top of page
LSLogoTransparentWOSlogan

Актуелни објави

MSD365BC.png

1

блог

е-Фактура

ЗОШТО ФАКТУРА „НА РАКА“ ЗНАЧИ ДОЦНЕЊЕ ВО ПЛАЌАЊЕ И КАКО Е-ФАКТУРА НА УЈП ЌЕ ГО ПРОМЕНИ ТОА

📌 Реално искуство што покажува зошто фактура „на рака“ често значи доцнење во плаќање и како воведувањето на е-Фактура преку УЈП ќе ги промени деловните процеси. 👇⬇️

300x250_Banner dyn365bc.jpg

Најнови објави

|

MakasIT.gif
  • 2 hours ago
  • 3 min read

💡 Лично искуство од секојдневна работа

Сакам да споделам едно лично искуство кое на многу едноставен начин објаснува зошто начинот на испорака на фактурите има директно влијание врз тоа кога ќе бидат платени.


Имаме добавувач од Скопје (во овој случај, тоа е Олимпико). Соработката со нив ни е коректна и континуирана. Кај нив редовно користиме услуги, најчесто за промена на сезонски гуми, хотелско сместување на летни и зимски гуми, а понекогаш и набавка на производи. И покрај тоа, нивните фактури скоро секогаш се плаќаат последни. Понекогаш тоа доцнење оди и до неколку месеци. Ако не се јават со потсетување за плаќање се случува да помине и пола година пред да платиме. Многу жалам што е така, и имам голем респект за нив.


Причината не е во нивниот однос, ниту во некакво несогласување, ниту пак во износот. Причината е многу поедноставна и во исто време многу понеповолна за Олимпико, а и за нас. Тоа е начинот на кој фактурата стигнува до нас.


💡 Што навистина се случува со фактура „на рака“

Фактурата после извршената услуга ми ја даваат на рака. Веројатно размислувањето е дека така е побрзо, а не се губи време во праќање по пошта или е-пошта. Бидејќи возилото го подигнувам најчесто во сабота, кога сум надвор од вообичаените работни обврски, едноставно фактурата останува во возилото или некаде по џебови.


Инаку, кога ни стигнуваат фактури по пошта, фактурите ги примаме, ги скенираме и потоа ги внесуваме во деловниот систем. Кога мене ми даваат фактура за нешто, може да биде и од ресторан, ако сум во работен „режим“, фактурата ја скенирам со Microsoft Office Lens, одлична алатка за мобилни, сега преку OneDrive, и потоа ја аплоадирам во Business Central директно или ја праќам по интерна електронска пошта.


Но ако фактурата ми ја даваат на рака и не направам веднаш скенирање, тоа „подоцна“ станува „ај утре“ и на крајот, останува незавршена постапката. Ваквата фактура практично не постои во системот. А штом не постои во системот, не постои ни во процесот на одобрување и плаќање.


💡 Кога процесот е правилно поставен и резултатот е различен

Во исто време, имаме други добавувачи кои испраќаат фактури по email или овозможуваат нивно преземање преку портал со претходно известување за локацијата. Тие фактури влегуваат веднаш во системот, се евидентираат, се проверуваат и продолжуваат низ процесот без застој.


Резултатот е очекуван и ваквите фактури се плаќаат многу побрзо.


💡 Погрешната претпоставка што се’ уште постои

Интересно е што многу компании и понатаму веруваат дека ако ја предадат фактурата лично на рака, ќе го забрзаат плаќањето. Или ќе заштедат на трошоци за испраќање.


Во пракса, се случува токму спротивното. Кога фактурата не е дел од структуриран процес, таа станува зависна од моментот, вниманието и дисциплината на поединецот. Тука веќе нема контрола, нема видливост и нема јасна одговорност.


💡 е-Фактура преку УЈП

Со воведувањето на е-Фактура преку УЈП, овој начин на работа ќе го снема. Фактурите повеќе нема да се разменуваат рачно, ниту преку email, ниту со физичка достава.


Наместо тоа, продавачите ќе ги прикачуваат фактурите во системот на УЈП, а купувачите ќе мораат навремено да ги прифатат или одбијат, било рачно или преку интеграција со нивниот ERP систем со API повици до УЈП.


💡 Што ќе се случи со неспремните компании

Оваа промена ќе ги изложи сите слабости во постоечките процеси. Компаниите кои нема да се подготват навреме ќе се соочат со доцнења, конфузија околу одговорностите, проблеми со пристап и непотребен оперативен трошок и компликации.


Наместо поефикасност, ќе добијат дополнителен хаос. А може да биде обратното ...


💡 Каде е вистинската можност

Од друга страна, оние кои ќе ја искористат оваа промена за да ги постават процесите правилно, ќе добијат значителна предност. Побрзо фактурирање, побрза наплата и многу подобра контрола. Намалени трошоци.


Моето искуство со Олимпико не е изолиран случај и е секојдневна ситуација во многу компании. И токму затоа е-Фактура не треба да се гледа како обврска, туку како можност да се решат проблеми кои веќе постојат, но често се игнорираат.


💡 Заклучок: проблемот не доаѓа со е-Фактура затоа што тој веќе постои

Ако веќе денес имате фактури кои „се губат“ затоа што не влегуваат навреме во систем, тогаш проблемот не е во е-Фактурата што доаѓа. Со е-Фактура може и дополнително да се отежнат ваквите ситуации, ако не се адресираат добро.


💡 Покана за мастер клас

На 23.06.2026 организираме мастер клас на тема е-Фактура (УЈП), каде што детално ќе ги поминеме процесите, улогите и практичните чекори за подготовка. Ако сакате навремено и правилно да се поставите, ова е добра можност да го направите тоа со јасна структура и конкретни примери од пракса, од страна на Логин Системи.


Детали за настанот:

📅 Датум: 23.06.2026

⏰ Време: 13:00

📍 Локација: Online преку Microsoft Teams

👥 Наменето за: финансии, сметководство, менаџмент, ИТ


👉 Повеќе информации и пријава:






е-Фактура УЈП Masterclass 3.0: Разбирање, одлуки и пракса
From€82.00
23 јуни 2026, 13:00 – 16:30 CESTМастерклас обука на Логин Системи
Register Now

Comments

Rated 0 out of 5 stars.
No ratings yet

Add a rating

Поврзани производи и услуги

Product LS

Сметководство

 Прегледај го форумот за сметководство и финансии и учествувај во дискусиите на фелата.

Програм за плата

Ако сте поголема организација, модулот за пресметка на плата е интегрален дел на Dynamics NAV / 365 Business Central.

bottom of page