top of page
Резултати од пребарување
Се' (2118)
Производи (49)
Услуги (5)
Настани (14)
Блог-објави (386)
Страници (811)
Форум-објави (823)
Programs (30)
Filter by
Type
Category
823 results found with an empty search
- Секој први во месецот, Пејпал автоматски префрла се' што има од сметката накај платежната картичкаIn Платежни услуги PayPal и ост.·4 мај 2020 г.Ако корисникот на бизнис сметка има салдо на бизнис сметката во Пејпал, истите му се префрлаат на платежната картичка на 1ви во месецот. Подолу е скриншот од емаил пораката што ја праќа Пејпал како известување дека сите средства од сметката се префрлени на платежната картичка - во конкретниот случај на НЛБ ВИСА бизнис картичка. Во дешбордот на сметката на Пејпал се евидентира трансакцијата за преглед и печатење - види слика подолу. Износот за автоматски префрлување на салдото на 1ви во месецот може да се постави да биде повисок. На сликата подолу е прикажано префрлување на салдо на приватна дебитна картичка НЛБ ВИСА - од само 0,60 евра. Ако платежната картичка е денарска, парите не се видливи веднаш - потребно е банкарскиот службеник да ги раскнижи. Обично тоа трае од 1 до 3 работни денови. Ако платежната картичка е девизна - е за таа опција немаме искуство. Ќе треба да сочекате да напишеме или некој друг да напише. 😎😎😎 Важна напомена Приливите од Пејпал имаат ист третман како да сте примиле пари на жиро сметка. Приходите треба да се евидентираат соодветно било да сте фирма или индивидуалец - фриленсер. Даночниот експерт Павле Гацов пишува тука. Со успех нека е продажбата и наплатата ... 🙏😉👏 Корисни линкови Како-да: Креирање на бизнис сметка на PayPal за продажба на производи/услуги и прием на пари Кои кредитни/дебитни картички поддржуваат продажба преку Пејпал - проверете дали има опција Ауто-трансфер Даночен третман на плаќања и провизии кај Paypal трансфери Како-да: Пренос на заработеното преку Пејпал -->> на салдото од вашата платежна картичка #paypal #пејпал13490
- Како-да: Креирање на бизнис сметка на PayPal за продажба на производи/услуги и прием на париIn Платежни услуги PayPal и ост.16 април 2020 г.Uspeav, Sega uste da vidam od UJP kako ke reagiraat :)12
- Аплицирав за отворање сметка за прием на пари преку Skrill - ме одбијаIn Платежни услуги PayPal и ост.31 јули 2021 г.Еве упатувачки линк за скрил 100% ќе ви работи . Use Skrill to send money to friends and relatives, pay and play online or make quick and easy international payments to merchants. Open an account: https://account.skrill.com/signup?rid=145524730&utm_source=RAF&utm_campaign=AND12
- Статистика: Зголемени платите во ноември 2018 во однос на Октомври 2018 - бруто-платата е 36.017 денариIn Сметководство и финансии·22 јануари 2019 г.Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во ноември 2018 година, во однос на ноември 2017 година, изнесува 105.7 Ваквото зголемување се должи, пред сè, на зголемувањето на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во секторите: Информации и комуникации (18.8 %), Рударство и вадење на камен (17.2 %) и Дејности на здравствена и социјална заштита (10.4 %). Намалување на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Рударство и вадење на камен (5.7 %), Други услужни дејности (4.9 %) и Финансиски дејности и дејности на осигурување (3.2%). Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во ноември 2018 година изнесува 36 017 денари. Извор: Државен завод за статистика #статистика #плата1289
- За кого е наменет Microsoft Dynamics NAV?In Microsoft Dynamics 365·6 март 2018 г.Со преку 100.000 корисници ширум светот, Microsoft Dynamics NAV е софтвер за интегрирано сметководствено и деловно работење за мали и средни претпријатија. Благодарение на Логин Системи, Dynamics NAV е во функција и во Македонија. Нашите софтверски решенија базирани на Microsoft Dynamics NAV се креирани и оптимизирани за трговски компании, производители, агилни и брзо растечки мали компании и услужни организации што имаат потреба од изработка на точни и навремени извештаи, сакаат да ја подобрат контролата во водењето на бизнисот и да ги зголемат перформансите во сите свои оддели. Сметководствениот и деловниот софтвер (ERP) се инсталира кај корисникот или се поставува во „облак“ и вклучува богати-со-опции апликации кои формираат целосен интегриран систем. Овој систем го поддржува растот на организацијата преку поедноставување на процесите и намалување на трошоците и обезбедува информации за вистински и навремени деловни одлуки на различните организациски нивои. За разлика од конкуренцијата, деловните решенија и услуги од Логин Системи се карактеризираат со подобро знаење за бизнисот и сметководството и поседуваат повеќе децениско искуство во разни бизнис ситуации. Ние сме доверлив партнер кој има сопствена локализација и надополнувања на светски-познатиот ERP систем, Microsoft Dynamics NAV, за да ги задоволиме пребирливите барања на менаџментот кај нашите корисници во склад со македонските закони и прописи. Продажбата како примарен ориентир Како некој примарен ориентир која компанија може да има најмногу придобивки од користењето на решенијата базирани на Dynamics NAV послужува годишната продажба на компаниите. На наредната слика е прикажано кои би биле минималните продажби за одреден тип на компании. Секако дека овој критериум треба да се зема со одредена доза на резерва бидејќи значајни критерими се бруто маржата, вкупниот број на вработени, бројот на вработени што ќе го користат решението како и бројот на оддалечени локации (седиште и претставништва/продавници/магацини). Повеќе за Microsoft Dynamics NAV има на www.ERP.mk/DynamicsNAV. Повеќе за услугите на Логин Системи има на www.ERP.mk/pregled-uslugi.12140
- Успешна изведба на стратегија со Balanced ScorecardIn Стратегија и менаџмент·26 март 2018 г.Верувајќи дека изведбата на стратегијата е витален континуиран процес што секоја организација мора да ја владее за да ја реализира стратегијата и оствари соодветната визија, Dr. Kaplan и Dr. Norton ја креираат работната рамка Balanced Scorecard. Истата за прв пат ја објавуваат во реномираниот бизнис магазин Harvard Business Review. На највисоко концептуално ниво, Balanced Scorecard е методологија која помага на организациите да ја преведат стратегијата во оперативни цели што ги насочуваат однесувањата и ги подобруваат перформансите во организациите. Balanced Scorecard е методологија за опишување на стратегијата преку стратешка мапа, мерење на стратегијата со избалансирани картички и за управување на стратегијата со методологијата Execution Premium. Според Каплан и Нортон, за извонредни резултати е потребна изведба на стратегијата и тоа се прави со: Опишување на стратегијата со стратешка мапа Мерење на стратегијата со Balanced Scorecard Менаџирање на стратегијата со Execution Premium (за да се постане Strategy Focused Organization) Стратешка мапа Стратешката мапа и’ овозможува на организацијата да ги опише и илустрира целите, иницијативите и таргетите, метриките за да се постигне одредено ниво на перформанси како и врските што се неопходни за стигнување до стратешкото одредиште. Balanced Scorecard Иницијално, замислата на Balanced Scorecard е да биде сеопфатна рамка која ќе овозможува на менаџерите да ги претстават стратегијата и визијата во перформансни метрики. Наместо да се следат само финансиските метрики, со Balanced Scorecard се поставуваат и следат и нефинансиски метрики или стратешки-битни метрики. Така според Balanced Scorecard, перформансните метрики се групираат во четири взаемно поврзани перспективи и тоа: Финансиска перспектива Перспектива за купувачите Перспектива за интерните процеси и операции Перспектива за учење и раст Стратешко-ориентирана Организација Основни принципи на стратешко-ориентирана организација (1) мобилизирање на промени преку извршно лидерство, (2) преведување на стратегијата во оперативни термини, (3) поврзување на организацијата со стратегијата, (4) Мотивирање на вработените стратегијата да биде работа на секој во фирмата, (5) управување за стратегијата да биде континуиран процес. При работењето со стотици организации во светот и користејќи ја работата на Каплан/Нортон, Паладиум го разви Palladium Execution Premium Process (XPP) – тоа е докажана работна рамка за организациите кои остваруваат високи перформанси со приод на затворен циклус во изведбата на стратегијата. Шесте фази од XPP се: Развој на стратегија Преведување на стратегија Поврзување со организацијата Планирање на операциите Следење и учење Тестирање и адаптирање Слика:Palladium Execution Premium Process™ (XPP) Зошто е Balanced Scorecard посебен? Тој се издвојува според четири посебни карактеристики: 1. Одраз на мисијата и стратегијата на организацијата одгоре-надолу. Спротивно на Balanced Scorecard, повеќето компании ги следат метриките оддолу нагоре и истите произлегуваат од некакви локални активности или ад хок процеси со што често се ирелевантни на целокупната стратегија. 2. Далекувидност. Balanced Scorecard го адресира моменталниот успех но и евентуалниот иден успех. Традиционалните финансиски метрики опишуваат како компанијата работела во последниот извештаен период – без укажување на тоа како менаџерите можат да ги подобрат перформансите во следниот извештаен период. 3. Интеграција на надворешни и внатрешни метрики. Тоа им помага на менаџерите да увидат каде во минатото направиле компромис меѓу перформансните метрики и да им помогне да се обезбедат дека успехот една метрика во иднина не доаѓа на на сметка на друга метрика. 4. Фокусирање. Многу компаниии следат повеќе метрики отколку што можат да користат. Од друга страна, методологијата на Balanced Scorecard бара од менаџерите да постигнат согласност за оние метрики кои се најкритични за успехот на стратегијата на организацијата. Обично се доволни петнаесет до дваесет различни метрики, а секоја метрика е наменета за соодветен оддел од организацијата. Методологијата Balanced Scorecard може да ја користат и големи и мали фирми, приватни и јавни организации, министерства, болници и невладини организации. Организации што користат Balanced Scorecard Многу познати светски фирми и организации (вклучително и министерства и влади на држави) користат Kaplan-Norton balanced scorecard во своето работење. На линкот тука има одговори на најчесто поставуваните прашања за Balanced Scorecard. Повеќе теми за стратегија, менаџмент и balanced scorecard има на форумот тука. Повеќе постови на Венко Глигоров на форумот има на линкот https://www.loginsystems.biz/members/venko-gligorov/forum-posts. Кликни лајк или сподели го постот ако ти се допадна. Тенкс. :)12138
- За да носи мед, саќето треба да е подготвено - следни чекори за PayPalIn Платежни услуги PayPal и ост.·4 септември 2019 г.Со одлуката на Народната банка се надмина главната регулаторна пречка. Првиот чекор е направен, но сеуште е рано да се зборува за (одржливи) резултати. Од социјалните мрежи и од лично искуство мислам дека е потребно да се направи синхронизирана акција за изградба на одржлив и пофитабилен-за-секого систем на пред-се' извоз на македонски производи и услуги (и нивна наплата). Поголемите фирми и организации тоа го можат и им е направено. Потребна е поддршка за помалите организации, за професионалците и за оние кои допрва треба да почнат и ќе имаат за почеток мали и нередовни трансакции. Кои се' чинители треба да бидат вклучени? Пред се' сево ова мора да биде следено од Народната банка и соодветно да се реагира на регулативата во подоцнежните фази. Банките ќе треба да понудат услуги и пристапни за водење на сметките кои ќе бидат поврзани со странските сметки на платежните оператори. Министерството за финансии треба да ги координира УЈП и Царината, но и да предвидува во буџетот ставки за поддршка на извозот на производите и услугите. Буџет треба за промоција на Македонија кај платежните оператори, поддршка и субвенционирање на малите трансакции кај фирмите, како и организирање на обуки преку овластени консултанти - ова е за Министерството за економија. Министерството за транспорт е потребно да врши ревизија на работењето на Македонски пошти на регуларна основа. Исто така треба да создаде услови да се појават помали и пофлексибилни транспортни оператори кои за мали пари ќе праќаат мали пратки низ светот. Инспекторите во УЈП да бидат запознати за овие (за Македонија) нестандардни услови на продажба и да стимулираат таква продажба наместо да гледаат интерес како да искамчуваат бенефиции од фирмите што продаваат преку Интернет. Посебно место за ваквите продажби има во Царината. Продажбата преку Интернет е around the globe, 24 пута 7. Исто така, карактеристика е тоа што има многу мали пратки но многу чести. Ако се оди по стандарден канал, македонските производи нема да бидат конкурентни. Една царинска декларација заедно со услуга од шпедитер иде накај 100 евра. За производи од 30 или 40 евра, колку што би можела да биде една пратка со некакви производи, овој износ е огромен. На крајот, секако се стопанските комори. Тие треба да ги стимулираат фирмите, да вршат едукација и да даваат поддршка на олеснување на работењето со продажба преку Интернет. Најважно, стопанските комори е потребно да работат со фирмите на „брусење“ на македонските производи и услуги за да може да бидат конкурентни на светските пазари. Кои се вашите размислувања? Ова би биле појдовните основи за воведувањето на Пејпал и останатите во Македонија. Што мислите? Кои се вашите видувања? 🤔🤔🤔 Ве молам да ја проишите дискусијава на повеќе места за да имаме релевантност. Благодарам! 👏👏👏👍👍👍 #пејпал #здруженодорезултати12953
- Како-да: Креирање на бизнис сметка на PayPal за продажба на производи/услуги и прием на париIn Платежни услуги PayPal и ост.9 април 2020 г.Не сфаќам, нели пејпал за прием на пари не функционира во Македонија? Или нешто се сменило?11
- "An ounce of action is worth a ton of theory. Ralph Waldo EmersonIn Стратегија и менаџмент·28 април 2019 г.1116
- СоветIn Платежни услуги PayPal и ост.28 октомври 2020 г.За каква пратка се работи, како ја испрати, дали имаш tracking бројче доколку ти е испратена преку пошта?11
- Paypal-Visa Debit ProblemIn Платежни услуги PayPal и ост.30 јули 2020 г.Се јавив во банка, проблемот е поврзан со картичката. По дифолт картичките немаат доделен лимит за онлајн плаќање, треба да се јавите на телефонот за подршка да ви доделат лимит. Грешката се јавува ради тоа што пејпал пробува да наплати некоја ситна сума од картичката за верификација, не може и јавува грешка.11
- Како-да: Пресметка и плаќање на кирија од фирма на сопственик – физичко лице преку УЈПIn Сметководство и финансии8 октомври 2021 г.Ние закупнините ги подготвуваме и потпишуваме на едно место, преку Mozilla.11
Пребарај во блог-објавите ...
Пребарај низ форумот на Логин Системи
Ако не најде тоа што те интересира, прегледај ги изворите на следните линкови
bottom of page







