top of page
Резултати од пребарување
Се' (2106)
Производи (22)
Услуги (5)
Настани (18)
Блог-објави (392)
Страници (816)
Форум-објави (823)
Programs (30)
Filter by
Type
Category
823 results found with an empty search
- Провизии на Пејпал при наплата на производи/ услуги и донацииIn Платежни услуги PayPal и ост.·24 мај 2020 г.Провизиите што ги зИма Пејпал наплата на производи и услуги се разликуваат во зависност од земјата во која се работи и е пријавена во бизнис сметката на Пејпал. При креирање на бизнис сметка во Пејпал, Пејпал доделува трговски број и назив на бизнис сметката за да се распознава од другите. Со кликнување на линкот https://www.paypal.com/businessmanage/account/aboutBusiness се добива информација слична како на сликата. За креирање на бизнис сметка посети го постот Како-да: Креирање на бизнис сметка на PayPal за продажба на производи/услуги и прием на пари. Исто така треба да се провери земјата во која ќе работите - линк https://www.paypal.com/businessprofile/settings/info/. Види слика подолу .... Направив неколку тест наплати на мали износи и провизиите се прикажани подолу во табелата. Прикажани на графиконот подолу, јасно се гледа дека со зголемување на износот, провизијата е помала. Нормално, нели? Каква е математиката за пресметка? Математиката за пресметка на провизии изгледа вака: 👉 4,4% на износот и плус 0,35 евра од трансакција (наплата). За помали износи излегува голема провизијата. Има начини и таа да биде помала ако се користи опцијата микро-плаќања (анг. micro-payments). Кај наплати помали од 10 долари, ваквата провизија е 6.5% на износот и 0,05 евра од трансакција. За да се овозможи ваква опција, потребно е да се пополни во Пејпал формулар и да биде одобрен. #paypal #пејпал00357
- Забрането плаќање со готовина над 1.000 евра од 1ви Јануари 2019In Сметководство и финансии·30 декември 2018 г.МСФИ објавува дека од 1 јануари 2019 година согласно член 182 од Законот за спречување перење пари и финансирање тероризам, („Службен весник на РМ“ бр.120/18) забрането е плаќање со готовина на стоки и услуги во износ од 1.000 евра или повеќе во денарска противвредност во вид на една или повеќе очигледно поврзани трансакции, што не е извршено преку банка, штедилница или преку сметка во друга институција која дава платежни услуги. Од 1 јуни 2019 година, оваа забрана за плаќање со готовина на стоки и услуги ќе се однесува на готовински плаќања, во износ од 500 евра или повеќе во денарска противвредност. Дефиниција: „Готовина“ се книжни и ковани пари кои врз основа на закон се во оптек во Република Македонија или во странска држава. (член 2 став 1 точка 15 од горенаведениот закон) Оваа забрана за плаќање во готовина над пропишаниот износ само не се однесува на приредувачите на игри на среќа. Казни Според член 162 од Законот за спречување на перење на пари, глоба во износ од 30.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на правното лице, односно трговец поединец, ако прими готовина спротивно на членот 48 од овој закон. За наведеното дело, глоба во износ од 30% од одмерената глоба на правното лице, односно трговецот поединец ќе му се изрече за прекршок и на одговорното лице во правното лице, односно трговецот поединец за дејствијата од ставот (1) на овој член. Извор: МСФИ во објавата „Од 1 јануари 2019 година забрането плаќање со готовина над 1.000 евра“001327
- Бизнис совет: Дина Муцунска, хотел Манастир - БеровоIn Бизнис совети, Q&A·16 август 2018 г.Она кое ни е секојдневно на „to do“ листата, е она кое всушност и не прави тоа што сме. Не постои желба или цел, која доколку не ја ставиме на таа листа со секојдневни активности насочени кон нејзино реализирање, може да ни се оствари. Осмислувањето на секој ден, па дури и во детали со конкретен тек на нештата мене многу ми помага за да успевам да завршам се' што сум планирала... Осмислувањето на секој ден, па дури и во детали со конкретен тек на нештата мене многу ми помага за да успевам да завршам се' што сум планирала... Не дека не се случуваат тековни промени, што е нормално доколку така налага денот и обврските, туку и со тие промени повторно денот е многу попрегледен и можам да го организирам така што најдобро ќе ги искористам ефективно и ефикасно 24те часа од него. Секојдневието ми е рефлексија на она кое го посакувам. Секојдневието ми е рефлексија на она кое го посакувам. Целите ги поставувам спрема желбите и посакувањата и не само јас, туку целиот менаџерски тим на „Манастир“ така функционира. Важно е целиот тим да е усогласен во визијата за бизнисот и не само да работат на неа, туку визијата се живее, таа е начин на живот. ... она кое те карактеризира на планина или плажа, се истите карактеристики кои доаѓаат до израз и во деловна атмосфера. За мене ододамна не постои разграничување меѓу деловен и приватен живот, тоа е нереално и дволично, ние сме сите една единка, со сите наши доблести, негативни страни, вештини, афинитети..., така да она кое те карактеризира на планина или плажа, се истите карактеристики кои доаѓаат до израз и во деловна атмосфера... Доколку не е така, тоа е глумење и лажно претставување, кое е голем проблем во нашето општесто, истото е појава на незадоволство од самиот себе, а воедно што е и најстрашно не дозволува растење и развој на личноста на било кое поле, па и во бизнисот..., затоа и бизнис атмосферата и ситуацијата, е онаква каква е... Приоритетизирањето е исклучително важно да се совлада како вештина, но најпрво мора да си работел многу на себе, за да знаеш што навистина ти е значајно во животот, која е твојата мисија поголема и од твоето постоење..... Една изрека која мене многу ми помага е „не го менувај она кое најмногу го посакуваш, за она кое во моментот ти е привлечно“. Живеењето на оваа изрека бара неверојатна дисциплина, не бара одрекување и аскетизам, туку бара лично спознавање - да знаеш што навистина те прави среќен и радосен... Да, зборувам за бизнис, зборувам за животот, бидејќи животот е бизнис, ние сме животот... звучи емотивмо? И е емотивно... бидејќи секоја наша одлука колку и да мислиме ние дека е рационална, нејзиниот корен е чисто емотивен... ... накратко бизнис приказната, е приказна за страст ... Би можела уште многу да говорам..., но накратко бизнис приказната, е приказна за страст, односно за многу длабока љубов и болка, а пасијата, посветеното активно време и чувството на благодарност, го носат успехот... Бизнис совет Лесно НЕ е, ама е убаво... Лесно не е, ама е убаво... Бизнис успехот се стекнува САМО врз основа на личен кредибилитет. Дури и во семеен бизнис како нашиот, деловната почит и успех, не можеш да ја наследиш и превземеш, сам мораш да ја стекнеш и тоа никако поинаку освен со многу посветеност и вложување, но секако клучен за се е, личниот капацитет. Успех не се заработените материјални сретства и нешта. Времето во кое живееме завзема холистички пристап кон она „Што е успех“... ... животот нуди толку многу можности, а нивното ограничување создава фрустрации ... Луѓето денес сме „полимери“, создадени од различни функционални делови и растеме постепено, хетерогено, разнородно..., животот нуди толку многу можности, а нивното ограничување создава фрустрации, кои предизвикуваат себе-незадоволство... затоа, растете и развивајте се, паралелено, на што е можно повеќе полиња кои ви се навистина во интерес... ... успех е колку си задоволен и среќен со себе и најсаканите и колку тие се среќни и задоволни со вас... Професионален успех - да, но врз него целосно се одразува: ментален развој -образование, едукација, вештини..., духовен развој - партнерска љубов, родителство, пријателства, спиритуализам... физички развој и благосостојба - спорт, рекреација, хоби..., не запоставувајте ништо на сметка на нешто..., бидејќи успех е колку си задоволен и среќен со себе и најсаканите и колку тие се среќни и задоволни со вас, а балансот сте вие, оние кои треба да го направите. ... моите професионални залагања ги опфаќаат и ТА Манастир, здружението на граѓани Спортско Планински Клуб Малешевска Корија и консултантско-експертските ангажмани ... И на крај среќен е само слободниот човек, бидете успешни за да имате избор, за да бидете слободни и свои. За хотел Манастир, Берово Хотел Манастир постои од 2004г. од кога успешно ја гради својата бизнис приказна. Денес неговите капацитети се зголемени за 4 пати, а оценката за неговата понуда и услуга на booking.com, како најрелевантен фактор во браншата, му е со години околу 9,2, кое зборува за неговиот исклучителен и извонреден квалитет, при кое е и најавтентичен хотел во земјата, кој атрибут со гордост го негува. Хотел Манастир, не е првото нешто кое почна да ме гради професионално, пред тоа беше присутен семеен ресторан, каде беа моите почетоци..., но секако тој е она со кое пораснавме заедно и „се дефиниравме“ еден, друг. Покрај него, на кој сум му најпосветена, моите професионални залагања ги опфаќаат и ТА Манастир, здружението на граѓани Спортско Планински Клуб Малешевска Корија и консултантско-експертските ангажмани, кои се исто така чести. Дина Муцунска Instagram: Dina_Mucunska Facebook: Dina Mucunska www.LoginSystems.biz/biznis-prikazna #МојатаРабота #БизнисСовет #БизнисПриказна #Стратегија #Менаџмент #ERP00756
- Про Агенс: Табеларен преглед на износите за регрес за годишен одмор во годината 2021In Сметководство и финансии·24 јули 2021 г.Во документот што го објавува агенцијата ПроАгенс, Правила за користење на годишен одмор и за исплата на регрес во 2021 година, се објаснува дека регресот за годишен одмор се оданочува со данок на личен доход со стапка од 11,1111% применета на нето износот на надоместокот. Регресот влегува во годишниот доход за утврдување на даночната прогресија. Според членот 9 на Законот за исплата на платите („ЗИП“), работодавачот може да врши исплата на регрес за годишен одмор најмногу до 60% од просечната месечна нето плата по работник во РМ објавена до денот на исплатата. Во истиот член е предвидено дека регресот се исплатува еднаш во текот на годината, а доколку се исплатува во два дела, вкупниот износ не може да биде повисок од правото утврдено при првата исплата. Во продолжение е табеларен приказ на висината на регресот за 2021ва година. Преглед на висината на регресот за годишен одмор за 2021-та година (извор ПроАгенс) Исплатата на регресот се врши преку сајтот на УЈП, https://e-pdd.ujp.gov.mk/, со избирање на вид на доход: Т.1 Доход од работа, а во подвид се избира Ѕ1.7 Доход кој подлежи на оданочување со данок – регрес. Висината на даночно признатиот расход по работник на денот на исплатата изнесува 16.682 денари ако се пресметува во мај 2021. Внесување на регресот во е-ПДД на УЈП Објаснување на колоните Колона 1. Најмал нето износ (без данок на личен доход) на регрес за годишен одмор (кој не е намален заради потешкотии во работењето) во приватниот сектор (ОКДПС) = 40% од последна просечна тримесечна нето плата во РМ. Колона 2. Пропишана висина (без данок на личен доход) на регрес за годишен одмор со Грански колективни договори (приватен сектор) = една последна просечна тримесечна нето плата во РМ. Колона 3. Пропишана висина (без данок на личен доход) на регрес за годишен одмор со Закон за исплата на плати ... (јавен сектор) = 60% од последна просечна месечна нето плата. Колона 4. Даночно признаен расход за целите на оданочувањето со данок на дибивка (Закон за данокот од добивка) = 40% од една последна просечна месечна бруто плата во РМ. Во овој износ е содржан и пресметаниот данок на личен доход. Извор: Про Агенс #плата #регрес004815
- Како-да: Пресметка на регрес за годишен одморIn Microsoft Dynamics 365·26 ноември 2017 г.Во пресрет на крајот на годината, една од активностите поврзани со приходите на вработените е исплатата на регрес за годишен одмор. Модулот за плата на Логин Системи во Dynamics NAV овозможува пресметка и исплата на регрес и негово правилно вклучување во сите извештаи за плата под соодветните пропишани шифри. Пресметката на регрес се прави во еден чекор, преку пополнување на прозорецот за Пресметка на регрес, кој се наоѓа на следната позиција во менито за плата: Во прозорецот се пополнува: - месецот за кој се исплаќа регрес, - бројот на вработен (ако се дава регрес за сите вработени ова поле се остава празно), - се избира дали регресот ќе се дава само на активните вработени или и на другите, категории на вработени - се пополнува износот на регрес кој треба да се исплати, - се пополнува процентот на персонален данок. ! При ваквата пресметка, НАВ внесува шифра на исплата 3.2 (Дополнителни примања и надоместоци на трошоци од работен однос на кои не се платени придонеси) за овие трансакции, при што, при подготвување на годишната ПДД-ГИ пријава овие износи ги смесува во соодветните позиции од ПДД-ГИ извештајот во збирните и поединечните податоци. !! Вака пресметаните износи влегуваат и како посебна категорија во ПДД-ГДП, годишните потврди за плати и придонеси кои задолжително треба да им се издадат на вработените по завршување на фискалната година.00517
- Бизнис совет: Десанка Алчинова, Техноалат Комерц (Хина Продуктс), ГевгелијаIn Бизнис совети, Q&A·6 септември 2018 г.Во Хина Продуктс од самото основање Од 2000 година сум дел од тимот на фамилијарната компанија Техноалат Комерц дооел од Гевгелија, под која работи пекара Житко и фабриката за преработка и конзервирање Хина Продуктс. Во 2005 година од самото основање на Хина Продуктс, па се’ до денес сум на позиција Менаџер на продажба, и тоа е нешто што навистина ме исполнува. ... позицијата Менаџер на продажба е нешто што навистина ме исполнува. Имам прекрасен тим на млади луге кои секојдневно ми даваат се' поголем елан за реализација на се’ поголемите предизвици кои ни се појавуваат на пазарот. Секој производ од широката палета на Хина производите е направен од внимателно селектирани зеленчуци, и горди сме што нашите купувачи се презадоволни од истите. ... наши носечки производи би ги издвоила Домашниот ајвар и Домашната лутеница ... Како наши носечки производи би ги издвоила Домашниот ајвар и Домашната лутеница кои со право ја користат придавката ДОМАШНО😊 Бизнис совет Продавам автентичен македонски производ на кој никој, ама баш никој до сега не останал рамнодушен. Домашно ајварче. Го продавам со многу емоција, а велат емоција во бизнисот не е дозволено. Јас би рекла малку поинаку. ... емоција во бизнисот не е дозволено. Јас би рекла малку поинаку. Кога еднаш ќе стекнеш мислење за човек, во било која сфера на животот, никогаш не го менувај и не му давај втора шанса… бидејки тој некој никогаш нема да се промени. Десанка Алчинова Facebook: Desanka Alchinova За Техноалат Комерц, Гевгелија Фирмата е формирана пред 15 години и една од првите приватни фирми во општина Гевгелија. Од пред една година работи во нови простории со комплет нова линија за леб и бели пецива и има збогатен и разновиден асортиман на истите. Контакт: ТЕХНОАЛАТ - КОМЕРЦ ГЕВГЕЛИЈА тел: 034-211-985 ул. Маршал Тито бр.124, Гевгелија тел: 034-212-284 ул. Индустриска бб, Гевгелија Веб: www.hinaproducts.mk Facebook: HINA Products Ја очекуваме твојата бизнис приказна и бизнис совет на адресата www.LoginSystems.biz/biznis-prikazna #МојатаРабота #БизнисСовет #БизнисПриказна #Стратегија #Менаџмент #ERP001167
- Провизија %, курс на евро при префрлување на пари од Пејпал на приватна или службена платежна картичкаIn Платежни услуги PayPal и ост.·9 мај 2020 г.Нормално дека највеќе прашања има колкава е провизијата при работа со Пејпал. Теоретски, провизија се наплатува на два пати, еднаш при самата продажба и наплата, а вториот пат при преносот на парите од пејпал сметката на платежната картичка. Темата тука ќе биде за провизијата што евентуално се наплатува при преносот на парите од пејпал сметка - на конто на платежната картичка. Пишувам потенцијално, бидејќи и не мора да има провизија. Има два начина на пренос, (1) едниот начин е корисникот да си префрли пари во време кога повеќе му одговара, а (2) другиот начин е Пејпал автоматски да префрли пари на први во месецот. Провизија при пренос во време по желба Кусо кажано, Пејпал не пресметува провизија при ваквиот пренос, а засметува конверзија на курсот од 2,5% плус провизија од банката која зависи од банка до банка. Во тотал, тоа е некаде 4% - види слика подолу. Оваа опција е опишана во Како-да: Пренос на заработеното преку Пејпал -->> на салдото од вашата платежна картичка. Автоматски пренос на пари секој први во месецот - Провизија 0% Ако поинаку не сте подесиле, целото салдо што го имате на пејпал сметката, Пејпал ќе го „врати“ назад на платежната картичка што сте ја подесиле за авто-трасфер - на први во месецот. Во постот е објаснето за автоматскиот пренос на парите кон приватна или службена картичка - Секој први во месецот, Пејпал автоматски префрла се' што има од сметката накај платежната картичка Сега ќе објаснам како изгледа приемот на парите на самата картичка базиран на примерот погоре. Први во мај е секогаш неработен ден и со тоа парите не пристигнаа на платежните картички. Се чекаше до понеделник ... Пренос на приватна платежна картичка Спротивно на мојата логика за деловно работење, парите од бизнис сметката на мојата приватна дебитна картичка стигнаа утрото на 4ти мај 2020. Испратени пари од 0,6 евра од Пејпал сметка Венко Глигоров како налогодавач, се пристигнати на картичка Венко Глигоров во износ од 37 денари. Износ на курс на еврото: 61,6667 денари. Пренос на службена платежна картичка Приливот на службената картичка не пристигна автоматски. Чекав до вчера до пладне, и потоа се обратив во соодветната служба во банката за да ги префрлат парите. Ако може така да се каже, парите „патуваа“ една седмица - види подолу приливот. Испратени пари во износ од 9,14 евра од пејпал сметка Login Systems DOO на службена картичка во износ од 565 денари. Износ на курс на еврото: 61,8162 денари. Убав курс. Заклучок Од ова искуство може да се заклучи следното: Ако сакаш парите да ти стигнат веднаш откако ти платиле, се наплаќа, така да ја наречеме, излезна провизија од околу 4%. Ако парите ти стигнуваат по редовна постапка на 1ви во месецот, тогаш нема излезна провизија. Уште нешто се приметува. При редовен пренос, Пејпал исплатува од Луксембург. Ако корисникот бара веднаш да му се пренесат парите, исплатата оди од Сингапур. Корисни линкови Прегледајте ги и останатите содржини поврзани со оваа објава. Како-да: Креирање на сметка во PayPal за купување Како-да: Креирање на бизнис сметка на PayPal за продажба на производи/услуги и прием на пари Успешна Пејпал сметка за примање пари во НЛБ тутунска банка Кои кредитни/дебитни картички поддржуваат продажба преку Пејпал - проверете дали има опција Ауто-трансфер Линк за отворање на бизнис сметка во Пејпал Ако имате прашања или ви треба совет, најдобро е да поставите прашање тука. Или коментирајте на некоја од објавите. #пејпал #paypal00697
- Успори на жолто светлоIn Стратегија и менаџмент·31 јули 2018 г.Kога сакате да стигнете побрзо на некое битно место и Ви се појавува жолто светло на семафорот, што правите? Ако сте како многумина, Вие продолжувате и додавате гас. Повеќето во Македонија, дури и да не брзаат, додаваат гас и продолжуваат на жолто и кога знаат дека следниот моменет ќе се појави црвеното светло. На некој начин, жолтото светло постанува универзален симбол за “забрзување” (или додавање гас на возилото). За жал, оваа иста реакција се користи и во релација со клиентите. Според Махан Калса, светски гуру за продажба и личен развој, кога ќе слушнеме нешто што не’ загрижува, ако почувствуваме дека може да влеземе во неволја, ако гледаме реакција која ни укажува на проблем – ние најчесто забрзуваме за да избегнеме завлегување во нашите најлоши стравови. Искуството (и во деловниот развој) не’ уверува дека црвеното светло означува неуспех и затоа кога ќе видиме жолто светло – ние ги затвораме очите и додаваме гас, надевајќи се дека некако ќе поминеме. Ако не успориме на жолто светло, ни изгледа дека е многу тешко да се реализираме – било во релација со самите себеси, било со клиентите или со решението. Битно прашање е: Ако црвеното светло е неизбежно, кога е најдобро да ни се појави? Што е можно поскоро. Интелектулно, ние тоа го знаеме, но емоционално – ние даваме отпор на тоа. Махан Калса дава три промени на овoј модел на однесување: Успори кога ќе видиш жолто светло. Црвеното светло не е неуспех. Неуспех е да направиш црвеното светло да ти донесе многу повеќе непотребни трошоци (трошење на време, пари, и ресурси на организацијата кои можеле да се избегнат ако се појавело црвено светло на почетокот од играта) Пренеси им го жолтото светло на клиентите и прашај ги да го претворат во зелено или црвено светло. (Најчесто нивните критериуми за решение не се толку строги како нашите. И ако клиентот го претвори жолтото светло во зелено тогаш тоа е многу поубедливо отколку ние тоа да го сториме). За време на комуникацијата со клиентите, тие ќе ви дадат сигнали како се чувствуваат и што мислат. Овие сигнали може да бидат вербални (тоа што ќе ви го кажат), вокални (како тоа ќе го кажат – тонот, акцентот, темпото...) и визуелно (нивната невербална комуникација). Како “професионалец во комуникацијата”, потребно е да фатите смисол на овие сигнали и да се избере интелигентен начин за да се справите. Извадок од книгата “Let’s Get REAL (or Let’s Not Play)” од авторот Mahan Khalsa во издание на Franklin Covey. #Лидерство #Менаџмент #Продажба0088
- Евидентирање на наплатата преку Пејпал во сметководството или даночната управа УЈПIn Платежни услуги PayPal и ост.·27 април 2021 г.Продажбата на производи и услуги преку Пејпал во суштина не се разликува од останатите продажби. Така и евидентирањето на приходите со наплата преку Пејпал е исто како и со другите продажби. Разликата е во методот на наплата кадешто како платежен процесор се јавува Пејпал. Наплата Традиционално, наплатата се врши во кеш, преку банкарска сметка или преку картичка. Наплатата преку картичка може да биде на самото продажно место преку ПОС апарат за картички или на веб сајтот на продавачот. Пејпал е метод на наплата во кој парите стигнуваат на картичка преку инфраструктурата на Пејпал (www.paypal.com). Инфраструктурата на Пејпал овозможува сигурност на плаќањата на купувачот. (повеќе: 📄 Како-да: Креирање на сметка во PayPal за купување, 📄 Како-да: Креирање на бизнис сметка на PayPal за продажба на производи/услуги и прием на пари) Продажен процес Наплатата преку Пејпал е последната фаза од еден продажен циклус (види слика подолу). (1) Купувачот изразува интерес за набавка и испраќа порачка. Тоа може да биде со некој документ или усно. (2) Продавачот му го испорачува производот или му ја изведува услугата. Оваа трансакција е пропратена со документ испратница за производ или со емаил известување за изведена услуга. (3) Ако купувачот потврди дека ги примил производите или услугата, му се издава фактура со информации за плаќање. Во случајот со наплата преку Пејпал, купувачот добива линк за плаќање преку пејпал или фактура за плаќање. (повеќе: 📄 Како-да: Креирање на профил PayPal.me за едноставно прибирање на бакшиши, донации и плаќања од купувачи, и 📄 Како-да: Правење фактура и испраќање по е-пошта преку PayPal) (4) На крајот, купувачот плаќа преку Пејпал и тоа се евидентира во салдото на бизнис пејпал картичката на продавачот. (повеќе: 📄 Секој први во месецот, Пејпал автоматски префрла се' што има од сметката накај платежната картичка). Сметководствена евиденција Евиденцијата на приходот во сметководството се прави на ист начин како да е традиционална продажба. Се користат контата за приходи на производи и услуги (повеќе: конто 740). Ако е трговецот правно лице и ДДВ обврзник, се пресметува ДДВ за домашни купувачи – ако е купувачот странско лице се третира како извоз и соодветно се евидентира во сметководството (повеќе: конто 742). Ако продавачот е физичко лице, приходот се евидентира за да се пресмета персоналниот данок. Повеќе за даночниот третман има на линкот Даночен третман на плаќања и провизии кај Пејпал трансфери. #paypal #пејпал00677
- Бизнис совет: Блаже Аризанов, претприемач и авторIn Бизнис совети, Q&A·25 март 2019 г.Ми пиша порака едно типче. Добивам пораки од убави чувеци секој ден ама овој случај има посебно наравоучение Вака некако беше думата... Дизајнер е типот Сакал да напушти работа. .... И да си основа свој бизнис. Еми убаво.. Неговата логика е дека вака коа работи за друг добива далеку помала плата а вака ко ќе си најде сам клиенти, повеќе пари ќе си има за него И на крајот резимира со – "Ко ќе си изградам име за себеси постепено ќе биде полесно. " Му реков немој. Не си го растурај животот жити мене. Не напуштај работа. ЛЕКЦИЈА БРОЈ 0 ✅ Универзално правило пред да почнеш свој бизнис – осигурај дека имаш доволно заштеди да те крпат една година. Не го прашав типот за ова пошто во неговиот случај има уште неколку други проблематични поенти. Малку ко да нема пресметано кост-бенефит анализа за потегот. Да, ко ќе си тргаш сам по свои клиенти повеќе заработка дефинитивно. Но ќе бидеш и повеќе зафатен. Моментално негова задача е само да дизајнира. Но типичен дизајнерски проект има далеку повеќе фази пред и после актот на дизајнирање. Да стапиш во контакт со клиент. Па да го убедиш. Па да дефинирате рокови, проектен менаџмент Scope of Work и уште десетици други ситници. Моментално нашиот дизајнер се' што прави е да дизајнира. Но откако ќе фати сам да го тера занаетот ќе мора да биде ем креативно лице ем business lead. Двата профила се тотално различни.. ... ќе мора да биде ем креативно лице ем business lead. Двата профила се тотално различни.. И не само тоа – Вели "Постепено ќе си изградам име за себе....." Сме слушнале за познат графички дизајнер? Ај подумај се 2-3 секунди, ако не ти доаѓа ни едно име на ум, епа тоа е тоа. Имаат бренд музичари, политичари, автори, бизнисмени – но не графички дизајнери. Но гледај сега, може нема познати имиња позади графички дизајнер но и тоа како има популарни брендови – на дизајнерски платформи – Behance, Dribble, Canva, 99Designs.... Тврт Милојкооооо... Не ти кажува тоа нешто? Може типот сака да каже дека ќе фати 3-4 клиенти па они цело време ќе му носат повторлив бизнис па ќе му препорачаат други клиенти. И пак имаме проблем со резонирање. Типот само си прави инкрементална промена. Од една страна ќе направи огромна промена на животен стил која од друга страна ќе придонесе само за маргинално подобрување на неговите околности – за 1/3 повисоки примања како што рече погоре. ЛЕКЦИЈА 1 ✅ Коа почнуваш бизнис, патешествие кое дефинитивно ќе ти го зезне животот на еден или на друг начин, осигурај барем дека го правиш тоа со експоненцијален потенцијален бенефит – а не за да си ги подобриш приходите – за третина. Му реков остави брат, ќе се заебеш. Да кажеше типот оставам да бидам дизајнер за друг, идам соло и планирам да изградам платформа за дизајнери, така и така. А тој ќе се стори соло претприемач во своја фирма во која пак доминантниот инпут ќе зависи од него. Затоа велам платформа. ЛЕКЦИЈА БР 2 ✅ Не почнувај бизнис ако тој бизнис не поседува потенцијал да биде платформ-изиран. Што ти значи тоа? Да му поставиш подлога од софтвер и процеси кои ќе го растат бизнисот независно од твојот директен материјален инпут. Што значи денес да работиш за друг а утре да почнеш бизнис? Тоа значи дека денес си работник а утре си бизнисмен. Двете се дијаметрално спротивно, како исток и запад. Што прави типот? Денес е работник а утре ќе почне бизнис во кој повторно ќе биде работник. Не почнуваш бизнис за да повторно бидеш работник. Почнуваш бизнис за да бидеш бизнисмен. Денот кога ќе почнеш бизнис е денот кога ќе мораш да го убиеш дизајнерот во себе. Или си дизајнер или си бизнисмен. Никаде не стигнуваш ако почнеш бизнис со моделот на размислување на работник. Никаде не стигнуваш ако почнеш бизнис со моделот на размислување на работник. Што значи бизнис? Што значи добар бизнисмен? Многу лесно. Добриот бизнисмен не е оној кој се утепува од работа (барем не цело време). Добриот бизнисмен е добар во поставување структура на која другите ќе можат лесно да се прикачат и да се утепат од работа. Е не секој го може тоа. Е затоа имаме свет на работници и бизнисмени. И секогаш ќе биде така, господа утописти.. Реши што ќе бидеш или тоа или тоа и двете доаѓаат со бенефити и жртви. И така типот наш голем маж нејќел да биде нечиј работник и затоа ќе почнел бизнис во кој ќе биде уште повеќе работник. Малце концептуално ќе да треба да ги доразбере нештата... Што да кажам повеќе, типот од трн на глог. Се надевам дека ќе го прочита ова како најпријателски совет. Белиот трофеј Белиот трофеј“ го следи бизнис-патешествието на Блаже Аризанов, роден во осиромашено семејство во струмичкото село Борисово, кој во 2011 заминува во Индија и по 4 години ја основа компанијата „Стеј анкл“ (Stay Uncle), која за кратко време предизвика вистинска револуција во древната земја. StayUncle беше прогласена за едно од Топ 50-те нешта кои и се имаат случено на Индија во 2017 а во Март 2018, Форбс Индија ја посочува компанијата како една од 9-те најпросперитетни компании за оваа година. Блаже Аризанов Facebook: Блаже Аризанов00460
- Како-да: Импортирање на изводи од банкаIn Microsoft Dynamics 365·30 ноември 2017 г.Македонската локализација на Dynamics NAV од страна на Логин Системи овозможува импортирање на изводи од банка согласно дефинираните фајлови за експорт од страна на Македонските банки. На овој начин се овозможува брзо и едноставно вчитување на изводите, со избегнување на рачното внесување на секоја линија од изводот која одзема значително време и можностите за грешки и неконзистентност се присутни. Преку автоматското превземање и вчитување на изводите, покрај тоа што веднаш се вчитуваат линиите од изводот, Логин Системи овозможи и препознавање на контата и коминтентите за кои се однесуваат трансакциите (плати, провизии, преноси и тн), така што целата операција за внесување и книжење на изводите се сведува на три кратки чекори: Вчитај -> Провери -> Искнижи! Вчитувањето на изводот се прави на следниот начин: Се пристапува до Дневникот на документи и се одбира Увоз-извоз од/во Дневник: Ќе се отвори прозорец како на сликата подолу: Важно е полето Земи извод од банка да биде штиклирано, и на тој начин ќе се отвори вториот дел од прозорецот каде што треба да се одбере Банката од која се прави импорт на изводот и Насоката на плаќање (дали сакаме да ги импортираме само уплатите, само исплатите или уплати и исплати заедно). Полето Бр. на документ автоматски ќе се пополни кога ќе се вчита изводот. Откако ова ќе се пополни, се отвара прозорец од каде што треба да се избере фајлот за импорт, се означува и се кликнува ОК: Веднаш се импортира изводот и системот дава порака за успешно завршената акција: Ставките од изводот на тој начин се вчитуваат во дневникот на документи и од таму може да се проверат и веднаш да се искнижат преку функцијата Креирај линии во дневник: Во модулот за управување со готовина во НАВ направивме и листа на изводи, во кој може да се прегледаат сите внесени изводи заедно со состојбата на сметката пред и по книжење – Почетно салдо, вкупен прилив, вкупен одлив и крајно салдо, како и сите трансакции кои се однесуваат на соодветниот извод. Изводи од банкарски сметки (листа): Преглед на извод00360
- УЈП: Помош за работодавачите за исплата на минимална платаIn Сметководство и финансии·6 октомври 2017 г.Работодавачите кои ги исполнуваат условите од Законот за минимална плата во Република Македонија, имаат право на финансиска помош за исплата на минимална плата. Финансиската помош се обезбедува за период од месец септември 2017 до месец февруари 2018 година во следните износи: Барањето за обезбедување на финансиската помош, работодавачите го изразуваат преку пополнување на шифра во пресметките за плата за вработеното лице за кое бараат финансиска помош. Повеќе информации има на линкот на УЈП http://ujp.gov.mk/mk/javnost/soopstenija/pogledni/610 За барање за користење на финансиска помош, се внесува шифрата 401 во полето 3.23 од клиентскиот софтвер (нова верзија од апликацијата може да се преземе од http://www.ujp.gov.mk/mk/obrasci/opis/81). Повеќе информации за модулот за плати од Логин Системи има тука.0073
Пребарај во блог-објавите ...
Пребарај низ форумот на Логин Системи
Ако не најде тоа што те интересира, прегледај ги изворите на следните линкови
bottom of page














