top of page
LSLogoTransparentWOSlogan

Резултати од пребарување

397 results found with an empty search

  • Топ 10 најчитани написи за стратегија и менаџмент

    Форумот за стратегија и менаџмент на Логин Системи има корисни написи за теми кои се практични за бизнисот и менаџментот, а се поткрепени со теоретски сознанија. Во оваа прилика ги издвојуваме десетте најчитани написи од форумот досега - форумот е отворен за коментари, нови написи и лајкувања. Да почнеме од десет па накај врвот ... 10 Дефиниција: Стратегија Стратегија за прв пат се јавува како војнички поим (од грчкиот збор stratego ) кој се користи за да се опише уметноста на војување на генералот. Под стратегија се подразбира  планот на генералот за распоредување и маневрирање на неговите сили со цел да се победи војската на непријателот. 9 Како до балансиран животен стил? Со правилото 80/20. Сте слушнале ли за тн. 80/20 правило? Независно од вашиот одговор, во продолжение ќе прочитате за изворната примена на правилото, но и за моите препораки како да се употреби неговата логика, за промена на животната филозофија во насока на водење поизбалансиран , а со тоа и среќно-успешен живот. 8 План за одбрана на Велика Британија со Balanced Scorecard Карактеристика на планот за одбрана на Велика Британија е тоа што се користи општо-прифатена методологија за стратегија и изведба на стратегија оригинално поставена од Др. Каплан и Др. Нортон - Balanced Scorecard. Методологијата Balanced Scorecard како методологија наоѓа широка примена во бизнисот и во владата. 7 Четири перспективи на бизнисот (и организацијата) со BSC Многу често луѓето мислат дека мерењето е алатка за контрола на однесувањето и оценување на изминатите перформанси на вработените и организацијата. Всушност, Balanced Scorecard (BSC) се користи на поинаков начин. 6 Пресметка на цена на чинење на вработен или ресурс ... пример со мерење на трошоците на медицинска сестра при работа со пациенти кадешто ќе користам податоци кои повеќе одговараат на македонските услови. Исто така на крајот од овој пост поставувам линк за урнек во Excel за пресметка на цена на чинење на ресурс. 5 Поим: Стратешка агенда за промени Стратешка агенда за промени е ефективен начин за одредување, сумаризирање и социјализирање на т.н. Случај за промени. Агендата ги отсликува деловните предизвици што насочуваат кон потребата од промени кај критичните перформансни димензии. Агендата за стратешки промени ги одредува тековните наспроти достижните и посакуваните состојби за секоја димензија. Пример со FBI . 4 Инфраструктура за креирање и изведување на стратегија Квалитетни анализи и корисни одлуки за креирање и изведување на победнички стратегии е речиси невозможно без пристап и користење на квалитетни податоци. ЕРП системите имаат клучна улога во креирањето и изведбата на стратегијата. Тие се дел од т.н. овозможувачи на стратегијата (анг. strategy enablers ).  3 Стратегија: Градење правосудство во МК со моделот на Шкотска Градењето на правосудниот систем на Шкотска е школски пример како се гради и изведува стратегијата за подобар правосуден систем. Шкотска е релативно мала земја и може да се земе како модел со принципи врз кој ќе се гради правосудниот систем во Македонија. 2 Историски показатели или водечки индикатори? За остварување на стратегиските цели потребно е да се користи соодветен микс од историски показатели и водечки индикатори. Мерките со кои се стимулираат постигнување на идни резултати се нарекуваат водечки индикатори (анг. leading indicators). 1 (Би)вол-стадо или лет на полските гуски Разликите во стилот на менаџмент базиран на стадото биволи и летот на гуските е голем. Со парадигмата на јатото од гуските, може лесно да се увидат придобивките од засилениот "тимски" приод каде што секој е вовлечен во активности за групата да може да стигне до посакуваната одредница. #Стратегија #Форум #ЛогинСистеми #Менаџмент Членувањето во форумот на Логин Системи е бесплатно. Повеќе за членовите има на линкот Членови. Кликнете на главната страница за форумот за да ги видите рубриките на форумот.

  • Форум: За кого е наменет Microsoft Dynamics NAV?

    Со преку 100.000 корисници ширум светот, Microsoft Dynamics NAV е софтвер за интегрирано сметководствено и деловно работење за мали и средни претпријатија. Благодарение на Логин Системи, Dynamics NAV е во функција и во Македонија. Нашите софтверски решенија базирани на Microsoft Dynamics NAV се креирани и оптимизирани за трговски компании, производители, агилни и брзо растечки мали компании и услужни организации што имаат потреба од изработка на точни и навремени извештаи, сакаат да ја подобрат контролата во водењето на бизнисот и да ги зголемат перформансите во сите свои оддели. Како некој примарен ориентир која компанија може да има најмногу придобивки од користењето на решенијата базирани на Dynamics NAV послужува годишната продажба на компаниите. Продолжи да читаш тука ...

  • ПОС апликација за ресторани, кафулиња и малопродажба

    Опциона МК локализација за Microsoft Dynamics NAV Dynamics NAV поддржува малопродажни продавници и ПОС решенија за работа со малопродажни цени како што се бара во Македонија. Поддршката ја овозможува македонската локализација и надополнувањат на Логин Системи. На Dynamics NAV може да се прикачат ПОС апликации кои се поврзуваат со фискалните принтери и формираат ПОС каси. Надополнувањата и подесувањата што ги прави Логин Системи се однесуваат на книгата за трансакции на артиклите, пописот во продавница, производството, трансферите на артиклите од магацин во продавница, формирање на цени и обратно како и за потребните извештаи што ги бара законодавачот. ПОС апликацијата на Логин Системи е со едноставен изглед но има моќни опции за брза и конформна работа на корисниците. Тие може да користат тачскин монитори или глувче со тастатура. Исто така, ако производите имаат бар-кодови, може да се користат бар-код читачи. Подолу се прикажани неколку екрани од апликацијата што е во функција во ланецот на ресторани: Мекиците од Стража . Слики од повеќе екрани на апликацијата за ПОС каси Екраните може да се прилагодуваат на барањата на корисникот или на самиот бизнис. ПОС касите се поврзуваат со централниот Dynamics NAV преку локална мрежа или Интернет. За таа цел, Логин Системи направи конектор со кој податоците од ПОС решенијата за фискални каси ќе можат да се префрлуваат во NAV. Шема на ПОС и Dynamics NAV Покрај поврзувањето на ПОС апликацијата со НАВ за префрлување на сметките, конекторот овозможува моментална синхронизација на податоците од НАВ кон касата. Оваа синхронизација се употребува за одредување на продажните цени на артиклите во продавниците на централно место во НАВ кои веднаш (или на одредено време од корисникот) се пренесуваат во продавниците. Конекторот овозможува и пренесување на претходно креираните кампањи за цени и попусти од НАВ на ПОС локациите. Различни групи на купувачи може да имаат различни услови на набавка во поглед на цени и начин на плаќање во НАВ и со помош на конекторот истите се пренесуваат до сите локации. Microsoft Dynamics NAV е систем кој е направен како платформа на која може да се надодава и прилагодуваат работи кои се бараат од корисникот. За потребите на македонските организации, Логин Системи има изработено и се во функција сет од од подесувања, подобрувања и нови опции кои се однесуваат на законските прописи, како и надополнувања за дополнителен конфор во работата и потребите на менаџерите. Македонска локализација во Microsoft Dynamics NAV (изработена од Логин Системи) Изведбата на македонската локализација е повеќеслојна и флексибилна. Со оваа локализација се обезбедува да се задоволат различните потреби на корисниците независно од нивната големина и за различните потреби. Локализацијата во Македонија е изведена во три слоја: (1) задолжителна локализација, (2) суштинска локализација со надополнувања, и (3) надополнувања по желба и потреба. Microsoft Dynamics NAV (од оваа година и под називот Dynamics 365 Business Central) е најкомплетниот интегриран систем што се нуди во Македонија. Тој е најпопуларниот ERP за мали и средни фирми во светот - 100.000 организации работат со NAV. Целосна листа на македонска локализација и надополнувања има тука. Логин Системи е овластен провајдер на решенија и услуги базирани на Microsoft Dynamics NAV од 2002ра година до денес. #MK #DynamicsNAV

  • Ролјата Сметководител прилагодена за македонските сметководители

    Новости: Логин Системи ја прилагоди ролјата Сметководители да одговара на потребите и навиките на македонските сметководители. Главниот екран на Dynamics NAV за ролјата Сметководител Во централниот дел од главниот екран се прикажани отворените документи и документите што доспеваат наредната седмица. Во десниот дел сметководителот може да избере кои му се омилените конта, добавувачи и купувачи и во секое време да ги гледа нивните салда. (подетални слики се наоѓаат најдолу во постот). Од лева страна во горниот дел се прикажани најкористените команди какви што се контен план, сметки во банка, купувачи, добавувачи, буџети и дојдовни документи. На десната страна во долниот дел се прикажани областите какви што се дневници за книжење, основни средства, плати и вработени, паричен тек, трошковно сметководство, преглед на книжените продажни и набавни фактури и приемници/испратници, како и команди за администрација и подесување. Има можност и за евиденција на работно време за да се синхронизира со платите. Во горниот дел од екранот се наоѓаат табови со листа од команди. Листата е контекстно чувствителна и се прикажуваат само командите кои се битни за дадениот избор. На пример, ако изборот е конта, тогаш се прикажани команди кои се карактеристични за работата со конта. При избор на контен план, се прикажуваат контата од контниот план заедно со салдата, а во табовите има команди кои се соодветни за контниот план. Десно од листата, сметководителот може да става забелешки и коментари кои се однесуваат за соодветните конта. Кликни во галеријата од слики погоре за детален преглед и зголемени слики Microsoft Dynamics NAV (од 2018та како Dynamics 365 'Tenerife' е најкомплетниот интегриран сметководствен систем што се нуди во Македонија. Тој е најпопуларниот ERP за мали и средни фирми во светот - 100.000 организации работат со NAV. Целосна листа на македонска локализација и надополнувања има тука . Логин Системи е овластен партнер и имплементатор на решенија и услуги базирани на Microsoft Dynamics NAV од 2002ра година до денес. #Сметководство #MK #DynamicsNAV

  • Нова ролја: Менаџер на човечки ресурси

    Новости: Подобрени функционалности на Microsoft Dynamics NAV. Логин Системи изработи и воведе нова ролја во системот за сметководствено работење и поддршка на деловни операции Microsoft Dynamics NAV. Ролјата "Менаџер на човечки ресурси" ги содржи сите потребни информации и активности поврзани со водењето на кадровската служба во малите и средни организации. Во ролјата е вградено повеќе од 10 годишно искуство на Логин Системи во работењето со организациите што имаат повеќе од 50 вработени. Со стартување на Dynamics NAV на главниот екран се прикажуваат вкупниот број на човечки ресурси и други податоци поврзани со вработените (види слика долу). Со кликнување на една од плочките, се прикажуваат подетални листи на вработени. Од левата страна на менито се дадени сите команди за вработени, шифрарници и модулот за плати на вработените. Од десната страна се дадени податоци од евиденцијата на работното време на вработените. Ролји на корисници во Dynamics NAV Со ова надополнување Dynamics NAV станува уште поатрактивен и поприменлив за македонските компании и институции. Microsoft Dynamics NAV (од 2018та како Dynamics 365 'Tenerife' е најкомплетниот интегриран сметководствен систем што се нуди во Македонија. Тој е најпопуларниот ERP за мали и средни фирми во светот - 100.000 организации работат со NAV. Целосна листа на македонска локализација и надополнувања има тука . Логин Системи е овластен партнер и имплементатор на решенија и услуги базирани на Microsoft Dynamics NAV од 2002ра година до денес. #MK #DynamicsNAV

  • Што е ново во Dynamics NAV 2017?

    Стратегијата на Microsoft е корисниците на Dynamics NAV да добиваат секоја година дополнета верзија на Dynamics NAV во која ќе бидат вклучени најновите техничко-технолошки достигнувања. Па така после Dynamics NAV 2015 и Dynamics NAV 2016, неодамна Microsoft го лансираше Dynamics NAV 2017. Пред да ги изнесеме најбитните дополнувања на оваа верзија, да потсетиме дека Dynamics NAV е модуларен и тесно интегриран софтверски систем кој информатички ги поддржува следните активности: Сметководство и финансиски менаџмент за менаџирање на парите, средствата и банкарството. Ланец за снабдување, производство и логистика за евиденција и управување со производството, залихите, порачките и добавувачите Продажба и сервис за менаџирање на коминтентите, продажните можности/зделки и договорите за одржување и сервис Управување со проекти за креирање на проценки, водење на проекти и менаџирање со капацитетите Деловна интелигенција и систем на извештаи за детален и општ преглед на работата на организацијата и носење на одлуки поткрепени со факти Поддршка за интернационални валути за конкурирање на интернационалниот пазар со разчлични валути и јазици Флексибилно инсталирање на сопствена опрема или во „облак“ според модел кој најдобро одговара на потребите на организацијата. Дополнувањата на Dynamics NAV во верзијата од 2017та може да се групираат во (1) подобрувања на основната апликација, (2) приближување на двата света Power BI и Office365 како и (3) општи подобрувања во користењето и проширувањето на NAV. Подобрувањата на основната апликација воглавно е направена во 4 делови и тоа кај финансиите, артиклите, проектите и CRM. Во финансиите главното дополнување е тоа што контниот план е проширен со категории на конта и додадени се два нови извештаи кои ги користат категориите на конта – извештај за паричен тек (анг. Cashflow) и изјава за задржана добивка (анг. retained earnings). Во апликацијата е додадена нова ролја за бизнис сопственик кој може да ги гледа сите главни финансиски извештаи на фирмата како биланс на состојба, биланс на успех, паричен тек, извештај за задржана добивка и извештај за прибрани даноци. Новината кај артиклите е воведувањето на атрибути како модел, боја и големина која е погодна за интеграција со веб апликации. Така сега е можно да се искористат постоечките категории на артикли и да се направи хиерархија која ги користи атрибутите со што се заштедува време во планирањето на артиклите и се обезбедува конзистентност. На пример, кај мебелот може да има Бренд и Модел година. Кај проектите е воведена ролјата на проектен менаџер. Исто така има подобрувања на картичката на проекти, доделување на проектен менаџер за проект и креирање на проекти од постоечки проекти. Планирањето на проектите може да се праќа директно во календар во Outlook или да се стават часовите од outlook директно во дневникот на проекти во NAV. Деловната интелигенција Power BI може да се вградува директно во екраните на NAV и при тоа да се запазува типот на пристап до овие извештаи и графици во зависност од ролјата на корисникот. Логин Системи е овластен имплементатор на решенија базирани на Dynamics NAV во Македонија. Ако имате софтвер за сметководство и деловни операции кои не ги задоволуваат вашите нараснати барања или не сте задоволни од целокупната услуга од вашиот провајдер на софтвер, Ве охрабруваме да разговарате со нас и да започнеме соработка на имплементирање и одржување на Dynamics NAV. Повеќе информации за можностите на Dynamics NAV 2017 и неговото лиценцирање може да се добијат од оригиналните документи на Microsoft што може да се преземат од страната www.loginsystems.biz/microsoft-dynamics-nav . #DynamicsNAV #MK

  • Видео: твојот бизнис во облак

    Бизнисот на организацијата може да биде целосно во "облак" со Microsoft Dynamics NAV. Тоа е целосно интегрирано решение за водење на сметководството, финансиите, продажбата, магацинското работење, набавките и производството. Логин Системи е овластен за имплементација на Dynamics NAV. Погледнете го видеото тука ...

  • Испратено писмо со иницијатива за PayPal до Мин. за финансии и други надлежни институции

    Иницијатива за PayPal: Направи корисно за себе и за македонската економија. Скопје, 29.06.2017. Денес, во името на иницијативата за воведување на PayPal за продажни места во Македонија, Венко Глигоров испрати писмо и список на иницијаторите до министерот за финансии, Д-р Драган Тевдовски. Истовремено, се испратија копии од писмото и списокот до 4 други надлежни државни институции: Кабинетот на вицепремиерот задолжен за економски прашања, Народната банка на РМ, Министерството за економија и Министерството за информатичко општество и администрација. Пријавување за поддршка на иницијативата се правеше на веб страницата https://goo.gl/9G8qJa во периодот од 21.06.2017 до 28.06.2017. Нејзе ја поддржаа повеќе од 1100 правни и физички лица. Резултати од иницијативата „Недостатокот на PayPal за продажни места во Македонија претставува пречка за развојот на претприемаштвото, не овозможува услови за поголем извоз на македонски производи и услуги во странство и се јавува потиштеност кај македонските стопанственици дека Македонија речиси секогаш назадува со современите текови во светот.“ се започнува во писмото упатено до Министерот. Целосната содржина на писмото може да се прегледа на адресата https://goo.gl/Fn4VE9 . „Се надеваме дека ќе успееме бидејќи потребата е голема, а има придобивки за сите“, изјави Венко Глигоров, еден од главните иницијатори за воведување на PayPal за продажни места во Македонија. „Од своето основање во 1991ва до денес, Логин Системи е општествено одговорна организација и покрај деловно-комерцијалните активности вклучува активности кои се корисни за економијата и пошироката општествена заедница.“ Логин Системи е овластен провајдер на решенија и услуги базирани на Microsoft Dynamics NAV од 2002ра година до денес. Повеќе за Логин Системи има на адресата www.loginsystems.biz . #PR #MK #Општественаодговорност

  • Министерството за финансии има комуникација со PayPal

    Скопје, 16.08.2017 . На барање на повеќе заинтересирани граѓани и фирми, Логин Системи ја информира јавноста дека Министерството за финансии започнало комуникација со #PayPal за воведување на PayPal за продажни места и прием на уплати во Македонија. Ова се неофицијални информации и според наша слободна проценка, воведувањето на PayPal не може да се случи пред октомври оваа година. Логин Системи ја организираше иницијативата за воведување на PayPal и од 13 јули оваа година, Министерството за финансии ја презема реализацијата на иницијативата. Повеќе информации за самата иницијатива има на https://www.loginsystems.biz/aktivnosti-paypal.

  • Не важи „кондураџијата со налани оди“

    После десет-годишно користење на Microsoft Dynamics NAV 5.0 (од 2007ма), Логин Системи премина на најновата верзија на светски познатиот ERP систем. Од денес Логин Системи ја користи најновата верзија на ERP системот - Microsoft Dynamics NAV. Помеѓу бројните активности со клиентите, Логин Системи успеа да ги префрли податоците од претходниот систем и да го адаптира Dynamics NAV за своите потреби. „Ќе ги користиме функционалностите на сметководството, модулите за услужна дејност, планирањето на приходи и трошоци, платите, и односите со купувачите и добавувачите - Customer Relationship Management (CRM).“- изјави Венко Глигоров, управител на Логин Системи. „После толку имплементации на Dynamics NAV во фирмите, редно беше да преминеме на најновата верзија и да го применуваме правилото 'eat your own dog food first'“. Од новата верзија поставена во Логин Системи придобивки ќе имаат клиентите на Логин Системи заради побрзата административна работа, фокусот на решавање на проблемите, интегрирањето на услужните активности со сметководството и финансиите и со навременото информирање за новостите и поддршката. Главен екран на Dynamics NAV за улогата на Business Manager (сликата намерно е замаглена) Повеќе екрани со менија и команди на Dynamics NAV има на линкот тука ... „Нема веќе 'кондураџијата со налани оди' бидејќи ќе ги поставуваме секогаш новите верзии на Dynamics NAV во нашето работење“, уверува Глигоров. Microsoft Dynamics NAV 2017 е најсеопфатниот интегриран ERP систем што се нуди во Македонија. Тој е најпопуларниот ERP за мали и средни фирми во светот - 100.000 организации работат со NAV. Формирана во 1991, Логин Системи е македонска компанија со мешовит македонски и американски капитал со специјалност во изработка на деловни ЕРП решенија базирани на Microsoft Dynamics NAV. Логин Системи е овластен провајдер на решенија и услуги базирани на Microsoft Dynamics NAV од 2002ра година до денес. Повеќе информации за Логин Системи може да се добијат на www.loginsystems.biz/za-nas . #PR #DynamicsNAV #Сметководство

  • Основици за пресметување на бруто плата за 2018

    Управата за јавни приходи ги објави најниската и највисоката основица за пресметување придонеси за платите за 2018та година. Најниската основица за пресметка на придонесите за 2018 година изнесува 17.040,00 денари (50% од 34.079) Највисока основица за пресметка на придонесите за 2018 година за примањата од работен однос и за примања на извршен член на одбор на директори, член на управен одбор, односно управител во трговско друштво изнесува 545.264,00 денари (16 x 34.079) Највисока основица за пресметка на придонесите за 2018 година за самовработено лице изнесува 408.948,00 денари (12 x 34.079) Овие податоци се базираат на просечнатата плата по работник во Република Македонија која според податоците на Државниот завод за статистика објавени во Јануари 2018 година изнесува 34.079 денари. Извор: Управа за јавни приходи, соопштение од 25.01.2018

  • Видео: Вртење од мобилен телефон на контактите во CRM-от на Dynamics NAV

    Мобилната верзија на програмот за сметководство и деловно работење, Microsoft Dynamics NAV има можности за телефорнирање од контактите (купувачи и добавувачи). Телефонирањето е овозможено со CRM функционалностите на Microsoft Dynamics NAV. Софтверот за CRM ги консолидира информациите и документите за купувачот во една база на податоци CRM која може лесно да се ракува и да се пристапува. Останатите функционалности вклучуваат запишување на разните интеракции со купувачите (преку емаил, телефон, социјалните мрежи и други канали), автоматизирање на разни процеси на работа како работни задачи (анг. Tasks), календари и нотификации (известувања).  Кога се телефонира, може да се избере дали ќе се звони на класична телефонска линија или преку Viber. На овој начин, вработените и менаџерите во организацијата ќе може да ги искористуваат меѓусебно листите со телефони и интеракциите на сите контакти во фирмата. Овие функционалности се корисни за продажни менаџери и комерцијалисти, вработени во поддршка и грижа а корисници, за топ менаџмент и сите други кои работат со потенцијални и тековни купувачи и добавувачи. Во видеото подолу е прикажана практична изведба на телефонирање преку Dynamics NAV. Видео: Демо прикажување на телефонирање преку Dynamics NAV Повеќе информации за CRM функционалностите на Dynamics NAV има на https://www.ERP.mk/DynamicsNAV/crm .

Пребарај во блог-објавите ...

Пребарај низ форумот на Логин Системи

Ако не најде тоа што те интересира, прегледај ги изворите на следните линкови

MSD365BC.png
DYNAMICS NAV / 365 BUSINESS CENTRAL
Hands
ФОРУМ
Notebook
БЛОГ-ОБЈАВИ
Reading Icon
ПОДДРШКА
bottom of page