top of page
Резултати од пребарување
Се' (2118)
Производи (49)
Услуги (5)
Настани (14)
Блог-објави (386)
Страници (811)
Форум-објави (823)
Programs (30)
Filter by
Type
Category
823 results found with an empty search
- Работна средба со Народна банка на РСМ: Промени во регулативата за отворање сметки во странствоIn Платежни услуги PayPal и ост.6 август 2019 г.Пејпал ќе треба да одлучи за пазарот.2
- Како-да: Правење фактура и испраќање по е-пошта преку PayPalIn Платежни услуги PayPal и ост.6 април 2020 г.И мене ме интересира тоа2
- Download: Работен текст на Законот за платежни услуги и платни системиIn Платежни услуги PayPal и ост.28 мај 2019 г.Здраво Венко, Дали ова значи дека конечно ќе можеме да префрламе пари во банка од средства како Пајонир, Transferwise за кои до сега банките ги блокираа трансферите? Исто така, дали со ова конечно се тргнати законските пречки за ПејПал да работи легално во Македонија? Поздрав, Ангел20
- Download: Работен текст на Законот за платежни услуги и платни системиIn Платежни услуги PayPal и ост.29 мај 2019 г.Здраво @Angel, законот не е донесен но спрема содржината и интенциите - тоа ќе биде резултатот. Да се отворат можностите за други платежни процесори и нефинансиски институции да нудат платежни услуги. Има убав напис на Тони на темата. https://www.loginsystems.biz/forum/platezhni-sistemi-paypal/otvoreno-bankarstvo-za-novi-nebankarski-igrachi-vo-platezhniot-biznis Инаку, откако ќе се создадат законските услови, Пејпал и другите треба да направат проценка дали и како да ја воведат услугата. Како што знаеш, законите се едно, но постојат подзаконски акти или некакви „кочничари“ што може да ја отежнуваат работата. На крај доаѓа и тоа дека Пејпал треба да процени дали има економска оправданост за влезот - затоа е важно да се популаризираат овие начини на плаќање бидејќи сами од себе нема да дојдат. Се надавем дека е појасно сега.2
- Бизнис совет: Зоран Стојковски, Проефект ИновоIn Бизнис совети, Q&A25 септември 2018 г.Го читам напишаното вчера и објавеното денеска во делот Бизнис совети на Логин системи, и се сетив на уште еден важен заклучок за мене од почетниот период на мојата професионална кариера. Со големиот број на активности реализирани преку реализацијата на проектите во Пеони за две години успеав да создадам одличен тим на волонтери, но се соочив и со отпори кај постарите членови (Пеони беше здружение формирано во доцните шеесети на минатиот век) кои беа збунети од новиот начин на работа, па не ми дадоа влез во раководното тело на редовните избори. Целата екипа на млади членови го доживеаа тоа како не фер однесување и доминација на постарите, и се случи поделба. Јас набргу ја продолжив мојата кариера надвор од таа организација, а нездоволните млади формираа посебна организација Урсус спелеус, кои до ден денеска се активни. Беше интересно да се види дека, и на Пеони му се случи подмалдок, т.е. децата на основачите се активираа и до денеска и тие се активни. Еден од увидите кои ми е останат од тоа време е дека ако се сака да се ре-активира било која организација во која има криза или некаков внатрешен судир помеѓу персоналот, соодведетен потег е да се иницира одвојување на делот кој има други вредности и гледишта, секако доколку обидите за внатрешно разрешување на проблемите се неуспешни. И едниот и другиот дел на организацијата можно е да опстанат подолго, отколку организација.20
- Успешна имплементација на Pay PalIn Платежни услуги PayPal и ост.·16 јуни 2022 г.Со мало закаснување , но од оправдани причини како што ветив ке споделам мое искуство за регистрација на paypal сметка. Ке Ви кажам и зошто. Според инструкциите креирав нова приватна сметка преку paypal.bg ја трансформирав во бизнис сметка и ги направив сите подесувања. Сметката ја направив како приватно лице за да ги прескокнам новите правила каде треба да се потврдува идентитетот на фирмата со прилог на документација (мојата фирма е во Македонија). Едниствено додатно што ми беше побарано да прикачам беше некој документ за лична идентификација како слика. Но за жал прикачувањето на страната едноставно неможеше да се направи и мојот акаунт беше како на стенд бај за идентификација. Немав трпение сакав веднаш после евентот да го средам и да напишам на форумот. Затоа решив уште еднаш да креирам сосема нови пристапни информации нов маил од нов домаин друга картичка и се што треба и направив нов акаунт преку Aлбанија paypal/al . Без проблем го трансформирав во бизнис и брзо го подесив (веке стекнав рутина 😀) . И се беше во ред до првото наредно логирање во акаунтот. во рок од 15 минути после креирањето и подесувањето добив порака од paypal дека сум суспендиран од пејпал ЗАСЕКОГАШ поради сомнителни акции. За прв пат после толку години користење добив директна порака (не автоматска) , незнаев дали да плачам или да се радувам што конечно некој ме контактираше па макар и да ми каже дека сум блокиран , ја искористив приликата и одговорив веднаш на пораката и пак добив за 5 минути одговор со образложение дека не се во можност да ми одговорат поради политиките на пејпал која е причината што сум блокиран. Одговорив со едно долго и сочно писмо кое не би го образложувал одма ако сака некој од групата ке му го пратам приватно. Но ситуацијата толку ме изнервира што решив да ставам крај со пејпал. Инаку јас знам зошто бев блокиран. При креирањето на сметката секогаш користам ист идентитет Име и презиме , не сакам да си го лажирам името и оваа комбинаторика што ја правиме не значи дека сме криминалци , хакери или незнам што... Затоа бев блокиран. Во нервоза ибришав се поврзано со пејпал. После една недела еве сега пред малку онака се уклучив на акаунтот што го креирав преку бугарија и сеуште стоеше статусот за потцрда на идентитет. Ајде си викам да пробам да додадам, овој пат ми дозволи прикачив македонска лична карта сликана помина верификацијата и потврдата на кредитната картичка и paypal почна да ми функционира , под итно ја интегрирав сметката во еден мој вебшоп и ја направив првата online paypal трансакција која беше успешна. Трансакцијата се спореведе од мојот македонски сајт на пејпал мојата сметка. Задоволството е големо и покрај тоа што трансферот е појавен на мојата сметка но е onhold . Очекувајте го тоа , парите би ви биле ослободени после 10 направени трансакции или трансакција поголема од 200 евра или во рок од 60 дена автоматски доколку имате (чисто досие) во пејпал. Сепак обидите најпосле вродија со плод и се исплати (Македонскиот) инает. Еве Ви на сите неколку корисни информации користете сосема нов идентитет , ново име и презиме или фирма , адреса (секое поле при поднесувањето во базата на paypal се проверува дали веке постои и заради тоа сите информации поврзани со сметката да не паднат на автоматската проверка) сосема нова кредитна или дебитна карта VISA (погледнете ги упатствата кои се поддржани картички и како да направите проверка) Ви препорачувам сметката да ја отворите преку Албанија (подоцна одкако се ке ви профункционира можете да се логирате и од македонија и од секаде , и податоците што ги внесувате може да бидат македонски) исто имате инструкции и за тоа да не ги повторувам За крај , Ви посакувам на сите успешна имплементација како во мојот случај. Голема благодарност до Венко и до сите присутни на онлине советувањето. Ви стојам на сите на располагање ако ви е потребна помош или совет. п.с. затоа пишувам пост после две поминати недели затоа што ова погоре напишаното се одвиваше во тој период и немав намера да пишам воопшто ако не успеев. Маријан Бандев п.с.2 Неможев да креирам пост во дискусијата креирав во форумот а овде го прикачувам како коментар на постот од админот , верувам дека така ке го видат сите во групата20696
- Како-да: Креирање на бизнис сметка на PayPal за продажба на производи/услуги и прием на париIn Платежни услуги PayPal и ост.13 април 2020 г.Постапката со пријавување на Paypal како што е и овде подробно опишано е едноставна. Пред да ја пријавам службената дебитна картичка се јавив во Комерцијална банка да проверам како ќе оди со приливите. Се уште ништо не знаеја, дури беа изненадени дека Paypal функционира кај нас за примање на уплати. Како и да е колку што разбрав, барем за КБ, ќе може приливите да бидат само во денари, бидејќи дебитната картичка не е девизна. Ме интересира дали некоја од другиве наши банки што издава картички за правни лица веќе има искуство со Paypal?03
- Како-да: Креирање на бизнис сметка на PayPal за продажба на производи/услуги и прием на париIn Платежни услуги PayPal и ост.10 април 2020 г.Со пејпал и со примање на пари не е паметно да пробуваш. Се што не е законски регулирано и се однесува на финансии не е паметно да се испробува. Пробувавме и ние одамна со отварање на пејпал во Словенија и функционираше тоа се до моментот кога пејпал ни ги замрзна средствата затоа што не можевме да докажеме резидентност така да ако нејќете да си имате големи главоболки подоцна не си играјте со "сиви зони" и пејпал.03
- Како-да: Креирање на бизнис сметка на PayPal за продажба на производи/услуги и прием на париIn Платежни услуги PayPal и ост.20 април 2020 г.Imas nekoja predlog banka. Mislam deka site se povrzani so smetka. Imam NLB, PCB, i STB ama mislam site se povrzani so denarska smetka ali na fizicko ne na pravno lice03
- Пробна (бета) верзија на ЛС КонвертМак 365 за Microsoft ExcelIn Општа дискусија1 ноември 2020 г.Конверторот работи одлично како Макро, но никако неможам да го активирам како Add-on.03
- Блокиран Пејпел профил - верификацијаIn Платежни услуги PayPal и ост.·16 декември 2020 г.Здраво на сите, Пред неколку месеци го направив профилот според чекорите што беа тука објавени и за држава ја одбрав Словенија ( бидејќи знам имаше за неа доста дискусии дека работи ок). До пред некој ден се беше ок, но сега ми го блокираа профилот и бараат верификација на профил со адреса и документи. Бидејќи ја нема Македонија во тоа листата да одберам за да ставам трансакциска сметка, неможам никако да го користам профилот. Направив сега и нов акаунт, и за држава ја одбрав Алб анија (бидејќи тука имаше пост да се одбере Албанија, линк до објавата) Прашањето ми е следно: Дали ќе имам проблем и со овој акаунт бидејќи ќе имам трансакции? Дали има шанси да ми го блокираат и овој профил, и ако да, што да правам? Како да го користиме Пејпел акаунтот без проблеми? Дали може да се користи цел профил и кога ќе ни побараат документи да им дадеме Македонски (бидејќи не ми ги прифаќаат) ? Подоле има слики од проблемот.03220
- Paypal AccountIn Платежни услуги PayPal и ост.·15 април 2023 г.Dali e mozno da napravam akaunt za primanje na pari vo makedonija?03588
Пребарај во блог-објавите ...
Пребарај низ форумот на Логин Системи
Ако не најде тоа што те интересира, прегледај ги изворите на следните линкови
bottom of page



