top of page
LSLogoTransparentWOSlogan

Резултати од пребарување

392 results found with an empty search

  • Вчитување на екстерни фајлови XLS и TXT во Dynamics NAV

    Скопје, 13.10.2017. Во завршна фаза е функционалноста на вчитување на екстерни фајлови (Excel или текстуални) во сметководствениот и ЕРП систем Microsoft Dynamics NAV. Документите се вчитуваат во Дневник на документи и тие може да содржат набавни и продажни фактури, налози за книжење и изводи од банките. Откако ќе се проверат податоците и евентуално се ажурираат, од Дневникот на документи се креираат соодветни изворни документи во NAV (види слика подолу). Вака креираните документи потоа се книжат во главна книга и се ажурираат соодветните листи на книжени документи. Графички приказ на процесот на вчитување на документи Со помош на Дневникот на документи, корисниците ќе можат да ги вчитуваат изводите од банките и да ја забрзаат постапката на внесување и раскнижување на плаќањата. Дневникот на документи може да се користи и за комуницирање на фирмата со екстерното сметководствено биро. Оваа функционалност е правена за верзијата 2017 од Dynamics NAV. После финалното тестирање, модулот ќе биде расположив за примена кај корисниците. Microsoft Dynamics NAV 2017 е најсеопфатниот интегриран ERP систем што се нуди во Македонија. Тој е најпопуларниот ERP за мали и средни фирми во светот - 100.000 организации работат со NAV. Формирана во 1991, Логин Системи е македонска компанија со мешовит македонски и американски капитал со специјалност во изработка на деловни ЕРП решенија базирани на Microsoft Dynamics NAV. Логин Системи е овластен провајдер на решенија и услуги базирани на Microsoft Dynamics NAV од 2002ра година до денес. Повеќе информации може да се добијат на www.loginsystems.biz . #MK #DynamicsNAV #Сметководство

  • Поставени ознаките со новото лого на Логин Системи

    Скопје, 13.10.2017. Ознаките со новото лого се поставени во просториите на Логин Системи на ул. Гиго Михајловски бр. 3а во Скопје. Формирана во 1991, Логин Системи е македонска компанија со мешовит македонски и американски капитал со специјалност во изработка на деловни ЕРП решенија базирани на Microsoft Dynamics NAV. Логин Системи е овластен провајдер на решенија и услуги базирани на Microsoft Dynamics NAV од 2002ра година до денес. Повеќе информации може да се добијат на www.loginsystems.biz. Креирањето на ознаките и нивното поставување го изведе фирмата Макас Инженеринг. Повеќе инмформации за Макас инженеринг има на http://makas.biz/zanas.html. Microsoft Dynamics NAV 2017 е најсеопфатниот интегриран ERP систем што се нуди во Македонија. Тој е најпопуларниот ERP за мали и средни фирми во светот - 100.000 организации работат со NAV. #PR #MK

  • Писмо до PayPal испратено од приватната иницијатива

    Скопје, 08.10.2017. Денес, Венко Глигоров, основачот на Логин Системи и водачот на приватната инцијатива за воведување на PayPal за електронска трговија во Македонија испрати писмо до официјалните лица на глобалниот платежен сервис PayPal. Писмото е продолжение на комуникацијата на Министерството за финансии со PayPal ова лето годинава.  Повеќе информации има тука ... #PayPal #Иницијатива

  • Писмо до PayPal испратено од приватната иницијатива

    Скопје, 08.10.2017. Денес, Венко Глигоров, основачот на Логин Системи и водачот на приватната инцијатива за воведување на PayPal за електронска трговија во Македонија испрати писмо до официјалните лица на глобалниот платежен сервис PayPal. Писмото е продолжение на комуникацијата на Министерството за финансии со PayPal ова лето годинава. Целите на иницијативата се да се отворат нови можности и продажни канали на македонските претприемачи и професионалци, да се намали одливот на „мозоци“ од Македонија и да се ублажи даночната евазија заради отворање на сметки на PayPal во странство од страна на македонските граѓани и бизниси. Во писмото се наведува и за придобивките на PayPal со отворањето на платежниот систем во Македонија. „Иако државната поддршка е значајна, светските компании ценат многу кога приватниот сектор има иницијатива за воведување на некој бренд или услуга“, изјави Венко Глигоров. „Им ги предочивме предизвиците со кои се соочува Македонија како и потенцијалот од воведување на услугата PayPal“. Целосното писмо може да се прочита на линкот тука . Линк за преглед на писмото испратено до PayPal (англиски јазик) Во јавноста постои решеност дека ако PayPal не реагира во некој разумен рок, да се премине на контактирање други платежни провајдери кои се актуелни во светот. Приватната иницијатива наиде на поддршка од преку илјада претприемачи и професионалци, а Министерството за финансии се заложи да ја предводи државната меѓу ресорска група составена од ресорните министерства, Народната банка на РМ и банкарскиот сектор. Повеќе информации за иницијативата може да се најдат на адресата https://goo.gl/7wo2Ur . Од своето основање во 1991ва до денес, Логин Системи е општествено одговорна организација и покрај деловно-комерцијалните активности вклучува активности кои се корисни за економијата и пошироката општествена заедница. Логин Системи е овластен провајдер на решенија и услуги базирани на Microsoft Dynamics NAV. Повеќе за Логин Системи има на адресата www.loginsystems.biz . #MK #Општественаодговорност #PR

  • На прослава на Шмиц Каргобул - 125ти роденден

    Нашиот долгогодишен клиент за Microsoft Dynamics NAV - Шмиц Каргобул Македонија, вчера прослави 125 години oд основањето на својата мајка-фирма. Прекрасната атмосфера ја подгреа актерот Сашко Коцев за да продолжи со одлична музика и жива свирка. На прославата Шмиц Каргобул го претстави својот најнов производ - паметната приколка Smart Trailer. Од прославата: Евгенија Ѓорѓиева и Венко Глигоров Со годишно производство од 50.000 возила и околу 5100 вработени, Шмиц Каргобул АГ е водечки производител во Европа за полу-приколки и приколки за превоз на производи со контролирана температура, општ карго и групни производи. Повеќе за нашата соработка со Шмиц Каргобул има на линкот тука ... https://www.cargobull.com/en/

  • Одржан семинарот - Од локален софтвер кон ERP систем

    На семинарот се споредуваше традиционалното водење на сметководството кај фирмите и новото подобрено работење со помош на хостирано решение Dynamics NAV. Повеќе има на линкот тука ... #DynamicsNAV #Сметководство #ERP #ВенкоГлигоров

  • Одржан семинарот „Од локален софтвер кон ERP систем“

    Скопје, 04.10.2017. Денес во просториите на Логин Системи се одржа презентација за деловни луѓе и ИТ администратори посветен на ERP системот Microsoft Dynamics NAV. Презентер: Венко Глигоров ERP системите го интегрираат сметководството со другите оперативни функции од работењето на организациите. Microsoft Dynamics NAV е еден од најпопуларните ERP системи во Европа. На семинарот се споредуваше традиционалното водење на сметководството кај фирмите и новото подобрено работење со помош на хостирано решение Dynamics NAV (прикажано на сликите подолу). Галерија слики - кликни за зголемување Со семинарот раководеше Венко Глигоров, технички консултант, а му помагаше Евгенија Ѓорѓиева, финансиски консултант за ERP системи и Microsoft Dynamics NAV. Microsoft Dynamics NAV 2017 е најсеопфатниот интегриран ERP систем што се нуди во Македонија. Тој е најпопуларниот ERP за мали и средни фирми во светот - 100.000 организации работат со NAV. Формирана во 1991, Логин Системи е македонска компанија со мешовит македонски и американски капитал со специјалност во изработка на деловни ЕРП решенија базирани на Microsoft Dynamics NAV. Логин Системи е овластен провајдер на решенија и услуги базирани на Microsoft Dynamics NAV од 2002ра година до денес. Повеќе информации може да се добијат на www.loginsystems.biz . #MK #PR #DynamicsNAV #Сметководство

  • Пуштен во употреба нов веб сајт за поддршка и ресурсен центар ...

    ... наменет за корисниците на Microsoft Dynamics NAV во Македонија и регионот. Повеќе има на линкот тука ...

  • Нов веб сајт за поддршка и ресурсен центар

    Скопје, 30.09.2017. Денес, Логин Системи објавува дека го пушта во употреба новиот веб сајт за поддршка и ресурсен центар наменет за корисниците на Microsoft Dynamics NAV во Македонија и регионот. Делот за поддршка е интерактивен и содржи категории за поставување на прашања, а одговорите може да ги даваат стручните лица од Логин Системи како и самите корисници од другите фирми. Исто така постојат категории за „Пријави случај“ и „Желби“ кадешто се заведуваат случаите на одредени потешкотии со кои се соочуваат корисниците и ги споделуваат потребите од дополнителни функционалности што ги имаат корисниците - кај првите Логин Системи ќе бара и посочува решенија, а желбите на корисниците ќе се разгледуваат и решаваат интерно во Логин Системи или ќе се препраќаат во Microsoft. Содржина на веб сајтот за поддршка и ресурсен центар Во категоријата „Новини“ ќе се објавуваат новости поврзани со Microsoft Dynamics NAV какви што се објави за нови обуки, нови верзии, исправки на постоечките верзии и сите други информации кои може да користат во секојдневното работење. Ресурсниот центар се состои од фајлови, видеа и информации за учење на Microsoft Dynamics NAV. „Очекуваме овој сајт да биде од голема полза на корисниците во секојдневната работа на фирмите и организациите.“ изјави Венко Глигоров, главен проектант на решенија за Dynamics NAV. „Поради концептот на интерактивност, стручните лица од организациите ќе може да комуницираат меѓусебно и да разменуваат искуства и знаења од областа на ЕРП системите, финансиите и сметководството.“ Сајтот за поддршка и ресурсниот центар може да го користат сите корисници на Microsoft Dynamics NAV на територијата Македонија, Косово и Албанија. Пристапот до сајтот е на принципот на одобрување од страна на модераторот и се наоѓа на адресата https://support.loginsystems.biz . Microsoft Dynamics NAV 2017 е најсеопфатниот интегриран ERP систем што се нуди во Македонија. Тој е најпопуларниот ERP за мали и средни фирми во светот - 100.000 организации работат со NAV. Формирана во 1991, Логин Системи е македонска компанија со мешовит македонски и американски капитал со специјалност во изработка на деловни ЕРП решенија базирани на Microsoft Dynamics NAV. Логин Системи е овластен провајдер на решенија и услуги базирани на Microsoft Dynamics NAV од 2002ра година до денес. Повеќе информации може да се добијат на www.loginsystems.biz . #MK #PR #DynamicsNAV

  • Отворен е форумот на Логин Системи за сите

    Скопје, 23.09.2017. Денес, Логин Системи го направи достапен својот форум за сите посетители на својот јавен веб сајт на адресата www.LoginSystems.biz/forum . Форумот е организиран во 5 категории (рубрики), а темите може да ги отворат модераторите на Логин Системи и/или посетителите на форумот кои претходно се зачлениле. Категоријата „NAV: на едно место“ опфаќа актуелни теми од функционалностите и придобивките од користењето на Micrsooft Dynamics NAV. Во категоријата „Како да направам ...“ модераторите на форумот ставаат чести потреби од корисниците, а посетителите може да поставуваат прашања и да добиваат одговори од сите членови на форумот. За посетителите на форумот од англиско говорно подрачје е наменета категоријата „NAV Users & Professionals“. Изјавите на корисниците на Dynamics NAV се забележуваат во категоријата „Quotes / Изјави“. Категории (рубрики) на Форумот За разлика од сите претходно наведени рубрики кои се директно поврзани, на форумот е отворена и рубрика за „Стратегија и менаџмент“. Постовите во оваа рубрика се однесуваат на генерални поими, алатки и решенија за подобро управување со организациите. Новина е тоа што во оваа рубрика ќе се поставуваат и теми поврзани со една од најзначајните методологии за изведба на стратегија, Balanced Scorecard, кадешто модератор е сертифицирано лице за Balanced Scorecard. Членовите на форумот ќе можат отвораат теми, да коментираат веќе поставени теми и да споделуваат на социјалните мрежи за популаризација на овие теми. Зачленувањето на форумот е бесплатно и нема ограничувања кој може да учествува. За да се држат до темата, модераторите може да бришат постови или коментари кои се надвор од темата или се недолични. Форумот може да се прегледува и користи и на мобилните телефони и уреди. „Очекуваме содржаен форум со корисни теми и коментари за менаџментот, сметководсвото и ЕРП системите со што ќе го збогатиме македонскиот информативен простор и ќе создаваме услови за напредок на економијата во Македонија“, изјави Венко Глигоров, управител на Логин Системи. Кон форумот ==>> www.LoginSystems.biz/forum #MK #PR

  • Компаниски видео клип

    Логин Системи го објавува својот нов компаниски клип со новото лого. Благодарност за нашиот пријател Александар Левески.

  • Настан во среда 27.09.2017

    Логин Системи организира настан на тема „Преминување од локален кон ERP систем со Dynamics NAV 2017“. Повеќе информации и место за пријавување има на линкот тука .

Пребарај во блог-објавите ...

Пребарај низ форумот на Логин Системи

Ако не најде тоа што те интересира, прегледај ги изворите на следните линкови

MSD365BC.png
DYNAMICS NAV / 365 BUSINESS CENTRAL
Hands
ФОРУМ
Notebook
БЛОГ-ОБЈАВИ
Reading Icon
ПОДДРШКА
bottom of page