top of page
Резултати од пребарување
Се' (2106)
Производи (22)
Услуги (5)
Настани (18)
Блог-објави (392)
Страници (816)
Форум-објави (823)
Programs (30)
Filter by
Type
Category
823 results found with an empty search
- Како-да: Пресметка на Дел од плата -тип на обврска 100In Microsoft Dynamics 365·25 ноември 2017 г.При отварање на месец за пресметка/исплата на плата во модулот за плата во НАВ, системот појавува прозорец во кој треба да се избере за каков тип на обврска станува збор. Дали пресметката ќе биде за 101 – стандардна пресметка, 103 – корекција од плата, 100 – аванс или дел од плата итн. Подолу е објаснето како функционира пресметката на плата за исплата на аванс (или дел од плата) во модулот за плата во Dynamics NAV прилагоден на македонското законодавство од страна на Логин Системи. 1. Отварање на нов месец При отварање на нов месец, треба да се избере дека е потребно да се отвори месец со тип на обврска 100. Шифрите за типови на обврска се идентични со оние кои се официјално објавени од Управата за јавни приходи и се користат во МПИН. Доколку за соодветниот месец веќе постои пресметка со тип на обврска 101 или друг тип различен од 100, системот ќе даде порака дека операцијата не може да се изврши, бидејќи кога се прави пресметка на плата за тип на обврска 100, за истиот месец може претходно да има само уште една или повеќе пресметки со ист тип на обврска (100) или воопшто да нема пресметка за тој месец. Доколку постои било каков друг тип на обврска, системот ќе ја прекине операцијата и состојбата ќе ја врати на почетокот. 2. Пополнување на податоци за износот на исплата Откако ќе се отвори месецот со тип на обврска 100, следно што треба да се направи е да се пополни делот за износот што треба да се исплати. НАВ нуди можност за два начини на пресметка на авансот (делот од плата): · Како процент (%) од договорената плата за секој вработен · Како фиксен износ кој се исплаќа идентично за секој вработен Начинот на пресметка на авансот се избира во полето Тип на износ за дел каде што може да се избере дали се работи за Процент или Износ. Доколку се избере Процент, тогаш полето Износ за дел ќе биде оневозможено за пополнување. Во полето Процент за дел треба да се пополни саканиот процент за исплата на плата. На сликата подолу е прикажан пополнет прозорец за исплата на плата според процент, односно исплата на аванс од 50% од вкупната договорена месечна плата за секој вработен. 3. Пресметка на плата Последниот чекор е пуштањето на пресметката на плата, која е идентична независно од типовите на обврска. Врз основа на зададените податоци во делот кој се однесува само за пресметка на дел од плата, системот ќе пресмета бруто и нето плата за секој вработен, како и точните износи на придонеси и персонален данок. Исто така, во фајлот кој потоа автоматски се вчитува во МПИН, ќе стави тип на обврска 100, за да може од МПИН-от да се креира излезен фајл со правилниот тип на обврска кој треба да се испрати во УЈП за добивање на декларација за плата. ! За еден месец може да има една или повеќе исплати на аванси за плата. При отварање на нова пресметка за истиот месец, системот ќе означи за кој последователен број на пресметка од типот 100 се работи. На пример месец 2017-12 тип 100-01, месец 2017-12 тип 100-02, месец 2017-12 тип 100-03 итн. !! Доколку за еден месец има отворено тип на обврска 100, единствено што системот дозволува да се направи за тој месец е отварање на нов тип на обврска само 100 или 333 (затварање). Секако, тип на обврска 103 може да се направи за секој месец.00227
- Вид на обврска при пресметка на платитеIn Сметководство и финансии·9 октомври 2021 г.Кога се подготвува платата, задолжително се пополнува една од шифрите на вид на обврска (некои го нарекуваат и вид на облигација) по основ на придонеси и персонален данок кои се однесуваат на пресметана плата или надоместок: 100 - дел од плата, придонеси и персонален данок; 333 - конечна пресметка за соодветен месец кога претходно има доставено пресметка за дел од плата; 101 - плата, придонеси и персонален данок за соодветен месец; 102 - разлика на плата, придонеси и персонален данок по годишна пресметка; 103 - разлика на плата, придонеси и персонален данок или исправка на податоци за претходни месеци (кои не се однесуваат за периоди пред 31.12.2008); 108 - плата, придонеси и персонален данок од извршена контрола од страна на Управата за јавни приходи 109 - плата, придонеси и персонален данок по судска пресуда или судска спогодба; 222 - придонес за лица вон работен однос, осигурани во случај на настанување на инвалидност и телесно оштетување. 406 - придонес за обврзници кои имаат обврска за плаќање само придонес за здравствано осигурување; Видовите се применуваат 01.01.2009 година. #плати #сметководство Корисни линкови за плата: Плати и хонорари - Business Central Точна и навремена пресметка на плати Функционалности за плати и примања Прегледај ги функционалностите и види како може да се искористат во твоето работење Плати ... УЈП: Бруто плата 2021 - најниска и највисока основица за пресметување на придонеси Управата за јавни приходи информира дека просечната плата по работник во Република Северна Македонија Просечната плата се користи за утврдување на најниската и највисоката основица за ... Бесплатниот веб калкулатор за плата е дополнет со коефициенти за 2021 година Логин Системи објавува дека го дополни бесплатниот веб калкулатор за плата со параметри и коефициенти ЛС Веб Плата, апликацијата на Логин Системи за бесплатна пресметка на плата, може да се пресметува од бруто плата во нето плата и обратно, да се става години од работен стаж (минат труд) ...00251
- Како-да: Праќање на исплатни листови за плата по електронска пошта во кризни моменти (видео)In Microsoft Dynamics 365·2 април 2020 г.Ситуацијата со коронавирусот (COVID-19) го смени начинот на работа на компаниите. Повеќето вработени работат од дома. Некои работа со дежурства. Некои фирми имаат надворешни сметководствени бироа кои им даваат услуги на фирмите. Законските прописи за платата наложуваат работодавачот да доставува исплатни листови за плата на секој вработен. Доставата може да биде лично со хартиен документ но и преку е-пошта ако на тоа се согласат вработените. Со оглед на тоа што секој вработен мора да има адреса за електронска пошта заради персоналниот данок, тогаш програмите на плата може да испраќаат електронски пораки со исплатен лист прикачен како PDF до вработените. Microsoft Dynamics NAV / 365 Business Central има таква опција за праќање по електронска пошта на исплатните листови. Секој вработен добива посебен емаил со исплатен лист. Со тоа се решава проблемот за лична достава на исплатниот лист. Погледни на видеото подолу како изледа исплатниот лист на вработен за плата. Прочитајте како „Мекиците од Стража“ ја пресметуваат и ја испраќаат платата тука. Повеќе видео содржини за платата има на адресата www.erp.mk/video. Корисни линкови Бесплатна пресметка на плата на веб Коефициенти за плата по месеци и години #коронавирус #плата #ЕРП00364
- Возможен е прием на пари преку Пејпал со ВИСА картичка на Комерцијална банкаIn Платежни услуги PayPal и ост.·16 април 2021 г.@Mitko Peroski споделува информација дека успеал да прими пари преку Пејпал на својата картичка ВИСА издадена од Комерцијална банка Скопје. Претходно работел со VISA од НЛБ Банка. Повеќе инфо тука. Ве молиме да го споделите вашето искуство со прием на пари преку Пејпал во коментар на оваа објава или креирајте нов пост на https://www.loginsystems.biz/forum/platezhni-sistemi-paypal/create-post. Добро е да им помогнеме на сите лица кои имаат потреба од наплата на своите производи и услуги, а сеуште немаат доволно информации. Ако нешто не ви е јасно, поставете прашање на линкот https://www.loginsystems.biz/forum/platezhni-sistemi-paypal/create-question. Корисен линк: Одговори на некои често поставувани прашања за Пејпал за Македонија - јануари 2021 #paypal #споделиискуство003432
- Како-да: Работење со благајнаIn Microsoft Dynamics 365·10 ноември 2017 г.Управувањето со готовината во Microsoft Dynamics NAV се прави во посебен дел од апликациајта каде што се сместени сите потребни функционалности за благајничко работење. Благајничкото работење е дел од дополнувањата на Логин Системи со кои се прилагодува Dynamics NAV на македонските закони и прописи. Првично подесување За да се направи соодветно подесување најпрво треба да се отворат т.н. благајнички кодови, кои не се ништо друго туку скратен назив за видот (суштината) на трансакцијата која треба да се евидентира. Тоа се прави на следниот начин: Кога ќе се отвори страницата за Подесување на трансакции во благајната, треба да се пополни: Шифрата на трансакцијата (може да биде описно, број, конто или било како по желба на корисникот) Опис на трансакцијата Име на урнек за дневник (дали се работи за каса прими или каса исплати) Тип и број на дебитно конто Тип и број на кредитно конто Вака отворените „благајнички кодови“ се подесуваат еднаш и потоа секоја искнижена трансакција се евидентира на соодветните конта во страните дебит или кредит соодветно, само со едноставно внесување на шифрата на трансакцијата и износот. Повикување на функционалноста и користење Внесување на приемот или исплатата на пари се прави преку Дневник на благајна, каде што, при отварање треба да се одбере дали станува збор за каса-прими или каса-исплати како на сликата долу. Откако ќе се избере потребниот вид на благајничка активност (прими или испрати), се преминува кон пополнување на дневник на благајна. Единствено што треба да се направи е да се внесе датумот и трансакцискиот код за благајна (во случајов 401000) и системот автоматски ќе ги пополни сите полиња за тип и број на сметка и против-сметка: Ќе преостане да се внесе уште само бројот на документ (може да биде дефиниран и како последователна нумерациска серија па системот сам да го пополнува), износот (има можност да се внесе и странска валута) и бројот на вработен за кого се однесува исплатата (или од кого се примаат парите) и документот може да се прокнижи. Доколу има потреба, може да се внесе и димензија (критериум) кој може да биде трошковен центар, оддел, лице и слично во зависност од претходно дефинираните критериуми на компанијата. Книжење и извештаи Кога ќе се одбере книжи и печати, системот ќе изгенерира документ каса-исплати (или каса-прими) и налог за книжење: Налогот за книжење ги содржи трансакциите и сумарен извештај на контата (ако се повеќе линии). За проверка и потврда на состојбата во благајната може да се изготви Благајнички извештај, со едноставно внесување на името (бројот) на благајната, во зависност од тоа дали се работи за денарска или девизна благајна, и периодот за кој сакаме да го видиме извештајот: Извештајот може да се испечати или да се зачува како Word, Excel или PDF фајл. За искнижените трансакции за кои има потреба повторно да се испечати обрзаецот каса-прими или каса-исплати, има можност доколку се пребара во искнижените документи (Книжени ставки во благајна или Печатење каса-прими/каса-исплати) и од таму да се одбере опцијата за печатење на соодветниот број на документ: Повеќе за македонската локализација и надополнувањата на Логин Системи има на линкот тука ...00696
- Електронски потпис на Македонски начин - Пет изненадувања со КИБСIn Платежни услуги PayPal и ост.·3 април 2022 г.За да поднесете различни документи по електронски пат во државниве институции како УЈП, Централен Регистер но и да вршите плаќања преку банките, ви треба електронски сертификат и потпис издаден од овластено тело во Македонија. Овозможувањето за доставување на документи и плаќање по електронски пат е одлична работа и заштедува многу. ℹ️ Дека не сум лаик за проблематиката, а воедно имам и свој скромен придонес во неговото раѓање, ќе ви кажам дека пред нешто помалку од 20 години, како член на комититетот „е-Македонија за сите“ кој што беше воден од Претседателот Трајковски, предложив забрзано да се воведе електронско потпишување и електронско работење со документи на ниво на држава. Потоа на членовите на комитетот и на Претседателот лично, одржав предавање/презентација за основите на електронското потпишување како и вовед во е-трговијата. Набргу после тоа, откако беше усвоено дека ова треба да се воведе со забрзани чекори, Претседателот Трајковски силно лобираше за неговото започнување, а бидејќи имаше претставници (пратеници) од Собранието како и лидери на партии во Комитетот, процеост почна да се изведува. Да се навратам на патешествијата и самоволието ... За да стигнете до тоа да можете да потпишувате, има една конфузна и недоволно објаснета постапка. Овластена организација за издавање на вакви сертификати е КИБС - Клириншки интербанкарски системи. Повеќе на https://www.kibs.mk/. Како работи КИБС? Просто кажано, електронскиот сертификат што го генерира за вас, го става на УСБ стик (го нарекуваат токен) заедно со пропратен софтвер и лично се дава на овластеното лице за потпишување. Пред 3 години од КИБС набавив УСБ стик за кој тогаш разбрав дека го купувам за трајно и на него ќе се снимаат електронските сертификати кога ќе истечат. Тоа значи дека после 3 години не треба пак да купувам стик туку само сертификат. Стикот го наплаќаат некои си 3000 денари плус самиот сертификат, ако ме држи сеќавањето. Си викам, во ред. (1️) Нов стик!? Некаде во февруари 2022 ми истекуваше сертификатот и како што видов од инструкциите за обновување, треба да пополнам порачка на нивниот сајт. Пополнив порачка и добив број на порачката и пишуваше дека треба да платам 5620 денари. Погодувате, УСБ стикот од претходниот пат не важи затоа што се сменил провајдерот во КИБС и требаше да се земе нов УСБ стик - нови 50на евра. Бидејќи веќе завлегов во постапката, си викам: ајде, не можеш со „држава“ да се разјаснуваш. (КИБС инаку е приватна фирма на банките, а си користи привилегии како државна фирма). Ги уплатив бараните пари од 5620 денари на 15.02.2022 (запомнете го износот за момент) при тоа внимавајќи да не го утнам бројот на порачката затоа што како што пишуваше или како што разбрав, нема да знаат потоа кој им платил. На емаил добив некаква потврда дека сум порачал, но не добив копија од порачката (порачката е всушност еден поголем формулар во кој наведуваш различки податоци за себе и фирмата). (2) Печатена порачка!? Тука доаѓа второто непријатно изненадување. Ми велат дека за да подигнам УСБ стикот заедно со сертификатот, морам ЛИЧНО да одам и да ја донесам и порачката. Молам? Им велам, порачката јас ви ја доставив со пополнување на сајтот, а сега вие ми барате да биде отпечатена. „Не ги чуваме порачките“ нешто во тој стил ми одговорија од нивната служба. „Никаде не пишуваше дека порачката треба да ја отпечатам, а секој нормален сајт со некакви набавки, испраќа назад на клиентот по емаил содржина на порачаното.“ Џабе ми беше што им укажував на ова, едноставно ми кажаа: „Ако не донесеш печатена порачка, нема да добиеш сертификат.“ (3) Не прифаќаат веќе уплатено по стара цена!? Се изнервирав ама што да правам, ќе играм како што свират. И сега налетувам на ново, трето изненадување. Бидејќи старата порачка ја нема, правам нова порачка. Во меѓувреме КИБС си одлучиле да ја зголемат цената и сега истата таа порачка наместо 5620 денари сега чини 5970 денари - дополнителни 350 денари (или некаде 5 евра плус ДДВ повеќе). Им велам дека јас уредно си платив по стара цена и дека не треба да доплаќам, исходот се знае кој е - ако не платиш, ќе немаш сертификата. И си доплатив. (4) Служба за поддршка со копи-пејст текстови Посебно искуство имав со нивната служба за поддршка. Им поставуваш конкретно прашање, а тие ти одговараат со копи-пејст огромен текст, скоро истиот како од веб сајтот. Значи, ако не ти е јасен текстот од веб сајтот, службата пак ти го праќа истиот. Дури на третиот емаил, откако побарав да ми одговори директно на прашањето, со куса реченица и да ми биде јасен одговорот - „дечкото“ таму ми одговори. (5) Проблеми со другите институции!? Изнанадувањата продолжуваат ... Откако ти го даваат сертификатот, добиваш емаил и на него пишува дека може да се користи за банките и за државниве институции. Но немаше конкретни напатствија како се прави тоа. Случајно од агентот што ми го даде сертификатот дознав дека треба да се јавам на банката за да ми го овозможат сертификатот - но тоа не беше доволно. Потребно било уште нешто да се направи за да работи. Тоа го дознав откако побарав помош преку емаил. За разлика од УЈП сајтот, кај кој немав проблеми со сертификатот, беше доволно да го пријавам на неговиот сајт, кај Централен Регистар налетав на проблеми. Имено, на профилот на сајтот на Централен може да се смени сертификатот, но кога ќе дојде до потпишување, ти кажува дека потписот не ти важи. За ова негативно искуство, што ме чини дополнителни пари и време, во наредна прилика. Се прашувам: 🙄 Што е проблемот КИБС да не направи упатство за „производот“ што го продава за да не мора да губиме време да откриваме како тоа се прави кај другите сајтови? Инаку, добив емаил од КИБС за да го објаснам моето искуство со нивната поддршка, и овие работи им ги објаснив. Не добив никаков повратен одговор. Се прашувам зошто бараат фидбек кога не се способни ни фала да кажат за тој фидбек. Сега откако го пишувам ова, можно е да реагираат дека подобро било да сум им кажел нив, ама како што пишав - моето искуство веќе го пратив преку емаил. Го споделувам ова со надеж дека КИБС и останатите како КИБС ќе се свртат накај своите клиенти и ќе ги прилагодат своите процедури и однесувања согласно реалните услови на работење. Пеесетина илјади фирми и управители зависат од ваквите нивни процедури и правила. ❤️МК ПС КИБС е една од најорганизираните фирми/агенции во Македонија, можам да замислам како е со другите. Тешко нас ... Иницијално, постот го објавив на мојата страна на Фејсбук.00590
- Правилник за сметковниот план и содржината на одделните сметки во сметковниот план (за download)In Сметководство и финансии·26 април 2021 г.Со овој правилник, Министерството за финансии го пропишува сметковниот план и содржината на одделните сметки во сметковниот план за субјектите кои сметководството го водат согласно Законот за трговските друштва и Правилникот за водење сметководство. Овој правилник не се однесува на субјектите од став 1 на овој член, чие работење се уредува со посебен закон и доколку со друг пропис се пропишани посебни сметковни планови. Сметковниот план се донесува врз основа на член 472 став (9) од Законот за трговските друштва (”Службен весник на Република Македонија” број 28/04, 84/05, 25/07, 87/08, 42/10, 48/10 и 24/11). Преземете го правилникот од со кликнување на линкот тука. Извор: Архива на Министерство за финансии Сметковниот план можете да го прегледувате онлајн на страницата Сметковен план. #сметковенплан #контенплан00286
- Бизнис совет: Суад Мисини, консултантIn Бизнис совети, Q&A·17 август 2018 г.ВАШИОТ УСПЕХ НЕ Е ИЗНОС, ТУКУ СОСТОЈБА За успесите не се расправа. Или, тоа се однесуваше на вкусовите? За мене, секој човек има сопствена визија за тоа што е за него успех. Како стасал до таму, која е цената што ја платил, која е маката што морал да ја менаџира. Затоа, успехот е посебен вкус што секој човек може да го доживее и особено препознае. И, како и секоја гастрономска категорија, успехот не е крајна дестинација. ... успехот е посебен вкус што секој човек може да го доживее и особено препознае. Успехот е состојба. Успех не е да имате милион долари. Да имате милион долари, значи комоција. Притоа, можете да бидете и несреќни. Познавам многу такви. И, најголемиот дел од нив, го потрошиле животот мислејќи дека милион долари е конечниот критериум на успехот. Распаднати семејства, страшни болести, искривоколчена општествена слика за себеси... и тука не мислам на оние кои на криминален начин дошле до спомнатиот милион. Или милијарда, имаме и такви. Не мислам на нив, пеколот е нивната состојба. Која е магичната мирудија која го дефинира животот како успешен? Долго време се обидував да дефинирам - која е магичната мирудија која го дефинира животот како успешен.., а за да го согледам тоа, морав сопствениот и патот на многу други да го обсервирам низ еден подолг период. И конечно да ја изградам сопствената дефиниција, сопствената верзија, сопствениот вкус. Со целосна свест дека менито на успех е, повторно, релативно, но сепак прекрасно во својата бескрајна паноплија на можности. ... си ветив себеси: никогаш нема да работам за пензија. Кога татко ми ја доби својата прва пензија, првата реакција му беше: по 40 години посветена работа, со оваа пензија ќе можеме само да преживееме. Јас бев во совршена возраст за да ова длабоко емотивно признание го доживеам како комплетно трауматично искуство. Па си ветив себеси: никогаш нема да работам за пензија. ... (и) зборот го одржав. Оттогаш поминаа неколку децении, но зборот го одржав. И покрај околината која постојано правеше врева за тоа колку е таквиот став погрешен, неодговорен и опасен. Но денес, можам прецизно да го квантифицирам ефектот од таквиот став. Забавно е, навистина: ✅кога целта на вашиот работен век е пензија, вие сте роб, а вашиот живот - пекол. ✅Кога не работите за пензија, вашиот живот е возбудлив повеќе од филм, кој постојано тече 200 на час и е крајно исполнителен. Бизнис совет: Денес, имам неверојатна привилегија од небото да можам да кажам дека ... ... да се биде инвеститор во пасивен приход е најспецифичниот зачин кој можете да го замислите. Еве што предизвикува тој чудесен зачин: 1 > пишувам порака на мобилниот, гледам екранот напукнат преку целата должина. Си велам, ајде да видам колку чини ова задоволство, а особено откажувањето од него. Одам во мобилара, прашувам колку чини некој добар ајфон, велат - 850 долари. Ги вадам од џебот последните 850 долари и опсесивно ги уплаќам во моето инвестициско портфолио. Бидејќи, во даден момент тој износ ќе содржи уште една нула. Задоволството што притоа го чувствувам е неспоредливо во однос на погледот кој ми паѓа врз екранот кога ја пишувам мојата наредна порака, која ја праќам на личниот асистент чиј пак мобилен е последен крик на технологијата... 2 > Ворен Бафет ... не' залуде со неговото - вистински заработувате само кога парите доаѓаат додека спиете ... Тоа што Ворен Бафет, волшебникот од Омаха, уште одамна не' залуде со неговото - вистински заработувате само кога парите доаѓаат додека спиете - мораше да се продухови за да животот не се сведе на заработување и трошење. 3 > И тука е третата, клучната мирудија во зачинот на успехот: вашиот успех е правопропорционален со бројот на луѓе на кои сте им служеле. Тој број ќе определи не само колку ќе заработите, туку и колку вашиот живот има смисол. Ако во клучниот момент, кога ќе го напуштите овој свет, немате насмевка на лицето, вашиот живот бил бесмислен. Зачинот на највкусната варијатна на успехот Тоа е зачинот на една од највкусните, секако не и единствена, варијанта на успехот: 🔶 сменете го светот на подобро со доволна цврстина да ја контролирате маката и никогаш да не се откажете од СНИШТАТА; 🔶изградете бизнис или состојба на КОНТИНУИРАНИ и ПАСИВНИ приходи кои ќе ви овозможат целото ваше време и креативност да го посветите на она или оние што ви се најдраги; 🔶ослободете се од сите замислени потреби и статусни симболи и вашата слобода и вашата работа нека им помогне на што поголем број луѓе - за да бидете вистински среќни и да заминете од овој свет насмеани. ... вашата слобода и вашата работа нека им помогне на што поголем број луѓе - за да бидете вистински среќни и да заминете од овој свет насмеани. П.С. А сништата? Кои сништа? Па, сништа имате само ако се толку големи што се плашите од нив... 😀 Suad Missini Facebook Page: Suad Missini www.LoginSystems.biz/biznis-prikazna #МојатаРабота #БизнисСовет #БизнисПриказна #Стратегија #Менаџмент #ERP00448
- МСФИ: Висина на надоместок заради привремена спреченост за работа (боледување)In Сметководство и финансии·5 февруари 2019 г.Висината на надоместокот на плата за време на привремена спреченост за работа ја определува работодавачот, односно Фондот за здравствено осигурување со општ акт, но најмалку во висина од 70% од основицата за надоместокот на плата (член 17 од Закон за здравствено осигуривање - ЗЗО). Со ЗЗО утврден е исклучок кога висината на надоместокот на плата за време на привремената спреченост за работа предизвикана со повреда на работа, професионална болест, за време на давање крв, ткиво или орган, како и за време на отсуство поради бременост, раѓање и мајчинство е утврдено да изнесува 100% од основицата на надоместокот на плата утврдена според член 16 на ЗЗО. Максималниот износ на надоместок на плата согласно член 17 од ЗЗО, изнесува четири просечни месечни плати исплатени во Републиката во претходната година. ЗРО не го определува минималниот износ на надоместокот на плата поради боледување, но тој е утврден со општите колективни договори. Приватен сектор Имено, согласно член 31 од Општиот колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството (“Службен весник на РМ“ бр.150/12, 189/13, 119/15 и 150/16, во натамошниот текст: ОКДС), надоместокот на плата за време на отсуство од работа поради болест или повреда, изнесува: до 15 дена спреченост за работа, 70% од основицата; над 15 дена спреченост за работа, 90% од основицата. Јавен сектор Согласно Општиот Колективен договор за јавниот сектор на Република Македонија („Службен весник на РМ” бр. 10/08 и 85/09, во натамошниот текст: ОКДЈ) надоместокот на плата за време на отсуство од работа поради боледување изнесува: до 7 дена спреченост за работа, 70% од основицата; до 15 дена спреченост за работа, 80% од основицата; над 15 дена спреченост за работа, 90% од основицата. Напомена: основица за исплата на надоместокот на плата согласно член 28 од ОКДС, како што е погоре наведено, е просечната плата на работникот од последните 12 месеци, доколку со закон поинаку не е определено, а согласно ОКДЈ е исплатената плата на работникот во последните три месеци. Извор: МСФИ www.msfi.com.mk #сметководство #плата0013218
- Придонеси за плата и даночно ослободување за 2022 годинаIn Сметководство и финансии·16 јануари 2022 г.Управата за јавни приходи информира дека врз основа на Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување, стапките по кои се пресметуваат и плаќаат придонесите од задолжително социјално осигурување почнувајќи со исплата на платата за месец Јануари 2022 се следните: Задолжително пензиско и инвалидско осигурување 18,8% Задолжително здравствено осигурување 7,5% Дополнителен придонес за здравствено осигурување за случај на повреда на работа и професионално заболување 0,5% Задолжителен придонес за осигурување во случај на невработеност 1,2% Даночното ослободување за еден месец изнесува 8788 денари. Имено, почнувајќи со исплатата на платата за месец Јануари 2022 година, ќе се применува даночно намалување во следниот износ: Даночното намалување при годишно пресметување на данокот на доход во износ од 105.456,00 денари. Даночното намалување при исплата на доход од работа по основна плата, надоместоци на плата и пензија, намесечно ниво во износ од 8.788,00 денари Важна напомена: Ако се поднесува пресметка за плата која се однесува на минат период од 2009 до 2021 година, или пак се врши исплата по основ на деловна успешност или исправка на пресметка за плата за овој период, потребно е да се користат стапките на данок на личен доход, стапките на придонеси од задолжително социјално осигурување и даночното ослободување кои важат за тој период согласно Законот. Споредбени табели по години Корисни линкови и пресметки 💡 За да се подготви МПИН за јануари 2022, потребно е да се симне најновата верзија на апликацијата од УЈП - линк. 💡 Преглед на придонеси и параметри/износи по месеци може да се видат на страницата Коефициенти за плата по месеци и години 💡 За пресметка на плати, може да се користи Веб калкулаторот за плата на https://www.loginsystems.biz/presmetaj-plata #плата00336
- Образец: Барање код за идентификација за интегрирана наплата (електронски сертификат за МПИН)In Сметководство и финансии·14 август 2020 г.Секој обврзник за пресметка и уплата на придонесите, без разлика дали сам за себе ги пресметува и доставува податоците за бруто-плата до УЈП или користи услуга од обезбедувач на услуги (сметководствени бироа), задолжително треба да поседува Код за идентификација. Доколку не сте регистрирани и не поседувате Код за идентификација за електронско потпишување на Месечна пресметка за интегрирана наплата (МПИН) или истекува валидноста на веќе доделениот код (5 години од денот на неговото издавање), поднесете Барање за код за идентификација на обврзникот за пресметка и уплата на придонеси кој служи за електронско потпишување на образецот МПИН (образец УЈП-УД-3.2-20/1) до надлежната Регионална Дирекција на УЈП. Извор: Управа за јавни приходи #сметководство #плата00374
- Слабеење од сендвич со путер од кикиритки и џемIn Бизнис стил и здравје·15 април 2019 г.Обично диеталната исхрана не е многу вкусна. За слабеење при употреба на леб, путерот од кикиритки и џемот се најдобрата комбинација како полнило за во сендвич. Интересно, истражувачите во Универзитетот во Џорџија сугерираат дека сендвичот со путер од кикиритки и џем се на врвот на листата за утрински појадок со можност за слабеење. Тоа се должи на комбинацијата од состојки што ги имаат овие две намирници кои ги стопираат масните ќелии во нивната патека. Resveratrol што ги има во путерот од кикиритки, и flavonol quercetin што го има во џемот од јагоди прават дебелината да исчезнува. Повеќе на темата има на линкот на Men's Health - Spread Yourself Thinner. #здравје00109
Пребарај во блог-објавите ...
Пребарај низ форумот на Логин Системи
Ако не најде тоа што те интересира, прегледај ги изворите на следните линкови
bottom of page











