top of page
LSLogoTransparentWOSlogan

Актуелни објави

MSD365BC.png

е-Фактура (УЈП): Дали знаете каде е дигиталниот идентитет на вашата компанија?

MSD365BC.png

Емаил-пример што се испраќа до УЈП за тестирање на е-Фактура

MSD365BC.png

е-Фактура Readiness Program: Линкот помеѓу разбирањето на еФактура и успешната имплементација

MSD365BC.png

Трета фаза на е-Фактура од УЈП: што значи и како да се подготвите

функционалности

блог

Опција за миграција од постоечки во нов светски сметководствен систем

📌 При преминувањето на нов сметководствен софтвер или ERP систем, еден од главните предизвици на фирмите и организациите се историските... 👇⬇️

300x250_Banner dyn365bc.jpg

Најнови објави

е-Фактура (УЈП): Дали знаете каде е дигиталниот идентитет на вашата компанија?

Наместо ИТ проект, е-Фактура на УЈП е проект за одговорност

е-Фактура (УЈП) ќе донесе повеќе дисциплина во деловното работење

Емаил-пример што се испраќа до УЈП за тестирање на е-Фактура

е-Фактура Readiness Program: Линкот помеѓу разбирањето на еФактура и успешната имплементација

ЗОШТО ФАКТУРА „НА РАКА“ ЗНАЧИ ДОЦНЕЊЕ ВО ПЛАЌАЊЕ И КАКО Е-ФАКТУРА НА УЈП ЌЕ ГО ПРОМЕНИ ТОА

Трета фаза на е-Фактура од УЈП: што значи и како да се подготвите

Мастерклас обука за е-Фактура: втората тест фаза на УЈП во пракса

Втора тест фаза на е-Фактура - официјално известување од УЈП

Успешно одржан мастерклас за е Фактура УЈП - најавена нова обука на 21 мај

MakasIT.gif
  • Nov 10, 2018
  • 2 min read

Updated: Dec 27, 2021

При преминувањето на нов сметководствен софтвер или ERP систем, еден од главните предизвици на фирмите и организациите се историските податоци односно податоците од претходниот сметководствен програм. 


Овој процес се нарекува уште и "миграција на податоците" (анг. data migration). 

Генерално на располагање постојат три опции:


(1) почеток само почетни состојби,

(2) сите податоци/трансакции, и

(3) старите податоци коегзистираат во новиот систем. 


Почеток само почетни состојби


Со оваа опција се генерираат бруто биланси и други завршни извештаи во постоечкиот програм и почетните состојби се ставаат во новиот ERP систем базиран на Dynamics NAV. Оваа опција е наједноставна и најефтина за изведба.


Целосно мигрирање на сите податоци


Оваа опција е најсложената и во некои случаи може да биде неизводлива ако претходниот систем не нуди стандардизирани опции за пристап до податоците или извезувањето на податоците од претходниот систем не се прави во табеларни структури какви што се Excel или текстуални фајлови со издвоени колони. 


Старите податоци коегзистираат со новите


Оваа опција е комбинација од првата и втората опција. Имено, во системот се поставуваат почетните состојби од претходниот систем, а најважните податоци од претходниот систем се увезуваат во новиот систем на посебно место за да коегзистираат. 

На сликата подолу е претставено кои картички се увезуваат во новиот систем: главна книга, купувачи, добавувачи, артикли, услуги и банки. Основните средства се вчитуваат со своите почетни состојби.



Кои податоци се мигрираат во новиот систем
Кои податоци се мигрираат во новиот систем

Наместо да се користат паралелно два системи за сметководоството (старо и ново) заради преглед на историските податоци, оваа функционалност овозможува податоците од старото сметководство да бидат увезени и на располагање за преглед заедно со другите нови податоци во Dynamics NAV (види слика подолу). "Старите" податоци се расположиви на клик. 



Старите податоци од главната книга се наоѓаат на дофат на копчето
Старите податоци од главната книга се наоѓаат на дофат на копчето

Стари и нови броеви на купувачи, добавувачи и конта
Ако организацијата ги промени броевите на купувачи и добавувачи, функционалноста на Логин Системи овозможува поврзување на броевите така што во претходните книги ќе ги користат старите броеви, иако се повикуваат од новите броеви.

Третата опција е најбараната бидејќи новите податоци се користат во секојдневното работење, а старите податоци коегзистираат во новиот систем и се на располагање заедно со другите команди на Dynamics NAV.


Која опција да се одбере?

Ова најмногу зависи од буџетот што го има организацијата што прави премин од еден во друг систем. 

Ако организацијата има голем буџет и инсистира на целосно мигрирање на податоците, секако дека оваа опција е најдобрата - со исклучок дека можно е претходниот систем да нема многу можности за "вадење" на податоците од истиот.

Ако организацијата нема потреба од претходните податоци, тогаш најдобра опција е првата - вчитување само на почетните состојби.


Ако организацијата има потреба повремено да ги гледа податоците од претходниот систем, а не сака да го обременува новиот систем со стари податоци, тогаш третата опција е најоптималната. 


Во табелата подолу се дадени споредбените карактеристики на трите опции за премин од стар во нов ERP систем. 


Споредбена табела на видови на миграција
Споредбена табела на видови на миграција


Совет при одлука за премин

Пред да одлучите за било која опција, потребно е да се праша провајдерот на постоечкиот систем во кој формат се наоѓаат податоците (база на податоци или фајлови), колкава е големината на податоците и дали податоците се запишани во некој стандард за да може истите да се извлечат од системот. 


Корисно




Comments

Rated 0 out of 5 stars.
No ratings yet

Add a rating

Поврзани производи и услуги

Сметководство

 Прегледај го форумот за сметководство и финансии и учествувај во дискусиите на фелата.

Програм за плата

Ако сте поголема организација, модулот за пресметка на плата е интегрален дел на Dynamics NAV / 365 Business Central.

bottom of page