top of page
Резултати од пребарување
Се' (2121)
Производи (49)
Услуги (5)
Настани (15)
Блог-објави (388)
Страници (811)
Форум-објави (823)
Programs (30)
Filter by
Type
Category
823 results found with an empty search
- PayPal во Охридска банка?! :)In Платежни услуги PayPal и ост.3 мај 2020 г.Колку се разликува твојот одговор, полн со аргументи и факти, во споредба со оној од PP :) Значи да отворрам сметка за фирмата во НЛБ, Виза ауто-трансфер, и да пичам даље12
- Успешна Пејпал сметка за примање пари во НЛБ тутунска банкаIn Платежни услуги PayPal и ост.2 мај 2020 г.Одлично Ена. Под дифолт не пишува отворање на бизнис акаунт. За да не се оди преку други земји за користење на линкот за бизнис акаунт, може да се користи директен линк за отворање: 👉 Линк за отворање на бизнис сметка во Пејпал Благодарам за споделеното искуство. Со успех!02
- Креирана пејпал бизнис сметка-прашање за минимална сума за трансфер на банкарска сметкаIn Платежни услуги PayPal и ост.17 јануари 2021 г.Malku istrazuvav, izgleda i porano go imalo ovoj problem kaj korisnici od drugi drzavi, pa ako nekoj moze da go razjasni. https://www.paypal-community.com/t5/My-Money/Can-t-withdraw-money-Said-it-s-less-than-minimum/td-p/1935338?fbclid=IwAR2DZikWv1KGUtOdU7jcGaT3BTyDjGD1zdXAZpRNjkY7VwUbdXE4gjiWLIo02
- План за одбрана на Велика Британија со Balanced ScorecardIn Стратегија и менаџмент·22 март 2018 г.Во овој пост кусо ќе анализирам како изгледа планот за одбрана на Министерството за одбрана на Велика Британија за периодот од 2008 до 2012 предложен од Министерот и презентиран во Британскиот парламент. Целосниот документ е поставен како линк на крајот од постот. Карактеристика на планот за одбрана на Велика Британија е тоа што се користи општо-прифатена методологија за стратегија и изведба на стратегија оригинално поставена од Др. Каплан и Др. Нортон - Balanced Scorecard. Методологијата Balanced Scorecard како методологија наоѓа широка примена во бизнисот и во владата. Balanced Scorecard е методологија за опишување на стратегијата преку стратешка мапа, мерење на стратегијата со избалансирани картички и за управување на стратегијата со методологијата Execution Premium. Планот на Велика Британија започнува со основата на секоја организација, а тоа е причината или целта за постоење. Мисијата или причината за постоење е всушност првата реченица/елемент во секоја стратегија на било која организација било приватна било јавна или владина. Целта на Одбраната на Велика Британија: Да се овозможи безбедност на луѓето што живеат во Велика Британија и на териториите надвор од ВБ преку нивна заштита вклучувајќи и заштита од тероризам, да се дејствува како сила за добри работи преку зацврснување на меѓународниот мир и стабилност. Од мисијата се оди на опишување на стратешкиот контекст и тука се поставуваат стратешките цели и смерници. Во глава два се даваат информации за управувањето со стратегијата преку организација, менаџмент со перформансите и ризиците. Во глава три се опишува стратегијата со помош на стратешка мапа и истата потоа се разложува во конкретни перформансни мерки преточени во Balanced Scorecard. За полесно да се опише стратегијата, да се прикажат причинско-последичните врски и потоа полесно да се преточи во мерливи цели, Министерството ја опишува стратегијата преку четири перспективи: Цел/намена, Ресурси, Процеси, и Иднина (види слика долу). Оваа стратешка мапа и четирите перспективи од Balanced Scorecard се креирани врз база на три главни стратешки цели и тоа: (1) Да се одбранат/заштитат интересите на Велика Британија, (2) зацврснување на меѓународниот мир и стабилност и (3) Министерството да биде сила за доброто во светот. Овие три елементи спред методологијата Balanced Scorecard може да се третираат и како стратешки теми околу кои ќе се организираат активностите и ќе се мерат резултатите. Кај секој сериозен стратешки план, за да може да се изведува ефикасно, разработката на стратегијата зафаќа најголем дел од документот. Тука се ставени и перформансните метрики за секоја цел во рамките на перспективата. Буџетот е на крај. Во глава четири и е на една страница (види слика подолу). Постапката во креирањето и изведбата на стратешкиот план може да се претстави во следните чекори како што е на сликата подолу. Во Македонија Многу организации и фирми ја прават основната грешка – наместо стратегијата да го одредува буџетот, тие ја одредуваат стратегијата исклучиво врз основа на буџетот. „Тепачките“ во парламентот на Македонија не се за тоа дали одредено министерство има добар план и стратегија за да се задоволат барањата на граѓаните и бизнисите туку дали буџетот е голем или мал. Целиот план за одбрана на Велика Британија за периодот од 2008 до 2012 го има во PDF на линкот тука ...0294
- Download: Работен текст на Законот за платежни услуги и платни системиIn Платежни услуги PayPal и ост.·18 мај 2019 г.Народната Банка со работен мултидисциплинарен тим изработила работен текст на Закон за платежни услуги и платни системи. Со овој закон се уредуваат: видовите на платежните услуги, давањето на платежните услуги, издавањето на електронски пари, основањето и работењето на платежните институции и на институциите за електронски пари, транспарентноста на условите и обврските за информирање во врска со платежните услуги, правата и обврските на давателите и корисниците на платежните услуги, отворањето и користењето на сметката со основни функции, преносливоста на платежната сметка, транспарентноста и споредливоста на надоместоците поврзани со платежните сметки и услуги, постапките за решавање на спорови настанати при давањето на платежни услуги, платните системи и конечноста на порамнувањата, надзорот над вршењето на платежните услуги, супервизијата на платежните институции и институциите за електронски пари, надзорот над операторот на платен систем, надгледувањето на платните системи, единствениот регистар на сметки, како и други прашања поврзани со платежните услуги. Тони Мирчески во својата објава на форумот Отворенo банкарство за нови небанкарски играчи во платежниот бизнис пишува дека светското, посебно европското искуство укажува дека покрај банките, обезбедувачи на платежни услуги се лиценцирани небанкарски институции (фирми од приватниот сектор). Работниот текст е на 150на страници и може да се преземе на делот за споделување на фајлови. Вашите сугестии и предлози за подобрување на законот може да ги напишете во коментар подолу и истите потоа да ги проследиме во Народната банка. Ви благодарам!02832
- Појава на отворање на банкарски сметки во странство за користење PayPal за трговциIn Платежни услуги PayPal и ост.·30 декември 2019 г.Неодамна налетав на некој форум во кој граѓанин/трговец од Македонија прашува како да отвори PayPal сметка во светски лидер за електронски продавници. Администраторот на форумот за односи со корисници одговара дека не знае зошто нема можност за PayPal во Македонија и информира дека некои трговци отвораат сметки во други земји како решение за нивните потреби за електронска комерција. Подолу дел од преписката на јули 2018. #paypal #трговци02624
- Трошковно сметководствоIn Сметководство и финансии·2 јануари 2018 г.Трошковно сметководство е ефикасен начин за контрола на трошоците во фирмите и организациите. Модулот во Dynamics NAV за трошковно сметководство овозможува прегледност и увид во буџетираните и реализираните трошоци во работењето, распределба по оддели, производи и/или проекти. Трошковното сметководство ги синхронизира трошковните информации со главната книга и потоа ги алоцира тие информации во различните трошковни центри и трошковни објекти. Модулот за Трошковно сметководство ги нуди следните функционалности: Пренос на трошоците од главната книга Внесување и книжење на интерните трошоци и алокации директно во трошковниот дневник од Трошковното сметководство Предефинира правила за распределба на трошоците на трошковната алокација Картички и изведба во пакет Сторно/поврат на алокации Креирање на трошковни буџети и пренос на ставки од трошковен буџет во реализирани ставки #ExtendedPack #DynamicsNAV02207
- Дигитална јамка за фидбек и како се прави во организациитеIn Microsoft Dynamics 365·6 мај 2018 г.На лансирањето на новата генерација на апликациите Dynamics 365 се презентира концептот за дигитална јамка за фидбек како дел од дигиталната трансформација. Што имаат заедничко производството, финансиските услуги, малопродажбата, здравството, образованието, јавниот сектор? Сите овие индустриски сегменти се наоѓаат во транзиција и им е потребна дигитална трансформација. Која е рецептата за дигитална трансформација? Како од теорија ќе се оди во пракса и ќе може да се изведе дигиталната трансформација? За таа потреба Microsoft разви концепт за дигитална трансформација која е наречена Дигитална јамка за фидбек (анг. Digital Feedback Loop). James Philips, CVP, Business Application Group од Microsoft ја објаснува јамката во видеото подолу. Видео: Лансирање на деловните апликации на Microsoft (пролет 2018) Што мислите, дали е изводливо ова за кај нас?0264
- Дали може и како да се користи Dynamics NAV во Македонија?In Microsoft Dynamics 365·25 јануари 2017 г.Сите модули од NAV може да се користат во изворна форма во Македонија како што се финансии (со сметководство), набавки, продажба и маркетинг, човечки ресурси, водење проекти, производство, магацинско и материјално работење. Дополнително, NAV е прилагоден на македонските прописи од страна на стручниот тим на Логин Системи. Така, за потребите на македонските корисници изработивме посебни делови кои во NAV или изостануваат или се изведуваат на поинаков начин во другите земји. На пример, направивме или додадовме налози за книжење, црвено сторно, одредени конта да не смеат да имаат износи на страната Долгува или Побарува, ситен инвентар, благајничко работење, малопродажно работење, ДДВ пријави, компензации, каматни листи, јавни набавки и плати. Сите аналитички картички, за купувачи, добавувачи и артикли, ги направивме да ги задоволуваат барањата на македонските корисници. Иако стандардно NAV доаѓа со интерфејс на англиски јазик, тој може да се користи на повеќе јазици меѓу кои и на македонски и албански јазик. Логин Системи има преводи на овие јазици во различни верзии било на ниво на NAV или само на дополнувањата што ги има правено Логин Системи. Накусо ... Ги искажувате вашите потреби и специфики Не' ангажирате да ви го поставиме системот и да го прилагодиме на вашите потреби Набавувате лиценци за користење на Dynamics NAV Ќе ве обучиме Ќе го користите системот заедно со нашата поддршка Контактирајте не' за повеќе информации и понуда. www.loginsystems.biz/kontakt0273
- Прашање во врска со креирана Бизнис Пејпал Сметка-Но без опција за Withdraw или Автоматско префрлање.In Платежни услуги PayPal и ост.·28 декември 2020 г.Здраво на сите, тргнав од овој пост https://www.loginsystems.biz/forum/platezhni-sistemi-paypal/uspeshno-kreiran-biznis-paypal-so-debitna-kartichka-od-nlb ,и линковите сто се наведени во самиот пост. Јас исто така користам дебитна картица Виза од НЛБ банка, и пробав според иснтрукциите наведени на овој линк, но малце беше поразлично . Прво ми побара број на мобилен на кој јасно се гледаше дека е македонски повикувај број (може декетира по IP адреса дека станува збор za MK). Потоа според инструкциите наведов Албанија и останатите информации, и се креира бизнис сметка ( така пишуваше во профилот) со линкувана Виза картица од НЛБ МК. но при довршување на сетирањето ми даде порака - recipient is currently unable to receive money via PayPal . Не знам што може да е проблемот, Регистрирав сметка со наведена држава Албанија, го автентицирав кодот од изводот од банка на картицата на пејпал. Дали е проблемот што ми е ново креирана пејпал сметка и сеуште имам баланс 0 евра (т.е. 0 долари), ако може помош или совет. Благодарам02176
- Стратегија: Градење правосудство во МК со моделот на ШкотскаIn Стратегија и менаџмент·25 март 2018 г.Градењето на правосудниот систем на Шкотска е школски пример како се гради и изведува стратегијата за подобар правосуден систем. Шкотска е релативно мала земја и може да се земе како модел со принципи врз кој ќе се гради правосудниот систем во Македонија. Во стратешкиот процес на Шкотска се одредуваат мисијата, визијата, целите, стратегијата и резултатите што се очекуваат од правосудниот систем. Дефиниција и осврт за стратегија има на линкот https://www.loginsystems.biz/forum/strategija-i-menadzhment/definicija-strategija. Целиот документ за Шкотска се наоѓа на линкот најдолу во постот Стратешкиот план за правосудството во Шкотска се изведува преку следниот стратешки процес кој може да биде основа за македонскиот правосуден систем: Слика: Стратешки процес на Шкотска Подолу ќе ги разгледаме клучните елементи во стратешкиот процес и план на Шкотска прилагодени на состојбите во Македонија. 1 Мисија. Мисијата на Шкотска е да се насочат активностите на владата и јавните услуги кон поуспешна земја, со можности за сите во Шкотска да може да напредуваат, преку зголемувањето на одржлив економски раст. Наместо да се тргнува само од персоналните комбинаторики за судии и обвинители, Македонија е подобро да тргне од уставните одредби и од мисијата на Македонија за забележителен одржлив економски раст. 2 Визија. За да се постави еден систем, покрај мисијата важно е да се дефинира визијата, односно намерата или правецот во кој ќе се движи Македонија. Слика: Пример за визија Во нашиот случај, визијата може да биде „да создадеме правен систем кој позитивно придонесува за просперитетот на Македонија, помагајќи да креираме респектибилно општество во кое сите граѓани и заедници ќе живеат безбедно, ќе се поддржуваат индивидуалните и колективните права и ќе се решаваат несогласувањата на фер начин и со брзи процеси.“ 3 Национални интереси. Правниот систем се поставува да почива на националните интереси, односно резултати што треба правниот систем да ги постигне и такви може да бидат: Сите ние да живееме обезбедени од секаков криминал, неред и опасности. Да имаме силни, отпорни и помагачки заедници каде луѓето преземаат одговорност за своите активности и нивното влијание кон другите. Јавните услуги да се од висок квалитет, постојано да се подобруваат, да се ефикасни и флексибилни на потребите на луѓето. 4 Цели на правниот систем. Откако ќе се одредат визијата и националните интереси, кои всушност се цели на правниот систем, се пристапува кон одредување на очекуваните резултати на правосудниот систем и истите може да бидат: Да имаме ниско ниво на криминал Да имаме ниско ниво на страв, алармантни состојби и стрес Да уживаме низок ризик од ненамерни штети Нашите луѓе и заедниците да се поддржуваат и респектираат меѓусебно, применувајќи ги сопствените права и обврски Да имаме високо ниво на доверба во правните институции и нивните процеси Јавните услуги да се фер и достапни Нашите институции и процеси да се ефективни и ефикасни Јавните услуги да ги почитуваат правата и гласот на корисниците на услугите 5 Приоритети како дел од стратегијата. Потоа се одредуваат приоритетите за да може да се постигнат побрзо дел од очекуваните резултати. На пример, такви приоритети може да бидат: Намалување на криминалот, посебно насилниот и сериозниот организиран криминал Намалување и искоренување на осветата Справување со криминалот поврзан со говорот на омраза и секташтвото Подобрување на ефикасноста Ги поддржуваме жртвите и сведоците Проширување на достапот на правдата и напредни реформи во законите Намалување на разорното влијание на дрогите и алкохолните проблеми Намалување на штетите од пожари и другите итни случаи Зголемување на јавната доверба и намалување на стравот од криминал Засилување на вклученоста на заедниците и нивната отпорност Трансформација на цивилната и административната правда 6 Методи и пристапи како дел од изведбата. Од приоритетите треба да произлезат и методите и пристапите во градењето на системот. Врз основа на овие методи и пристапи треба да се изработат оперативните планови кои ќе ги реализираат зацртаните приоритети и ќе бидат компатибилни со правецот кон кои сакаме да се движи Македонија. Во методите и плановите треба да ги опфатат спецификите на Македонија, како што се човечките ресурси и нивната расположивост, појдовната основа и рецидивите, како и буџетот за нивната изведба. Постигнати резултати со стратегија Со ваквиот стратешки план Шкотска има голем напредок во клучните полиња и барања на граѓаните. При редовните мерења на правосудниот систем, Шкотска го намалува криминалот, ја прави земјата побезбедна и создава услови за квалитетен и подобар живот за сите. Слика: Реализирани и очекувани резултати Трансформирањето на правосудниот систем во Шкотска под раководство на нивната влада се одвивал во соработка со сите чинители во јавниот сектор, бизнисите, здруѓенијата и индивидуите. За нив било важно владеењето на правото и заштитата на заедницата не само како поддршка на растењето на економијата туку и како неопходност дека луѓето ќе имаат продуктивни животи во сигурни и безбедни заедници. Придобивки за Македонија Секако дека процесот на воспоставување на правосуден систем не е едноставна работа. Но исто така не е сложена работа ако се прави врз основа на визија, темели (принципи и вредности), и стратегија кои потоа се преточуваат во добар стратешки и оперативни планови за изведба. Горенаведените предлози се само примери кои треба да побудат идеи и развијат реални стратешки елементи врз основа на кои ќе се гради правосудниот систем во Македонија. Еднаква правда за сите е неопходност и за приврзаниците на новата опозиција за да им се овозможи и тие да ги користат придобивките на реформираното судство. Стратегијата за правда на Шкотска може да се преземе на линкот тука ... Документот се наоѓа и на веб страницата на Шкотската влада на www.scotland.gov.uk. Повеќе за правда има на http://www.gov.scot/Topics/Justice/justicestrategy. Повеќе постови на Венко Глигоров на форумот има на линкот https://www.loginsystems.biz/members/venko-gligorov/forum-posts. Кликни лајк или сподели го постот ако ти се допадна. Тенкс.02221
- Четири перспективи на бизнисот (и организацијата) со BSCIn Стратегија и менаџмент·30 јуни 2018 г.Многу често луѓето мислат дека мерењето е алатка за контрола на однесувањето и оценување на изминатите перформанси на вработените и организацијата. Всушност, Balanced Scorecard (BSC) се користи на поинаков начин. Мерките од BSC ја артикулираат бизнис стратегијата, ја комуницираат истата и помaгаат во усогласувањето на индивидуалните, организациските и меѓу-секторските иницијативи во постигнувањете на заедничката цел. (Како подлога за овој пост може да послужи „Успешна изведба на стратегијата со Balanced Scorecard“. Balanced Scorecard (треба да) се користи како систем за комуникација, информирање и учење, а не како систем за контрола. Balanced Scorecard НЕ служи за контрола на работењето Иницијално, замислата на Balanced Scorecard е да биде сеопфатна рамка која ќе овозможува на менаџерите да ги претстават стратегијата и визијата во перформансни метрики. Наместо да се следат само финансиските метрики, со Balanced Scorecard се поставуваат и следат и нефинансиски метрики или стратешки-битни метрики. Одговор на четири основни прашања Balanced Scorecard им овозможува на менаџерите да го гледаат работењето од четири важни перспективи. Тој дава одговори на четири основни прашања: Како не’ гледаат клиентите? (перспектива за купувачи) Во кои области треба да се подобриме? (перспектива за интерни процеси) Можеме ли во континуитет да се подобруваме и да создаваме вредности? (перспектива за учење и раст) Како изгледаме кај сопствениците и засегнатите страни (гласачи, корисници на услуги)? (финансиска перспектива) Преку BSC се обезбедуваат информации од четири различни перспективи со што се минимизира преоптовареноста на менаџерите со стратешко-непотребни информации. Организациите ретко страдаат од премалку мерки - тие, најчесто, додаваат нови и нови мерки како кој консултант, вработен или менаџер дава некои предлози. Balanced Scorecard ги насочува менаџерите да се фокусираат на неколку, најкритични мерки. Четирите перспективи од Balanced Scorecard, ги урамнотежуваат краткорочните и долгорочните цели, прават рамнотежа меѓу посакуваните резултати и двигателите на перформанси на тие резулатати како и меѓу потешките мерки со поблагите, поконкретни мерки. Иако, многубројните мерки на Balanced Scorecard можат на прв поглед да изгледаат збунувачки, преку правилно направените Scorecard-и, тие имаат единствена цел, затоа што сите мерки насочуваат кон остварувањето на интегрираната стратегија. Четири перспективи од Balanced Scorecard за посакуваната цел Balanced Scorecard личи како шалт-таблата од еден авион - дава комплексни информации на менаџерите, на едно место, за работењето на организацијата Финанскиска перспектива. Balanced Scorecard ја задржува финансиската перспектива, бидејќи финансиските мерки се корисни за сумирање на лесно мерливи економски последици од преземените дејствија. Мерките за финансиска успешност укажуваат на тоа дали стратегијата на фирмата, имплементацијата и извршувањето придонесуваат за подобрување на нето приходот. Перспектива на купувач. Во оваа перспектива на Balanced Scorecard, менаџерите ги идентификуваат клиентските и пазарните сегменти во кои деловната единица ќе се натпреварува и мерките за успешност на деловната единица во овие целни сегменти. Оваа перспектива обично вклучува неколку основни или генерички мерки од успешни резултати од добро формулирана и имплементирана стратегија. Перспектива на интерни процеси. Во перспективата на внатрешни деловни процеси, раководителите ги идентификуваат внатрешите критични процеси во кои организацијата мора да се подобри. Овие процеси овозможуваат деловната единица да ги испорача вредносните понуди кои ќе ги привлечат и задржат клиентите во целните пазарни сегменти и ќе ги задоволат очекувањата на акционерите за одличен финансиски поврат. Перспективата на внатрешни деловни процеси открива две разлики меѓу традиционалниот пристап и пристапот на Balanced Scorecard за мерење на учинокот. Традиционалниот пристап се обидува да ги следи и подобри постоечките деловни процеси. Меѓутоа, во пристапот на Balanced Scorecard, обично се идентификуваат целосно нови процеси во кои организацијата мора да се подобри за да ги задоволи финансиските цели и целите на купувачите. Перспектива на учење и развој. Четвртата перспектива на Balanced Scorecard за учење и развој, ја идентификува инфрастурктурата што организацијата мора да ја изгради за да создаде долгорочен раст и подобрување. Перспективите на купувачот и на внатрешните деловни процеси ги идентификуваат најкритичните фактори за моменталниот и идниот успех. Фирмите, најверојатно, не можат да ги исполнат своите долгорочни цели за купувачите и внатрешните процеси со користењена денешните технологии и можности. Исто така, интензивната глобална конкуренција бара фирмите постојано да ги подобруваат своите способности за обезбедување вредност на купувачите и акционерите/сопствениците. Учењето и развојот во организацијата доаѓаат од три главни извори: луѓе, системи и организациони процедури. Финансиските цели, целите на купувачот и на внатрешните деловни процеси во Balanced Scorecard, обично укажуваат на големи празнини меѓу постоечките способности на луѓето, системите и процедурите и она што е потребно за постигнување на напреден учинок. За затворање на овие празнини, фирмите ќе мора да инвестираат во повторно обучување на вработените, подобрување на информационата технологија и системите и усогласување на организационите процедури и рутини. Овие цели се артикулирани во перспектива за учење и развој на Balanced Scorecard. Пример од Balanced Scorecard Balanced Scorecard ја преведува визијата и стратегијата во цели и мерки со помош на избалансирана збирка на перспективи. Balanced Scorecard вклучува мерки за посакувани резултати и процеси кои ќе доведуваат до посакувани резултати во иднина. Подолу на сликата е прикажан пример за Balanced Scorecard на фирмата ECI. ... Повеќе информации на темата за Balanced Scorecard има на линкoвите: Успешна изведба на стратегија со Balanced Scorecard ЧПП за Balanced Scorecard План за одбрана на Велика Британија со Balanced Scorecard Историски показатели или водечки индикатори? Дефиниција: стратегија Повеќе за стратегија и менаџмент има на форумот за стратегија и менаџмент. #BalancedScorecard #BSC #Стратегија #Менаџмент02243
Пребарај во блог-објавите ...
Пребарај низ форумот на Логин Системи
Ако не најде тоа што те интересира, прегледај ги изворите на следните линкови
bottom of page










