top of page
Резултати од пребарување
Се' (2121)
Производи (49)
Услуги (5)
Настани (15)
Блог-објави (388)
Страници (811)
Форум-објави (823)
Programs (30)
Filter by
Type
Category
823 results found with an empty search
- Приватен Paypal account, апгрејд во Business со линк на VISA картичка од NLB Тутунска (Не функционира)In Платежни услуги PayPal и ост.24 мај 2020 г.@Filip Повлекување на пари преку него, ама да се остане под радарот на пејпал мислам е најдобро. Ми пратија нешто пари за проба на овој бизнис пејпалот па да видам дали повлекувањето ќе биде успешно. 1-3 дена се чека пишува.0
- PayPal во Охридска банка?! :)In Платежни услуги PayPal и ост.30 април 2020 г.На линкот Три клучни знаци кои покажуваат дали вашата Пејпал сметка може да наплатува пари од купувачите може да се провери дали бизнис сметката поддржува прием на пари. Од нашето досегашно искуство се покажува дека MASTERCARD не поддржува Пејпал во Македонија. Имаме сознанија дека се разговара со Мастер за овозможување. Уште една работа што е важна е дека пријавената картички во бизнис сметката треба да поддржува Ауто-трансфер (видете слика подолу). Споредба на две картички - едната со Ауто-трансфер Ако во бизнис сметката нема пријавено картичка што нуди Automatic Transfers - Пејпал не ги вклучува функционалностите за продажба преку Пејпал. Ова е заштита за корисниците на бизнис сметката затоа што може да се случи некој да ви плати, а Пејпал да нема механизам да ви ги префрли парите на картичката. Најдобро е тие што имаат картичка што не поддржува Ауто-трансфер - да се обратат на банката-издавач на картичката.10
- Прашање во врска со креирана Бизнис Пејпал Сметка-Но без опција за Withdraw или Автоматско префрлање.In Платежни услуги PayPal и ост.30 декември 2020 г.Обично овакви проблеми се јавуваат ако има зачувано некоја информација од претходниот акаунт, има кеширана информација и слично. Би посоветувале следното: * Креирајте нова емаил адреса. Барем тоа е лесно во денешно време. * Користете друг веб прелистувач. На пример, ако сте користеле Chrome, пробајте со Edge. Затворете ги сите прозорци на веб прелистувачот и отворете нов прозорец * Користете ги инструкциите од постот Како-да: Проверка дали е до картичката, до банката или до акаунтот Пејпал (заедно со земјата) Еднаш кога ќе се конфигурира пејпал сметката, потоа ќе работи независно од веб прелистувачот. Вака успеале другите, така ќе успеете и вие. Со успех ...0
- Има ли начин во моментот за отворање на Paypal сметкаIn Платежни услуги PayPal и ост.17 февруари 2021 г.Во моментов форумот се сервисира - ќе ви одговориме наскоро.10
- Има ли начин во моментот за отворање на Paypal сметкаIn Платежни услуги PayPal и ост.23 февруари 2021 г.Здраво Никола. Ако одите чекор по чекор од овој пост, ќе можете да креирате бизнис пејпал сметка која ќе прима пари. * Како-да: Проверка дали е до картичката, до банката или до акаунтот Пејпал (заедно со земјата) Фундаментите за пејпал за користење во Македонија се објаснети со следниот пост: * Одговори на некои често поставувани прашања за Пејпал за Македонија - јануари 2021 Ви посакуваме успех!10
- Креирана пејпал бизнис сметка-прашање за минимална сума за трансфер на банкарска сметкаIn Платежни услуги PayPal и ост.17 јануари 2021 г.@Dejan Fidanovski кај мене пројде со таа опција. Можеби првиот пат треба да има над 10 долари или евра. Потоа проаѓа и со 1 евро. Во секој случај, на први во месецот би требало да ти се префрлат парите на платежната картичка. Откако салдото на УСД валутата ти стане 0, тогаш може да ја затвориш. Не знам, но не верувам дека автоматски ќе ти конвертира од долари во евра, посебно ако ја нема опцијата Convert Currency.0
- Креирана пејпал бизнис сметка-прашање за минимална сума за трансфер на банкарска сметкаIn Платежни услуги PayPal и ост.17 јануари 2021 г.@Venko Gligorov Благодарам за инфо. Ќе проверам на крај на месец како ќе биде, или ако во меѓувреме немам некој поголем прилив па да направам трансфер. Како и да е ќе постирам ако има нешто ново со цел за корисна информација.00
- Креирана пејпал бизнис сметка-прашање за минимална сума за трансфер на банкарска сметкаIn Платежни услуги PayPal и ост.17 јануари 2021 г.@Jasmina Ugrinova Stojanovska лимитот не зависи од државата туку зависи од самиот корисник. Некои не сакаат мали износи да им се префрлуваат заради фиксниот трошок. На некои им е неисплатливо. Затоа во подесувања како што е наведено погоре во коментарот може да се избере. Инаку може да се скучи оваа опција да не ја даваат и некои банки кадешто е издадена картичката. Затоа, прво со подесување во Пејпал па ако не се решава, тогаш со банката.0
- Блокиран Пејпел профил - верификацијаIn Платежни услуги PayPal и ост.17 декември 2020 г.Paypal е безбеден сервис во интерес на клиентите. Како таков, може да блокира сметка ако насети дека има сомнителни активности. Од 2014та година јас сум сведок дека привремено ми е оневозможен пристап на сметката - тоа може да се јави ако повеќе пати сте ја погршиле лозинката, ако се обидувате да се најавите од повеќе земји во кус период, или ако префрлате една картичка на друга. Правилата на Paypal се менуваат од време на време во зависност од разните „напади“ од страна или од сознанија за нови методи на злоупотреби. Порано немаше можност да се пријави Македонија како место за правење бизнис во Македонија. Од оваа година, барем така лично сум воочил, има можност на бизнис сметката да се наведе дека земјата во која ќе се прави бизнисот (Country of incorporation) - подолу на сликата е избрано Macedonia. Избор на земја кадешто ќе се води бизнисот Платежната картичка треба да одговара на земјата во која ќе се води бизнисот. @Studio Grafika , Тоа што сте навеле погоре за поддржани земји за IBAN е ако сакате да правите банкарски трансфер наместо со кредитна/дебитна картичка. Оваа информација е ирелевантна за форумот бидејќи тука зборуваме за прием на пари на платежна картичка.10
- Поставувајте прашања, споделите искуства од други земји и активно учествувајте во подобрувањатаIn Платежни услуги PayPal и ост.5 април 2019 г.Најпрво би сакал да го поздравам форумот како еден голем придонес на бизнис заедницата за заложба за современ национален платежен систем. Од друга страна би сакал да истакнам како за почеток е терминолошката дистинкција на користењето на поимот платни системи кои се посебни ентитети со учесници (банки) кои согласно сегашната регулатива за бизнис секторот се единствени обезбедувачи на платежни услуги. Светското, посебно европското искуство укажува дека покрај банките како обезбедувачи на платежни услуги може да бидат небанкарски институции кои се лиценцирани од соодветен регулатор. За таа цел во ЕУ постои правна рамка од Директиви и Регулативи, Тука би сакал да ги споменам Директивата за платежни услуги 2 (PSD2- Payment Services Directive 2) и Директивата за електронски пари 2 (EMD2- E-money directive 2). Со овие директиви пазарот на платежни услуги ецелосно модернизиран и дигитализиран со појава на нови лиценцирани играчи на тој пазар како што се платежни иниституции, институции за издавање на електронски пари, институции за иницирање на платежни услуги и други т.н. fintech компании кои со користење на високоразвиени технолошки решенија пружаат платежни и други услуги. Овие директиви се game changer regulation, со кои се отвора банкарскиот систем за лиценцирани небанкарски играчи и се прави еден вид револуција на пазарот на дигитални платежни услуги. PayPal, Stripe, Skril,..се само дел од оваа револуција. Кај нас тоа треба да биде решено со носењето на Закон за платежните услуги. Да се надеваме на еден динамичен период пред нас на ова поле....00
- Блокиран Пејпел профил - верификацијаIn Платежни услуги PayPal и ост.18 декември 2020 г.Ги измешавте објаснувањата. Колку пејпал сметки имате? На која сметка што ви бараат? Очигледно е дека тоа со Словенија не функционира. Ви напишав тоа.0
- Креирана пејпал бизнис сметка-прашање за минимална сума за трансфер на банкарска сметкаIn Платежни услуги PayPal и ост.16 јануари 2021 г.Одлично што сте успеале, Дејан. Честитки. Во врска со прашањата, еве одговори подолу. 🔷 Подесување лимити. Кога сте најавени на Пејпал, одете на линкот Limits - PayPal. Потоа подесете ја опцијата Withdrawal Limits. Би требало со ова да го решите повлекувањето на мали суми. 🔷 Конверзија на валути. Оваа опција би требало да ја имате во областа PayPal Balance лево горе на екранот. Опишано е тука https://www.paypal.com/lu/smarthelp/article/how-do-i-convert-my-paypal-balance-to-a-different-currency-faq532. Софтверот на Пејпал од време на време се менува и можно е да е привремено исклучена ако не ја гледате. 🔷 Затворање на валута. Откако ќе го испразните салдото на одредена валута со withdrawal опцијата, тогаш ќе може да ја затворите валутата. Линкот е Money (paypal.com) и се избира Close Currency веднаш под самата валута. Видете на сликата подолу. Затворање на валута Ве молиме да не' информирате за исходот со кус коментар тука за да може оваа информација да користи за другите. 🙏 Благодариме и со успех. 👍00
Пребарај во блог-објавите ...
Пребарај низ форумот на Логин Системи
Ако не најде тоа што те интересира, прегледај ги изворите на следните линкови
bottom of page





