top of page
LSLogoTransparentWOSlogan

Актуелни објави

MSD365BC.png

Вештачката интелигенција веќе ја менува сметководствената работа - Логин Системи дел од КПУ обуките за сметководители во ноември

MSD365BC.png

Логин Системи: Кампањата за ERP модернизација предизвикува дискусија - и тоа е добар знак за македонскиот пазар

MSD365BC.png

🧠 Вештачка интелигенција во ERP: Зошто Business Central е паметна алтернатива на Пантеон и други локални решенија

MSD365BC.png

Мобилен и веб пристап до ERP во Македонија: зошто е важен денес

МК локализација

Патни налози

📌 Основна МК локализација за Microsoft Dynamics NAV Патните налози може да се ставаат во Dynamics NAV и да се книжат преку дневниците за... 👇⬇️

300x250_Banner dyn365bc.jpg

Основна МК локализација за Microsoft Dynamics NAV


Патните налози може да се ставаат во Dynamics NAV и да се книжат преку дневниците за главната книга. Сепак, на корисниците им е потребно да имаат посебен документ во кој ќе влезат сите можни трансакции и трошоци поврзани со едно службено патување. Впрочем, законодавецот во Македонија пропишал и образец "патен налог" за водење на службени патувања.

Логин Системи изработи посебен модул за службените патувања кој работи интегрирано со NAV и е во согласност со македонските прописи и барања. Изведбата на службеното патување е во неколку чекори ставени на наредната слика.


Постапка за службено патување

Постапка за службено патување

Вработениот што треба да оди на патување прави Барање за службено патување во NAV и го испраќа по емаил или по систем до претпоставениот. Претпоставениот го одобрува барањето заедно со предвидените трошоци, а одговорниот во финансии му исплаќа аванс за патувањето.

Откако ќе го изведе патувањето, вработениот прави извештај и ги внесува сметките (превоз, јадење, деловен ручек, хотел, награди, ...) во NAV. На крајот претпоставениот и/или сметководителот му го одобруваат патувањето и даваат налог за исплата на дополнителни средства или вработениот го враќа остатокот од авансот.

При книжењето на службеното патување, се ажурира Главната книга, благајната заедно со посебните каси за валути и делот за човечки ресурси (кадрова служба).


Ажурирање на деловните книги

Ажурирање на деловните книги

Бидејќи податоците се интегрирани, менаџментот на организацијата може да добива извештаи и информации за обемот на службените патувања, да ги споредува трошоците во однос на неговите продажни учиноци, или да се споредуваат трошоците на вработените за едукација на годишно ниво. NAV е платформата која се користи како инпут за мерење на учиноците на организацијата, тимовите и поединците преку методологии каква што е Kaplan/Norton Balanced Scorecard.

Пример за тоа како се работи со модулот има тука.

Microsoft Dynamics NAV е систем кој е направен како платформа на која може да се надодава и прилагодуваат работи кои се бараат од корисникот. За потребите на македонските организации, Логин Системи има изработено и се во функција сет од од подесувања, подобрувања и нови опции кои се однесуваат на законските прописи, како и надополнувања за дополнителен конфор во работата и потребите на менаџерите.


надополнување, македонска локализација, Dynamics NAV

Македонска локализација во Microsoft Dynamics NAV (изработена од Логин Системи)

Изведбата на македонската локализација е повеќеслојна и флексибилна. Со оваа локализација се обезбедува да се задоволат различните потреби на корисниците независно од нивната големина и за различните потреби. Локализацијата во Македонија е изведена во три слоја: (1) задолжителна локализација, (2) суштинска локализација со надополнувања, и (3) надополнувања по желба и потреба.

Microsoft Dynamics NAV 2017 е најкомплетниот интегриран систем што се нуди во Македонија. Тој е најпопуларниот ERP за мали и средни фирми во светот - 100.000 организации работат со NAV. Целосна листа на македонска локализација и надополнувања има тука.

Логин Системи е овластен провајдер на решенија и услуги базирани на Microsoft Dynamics NAV од 2002ра година до денес.

Comments

Rated 0 out of 5 stars.
No ratings yet

Add a rating

Најнови објави

|

MakasIT.gif

Поврзани производи и услуги

Dyn365 BC – Консултација (1 час)

Сметководство

 Прегледај го форумот за сметководство и финансии и учествувај во дискусиите на фелата.

Програм за плата

Ако сте поголема организација, модулот за пресметка на плата е интегрален дел на Dynamics NAV / 365 Business Central.

bottom of page