top of page
Резултати од пребарување
Се' (2118)
Производи (49)
Услуги (5)
Настани (14)
Блог-објави (386)
Страници (811)
Форум-објави (823)
Programs (30)
Filter by
Type
Category
823 results found with an empty search
- Дали може да направиш business профил на PayPal доколку немаш регистрирано фирма/организација во централниот регистер?In Платежни услуги PayPal и ост.·27 април 2020 г.Доколку може, што треба да стои во полето Legal Business Name при креирањето на профилот, бидејќи се работи за приходи од freelancer работа. Кои се последиците доколку внесеш име кое што не е регистрирано во централниот регистер?03572
- Како-да: Пренос на заработеното преку Пејпал -->> на салдото од вашата платежна картичкаIn Платежни услуги PayPal и ост.·23 април 2020 г.Ако имате салдо на вашата бизнис пејпал сметка, што значи сте продале некој производ или услуга и некој ви платил, на располагање ви е опцијата Withdraw funds. Со оваа опција вие ќе можете да ги префрлите средствата од пејпал сметката -->> платежната картичка која ви е линкувана со пејпал бизнис сметката. Иницирање пренос Од главното мени на Пејпал дешбордот, се избира копчето Withdraw Funds - линк paypal.com/mep/dashboard. Алтернативно, наместо Withdraw funds може да стои линк за Transfer Funds што е иста работа. Избор на платежна картичка на која треба да легнат парите На следниот прозорец се потврдува картичката на која треба да легнат парите. Можете тука да линкувате друга платежна картичка. Откако се одбира платежната картичка, се потврдува со Next. Преглед на условите за преносот и потврда за изведба Потоа се потврдува преносот ако условите се задоволувачки. На сликата погоре стои дека курсот на еврото е 59,4044 денари - тоа е некаде 2,5% што задржува банката која ја сервисира картичката. Конфирмација за успешен пренос Кога ќе се изведете преносот, се добива конфирмација дека парите се префрлени на VISA бизнис картичката. Пејпал вели дека парите ќе легнат на картичката за 1 до 3 работни денови. Ова се деновите потребни за банката да ја процесира трансакцијата. Инаку, на дешбордот на Пејпал може да видите дека парите се префрлени и салдото е Нула. Парите се на располагање на вашата платежна картичка По некое време, парите се на располагање на бизнис платежната картичка. Операцијата за прием на пари на платежна картичка во банка може да се разликува од банка до банка. Останува на корисникот да се распраша кои се условите за работа со Пејпал за прием на пари. ... Примам бакшиш преку Пејпал на сметката на Логин Системи. Ако сте задоволни од написот и од целосната активност околу Пејпал, пуштете срце и пратите бакшиш на адресата paypal.me/loginsystems или со клик на копчето подолу. Ова е впрочем и идеална прилика да пробате како функционира Пејпал. 😉😉😉 Благодарам однапред за бакшишот. 💙💚💛❤️ Ако нема за бакшиш, лајкнете подолу или споделете ја објавата за да израдувате некого. 😎😎😎 Корисни линкови Прегледајте ги и останатите содржини поврзани со оваа објава. Форум за Пејпал Како-да: Креирање на сметка во PayPal за купување Како-да: Креирање на бизнис сметка на PayPal за продажба на производи/услуги и прием на пари Како-да: Правење фактура и испраќање по е-пошта преку PayPal Ако имате прашања или ви треба совет, најдобро е да поставите прашање тука. Или коментирајте на некоја од објавите. #пејпал #paypal #какода #чекорпочекор031066
- Аплицирав за отворање сметка за прием на пари преку Skrill - ме одбијаIn Платежни услуги PayPal и ост.·31 јули 2021 г.Сакам да споделам искуство тука за друг платежен провајдер - Skrill. Адресата е www.skrill.com. Ги внесов сите податоци за фирмата како што тоа го имам направено за Пејпал. Дури ставив и повеќе, како на пример, регистерски број на фирма, даночен број и податоци околу очекувани приливи. По извесно време добив информација дека апликацијата ми е одбиена. Нема поконкретни информации зошто е тоа така. Подолу е меил-одговорот. Иако не ми зависи работава од Скрил, се надевав дека ќе успеам за да се уверам дека за нашите претприемачи и стопанственици има алтернатива на Пејпал. Ништо. Ќе се обидам да прашам кои се „пречките“ за отворање на сметката. #Skrill03454
- Совети за отворање бизнис сметка Пејпал за онлајн наплата на производи и услуги во МакедонијаIn Платежни услуги PayPal и ост.·26 јуни 2022 г.Изминатиов период одржав две онлајн советувања, неколку сесии еден-на-еден, разменив искуства со некои членови на форумот. Врз основа на согледувањата, можам да споделам резиме од совети кои може да бидат корисни за отворање на бизнис сметка Пејпал во Македонија. Преку ваквата бизнис сметка ќе може да се наплатува за производи и услуги преку веб, емаил, или онлајн продавници. Општо земено, најдобро е да почнете од се' што е ново, посебно ако веќе сте имале претходно некои активности со Пејпал за купување и наплата. Ова би биле чекорите/советите за креирање на бизнис сметка: ✅ Нова емаил адреса од домен што не е употребуван никогаш од Пејпал. Може да биде gmail, yahoo, outlook, како и доменот од вашата организација или веб сајт. ✅ Нова платежна картичка, некористена претходно во Пејпал што ќе се линкува на бизнис акаунтот во Пејпал. ✅ По можност, нова поштенска адреса, неупотребувана во Пејпал претходно. Тоа може да биде домашна адреса, адреса на седиштето на фирмата или адреса на адвокатот/сметководителот. ✅ Подобро ќе биде ако постои можност да ставите и веб сајт од некој од светските провајдери, дека таму ќе се користи пејпал акаунтот. На пример, Word Press, Wix, Etsy, eBay, ... Повеќе на Поставување на PayPal на веб сајтови направени со Wix, Weebly и WordPress. ✅ Најдобро би било да се најавите на Интернет од друг провајдер наместо провајдерот каде претходно сте користеле ПејПал или ви ја блокирале сметката. Уште подобро е ако сте имале акаунт и сте користеле еден веб прелистувач (браусер), да пробате со друг браусер, или да го избришете кешот и историјата од постоечкиот. Подобро е со друг браусер. ✅ Прво се креира нов персонален акаунт кој ќе служи како основа за бизнис акаунт. Повеќе на Како-да: Креирање на сметка во PayPal за купување. ✅ Потоа се креира бизнис акаунт (сметка) која ќе служи за наплата на производи и услуги. Повеќе на Линк за отворање на бизнис сметка во Пејпал. ✅ Ако е можно, платежната картичка да се стави на крајот од целиот процес. Повеќе на Кои кредитни/дебитни картички поддржуваат продажба преку Пејпал - проверете дали има опција Ауто-трансфер. ✅ И при најавувањето, да проверите дали има најмалку 300 денари на картичката, како и тоа дали евентуално банката го стопирала сервисот за автоматско повлекување на пари од други провајдери заради проверка. Овој линк може да користи за лимитот на самата картичка https://www.loginsystems.biz/forum/main/comment/5f22baeb191b6d001729aa96. * Потребно и да ги следите упатствата за креирање на персонален акаунт во поглед на државата. Корисни линкови: Како-да: Проверка дали е до картичката, до банката или до акаунтот Пејпал (заедно со земјата) Листа на платежни картички од МК банки за прием на пари преку Пејпал Одговори на некои често поставувани прашања за Пејпал за Македонија - јануари 2021 Овој форум во секцијата за Пејпал www.loginsystems.biz/paypal На линкот за настани, проверете дали има некој настан поврзан со Пејпал во наредниот период www.loginsystems.biz/nastani. Ако ви е потребна премиум услуга, 1-на-1, тогаш закажете средба на линкот подолу. #paypal #пејпал031768
- Како-да: Креирање на бизнис сметка на PayPal за продажба на производи/услуги и прием на париIn Платежни услуги PayPal и ост.14 април 2020 г.Pocituvani, jas kreirav smetka vo momentov, samo me interesira na koj nacin moze da mi stignuvaat paricni sredstva?02
- Како-да: Креирање на бизнис сметка на PayPal за продажба на производи/услуги и прием на париIn Платежни услуги PayPal и ост.23 април 2020 г.Здраво, ме интересира дали ќе има нешто ново во врска со примање на пари преку PayPal за физички лица, т.е. со обичен акаунт како во останати земји, а не само со бизнис сметка? Поздрав02
- Секој први во месецот, Пејпал автоматски префрла се' што има од сметката накај платежната картичкаIn Платежни услуги PayPal и ост.13 октомври 2020 г.Здраво!Ми треба ваша помош во врска со бизнис акаунтот на PayPal.Благодарение на ВАС и вашите совети пред месец дена направив бизнис Профил на PayPal преку Бугарскиот линк. Се регистрирав како freelancer со назнака дека продавам дигитални производи.Ја ставив картичката од НЛБ Visa Дебит (имам денарска и девизна $ трансакциска сметка на истата ) ја верифицирав со кодот кој ми го испратија од PayPal и е линкувана со сметката.email адресата од мојот Paypal ја имам ставено на три интернет продавници и веќе имам неколку приливи на доларчиња :-) Мојот проблем е што на 1 Октомври немав автоматско префрлање на средствата на мојата картичка,ако може да ми дадете совет каде да ја уклучам таа афтоматска трансакција?????Имам две опции: Да направам трансвер на средствата на мојата картица, едната е ВЕДНАШ и земаат некој процент и втората е без провизија ама за два три дена ке бидат префрлени....Од моето претходно лошо искуство со Paypal многу ретко се најавувам на мојот профил,вчера се најавив и ги направив сите нарачки како да се испратени,незнам зошто стојат тие опции за транспорт кога јас продавам digitaldownload ???Можеби тука е проблемот???Еве денес повторно неможам да се логирам на сајтот од PayPal,Веќе неколку дена имам проблем со најава и вчера ми успеа со код испратен на мојот мк телефон....Ве молам за помош02
- Како-да: Пренос на заработеното преку Пејпал -->> на салдото од вашата платежна картичкаIn Платежни услуги PayPal и ост.23 мај 2020 г.Процентот при конверзија на валути Пејпал го зема, банката нема врска со ова. А и зошто праќање во денари кога може во оригинална валута да повлечеш, во банка ќе добиеш денари по курс на НБРМ. Инаку сега ја пробувам финтата со бизнис пејпалот дали воопшто работи.02
- Активиран ПејПал за прием на пари со Visa Business од Комерцијална банкаIn Платежни услуги PayPal и ост.1 ноември 2021 г.Zdravo Dimitar, ova se odlichni vesti. Kje te zamolam ako mozhesh da me dodadesh na facebook, sakam da te rasprasham podetalno kako funkcionira celata procedura, ne bi sakal da imam ushte eden neuspeshen obid. Dokolku treba, kje ima i finansiski nadomestok za pomoshta. Ova e mojot fb profil, te ochekuvam i fala ti mnogu odnapred. https://www.facebook.com/neshovski.ivan/02
- Поврзување со PayPalIn Платежни услуги PayPal и ост.11 април 2023 г.Успеавте ли да креирате сметка?0
- Paypal AccountIn Платежни услуги PayPal и ост.17 април 2023 г.Да. Овој линк може да ви помогне https://www.loginsystems.biz/forum/platezhni-uslugi-paypal-i-ost/soveti-za-otvoranje-biznis-smetka-pejpal-za-onlajn-naplata-na-proizvodi-i-uslugi-vo-makedonija. Имате и други корисни линкови на овој форум.02
- Поим: Стратешки принципIn Стратегија и менаџмент·7 март 2017 г.Стратешки принцип е фраза која тера на акција и е лесна-за-помнење. Таа ја прочистува корпоративната стратегија до нејзината уникатна есенција и може да се комуницира лесно низ организацијата. Статешкиот принцип со други зборови може да се нарече дестилат од стратегијата. Примери за стратешки принцип од светските компании (превземено од Harvard Business Review, 2001): ( *** анг. ... strategic principle, a memorable and actionable phrase that distills a company’s corporate strategy into its unique essence and communicates it throughout the organization. *** )0273
Пребарај во блог-објавите ...
Пребарај низ форумот на Логин Системи
Ако не најде тоа што те интересира, прегледај ги изворите на следните линкови
bottom of page






