top of page
Резултати од пребарување
Се' (2106)
Производи (22)
Услуги (5)
Настани (18)
Блог-објави (392)
Страници (816)
Форум-објави (823)
Programs (30)
Filter by
Type
Category
823 results found with an empty search
- Три начини за креирање на Пејпал сметка за наплата на производи и услугиIn Платежни услуги PayPal и ост.·17 септември 2023 г.Три начини за креирање на Пејпал сметка за наплата на производи и услуги Креирање на сметка за наплата на производи и услуги преку Пејпал во Македонија не е сложена постапка. Сепак си има свои специфики и ако не се прават чекорите по одреден редослед, обидите за креирање на сметка може да бидат неуспешни. Логин Системи како општествено одговорна компанија издвојува свои ресурси, време и можности за да им олесни на фирмите и поединците во нивните напори за онлајн наплата преку помош во креирање на бизнис сметка на Пејпал. Ова е волонтерска, непрофитна активност на Логин Системи. На потенцијалните заинтересирани за бизнис сметка на Пејпал, изработивме неколку начини и канали за помош во креирање и користење на сметка paypal за наплата на производи и услуги. Погледнете ги подолу. Самостојно со помош на содржините од овој форум 👇👇👇 Форумот на Логин Системи изобилува со информации и објаснувања за успешно креирање на сметка за Пејпал. На форумот може да се постават прашања, да се сподели искуство и информација. Линкот е www.loginsystems.biz/paypal.(http://www.loginsystems.biz/paypal) Онлајн курс со самостојно темпо 👇👇👇 Курсот се состои од подготвителни активности, креирање на сметка за купување, прикачување на платежна картичка, надградба на бизнис сметка и креирање на веб линк за наплата PayPal.me.(http://PayPal.me) После секоја тема има дел за фидбек и евентуални прашања. Сите учесници стануваат членови на групата за пејпал каде може да се разменуваат искуства и информации. Курсот е на промоција и е бесплатен за првите учесници. Линк за повеќе информации за „Чекор по чекор до бизнис сметка на Пејпал“(https://www.loginsystems.biz/challenge-page/biznis-smetka-paypal) има тука.(https://www.loginsystems.biz/challenge-page/biznis-smetka-paypal) Консултации 1 на 1 👇👇👇 Оваа премиум услуга содржи консултации за време од 30 минути кадешто може да се праша за PayPal како сервис, да зборуваме за стратегија на поставување на платежна услуга PayPal за наплата на твоите производи и услуги. Услугата што ја нудиме вклучува и помош во инсталирање и конфигурирање на бизнис сметката во временската рамка на оваа услуга. Повеќе инфо и можност за закажување има на линкот 👇. Кликнете на описот за повеќе информации или на копчето Book Now за да иницирате закажување на термин. 30 мин online консултација за PayPal https://www.wix.app/bookings/7b61b440-e324-49a4-8ec6-250180876d6d/service/6540e885-801b-4490-837e-9b0d59161b4c/details?d=https://www.loginsystems.biz/service-page/30-мин-online-консултација-за-paypal Услугата се наплаќа, а на линкот погоре има информации за котизацијата. За техничка и друга поддршка, секако дека е пожелно да го контактирате Пејпал на https://www.paypal.com/mk/cshelp/personal.(https://www.paypal.com/mk/cshelp/personal) Се надеваме дека ви помогнавме и со успех користењето Пејпал/Paypal! 🙏🙏🙏 #paypal #пејпал00687
- Калкулатор за бруто и нето плата за 2024 година, со сите придонеси, стаж и работен ангажман во месецIn Сметководство и финансии·4 февруари 2024 г.Калкулаторот пресметува плата од нето во бруто и од бруто во нето плата заедно со пресметките на сите придонеси и даноци за 2024 година. Дополнително, со калкулаторот може да се пресмета минатиот трудот, исто така наречен како стаж, и работниот ангажман во тековниот месец. Покрај најновата 2024 година, може да се избере 2023 или 2022ра година и да се пресмета платата со коефциентите што важеле во тој месец и таа година. Калкулатор за бруто - нето плата за 2024 година(https://www.loginsystems.biz/presmetaj-plata) Калкулатор за бруто - нето плата за 2024 година, со сите придонеси, стаж и работен ангажман во месец #plata #kalkulator #калкулатор #плата003900
- Картичките на Халк банка се поддржани за наплата со ПејпалIn Платежни услуги PayPal и ост.·15 јули 2023 г.Споделуваме информација од наш член кој ни потврди дека со картичка од Халк банка успешно е креирана бизнис сметка за наплата на производи и услуги преку Пејпал. Според нашите сознанија од форумот, поддржани картички за бизнис сметка на Пејпал се следните банки: НЛБ банка Комерцијална банка Стопанска банка Халк банка При тоа, важно е да се напомене дека само ВИСА картичките се оспособени за наплата преку Пејпал. Повеќе за читање: Линкови за креирање на Пејпал сметки: https://www.loginsystems.biz/forum/platezhni-uslugi-paypal-i-ost/najbrzo-shto-mozhe-do-priem-na-pari-od-proizvodi-i-uslugi-preku-pejpal Ако имате искуства со други платежни картички, ве молиме да споделите тука во коментар или да креирате нов пост тука. 🙏🙏🙏 Да помогнеме на сите заинтересирани. Ви благодариме. #paypal #пејпал00698
- УЈП: Пресметка на плата 2025, нов клиентски софтвер МПИНIn Сметководство и финансии·5 јануари 2025 г.Управата за јавни приходи информира дека врз основа на Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување, стапките по кои се пресметуваат и плаќаат придонесите од задолжително социјално осигурување почнувајќи со исплата на платата за месец Јануари 2025 се следните: • Задолжително пензиско и инвалидско осигурување - 18,8% • Задолжително здравствено осигурување - 7,5% • Дополнителен придонес за здравствено осигурување за случај на повреда на работа и професионално заболувње - 0,5% • Задолжителен придонес за осигурување во случај на невработеност - 1,2% Даночно намалување Почнувајќи со исплата на платата за месец Јануари 2025 година, ќе се применува даночно намалување во следниот износ: • Даночното намалување при годишно пресметување на данокот на личен доход во износ од 123.240,00 денари. • Даночното намалување при исплата на данок на личен доход од работа по основна плата, надоместоци на плата и пензија, на месечно ниво во износ од 10.270,00 денари (повеќе на http://www.ujp.gov.mk/mk/plakjanje/licno_osloboduvanje). Нова верзија на клиентскиот софтвер МПИН За да може да се пресметуваат платите од јануари 2025, задолжително треба да се преземе новата верзија на клиентскиот софтвер (линк http://www.ujp.gov.mk/mk/obrasci/opis/81). Софтверот може да се данлодира од линкот подолу. Извор УЈП: http://www.ujp.gov.mk/mk/javnost/soopstenija/pogledni/1082 #плата #брутоплата УЈП: Пресметка на плата 202500593
- УЈП: Уредба за номенклатурата на средствата за амортизација и годишните амортизациони стапки и начин за пресметување (важи од 28.12.2019)In Сметководство и финансии·2 март 2020 г.Со оваа уредба се утврдува номенклатурата на средствата за амортизација и годишните амортизациони стапки, како и начинот на пресметување на амортизацијата, односно отписот на вредноста на материјалните и нематеријалните средства која се признава како расход во даночниот биланс на обврзниците на данок на добивка и обврзниците на данок на личен доход кои остваруваат доход од самостојна дејност. Одлуката може да се преземе на копчето долу. Извор: Управа за јавни приходи (Службен весник на РСМ, број 277/2019) Корисни линкови Како-да: Пресметка на амортизација на основни средства во Dynamics NAV #сметководство #амортизација00865
- Вадење на потврда за тековна состојба за фирма (субјект)In Сметководство и финансии·25 октомври 2020 г.Ова е услуга на Централниот регистар што овозможува издавање на потврда изработена врз основа на службена евиденција која ја води Централниот регистар. Потврдата има информација за тековните (актуелни) податоци за субјект во Трговскиот регистар и Регистарот на други правни лица. Се оди на почетната страница на Централниот регистар - www.crm.com.mk. Се избира командата за тековна состојба на субјект со кликнување на копчето Тековна состојба на субјект. Или се оди директно на адресата на оваа услуга: https://www.crm.com.mk/mk/uslugi/dobijam-potvrda-ili-informatsija/delovni-podatotsi-i-potvrdi-za-subjekti/tekovna-sostojba-na-subjekt. Се појавува екран како на сликата подолу. Се избира начинот на добивање на потврдата. Кликнете на Електронски за да добиете електронска потврда во ПДФ. Ако не сте најавени на системот на Централниот регистер, сторете го тоа со Најави се. Ако не се регистрирани, потребно е да се регистрирате. Овие копчиња се наоѓаат горе десно. Потоа се оди на страницата за е-Потврди - http://www.crm.com.mk/CRIS/default.aspx и се избира Ново барање. Се избираат опции како на сликата подолу. Ако не е познат ЕМБС, се избира ЕМБГ и обратно. Откако е пополнето, се кликнува на копчето Зачувај кое е најдолу на страната. Ако е се' во ред, се прикажува кошничката со ставка дека услугата чини 256 денари - слика подолу. Се преминува на плаќање со кликнување на копчето Плати. Откако се помине екранот за внесување на податоци за лицето кое ќе врши плаќање, се појавува страница за внесување на картичка за плаќање. Се ставаат податоци за картичката и сигурносниот код CVV2/CVC2 и се кликнува на Потврди. Ако уплатата е успешно изведена, се добива потврда од Централниот регистар како на сликата подолу. По некое време, се добиваат две емаил пораки - едната дека е примена уплата, а другата порака линк од каде да се преземе бараната потврда. За да ја подигнете потврдата (тековната состојба), се оди на страницата https://www.crm.com.mk/cris/ или на линкот што го пишува во втората емаил порака. Потоа се избира опцијата Преземање потврди. На страницата за преземање потврди го ставате деловодниот број што го пишува во е-пораката што е испратена од Централниот регистер. Се кликнува на Барај. Види слика подолу. Подолу на страницата се излистува листа на барања - во нашиот случај се излистува еден запис за тековна состојба. Види слика подолу. Се кликнува на Преземи потврда и со тоа се симнува потврдата од Централниот регистер и се снима на локалниот компјутер. Тоа е целата постапка. Со успех. 👍👌💪 Ако сте задоволни од напишаното и ако успеавте да извадите тековна состојба, ќе бидеме благодарни да добиеме бакшиш. Доволно е да се кликне на сликата за PayPal и да ставите сума која мислите дека е доволно добра. 😃 Ви благодариме. 🙏🙏🙏 Со вашата уплата ќе бидеме охрабрени да пишуваме повеќе за актуелни теми. #тековнасостојба004057
- Грешка во потпишување на ДДВ пријава на сајтот на УЈП - java.lang.reflect.invocationtargetexceptionIn Сметководство и финансии·26 април 2023 г.Ако ви се случи да не можете да потпишете ДДВ пријава за УЈП, а претходно можело на вашиот компјутер, проверете ја верзијата на Java. Новите верзии на Java не овозможуваат безбедносно ниво Medium (Least Secure Setting) - види слика подолу. Поради ова покачување на безбедносното ниво, апликацијата на УЈП за потпишување не може да се стартува и јавува грешка. Кога ќе кликнете на грешката ќе се појави порака со текст java.lang.reflect.invocationtargetexception. Како се решава овој проблем? 1️⃣ Прво, проверете ја верзијата на Java во компјутерот во Control Panel. Ако пребарате со Java и не пишува Java (32 bit), најверојатно имате 64 битна верзија или 32 битна верзија 8.0 со најнов датум. 2️⃣ Второ, кога ќе кликнете на Java во Control Panel и одите на табот Security, потребно е да имате опција за Medium како на сликата подолу. Ако немате опција за Medium, ќе биде потребно да деинсталирате постоечката верзија на Java - тоа се прави со Uninstall Program во Control Panel. Повеќе инфо има на линкот https://www.java.com/en/uninstall/uninstall_instructions.html. 3️⃣ Трето, откако ќе деинсталирате верзијата на Java потребно е да инсталирате верзија која е компатибилна со УЈП. Таква е верзијата Java 7 Update 79. 🗞️ Оваа верзија може да ја симнете од сајтот на Oracle на линкот https://www.oracle.com/ie/java/technologies/javase/javase7-archive-downloads.html. 🗞️ За постара верзија 8 може да го користите линкот https://www.oracle.com/java/technologies/javase/javase8-archive-downloads.html. 📥 Верзијата 7 може да ја преземете и ако кликнете на линкот подолу. Постот е пишуван на 26.04.2023 и со текот на времето оваа информација може да биде бајата/несоодветна. Лајкнете го постот ако ви беше корисен. 👍 Благодариме. 🙏🙏🙏001189
Пребарај во блог-објавите ...
Пребарај низ форумот на Логин Системи
Ако не најде тоа што те интересира, прегледај ги изворите на следните линкови
bottom of page









