top of page
Резултати од пребарување
Се' (2101)
Производи (49)
Услуги (5)
Настани (11)
Блог-објави (377)
Страници (810)
Форум-објави (819)
Programs (30)
Filter by
Type
Category
819 results found with an empty search
- Успешна Пејпал сметка за примање пари во НЛБ тутунска банкаIn Платежни услуги PayPal и ост.·2 мај 2020 г.Претходниот пејпал акаунт го имав отворено одамна и тој служеше само за плаќање, на него не можеше да се примаат пари . Бидејќи немаше бизнис опција, го затворив стариот и со нов email и преку бугарски линк за пејпал се логирав и таму ми даде опција и за нашата држава, одбрав Македонија, бизнис акаунт , пополнив лични податоци и ја поврзав мојата дебитна visa картичка od NLB тутунска банка и така го отворив пејпал акаунтот и за примање пари. Претходниот пејпал акаунт го имав отворено одамна и тој служеше само за плаќање, на него не можеше да се примаат пари . Бидејќи немаше бизнис опција, го затворив стариот и со нов email и преку бугарски линк за пејпал се логирав и таму ми даде опција и за нашата држава, одбрав Македонија, бизнис акаунт , пополнив лични податоци и ја поврзав мојата дебитна visa картичка od NLB тутунска банка и така го отворив пејпал акаунтот и за примање пари. Заради проверка пријател од Франција ми уплати неколку долари и веднаш за таа трансакција ми стигна порака од НЛБ дека имам примено пари. Тоа е се. :) Со среќа !3177306
- Работна средба со Народна банка на РСМ: Промени во регулативата за отворање сметки во странствоIn Платежни услуги PayPal и ост.·6 август 2019 г.Денес, 06.08.2019, на покана од Народната банка на РСМ (НБРСМ) остварив работна средба со Гувернерката Анита Ангеловска Бежоска и нејзиниот тим. На средбата разменивме информации и искуства околу регулативите и потешкотиите за воведување на Пејпал, Скрил и другите платежни процесори во Македонија. НБРСМ изготви предлог-одлука за начинот и условите под кои резидентите коишто не се овластени банки, можат да отвораат и да имаат сметки во странство. Со други зборови, се отстрануваат пречките домашни граѓани и фирми да отвораат/користат сметки во странски електронски сервиси за платежни трансакции какви што се Пејпал, Скрил и останатите за прием на пари преку електронска трговија. Предлог-одлуката ќе (треба да) се усвои на 29 август оваа година на Советот на НБРСМ. По усвојувањето, раководството на НБРСМ е подготвено да продолжи со прилагодување на регулативата/условите кон потребите на професионалците, компаниите за побрз „влез“ на Пејпал и останатите. Повеќе информации има во оваа рубрика или кликни Follow за известување на новините за оваа тематика тука. #paypal #платежниуслуги3132266
- Поврзување со PayPalIn Платежни услуги PayPal и ост.·29 март 2023 г.Следејќи ги инструкциите на страната ги пребродив сите проблеми за конекција на платежна картичка со PayPal акаунтот, како: - Која картичка е валидна за праќање и примање пари од странство - На кој начин да се направи профилот - Како да се ажурираат податоците на PayPal - Отстранување на интернет лимитот од страна на банка - Успешно да се добијат парите на PayPal и истите да се префрлат на Македонска картичка. - За можност да се добијат пари, Мора да се искористи VISA Картичка, не финкционира Мастер. Јас ја искористив Студентската Купувај Домашно Картичката од НЛБ Банка, Така да сигурно функционираат и другите приватни или бизнис картички. - Доколку не сте биле во банка да побарате да ви го тргнат лимитот за плаќање онлајн, имате број позади на секоја картичка, јавете се на истот и кажете им да го поместат лимитот над 100 $ или повеќе, поради тоа што PayPal наплаќа 1$ од картичката за да ја важи за валидна. Доколку не ви фати една, испробајте со различни картички. - Доколку веќе сте пробале да направите акаунт со ваше име и презиме и не ви успеало, при правење на нов акаунт би ви препорачал да го смените името или презимето или додајте го името на вашата компанија (за новиот профил). - Кога ќе ви е готов PayPal акаунтот, повелете на GrosFolli.store да ги израдувате најблиските.210431
- Домашна платежна картичка како финансиска поддршкаIn Сметководство и финансии·28 мај 2020 г.Вчера беше објавена и влегува во сила, Уредбата за финансиска поддршка на граѓани и вработени лица со низок доход, млади лица и здравствени работници преку издавање на домашна платежна картичка наменета за купување на македонски производи и услуги за време на вонредна состојба. Во Уредбата стои, дека само полнолетни државјани на Република Северна Македонија кои ќе се најдат на листите изготвени од страна на УЈП, Министерството за образование и наука и Фондот за здраствено осигурување, може да имаат платежна поддршка преку оваа картичка, односно граѓани со низок доход, вработени лица со низок доход, млади лица и здравствени работници кои учествуваат во тестирање, дијагностицирање и лекување на граѓани заболени од COVID-19. Уредбата е со Прилог 1- Каде може да се користи домашната платена картичка: · Објекти за сместување · Хотели и слични објекти за сместување · Одморалишта и останати објекти за пократок престој · Кампови, автокампови и простори за кампирање · Друг вид на сместување · Дејности за подготовка на оброци и служење на xрана · Ресторани и останати објекти за подготовка и послужување на xрана · Услуги на доставување на xрана и пијалаци за посебни прилики (кетеринг) · Останати услуги за подготвување и служење на xрана · Подготовка и послужување на пијалаци · Туристички агенции, организатори на патувања (туроператори) и останати резервациски услуги како и дејностите поврзани со нив · Дејности на туристичките агенции · Дејности на организаторите на патувања (туроператори) · Останати резервациски услуги и дејности поврзани со нив · Трговија на мало, освен трговија со моторни возила и мотоцикли · Трговија на мало во неспецијализирани продавници, претежно со xрана, пијалаци и тутун · Друга трговија на мало во неспецијализирани продавници · Трговија на мало со овошје и зеленчук во специјализирани продавници · Трговија на мало со месо и производи од месо во специјализирани продавници · Трговија на мало со риби, лушпари и мекотели во специјализирани продавници · Трговија на мало со леб, печива, колачи и слатки во специјализирани продавници · Трговија на мало со пијалаци во специјализирани продавници · Друга трговија на мало со xрана во специјализирани продавници · Аптеки · Трговија на мало со козметички и тоалетни препарати во специјализирани продавници · Трговија на мало со xрана, пијалаци и тутунски производи на тезги и пазари · Трговија на мало на тезги и пазари со текстил, облека и обувки · Трговија на мало со други стоки на тезги и пазари · Трговија на мало преку пошта и интернет · Друга трговија на мало вон продавници, тезги и пазари · Фризерски салони и салони за разубавување · Останати лични услужни дејности, неспомнати на друго место · Граѓани запишани во регистарот за угостителска дејност од мал обем за вршење услуги за издавање легла за гости-туристи во домашно сместување За дискусија 😊42239
- Споделување на нови бизнис Пејпал акаунтиIn Платежни услуги PayPal и ост.·2 април 2021 г.Сакам да прашам дали во меѓу време има некој креирано нов бинис Пејпал акаунт и да има прилив на пари? Во интерес на заедницата е да споделуваме искуства, добри или лоши. Така ќе можеме да влијаеме да се подобрува услугата и да се прилагодуваат условите за трговците и претприемачите во Македонија. Ве молам коментирајте на овој пост или креирајте нов пост на https://www.loginsystems.biz/forum/platezhni-sistemi-paypal/create-post. Ако нешто не ви е јасно, поставете прашање на линкот https://www.loginsystems.biz/forum/platezhni-sistemi-paypal/create-question. #paypal #споделиискуство192495
- НБРМ: Овозможено отворање сметки кај странските електронски сервиси за трансакции за комерцијални целиIn Платежни услуги PayPal и ост.·29 август 2019 г.Народната банка информира дека Советот на Народната банка денес одржа редовна седница на која ја разгледа и ја донесе Одлуката за изменување на Одлуката за начинот и условите под кои резидентите коишто не се овластени банки, можат да отвораат и да имаат сметки во странство. Со измените се овозможува граѓаните и компаниите да отвораат и да имаат сметки кај сите странски електронски сервиси за платежни трансакции што ќе ги овозможат своите услуги за резидентите од нашата земја. Тие ќе можат овие сметки да ги користат исклучиво за комерцијални цели, односно за купување и/или за продавање стоки и услуги по електронски пат. Дали и кога граѓаните и компаниите ќе можат да отворат сметка кај одреден електронски сервис и какви услуги ќе можат да користат (дали само за плаќање или и за наплата), одлучува секој од сервисите, при што деловната одлука ја носи врз основа на сопствени анализи и оцени. При разгледувањето на одлуката, на седницата, меѓу другото беше одбележано дека либерализацијата во однос на отворањето и поседувањето кориснички сметки кај електронските сервиси за платежни трансакции во натамошниот период може да донесе повеќе придобивки за нашата економија. Истовремено, беше истакнато дека донесената одлука е еден од чекорите на Народната банка за поголема промоција и поддршка на електронската трговија и залагање за користење на предностите од финансиските технологии, односно се создаваат услови стоките и услугите коишто ги нудат нашите резиденти, преку електронската трговија да бидат подостапни на меѓународниот пазар. Во дискусијата на седницата беа истакнати и можните ризици за резидентите коишто ќе ги користат овие сервиси, пред сѐ во поглед на квалитетот и сигурноста на услугите. Извор: Соопштение на НБРМ #paypal #платежниуслуги171428
- Како-да: Правење фактура и испраќање по е-пошта преку PayPalIn Платежни услуги PayPal и ост.·4 април 2020 г.Корисноста на Пејпал е што може на емаил да се праќаат барања за плаќања. Покрај тоа може да се прават фактури и истите да се праќаат на емаил. Ќе објаснам како. 1. Креирање На главниот екран се внесуваат основни информации. Емаил адреса на купувачот, назив на услугата или производот и износот. Потоа се кликнува на Create Invoice. 2. Пополнување на заглавие Се пополнува заглавието на фактурата. На пример може да се стават повеќе купувачи. Исто така, ако е месечна услуга, се означува дека е месечна услуга за да се задолжува купувачот на месечна основа. 3. Пополнување линии Се проверува линијата со производот или услугата. Може да се додаваат повеќе линии. Исто така се дефинираат ДДВ стапките. Откако се прегледа фактурата, се праќа Send. 4. Прием на фактура Купувачот ја добива фактурата во емаил и кликнува на View and Pay Invoice. 5. ... и потоа се бројат парите 😁😁😁😁😁 #paypal #пејпал #фактурирање171315
- Анкета: Кои опции ви се дополнително потребни во ЛС КонвертМак за Microsoft Excel?In Општа дискусија·23 октомври 2022 г.ЛС КонвертМак за Microsoft Excel е додаток на Excel за конверзија на текст. Постоечката верзија има само една опција на конвертирање: од кириличен фонт во македонска поддршка (https://www.loginsystems.biz/forum/opshta-diskusija/probna-beta-verzija-na-ls-konvertmak-365-za-microsoft-excel). Периодов ја разгледуваме можноста да дополниме со една или повеќе опции. Потребно е потребно мислењето на корисниците на алатката/додатокот како и потребите на потенцијалните нови корисници. За таа цел ја создадовме анкетата која е прикажана подолу. Ве молиме да одговорите на прашањата и со тоа помогнете на себе и на другите. Логин Системи ќе ги разгледа резултатите од анкетата и евентуално ќе направи план за развој на една или повеќе опции. За да има повалидни резултати, да бидеме стимулирани за побрзо правење, згодно е да го споделите овој пост преку социјалните мрежи или електронската пошта. Благодариме! #LSKonvertMak#ЛСКонвертМак#excel24424
- Даночни пријави за 2019 година и начинот на достава до граѓанитеIn Сметководство и финансии·16 мај 2020 г.Годишната даночна прија за 2019 година е пропишана со Правилникот за формата и содржината на годишната даночна пријава за утврдување данок на личен доход, начинот на доставување на годишната даночна пријава од страна на УЈП и нивно потврдување од страна на обврзникот- граѓанинот. Согласно член 4 од овој Правилник, годишната даночна пријава образец ДЛД-ГДП за 2019 година, УЈП ја доставува на два начина: преку системот на УЈП за регистрираните даночни обврзници, е-ПДД преку пошта во хартиена форма, за даночните обврзници кои не успеале да се регистрираат во системот на УЈП, е-ПДД #еПДД31121
- Причина бр.1 за ПејпалIn Платежни услуги PayPal и ост.·17 април 2019 г.1. Една од најдобрите причини за користење на PayPal е неговата цена: бесплатно. Нема годишни такси, ниту такси за обработка, па ни давачки за услуги. Купувачите кои користат PayPal ги добиваат сите моќни предности поврзани со услугата и не мора да плаќаат ни еден денар за тоа.16155
- Paypal-Visa Debit ProblemIn Платежни услуги PayPal и ост.·7 јули 2020 г.Imam eden probem so mojata visa karticka od NLB-Tutunska koga probuvam da ja stavam na PayPal ova go dobivam, a Imam okolu 20 iljadi denari na Kartickata VISA-DEBIT ako moze nekoj da pomogne ve Molam.16683
- ИзвестувањеIn Платежни услуги PayPal и ост.·9 јуни 2020 г.Сакам само да ве известам, дека пред месец дена успеав со виза кредитна картичка од Стопанска. Све си функционира имам досега четири,пет пати примено пари, за три дена ми се на картичка и досега сум немал никаков проблем.16623
Пребарај во блог-објавите ...
Пребарај низ форумот на Логин Системи
Ако не најде тоа што те интересира, прегледај ги изворите на следните линкови
bottom of page