветни плаќања. 5 После потпишување на договор следи фазата на исполнување на договореното од двете страни (анг. Fulfillment). За обични зделки со производи, fulfillment значи испорака на производите до корисникот. Во посложени зделки како и за комбинирање на производи и услуги, оваа работна задача може да биде главна компонента на продажниот циклус – на пример да вклучува испорака на производи со вклучување на инсталација, конфигурација и адаптација (кастомизација) заедно со обука и гаранциски период. 6 Кога ќе се завршат (испочитуваат) обврските од двете страни се преминува на после-продажна поддршка и грижа за корисници (анг. Post-sale Support & Care). Овој таск обезбедува долгорочно задржување на корисникот, лојалност и раст на бизнисот преку создавање на нови упати. Добро осмислениот продажен циклус или група од продажни циклуси е гаранција за поголем успех и основа за автоматизирање преку користење на зделки во CRM на Dynamics NAV 2017. Продажен циклус во Dynamics NAV CRM на Dynamics NAV овозможува креирање на продажен циклус, водење на фазите на зделките, правење на понуди, евидентирање на активности како презентации, состаноци и коресподенција. На крајот, секоја зделка завршува со успех (анг. Win) или неуспех (анг. Loss). На наредната слика е прикажан пример на 4 продажни циклуси и тоа за постоечки купувачи и за контакти што за прв пат изразиле интерес - при тоа ставени се и варијантите за мала и голема организација. Исто така на сликата се прикажани и работните задачи на продажниот циклус за мал контакт што се јавува за прв пат како упат во компанијата. Продажни циклуси во CRM на Dynamics NAV и фази на продажен циклус Софтверот CRM обезбедува различни извештаи како листа на зделки и активности, анализа на успешност, статус на отворените зделки кои даваат појасна слика што би можело да се случува во иднина. Сево ова овозможува менаџментот и тимовите да се фокусираат на битните работи во продажбата, маркетингот и грижата на корисници. #DynamicsNAV #MK
- Стратегија
Добра стратегија пропратена со извонредна изведба е гаранција за успех на било која компанија или организација. При креирањето на стратегијата се одлучува „да се прават вистинските работи“ (анг. doing the right things) и самото креирање е одговорност за топ менаџерите и сопствениците. Изведбатата на стратегијата се однесува на „да се прават работите исправно“ (анг. doing things right) што е обврска и одговорност на сите вработени на сите нивои во организацијата. Креирањето и изведбата на стратегијата се различни активности кои треба да се надополнуваат. Што е тогаш стратегија? Дефиниција Стратегија за прв пат се јавува како војнички поим (од грчкиот збор stratego) кој се користи за да се опише уметноста на војување на генералот. Под стратегија се подразбира планот на генералот за распоредување и маневрирање на неговите сили со цел да се победи војската на непријателот. По аналогија, во деловниот свет стратегија е план за контролирање и рационално користење на ресурсите (човечки, физички и финансиски) на организацијата со цел да се промовираат и да се заштитат виталните интереси. Професорот од Харвард, Мајкл Портер, ја дефинира стратегијата како една поширока формула за тоа како бизнисот ќе конкурира на пазарот. Според Брус Хендерсон, основачот на Boston Consulting Group, стратегија е намерна потрага за акциски план кој треба да развие деловна конкурентска предност. Конкурентската предност се стекнува преку различностите во однос на конкуренцијата. Мајкл Портер ја проширува оваа идеја за различностите и укажува дека конкурентска стратегија е да се избере различна комбинација од активности за да се испорача уникатен микс од вредности (за купувачите). Кусо кажано, стратегија е план кој има за цел да овозможи конкурентска предност на организацијата во споредба со ривалите преку различности (диференцијација). Стратегија е да се разбере и знае што се работи, што се сака да се биде и тоа што е најважно, фокусирање на тоа како се планира да се стигне до целта. Стратегија е и да се знае што нема да се работи. Звучна стратегија имплементирана со вештини ги одредува целите и насоката што им е потребна на менаџерите и вработените на секое ниво во организацијата за да се дефинира нивната работа и да се направи да биде успешна. Стратегии (Минцберг) Според Хенри Минцберг, слика горе, ако ја означиме првата дефиниција за стратегијата како стратегија со тенденција (анг. intended strategy), а втората како реализирана стратегија (анг. realized strategy), тогаш може да се направи разлика што се осмислени стратегии (анг. deliberate strategies) од надоаѓачки стратегии (анг. emergent strategies). Кај осмислената стратегија, намерите кои постоеле претходно се реализираат, а кај појавната (надојдената) стратегија се јавиле некои форми и настани кои ја доразвиле стратегијата - иако претходно не постоеле некакви намери. Дел од стратегијата со тенденција не секогаш се реализира најмногу заради надојдената стратегија и таквиот дел се нарекува нереализирана стратегија (анг. unrealized strategy). Илустрација на типови на стратегија (Минцберг) Минцберг во својата книга „Сафари на стратегии“ дефинира 5 типови на стратегии и тоа: (1) стратегија како план, (2) стратегија како појава/форма, (3) стратегија како позиција, (4) стратегија како перспектива, и (5) стратегија на залажување. Според Минцберг, постојат повеќе школи или правци за дефинирање на стратегијата кои ги опишува во книгата „Сафари на стратегии“. Стратегија и бизнис модел Доста често се става равенство помеѓу стратегија и бизнис модел што секако не е до крај точно. Иако секоја успешна компанија е изградена на солиден бизнис модел, сепак бизнис моделот не е стратегија. Бизнис моделот опишува системски како деловите од бизнисот се поврзани меѓу себе за да носат профит. Сепак, бизнис моделот не ја зема во предвид критичната димензија за перформансите, а тоа е конкуренцијата. Конкуренцијата е работа на стратегијата. За разлика од стратегијата која овозможува диференцијација и конкурентска предност, бизнис моделот објаснува за економиката на тоа како бизнисот работи и прави пари. Стратешки процес Создавањето на стратегијата и неговата имплементација треба да се земат како еден процес во кој еден сет од активности ги трансформира влезовите во излези. Создавањето на стратегијата тргнува од мисијата на организацијата која ја одредува целта за која постои за своите сопственици и купувачи (за мисија види тука ). Врз основа на мисијата, врвните менаџери на организацијата поставуваат мерливи цели за остварување на визијата на организацијата (за стратегија види тука ). Самото создавање на страгегијата се прави со претходна длабинска анализа на внатрешната и надворешната средина кои влијаат на работењето на организацијата. Стратешки процес Од овие анализи, од менаџментот имаат можност да ги извлечат најважните приоритети за кои организацијата треба да ги адресира за да биде успешна на подолг рок. За секој приоритет, од деловните единици и тимовите се бара да да креираат акциски планови. Со креирањето на акциските планови се прочистуваат и стратешките цели и насоката на движење на организацијата (за стратешка дестинација види тука ). Вклучувањето на оперативните тимови во стратешкото планирање е добра пракса за успешно изведување на страгегијата. Всушност, тимовите се тие кои поседуваат лидерство, луѓе и вештини за изведбата на стратегијата. При креирањето на стратегијата се прават стратешки одлуки кои се појавуваат при процесот на анализата на надворешните фактори и внатрешните способности на организацијата. За ваквите анализи најчесто се користи алатката SWOT анализа (анг. Strеngths, Weaknesess, Opportunities, Threats). Врз основа на SWOT анализата, организацијата треба да одлучи за типот на стратегија што ќе ја користи. Според Портер, постојат 4 генерички типови на стратегија: (1) лидерство со ниски-трошоци, (2) диференцијација преку производ/услуга, (3) релации со купувачи, и (4) мрежен ефект. Голема е веројатноста еден од овие типови или варијација од нив, да биде погодна за организацијата за да опслужи некој пазарен сегмент профитабилно. Времетраење на стратегија Битно е да се напомене дека ниедна стратегија, колку и да е добра, не може да опстои вечно и да дава вечно добри резултати затоа што средините се менуваат, условите за работа се менуваат, луѓето се менуваат. Затоа е потребно стратегиите да се изменуваат, прилагодуваат или да се креираат нови. Обично стратегии се прават за временски период од 3 до 5 години и тоа највеќе зависи од индустријата и пазарите во кои делуваат организациите. Типично кај ИТ компаниите овој период е помал и трае од 1 до 3 години, а кај металопреработувачката индустрија стратегиите се прават и за периоди од 10на години. Во политиката, стратегиите најчесто се прават и менуваат за период од 2 до 4 години. ЕРП - предуслов за креирање и изведување на стратегија Квалитетни анализи и корисни одлуки за креирање и изведување на победнички стратегии е речиси невозможно без пристап и користење на квалитетни податоци. Податоците за надворешните фактори организацијата ги прибира од статистичките извештаи за земја или одреден пазар, од стопанските комори и други деловни здруженија како и од програмите на владата и локалната самоуправа. Податоците за внатрешната анализа се земаат од самиот информатички систем во организацијата. Бидејќи работат со централизирана база, системите ЕРП се направени за црпење на податоци од минатото работење на организацијата, а посовремените ЕРП системи прикажуваат и трендови кои се битни за предвидување на инднината. За анализа на работењето, организациите се' почесто користат и софтвери за деловно разузнавање (анг. Business Intelligence или скратено BI) кои се вградени во ЕРП системите. PowerBI за Dynamics NAV 2017 ЕРП системите имаат клучна улога во креирањето и изведбата на стратегијата. Тие се дел од т.н. овозможувачи на стратегијата (анг. strategy enablers). ЕРП системите најмногу се користат при SWOT анализата во процесот на правењето на стратегија. Мерењето на перформансите при реализацијата на претходно поставената стратегија е незамислива без користење на современи ERP системи. ЕРП системите поседуваат можности за буџетирање на трошоците, приходите, продажбите и набавките кои се споредуваат со актуелните учиноци на организацијата, тимовите и индивидуалците. Тие се основата и за BI апликациите како и за специјализираните софтвери за менаџмент на стратегиите. Dynamics NAV 2017 како стратешки овозможувач Повеќе за темата има на следниоте линкови: Форум за стратегија Системи ЕРП Форум: Dynamics NAV на едно место Опслужување на купувачи CRM Microsoft Dynamics NAV 2017 е најкомплетниот интегриран ERP систем што се нуди во Македонија. Тој е најпопуларниот ERP за мали и средни фирми во светот - 100.000 организации работат со NAV. Логин Системи е овластен провајдер на решенија и услуги базирани на Microsoft Dynamics NAV од 2002ра година до денес. #MK #DynamicsNAV
- Дали е потребна Македонска локализација?
Организациите што работат во одредена земја се должни да се повинуваат на специфичните закони за таа земја, нејзините прописи и општо-прифатените деловни пракси за да ги изведуваат дневните деловни трансакции и активности. Microsoft Dynamics NAV е ERP решение кое им помага на организациите да ги управуваат разните деловни процеси во своето работење. Тоа е платформа која се користи во речиси 100.000 организации во светот и ги содржи сите неопходни елементи потребни за една организација како што е сметководството и финансиите, човечките ресурси, магацинското работење, продажбата (фактурирањето) и набавките, водењето проекти и сервис, и секако производството. За да ги задоволи најразличните потреби на корисниците од целиот свет, архитектурата на Dynamics NAV е надградлива и повеќе слојна при што основните функционалности за ERP се вградени во платформата. Со алатките што ги нуди Microsoft, можни се прилагодувања на функционалностите на ниво на земја и на ниво на корисник. Исто така е можно за овластените провајдери на Dynamics NAV да се прават прилагодувања и дополнувања за одредени индустриски гранки. Архитектура на Dynamics NAV за прилагодување Процесот на прилагодување на софтверот да ги задоволи барањата на локалните закони во одредена земја се вика локализација. Процесот на прилагодување на софтверот да ги задоволи јазичните барања се вика јазичен превод. Локализација на Dynamics NAV Локализација е процес на прилагодување на софтверот да ги поддржува специфичните барања на законодавецот во поглед на законите и регулативата во одредена земја. Microsoft го локализира својот Microsoft Dynamics NAV да вклучува функционалности за пресметување на даноци, контирање и финансиски извештаи што ги бараат соодветните земји. Македонија е мал пазар како и другите земји во регионот и за овие земји Microsoft ја нуди едицијата Dynamics NAV W1. Иако оваа едиција НЕ вклучува прилагодувања за специфичните законски барања на Македонија, стручниот тим на Логин Системи направи Македонска локализација која е во функција во повеќе фирми и организации во Македонија. Превод на различни јазици Преводот (анг. Translation) е процес на прилагодување на софтверот или документацијата за да се пресретнат јазични потреби на одредена земја. Основната верзија на Dynamics NAV работи на англиски јазик. Покрај англискиот јазик, корисникот може да инсталира и да го користи софтверот на германски, шпански, француски или друг јазик. Преводот на Dynamics NAV за Македонија е оставен да го прави овластен провајдер на решенија за Dynamics NAV во Македонија. Логин Системи ја има преведено верзијата Dynamics NAV 2009 целосно на македонски јазик за Македонија, а делумно на албански јазик за потребите на корисниците во Албанија. Бидејќи самиот процес на преведување бара финански ресурси кои македонскиот пазар не може да ги покрие, поновите верзии вклучително и најновата верзија Dynamics NAV 2017, се преведени делумно само во деловите од македонската локализација, документите за продажба и магацините како и финансиските извештаи. Изведба на македонската локализација Секоја земја има свои прописи и правила за водење на сметководството, финансиите, магацинското работење и соодветните извештаи према службите во Управата за јавни приходи и други државни органи. Сите модули од NAV може да се користат во изворна форма во Македонија како што се финансии (со сметководство), набавки, продажба и маркетинг, човечки ресурси, водење проекти, производство, магацинско и материјално работење. Логин Системи ја изведе македонската локализација повеќеслојно и со тоа се обезбедува да се задоволат различните потреби на корисниците независно од нивната големина. Локализацијата во Македонија е изведена во две групи: (1) задолжителна локализација и (2) локализација со надополнувања . Задолжителната локализација ги има потребните компоненти и клучни подесувања во Dynamics NAV без кои не може да работи ниедна организација во Македонија. Најкарактеристични подесувања се црвеното сторно и ограничувањето на контата на страната на книжење. Пописот на производите ги дополнивме да работат по теркот на македонските деловни пракси. Стандардните извештаи за купувачи, добавувачи, магацини, заклучен лист и документите во секојдневното работење се прилагодени за Македонија. Локализација и надополнувања на функционалности Покрај задолжителната македонската локализација, Логин Системи разви дополнителни модули и функционалности за да го комплетира системот Dynamics NAV за потребите на македонските организации. Овие надополнувања го олеснуваат или забрзуваат работењето со NAV во сегменти како што се платите, договорите со вработени, компензација, ситен инвентар, службени патувања, каматни листи или малопродажба. Архитектура на Логин Системи за локализација и надополнувања Основното надополнување содржи изработка на камати, управување на благајна, плати, книжење на плати, договори за плати, книга на влезно излезни документи и даночна пријава, и завршна пресметка. Стандардното надополнување ги вклучува надополнувањата од основното и содржи налог за книжење, компензација, финансиски извештаи, менаџерски извештаи и магацински извештаи со почетни состојби. Напредното надополнување ги има надополнувањата од стандардното надополнување и вклучува службени патувања, ситен инвентар, договори за вработување, бар код систем за магацин со мобилни уреди, сервис и производство Покрај горенаведените надополнувања, Логин Системи изработи надополнувања и прилагодувања кои може да се изберат по желба или потреба на корисниците. Такви надополнувања се малопродажбата, апликација за каса и поврзување со фискален принтер, приклучување на фискални каси и апликации, системи на дневно бекапирање и архивирање и Power BI. Дали локализацијата е задолжителна? Ако организацијата работи во Македонија и според македонските закони и прописи, дефинитивно без македонска локализација не е можно да се работи. Што да се избере? Во секој случај задолжителната локализација е "задолжителна". Надополнувањата не се задолжителни но во праксата се покажува дека се повеќе од неопходни. Сите надополнувања и прилагодувања на Логин Системи обилно ги користат функционалностите на Dynamics NAV. Истите се добро испланирани, тестирани и природно интегрирани со основните функционалности на NAV. Производи што се опфатени со македонската локализација се: Microsoft Dynamics NAV CRM во Microsoft Dynamics NAV Логин Системи е овластен имплементатор на решенија базирани на Dynamics NAV во Македонија. Ако имате софтвер за сметководство и деловни операции кои не ги задоволуваат вашите нараснати барања или не сте задоволни од целокупната услуга од вашиот провајдер на софтвер, Ве охрабруваме да разговарате со нас и да започнеме соработка на имплементирање и одржување на Dynamics NAV. #DynamicsNAV #MK
- Разузнавање со Power BI
Голем предизвик за секој менаџер во организацијата е да има навремен и јасен преглед за здравјето на својата компанија, општина или министерство. Стандардните софтверски програми и ERP решенија не даваат сеопфатна слика, а изготвувањето на визуелен преглед е процес што трае неколку денови па и седмици. Книговодствените програми даваат само книговодствени извештаи, заклучен лист и во најдобра рака - некаков статичен менаџерски извештај. ERP системите може да дадат корисни извештаи со визуелен приказ но истите или се одделни или бараат поголемо програмерско време за да се изработат. Затоа постои PowerBI. Power BI е услуга за деловна аналитика овозможена од Microsoft. Со оваа услуга може да се прави интерактивна визуелизација преку самоуслужливи функции за деловна интелигенција (анг. Business intelligence). Со Power BI може да се надгледува „здравјето“ на бизнисот со користење на дешборди во живо, богати и интерактивни извештаи и пристап до податоците во секое време и на секое место со мобилните апликации за Android, iOS и Windows Phone. За корисниците на Dynamics NAV 2017 е важно тоа што постои вграден Power BI со што се овозможува креирање на графикони и извештаи во Power BI и потоа тие се вградуваат во Dynamics NAV 2017 Role Center. Role Center е главниот екран на Dynamics NAV. Корисниците на Dynamics NAV 2017 може да започнат веднаш со правење на Power BI извештаи бидејќи на располагање го имаат NAV 2017 Power BI Content Pack. Чекори за креирање и користење на Power BI извештаи Чекорите за креирање на извештај со Power BI од Dynamics NAV се прикажани на сликата долу. Чекори за креирање и користење на Power BI Инсталирање на Power BI Desktop Главната алатка за почеток за работа е Power BI Desktop. Тоа е апликација која бесплатно се превзема од сајтот www.powerbi.com и се инсталира на компјутер со Windows. Изглед на главниот екран од Power BI Desktop Дизајнерот на извештаи ги има следните 5 делови: Рибон Канвас кадешто се ставаат податоците и се средуваат визуелизациите Таб за страници кадешто може да се додаваат страници во извештајот Панел со визуелизации Панел со полиња од табелите кои се нанесуваат на канвасот Увезување на податоците Откако ќе се инсталира Power BI Desktop следи увезување на податоци од Dynamics NAV. Една варијатна е да се користат урнеците што постојат од Dynamics NAV Power BI Content Pack или да се почне од нула со избор на некоја од табелите или група на табели во Dynamics NAV. Креирање на извештај Откако ќе се увезат податоците, следува креирање на извештај. На работната површина се влечат потребните полиња, а потоа се избира и типот на извештајот - на пример табела, графикон со барови, пита или збирен податок. На работната површина може да се постават произволен број на графикони и табели. Палета на визуелизации на податоците Публикување на извештај Кога извештајот е направен по мерка на корисникот, истиот се публикува во Power BI облакот за да може да биде на располагање за користење од повеќе различни уреди или од повеќе корисници. Креирање на дешборд Обично, корисниците подготвуваат разновидни дешборди (анг. Dashboard). По некаква аналогија, дешбордите се налик на шалт-таблите од возилата. Тие ги даваат најбитните информации за состојбата на бизнисот (возилото), трендовите и слично. На тој начин, менаџерите и сениор вработените може да имаат увид во здравјето на бизнисот и соодветно да донесуваат одлуки или да прават стратешки и оперативни планови. Споделување на дешборд Вака направениот дешборд или повеќе дешборди се прават да бидат спремни за споделување со соработниците. Преглед на извештаите и дешбордите Прегледот на извештаите може да се прави на повеќе начини. Еден начин е повторно тие да се вградат во основниот екран на Dynamics NAV и така да се исползуваат заедно со другите податоци во NAV. Бидејќи NAV работи и со Windows client и со web, овие дешборди се на располагање на корисниците на NAV со претходно подесување на привилегии кој може да ги гледа. Втор начин е да се користат преку мобилните уреди без да се користи целата апликација за NAV. Финален резултат Извештаите и дешбордите од Power BI може да се прегледуваат преку Power BI десктоп, преку веб адреса, да бидат вградени во Dynamics NAV или преку мобилни уреди Android, iOS (iPhone и iPAD) и Windows Phone. Со кликнување на сликите погоре може да се видат екраните од исписите на различни уреди и програми. Начини на користење и цени Услугата Power BI е на располагање бесплатно или со месечна претплата. Разликата помеѓу бесплатната и платежната услуга е во бројот на податоци што се користат во одредено време и разновидните функционалности што би се користеле. На следната табела е даден приказ на разликите. Споредбена табела за Power BI За корисниците на Dynamics NAV 2017 на располагање е Dynamics NAV Power BI Content Pack. Што е следно? Повеќе информации за Power BI има на оригиналниот сајт www.PowerBI.com . Посетете го нашиот следен настан - за пријавување тука . Интегрирањето на Power BI со Dynamics NAV е прикажано на следното видео. Видео: Интегрирање на Power BI со Microsoft Dynamics NAV 2017 #DynamicsNAV #MK
- Зошто Логин Системи е избор бр. 1 за бизнис софтвер во Македонија?
Прво и основно, го нудиме најдобриот и најпопуларен ERP во светот - Microsoft Dynamics NAV. Во својата најнова верзија NAV 2017, тоа е ERP кој го прилагодивме на македонското законодавство и прописи и го надополнивме со бројни функционалности. NAV е во функција во повеќе фирми и организации во Македонија. Сепак, ERP системот е само едниот дел од успешно деловно решение за организациите. Важна компонента се и разновидноста на услугите и нивниот квалитет поврзани со ERP системот. Услугите на Логин Системи имаат карактеристики кои не може да се споредат со другите кога се во прашање ERP решенијата. Овие услуги директно влијаат за тоа дали корисниците ќе имаат бенефити или трошоци во имплементирањет и користењето на ERP решенија. Со задоволство и гордост ги истакнуваме нашите карактеристики ... Јазикот на бизнисот. Иако познавањето на програмирањето е неопходно, за успешна имплементација на деловни системи е потребно и знаење од менаџментот, финансиите и другите струки. Кој ќе го знае подобро јазикот на бизнисот ако не е Логин Системи? Бенефит: побрза и поквалитетна изведба од идеја до реализација Оптимизираност и конфор. Модулите, програмскиот код и извештаите се оптимизирани и работат побрзо. Скратени се во голема мерка непотребните кликови за форми или пребарувања. Бенефит: скратено време на користење Проактивност. Знаеме да работиме проактивно со корисниците и со тоа ги предвидуваме евентуалните идни грешки и пропусти што корисникот би можел да ги направи. Бенефит: поефтино оддржување на ERP решение Економичност. За ист тип на работни задачи, помал е бројот на дополнителни објекти што ги користиме во NAV во споредба со конкурентите. Тоа значи помала инвестиција за лиценци и број на објекти во NAV. И поефтино одржување. Бенефит: помалку пари за лиценци и месечни претплати Соодветна поддршка на потребите. Поддршката на решението и системот се дефинира во зависност од потребите како на пример работното време, начинот на комуникација и времето за одзив. Бенефит: downtime е многу помал во однос на конкурентите Искуство и сигурност. Во бизнисот сме 25+ години, а во сопственичката структура го имаме е американскиот инвестициски фонд SEAF. Како фирма имаме најголемо искуство со NAV во Македонија и регионот. Бенефит: Инвестицијата е осигурана дека ќе ги врати очекуваните резултати На крајот на денот, кој не би сакал приходите да одат нагоре, а трошоците да одат надулу? Со функционален ERP приходите одат нагоре, а трошоците надолу Повеќе за Dynamics NAV има на линкот тука . Повеќе за услугите на Логин Системи има на линкот тука . #MK #DynamicsNAV
- Уживајте го летниот одмор. Истовремено, следете ги перформансите на бизнисот.
Ја изградивте вашата компанија од темел, претворајќи една идеjа во вистински бизнис. Иако имате вработени за менаџирање на различни аспекти од секојдневните операции, неопходно е да бидете поврзани со одлуките и активностите кои ги презема вашата компанија. За многу сопственици на мали и средни бизниси, тоа значи долго останување во канцеларија, често на сметка на личниот и семеен живот. Што ако може да биде поинаку? Како да заминете без да го оставите вашиот бизнис? Замислете си како би се променил вашиот стил на работа (и плановите за одмор), ако би можеле поедноставно да управувате со ланецот на снабдување и залиха, да одобрувате фактури или да ги забрзате нарачките на клиентите додека сте во движење? Вашето време е скапоцено, и затоа со алатки за продуктивност и деловни податоци на дофат на рака, вие и вашиот тим можете да работите поефикасно внатре и надвор од канцеларијата. Понекогаш реалноста е таква да не ви дозволува целосно да се исклучите од работењето, но тоа не значи дека треба да останете врзани за вашето работно место за да бидете продуктивни. Замислете си, неприметливо да бидете поврзани со вашиот тим и вашите деловни податоци со било кој уред, виртуелно, онаму каде што се наоѓате. Бизнисот е изменет денес. Во текот на изминатата деценија, мобилноста стана важна алатка за малите и средни бизниси во зголемување на продуктивноста на вработените и во нивното поврзување со клиентите. Прогнозите дека повеќе од една третина од вкупната глобална работна сила ќе биде мобилна во 2015 година ( IDC Infographic, Rise of Mobility, 2014 ), укажуваат дека мобилноста повеќе не претставува посебна грижа. Таа е суштински дел од тенденцијата да бидеме конкурентни во бизнисот и да имаме задоволни и среќни вработени. Со сигурен и неприметлив пристап од секој уред до податоците од вашиот сметководствен софтвер (ERP) и решението за управување со корисници (CRM), вие добивате целосно мобилизирана работна сила која може да одговори на прашања на клиенитите во реално време навремено. Истовремено, вашиот тим може да соработува и да ги споделува деловните сознанијата за корисниците по додека е на патување. А вие пак можете да управувате со вашите финансии и други опреативни активности и да го поминете вашиот одмор надвор од канцеларијата. Доверлива платформа за мобилност. Деловните решенија на Microsoft и Microsoft Cloud овозможуваат, не само да направите повеќе, туку и да постигнете повеќе. Многу мали и средни компании ги користат деловните решенија на Microsoft за да ги трансформираат своите ИТ операции и да ги подобрат секојдневните интеракции со корисниците. North South Wines , брзо растечки увозник на вино, за управување на паричниот тек и залихата користи бизнис систем базиран на cloud технологијата. Тој му овозможува на големиот продажен тим далечински пристап на потребните деловни податоци за одличен сервис на клиентите. На пример, им овозможува да донесуваат навремени одлуки базирани на достапните податоци за продажба и залиха, да ги препознаваат трендовите и навремено да ги испорачуваат на своите клиенти. Друга компанија која ја ползува мобилноста со помош на Microsoft деловните решенија е компанијата Bounce Foods . Со помош на тоа решение, членовите на тимот можат да добијат навремени информации за проекциите на ресурсите од мобилен уред , кои потоа можат да ги споделат со своите клиенти со цел да се постигне интерактивна и ажурна соработка на терен. Со тоа се постигнува подобра ориентација на деловните процеси, тимот е поефикасен и пофокусиран, независно од тоа каде се лоцирани. Што треба да направите пред да заминете на одмор? Деловните решенија на Microsoft ви помагаат да останете поврзани и продуктивни така што ќе ја носите вашата канцеларија со вас каде и да одите. Истражете го Microsoft Dynamics for small and midsize businesses и превземете го Cloud Productivity and Mobility e-book за да се инфромирате како да ја зголемите продуктивноста и мобилноста на вашите вработени. Извор: Microsoft (адаптација од Логин Системи) Enterprise Resource Planning, скратено ERP, е категорија на деловно-менаџмент софтвер, најчесто во форма на пакет на повеќе интегрирани софтверски апликации, кој овозможува на организациите да прибираат, складираат, менаџираат и интерпретираат податоци од различни деловни активности какви што се продажбата и маркетингот, магацинското работење, набавките и испораките, кадровата евиденција, планирањето и анализата на производството како и сервисот. Microsoft Dynamics NAV 2017 е најкомплетниот интегриран систем што се нуди во Македонија. Тој е најпопуларниот ERP за мали и средни фирми во светот - 100.000 организации работат со NAV. Логин Системи е овластен провајдер на решенија и услуги базирани на Microsoft Dynamics NAV од 2002ра година до денес. www.LoginSystems.biz #MK #DynamicsNAV
- Microsoft Dynamics NAV или Dynamics 365 for Financials (Business Edition)
Дилема за менаџерите и сопствениците: со која верзија да се почне градењето на ERP системот во организацијата Со новите развојни платформи на Microsoft од едицијата Dynamics NAV 365, потенцијалните корисници на ERP системите на Мајкрософт се наоѓаат во одредена дилема - дали да разгледуваат Dynamics NAV 2017 или Dynamics 365 Business Edition. Историјат и програмски код За да добиеме појасна претстава, добро е да се запознаеме со историјатот на двата софтверски пакети за ERP работење. Dynamics NAV започна како NAVISION направен од данска фирма во 1987 година. Од 2002 година NAVISION преминува во Мајкрософт за да во 2005та година го добива денешното име - Microsoft Dynamics NAV. Dynamics 365 for Financials Business Edition се појавува неодамна и во суштина, тоа е поедноставена верзија на Dynamics NAV наменета само за користење во "облак". Развојна патека на Dynamics NAV и Dynamics 365 - Business Edition Од развојната патека на Мајкрософт може да се види дека Мајкрософт продолжува да ги развива Dynamics NAV и Dynamics 365. Сепак, определбата е програмскиот код да биде ист помеѓу овие два пакети. Двата пакети делат ист програмски код, сместувањето на податоците е различно Ако корисникот сака да работи во "облак" може да избере Dynamics 365. Од друга страна Dynamics NAV може да се инсталира на сопствен сервер или на хостиран (виртуелен) сервер надвор од просториите на корисникот. Место на сместување на програмскиот код и податоците Поради местото на сместување на програмските код и податоците, доаѓа до првата поголема разлика меѓу Dynamics NAV и D365. Dynamics 365 е поставен во "облакот" таков како што е без можности за директно прилагодување. На располагање на корисниците им останува да набавуваат проширувања преку Microsoft AppSource - онлајн дуќанот за апликации на Dynamics 365 на Мајкрософт. Dynamics NAV има бројни опции за прилагодувања на софтверот на потребите на корисникот поради тоа што Dynamics NAV е сместен на сервери. Самата софтверска архитектура овозможува директно да се прилагодува софтверот на потребите на корисниците. Лиценцирање Во поглед на лиценцирањето, лиценцата на Microsoft Dynamics NAV се набавува или како трајна (анг. perpetual) или по пат на рентање (анг. subscription). Самото решение Dynamics NAV доаѓа во две пакувања: стандардно и напредно (или Starter Pack и Extended Pack следователно). Некои корисници имаат потреба само од Starter Pack, а некои корисници имаат потреба од стандардните функционалности плус производство, сервис и други напредни опции и затоа покрај Starter Pack се одлучуваат и на Extended Pack. Лиценцирањето кај Dynamics 365 се сведува само на месечна претплата, а методот е секој потенцијален корисник на Dynamics 365 во организацијата треба да има лиценца. Македонска локализација Стручниот тим на Логин Системи го прилагоди Dynamics NAV за да ги задоволува македонските прописи и стандарди во сметководството и деловното работење (се нарекува македонска локализација). Dynamics 365 Business Edition нема поддршка за македонските прописи и со тоа практично неговата употреба во Македонија е неприменлива. Инаку Microsoft не ги објавил плановите за македонска локализација на D365 и според моите сознанија нема да има МК локализација во наредните 3 години. Моментално, Dynamics 365 Business Edition има локализациска и јазична поддршка за САД и Канада, од скоро има и за некои земји во Европската унија. Споредбена табела Dynamics NAV и Dynamics 365 Business Edition Споредбената табела покажува кои се разликите помеѓу овие два слични ERP пакети. Развојна патека и одлука за Македонските корисници Ако организацијата не сака да ги остава своите деловни податоци во "облак" или на надворешен хостиран сервер, единствена опција е Dynamics NAV 2017 со трајна лиценца или со месечно рентање. Оние организации што сакаат да имаат Dynamics NAV 365 Business Edition може да почнат веднаш со Dynamics NAV 2017 на хостиран сервер со Логин Системи, некој од локалните провајдери на виртуелни сервери или со Microsoft Azure. Кога D365 ќе биде расположив за Македонија, може да направи префрлување на решението и податоците од NAV на Д365. За најголемиот број од македонски корисници најверојатно флексибилноста на Dynamics NAV и неговото интегрирање со други апликации и податоци ќе биде пресудна да го користат Dynamics NAV во наредните години што следуваат. За крај, дилемата е разрешена : може да се почне веднаш со Dynamics NAV 2017 како целосно ERP и CRM решение со македонска локализација. "Утре", кога D365 ќе има македонска локализација, а организацијата реши да ги префли податоците во "облак" - може да се премине многу побезболно на Dynamics 365 Business Edition. Enterprise Resource Planning, скратено ERP, е категорија на деловно-менаџмент софтвер, најчесто во форма на пакет на повеќе интегрирани софтверски апликации, кој овозможува на организациите да прибираат, складираат, менаџираат и интерпретираат податоци од различни деловни активности какви што се продажбата и маркетингот, магацинското работење, набавките и испораките, кадровата евиденција, планирањето и анализата на производството како и сервисот. Microsoft Dynamics NAV 2017 е најкомплетниот интегриран ERP систем што се нуди во Македонија. Тој е најпопуларниот ERP за мали и средни фирми во светот - 100.000 организации работат со NAV. Логин Системи е овластен провајдер на решенија и услуги базирани на Microsoft Dynamics NAV од 2002ра година до денес. #DynamicsNAV #MK
- „Димензии“ во сметководство и ERP за деловна интелигенција и анализи
На фирмите и организациите им се потребни подетални и пософистицирани извештаи и анализи. Современото деловно работење не може да се потпира само на износите на контата во сметководството, продажбата кон купувачите и набавките од добавувачите. Традиционално работење само со конта и помошни книги Да земеме пример во кој менаџментот сака да води евиденција и да прави анализи на продажбата по региони. На пример, ако контото за продажба е 7401, тогаш организацијата може да воведе дополнителни субаналитички конта за продажба во Скопје, западна Македонија, источна Македонија и јужна Македонија. Тоа би значело да се отворат 4 аналитички конта: 7401 - Продажба во Скопје 7402 - Продажба во западна Македонија 7403 - Продажба во источна Македонија 7404 - Продажба во јужна Македонија Сево ова може да е во ред ако има потреба од анализа само по географски региони. Што ако е потребно да се води продажбата и по групи на производи како на пример, мебел, оков и производи за широка потрошувачка. Во тој случај, треба да се воведат дополнителни конта за продажба според групи на производи и тоа би изгледало како подолу: 74010 - Продажба во Скопје 740100 - Продажба на мебел (Скопје) 740101 - Продажба на оков (Скопје) 740102 - Продажба на широка потрошувачка (Скопје) 74011 - Продажба во западна Македонија 740110 - Продажба на мебел (западна Македонија) 740111 - Продажба на оков (западна Македонија) 740112 - Продажба на широка потрошувачка (западна Македонија) 74012 - Продажба во источна Македонија 740120 - Продажба на мебел (источна Македонија) 740121 - Продажба на оков (источна Македонија) 740122 - Продажба на широка потрошувачка (источна Македонија) 74013 - Продажба во јужна Македонија 740130 - Продажба на мебел (јужна Македонија) 740131 - Продажба на оков (јужна Македонија) 740132 - Продажба на широка потрошувачка (јужна Македонија) Како што може да се види, наместо едно конто 7401, сега во контниот план се искреирани 16 конта. Што ако е потребно да се води евиденција и по продажни лица или продажни тимови. Актуелно е да се води анализа и по продажни канали. Бројот рапидно расте, а комплексноста за водење евиденција на самиот контен план се зголемува рапидно. Слично е и кај трошковните конта од класата 4. Ако фирмата сака да анализира трошоци по деловни единици и во рамките на деловните единици да се води евиденција по вработен или тим, за повеќето конта, наместо едно конто треба да се воведат 15, 20 па и повеќе конта. Ако има потреба од водење на трошоци по проекти, можете да замислите каква е таа „бркотница“ од конта и можности за погрешно доделување на трошоци. Алтернативно, фирмите се „снаоѓаат“ со помошни книги што се водат во Excel или други табели надвор од главната книга. Или ги означуваат оригиналните документи со продажно лице кај излезните фактури. Кај влезните фактури (набавките) се ставаат кај одредена деловна единица и/или проект. Тука ако спомнеме и дека на фирмите им требаат споредби со продажните планови или прогнозите за набавки што ги очекуваат добавувачите, приказната добива драматични размери во комплексност. Од сево ова може да се увиди дека премногу време може да се губи во внесување и одржување на податоците во системот, наместо да се користи времето за лесна изработка на подетални анализи и да се овозможи квалитетно одлучување. Затоа не е случајно тоа што кај фирмите и организациите нема точни извештаи и/или доцнат со седмици - со што таквите задоцнети извештаи немаат употребна вредност за менаџерите. Секоја фирма се стреми да има една вистина во податоците, но тие најчесто се десинхронизирани, и секогаш различни во однос на сметководството. Затоа постојат димензиите. Употреба на „димензии“ заедно со контата Според Microsoft, димензија е податок кој се додава на одредена трансакција/ставка како маркер со што програмот потоа може да ги групира ставките со слични карактеристики и лесно да ги извлекува овие групи за подетални анализи. Предноста во употреба на димензиите е во тоа што не се обременува контниот план со конта според географски области или групи на производи. Со помош на димензиите во Dynamics NAV, менаџментот и одговорните во сметководството може да одредат произволен број на димензии кои при книжење ќе се закачуваат на трансакциите, а со тоа и на ставките во главната книга и другите помошни книги. Во моментот кога ќе се книжи документот, Dynamics NAV ги чува и овие податоци за димензиите и тие може да се користат како филтри во извештаите или за збирни износи според тие димензии. На пример, во Dynamics NAV се дефинираат две глобални димензии и тие се најчесто се однесуваат на деловна единица (ако е фирмата поголема), на група на купувачи или на проекти. Типични димензии може да бидат но нивниот број не ограничен на: Деловна единица: администрација, продажба и маркетинг, магацин, човечки ресурси, останато Проекти: проект 1, проект 2, проект 3, ... Група на корисници: мали фирми, поединци, државни институции Продажни канали: директна продажба, продавници, веб сајт и социјални мрежи, телепродажба Продажни тимови: тим за Македонија, тим за Европа, тим за останати земји Производни групи: мебел, окови, широка потрошувачка Кампањи: Кампања Лето 2017, Кампања Есен 2017, ... Предноста кај димензиите е што може да се употребуваат унакрсно за да се добијат потребните податоци и да се прават анализи. На наредната слика е прикажан екран од листа на димензии на фирма што се занимава со асемблирање и продажба на велосипеди. Листа на димензии на демо фирма за продажба на велосипеди Од горенаведените димензии може да се извади анализа како на сликата подолу. На оската Y е ставена димензијата за област (Area), а на оската X е ставена димензијата за група на купувачи (CustomerGroup). Изглед на матрица од две димензии за одреден период Како што може да се види од екранот погоре, можно е да се задаваат и дополнителни филтри за датуми, на пример. Секако дека може да се прават различни комбинации со избор на различни димензии на оската X и оската Y. Овие податоци може дополнително да се обработуваат со нивно извезување во Excel. Дополнително, податоците од трансакциите заедно со димензиите може да се користат и во новите пакети и услуги за деловна интелигенција, како на пример Power BI . На следното видео може да се види како се користат димензиите во Dynamics NAV 2016/2017, а принципот е сличен и кај другите верзии на Dynamics NAV како што се верзиите 2009 и 2013. Видео со пример за креирање на димензии во Dynamics NAV Важна напомена: иако екраните и видеото се на англиски јазик, Microsoft Dynamics NAV е прилагоден на македонските прописи преку таканаречената македонска локализација, а во зависност од верзијата Dynamics NAV е целосно преведен на македонски јазик или е делумно преведен на македонски и албански јазик. Microsoft Dynamics NAV 2017 е најкомплетниот интегриран ERP систем што се нуди во Македонија. Тој е најпопуларниот ERP за мали и средни фирми во светот - 100.000 организации работат со NAV. Логин Системи е овластен провајдер на решенија и услуги базирани на Microsoft Dynamics NAV од 2002ра година до денес. #DynamicsNAV #MK
- Буџетирање трошоци и продажни прогнози за фирми и буџетски организации
Компаниите и организациите континуирано ги следат оперативните активности преку анализирање како се работело во минатото и во исто време се свртени кон иднината. Тие се обидуваат да ја предвидат продажбата за наредната година, трошоците кои би ги имале за наредните две години итн. Ова се прави со креирање на буџети или прогнози кои потоа се споредуваат со актуелните податоци од работењето. Дефиниција Во Инвестопедија , буџет се дефинира како проценка на приходи и трошоци за некој иден временски период, се креира и пре-пресметува периодично, типично за една година или во поново време на 5 тримесечја. Буџетите може да се прават за поединци, семејства, група на луѓе, бизниси, владини институции, невладини организации, држави или за било која организација која треба да прави и да троши пари. Во рамките на компаниите и организациите, буџетот е интерна алатка која се користи од менаџментот, а може но не мора да се користи во извештаите кон други надворешни страни. Кој период опфаќа буџетот во однос на бизнис план или стратегија Постои некое заедничко менаџерско верување дека буџет се прави за една година, бизнис план е во рамките на 3 години, а од 3 до 5 години - се подготвува стратегија. За некои бизниси и организации, стратегијата опфаќа период од 10 години. Потешкотии во креирање на буџети Една од потешкотиите зошто фирмите не прават буџети или истите не ги користат за споредба со резултатите од актуелното работење е заради тоа што немаат можност во нивниот сметководствен програм. Обично, кај фирмите и организациите што не поседуват ERP систем, буџетите се прават во Ексел, а актуелното работење се води во програм кој нема можност да работи со буџети. Освен грубите бројки како што е продажбата на ниво на компанија која може да се споредува со продажбата (само „рачно“), попрефинети споредби речиси и да не е можно или треба многу време. Буџетирање во Microsoft Dynamics NAV За разлика од сметководствените програми, Dynamics NAV како ERP систем уште од своите први верзии вклучува функции за работа со буџети. Во Dynamics NAV може да се креираат неколку видови на буџети: (1) буџети за конта од контниот план, (2) за трошоци, (3) за продажби и (4) за набавки, како што е прикажано на сликата подолу. Буџети во Microsoft Dynamics NAV Карактеристично за буџетите во NAV е тоа што може да се користат димензии. Повеќе за концептот на „димензии“ и нејзината употреба има во блогот „ Димензии во сметководство и ERP за деловна интелигенција и анализи “. Буџетирањето на контата е прилично едноставна постапка. Се ставаат планирани (буџетирани) износи на дел од контата од контниот план и се избира периодот, на пример за годината 2018, и се избира временскиот интервал, на пример, месец за месец. За буџетирање на продажба или уште се нарекува „продажна прогноза“, може да се користи буџетот за конта од контниот план, потоа се избираат контата за продажба и се ставаат планираните износи. Но, уште поатрактивно е тоа што може да се избере Буџетот за продажби и таму да се буџетира според купувачи и/или артикли. Или да се изберат некои други димензии како на пример, продажни лица или географски области. Ова е прикажано на наредната слика. Изглед на екран за буџетирање со Буџет за продажби во Dynamics NAV За организациите кои се потпираат на буџетски трошења, корисен урнек е Буџетот на трошоци. Овде се ставаат буџетираните трошоци по активност или тип на трошок како што е прикажано на сликата подолу. Изглед на екран за буџетирање со Буџет на трошоци во Dynamics NAV Корисникот на Dynamics NAV може да го користи Excel за извезување, модифицирање и увезување на буџетите во NAV. Сите овие креирани буџети се интегрирани во различните извештаи. Исто така може да се копираат буџети од други временски периоди, да се модифицираат и со тоа да се заштеди на време. Тоа што е важно е дека може да се креираат произволен број на буџети за идентични времиња така што организацијата не зависи од еден и единствен мастер буџет. Така на пример, организацијата може да креира буџет за 2018та година со одредени или сите конта од контниот план. Паралелно со тоа, организацијата може да стави буџет за продажби за 2018та кадешто ќе наведе на кои територии планира да продава, а во буџетот за набавки да стави од кои добавувачи планира да купува и во кои износи (анг. sales forecasts). „Ако не планираш (буџетираш), ти планираш да губиш“ Буџетирањето е важен процес во организациите за да може успешно да планираат за наредниот период, а потоа да може и да мониторираат како се изведува планираното. На наредното видео може да се погледне постапката за креирање на буџети во Dynamics NAV. Видео: Креирање на буџети во Dynamics NAV 2016/2017 Важна напомена: иако екраните и видеото се на англиски јазик, Microsoft Dynamics NAV е прилагоден на македонските прописи преку таканаречената македонска локализација , а во зависност од верзијата Dynamics NAV е целосно преведен на македонски јазик или е делумно преведен на македонски и албански јазик. Microsoft Dynamics NAV 2017 е најкомплетниот интегриран ERP систем што се нуди во Македонија. Тој е најпопуларниот ERP за мали и средни фирми во светот - 100.000 организации работат со NAV. Логин Системи е овластен провајдер на решенија и услуги базирани на Microsoft Dynamics NAV од 2002ра година до денес. #DynamicsNAV #MK #Сметководство
- Видео: Продажба - интеграција на материјално и финансово
Без продажба нема бизнис. И без навремена наплата нема бизнис. Една од основните задачи на софтверот е да овозможи точно фактурирање и испорачување на производите и услугите, како и книжење во сметководствените книги за магацините, купувачите и главната книга. Продажна инка При продажба во Dynamics NAV, се ажурираат сите книги во материјалното-магацинското и финансиското работење. Предноста во користењето на Dynamics NAV е во тоа што се знае состојбата на фирмата во реално време, а преку целосни и јасни извештаи се донесуваат поквалитетни одлуки. На видеото подолу се прикажува како се олеснува продажниот процес со Microsoft Dynamics NAV и се презентираат основните екрани од продажната порачка. Видео: Продажба - интеграција на материјално и финансово Microsoft Dynamics NAV 2017 е најсеопфатниот интегриран ERP систем што се нуди во Македонија. Тој е најпопуларниот ERP за мали и средни фирми во светот - 100.000 организации работат со NAV. Формирана во 1991, Логин Системи е македонска компанија со мешовит македонски и американски капитал со специјалност во изработка на деловни ЕРП решенија базирани на Microsoft Dynamics NAV. Логин Системи е овластен провајдер на решенија и услуги базирани на Microsoft Dynamics NAV од 2002ра година до денес. Повеќе информации може да се добијат на www.loginsystems.biz. #DynamicsNAV #MK
- Крајот на хартиените фактури и сметките
Појавите со ненавремената достава на хартиени документи во фирмата се проблем за сметководителите независно дали се интерни сметководители или фирмата има сметководствено биро. Реалноста е дека хартиените фактури, а најчесто сметките дадени на рака се "губат" на патот до фирмата. Читам дека оваа појава не ми се случува само на мене. Луѓето мислат дека ако ми дадат фактура или сметка на рака, таа е најсигурна!? Не сметаат дека од бројните активности и менување на облеката, едноставно сметките за затуруваат некаде. Добро е што не сум бил единствен. Ваквите појави со ненавремената достава на хартиени документи во фирмата се проблем за сметководителите независно дали се интерни сметководители или фирмата има сметководствено биро. За среќа, технологијата нуди можности за подобрување на состојбата. Прво, мобилните телефони се толку усовршени што нудат одлични опции за "сликање" на сметките веднаш откако се примени. Второ и позначајно е што сметководствените програми нудат можности овие документи да се "закачат" во програмите директно од мобилните телефони. Понапредните програми нудат можности и за т.н. OCR (Optical Character Recognition) или во превод: оптичко препознавање на карактери (и документи). Активните вработени може да ја користат технологијата за да ги прегледуваат овие електронски фактури/сметки во текот на целиот период. Тие ги прикачуваат фактурите во апликацијата и потоа овластени лица (од сметководството) ги прикачуваат на соодветните трансакции. Ова секако дека е олеснување на самите вработени и на сметководителите. Исто така помага и во сложувањето на сметките кога се прават извештаите. На наредната слика е прикажано како се изведува прикачувањето на документите во Microsoft Dynamics NAV преку веб интерфејсот. Слично е и преку мобилните телефони. Прикачување на "сликан" документ во Dynamics NAV Обично овие дојдовни документи се прикачуваат на набавни фактури или на налог за книжење на набавки. Исто така може да се прикачат и на продажни документи - на пример, договори, порачки, спецификации и слично. Откако ќе се внесат во систем и се прикачат на одредени трансакции, дојдовните документи се на располагање за преглед со кликнување на нивниот линк кој се прикажува на десната страна во самата рамка за факти (анг. incoming documents fact-box). Секако дека не е буквален крај на хартиените фактури. Исто и со сметките од патарини, деловни патувања, угостителски објекти. Па и од продавници. Начинот на обработка се подобрува со тоа што се ставаат во електронска форма и истите потоа живеат уште долго во сметководствените системи. За практична примена на овие технологии, може да се види на видео постот објавен на форумот " Како да креирам и користам дојдовни (скенирани) документи ". Microsoft Dynamics NAV 2017 е најсеопфатниот интегриран ERP систем што се нуди во Македонија. Тој е најпопуларниот ERP за мали и средни фирми во светот - 100.000 организации работат со NAV. Формирана во 1991, Логин Системи е македонска компанија со мешовит македонски и американски капитал со специјалност во изработка на деловни ЕРП решенија базирани на Microsoft Dynamics NAV. Логин Системи е овластен провајдер на решенија и услуги базирани на Microsoft Dynamics NAV од 2002ра година до денес. Повеќе информации за Логин Системи може да се добијат на www.loginsystems.biz/za-nas . #Сметководство #DynamicsNAV #MK














