top of page
LSLogoTransparentWOSlogan

Бесплатен вебинар: е-Фактура (УЈП), Business Central и API интеграции

чет., 12 мар.

|

Вебинар (Microsoft Teams)

Бесплатен 60‑минутен вебинар за УЈП е‑Фактура 2026: шифрарници, специјални адресни формати и реални сценарија (рачно, нативна BC апликација, API Gateway/Middleware). Како се интегрира со другите API сервиси? Регистрација за пилот програма на УЈП.

Бесплатен вебинар: е-Фактура (УЈП), Business Central и API интеграции
Бесплатен вебинар: е-Фактура (УЈП), Business Central и API интеграции

🗓️ Време и 📍локација

12 мар. 2026 г., во 14:30 – 15:30 CET

Вебинар (Microsoft Teams)

🎓 За настанот

Овој бесплатен 60‑минутен вебинар започнува со јасен преглед на проектот за е‑Фактура на УЈП и практичните регулаторни барања за 2026: кои податоци се задолжителни, улогата на шифрарниците и специјалните адресни формати (за купувачи и подружници), како и што значи правилно следење на статусите на фактурите. Целта е учесниците брзо да разберат што точно се очекува од компаниите и сметководствените бироа и кои се чекорите до целосна усогласеност.


Business Central, Логин Системи и УЈП
Business Central, Логин Системи и УЈП

Потоа објаснуваме како компанија и/или сметководствено биро се регистрира за учество во пилот‑тестирање и proof‑of‑concept (PoC) со УЈП: клучни предуслови, кратка постапка и што реално да очекувате во тест‑фазата (што се проверува, како се евидентира напредок, и како најбрзо да стигнете до стабилен PoC). Ова ви овозможува да започнете навремено и со јасна слика за патот од тест до продукција.


Во третиот дел се фокусираме на практичната реализација: ERP основи со фокус на Microsoft Dynamics 365 Business Central и презентација на нашиот LSM…


🎟️ Билети

  • Билет за учество (бесплатно)

    Овој бесплатен билет ви овозможува онлајн присуство на вебинарот и пристап до материјалите за време на сесијата.

    €0.00

Total

€0.00

📢 Сподели ...

bottom of page