top of page
LSLogoTransparentWOSlogan

Резултати од пребарување

377 results found with an empty search

  • Andretti Indoor Karting & Games забрзува кон проширување со Business Central

    Andretti Indoor Karting & Games забрзува кон проширување со Business Central Од 1999 година, Andretti Indoor Karting & Games (AIKG) , познат по возбудливите трки со картинг и огромните капацитети исполнети со игри, порасна на седум локации, а до 2025 година ќе се прошири на уште осум. Microsoft Dynamics 365 Business Central му помогна на AIKG да ја подобри ефикасноста, да ги намали трошоците и да го олесни растот, додека компанијата го задржа својот фокус на обезбедување уникатни искуства за забава водени од вредност. AIKG забележа дека поврзувањето на Business Central со апликациите на Microsoft 365 како Outlook , Excel и Teams дополнително ги поедноставува операциите со зголемување на пристапноста до податоците додека ја подобрува ефикасноста на персоналот. Кога се појави Business Central…. им отвори можности на луѓето да разберат многу повеќе за она што го прават секојдневно, како тоа влијае на овие работи и како се поврзува со пошироката слика. Laura Lane: Senior Accountant, Andretti Indoor Karting & Games Ако сакате да дознаете повеќе за Business Central, контактирајте не! Извор, повеќе инфо: Microsoft Customer Story-Andretti Indoor Karting & Games races toward expansion with Business Central . #msdyn365bc #businesscentral

  • Бесплатна пресметка на плата за 2025 година, вклучува минат труд (стаж) и месечен ангажман

    Скопје, 30.01.2025. Логин Системи, фирмата со најсеопфатниот веб калкулатор за плата во Македонија, објавува дека ги ажурираше податоците за плата што ќе се користат во 2025та година и истите се имплементирани во бесплатниот веб калкулатор за плата. Веб калкулаторот за плата на Логин Системи е едноставен за користење и дава прегледен испис и печатење на пресметката на плата. На располагање на корисникот му е да го внесе месецот и годината во која се пресметува платата, а може да стави и години на минат труд како и работен ангажман во текот на месецот. Веб калкулатор 2025 со вклучен месечен ангажман и години на минат труд (стаж) Активирање на веб калкулаторот за плата се прави со користење на линкот Пресметка на плата . Дополнителни информации Погледни дополнителни информации или алатки на Логин Системи: Пресметка на плата   Коефициенти за плата   УЈП: Бруто плата за 2024 - најниска и највисока основица за пресметка на придонеси Онлајн конверзија на текстови од фонтови во македонската поддршка и обратно   ЛСКонвертМак додаток за Microsoft Office   #ЛСВебПлата #плата За Логин Системи Формирана во 1991, Логин Системи е македонска компанија за креирање и одржување на ЕРП деловни решенија (ERP solutions) базирани на индустрискиот стандард Microsoft Dynamics NAV / 365 Business Central.

  • Македонска локализација, превод и подобрувања на Business Central - флексибилни аппови на Логин Системи

    Microsoft Dynamics 365 Business Central или скратено Business Central, е сеопфатен интегриран софтверски деловен систем за мали и средни организации. Тој служи како платформа за прилагодување и надградување за потребите на корисниците во различните земји. Повеќе за Business Central има во поглавјето За Microsoft Dynamics 365 Business Central . Прилагодувањето и надградувањето на Business Central за корисниците во Македонија се вика македонска локализација кој може но и не мора да има превод на македонски јазик. Логин Системи ја разви македонската локализација за Business Central повеќеслојно со помош на повеќе локализациски апликации наречени апп-ови или екстензии. и со тоа се обезбедува да се задоволат различните потреби на корисниците независно од нивната големина. Локализација и надополнувања од Логин Системи Во продолжение се опишани групите на локализацијата и локализациските аппови. Групи на функционалности кај локализацијата Локализацијата е прилагодување и надоградување на Business Central со функционалности кои се потребни за задоволување на барањата на законодавачот, потребите од задоволување на националните стандарди и пазарно-менаџерските потреби. Регулаторни потреби  – локални функционалност кои помагаат на бизнисите да ги испочитуваат законските обврски во делот на ДДВ пријавите, правила кај сметководствениот план и други побарувања кај законските уреди и прописи. Барања од национални стандарди  – локална функционалност која ги адресира лолалните стандарди како што се форматите кај плаќањата и изводите кај банките, форматите кај адресите, курсните листи, и локалните интерпретации на глобалните стандарди. Пазарни потреби  – ова се функционалности што се корисни да ги има, конкуретнски потреби – тоа се локални функционалности корисни за продуктивност на бизнис процесите во Македонија кои додаваат вредност на бизнисот и не се задолжителни од регулаторна перспектива. Листа на локализациски аппови изработени од Логин Системи Локализациските аппови на Логин Системи се направени врз база на Business Central world-wide верзијата W1.   Македонски превод (LSM Macedonian Translation).  Превод на Business Central на македонски јазик. Платформски компоненти (LSM Reusables App) . Задолжителен модул кој е неопходен за работа на основната локализација и човечките ресурси со плати. Основна локализација (LSM Base App) . Модул за основна локализација на Business Central за Македонија кој содржи функционалности во сметковдствениот план, изгледот на печатените документи, ДДВ пријави и финансиски извештаи. Напредна локализација (LSM Premium App) . Модул за напредна локализација и функционалности за поголеми прганизации. Човечки ресурси и плати (LSM People Management) . Модул за пресметки на плати и подобрување на функционалностите на модулот за човечки ресурси. Малопродажно работење (LSM Retail Management) . Модул за малопродажно работење. Сервисен менаџмент (LSM Service Management) . Модул за подобрување на функционалностите во работата со сервис. Иако апповите за македонската локализација може да се набавуваат и инсталираат поединечно, потребно е да се внимава на нивната меѓузависност прикажана на сликата погоре. Истите работат и на двете опции: Business Central Online (клауд) и Business Central OnPrem (на сопствен сервер). За Microsoft Dynamics 365 Business Central Dynamics 365 Business Central е модуларен и тесно интегриран софтверски систем кој информатички ги поддржува следните активности: Сметководство и финансиски менаџмент  за менаџирање на парите, средствата и банкарството Ланец за снабдување, производство и логистика  за евиденција и управување со производството, залихите, порачките и добавувачите Продажба и сервис  за менаџирање на коминтентите, продажните можности/зделки и договорите за одржување и сервис Управување со проекти  за креирање на проценки, водење на проекти и менаџирање со капацитетите Деловна интелигенција  и систем на извештаи за детален и општ преглед на работата на организацијата и носење на одлуки поткрепени со факти Поддршка за интернационални валути  за конкурирање на интернационалниот пазар со различни валути и јазици Флексибилно инсталирање  на сопствена опрема или во „облак“ според модел кој најдобро одговара на потребите на организацијата. Повеќе информации за Business Central може да се види од документацијата на Microsoft што се наоѓа на веб локацијата https://learn.microsoft.com/en-us/dynamics365/business-central/ . Премиум пакетот содржи се’ што има основниот пакет со дополнување на модулите за сервис и напредно складиштување (warehouse management). Описите на функционалностите од стандардниот и напредниот пакет се наоѓаат на страната Способности Business Central | Login Systems . Овие функционалности се предмет на измени без претходна најава од страна на производителот Microsoft. #businesscentral

  • Видео: Клучна разлика меѓу сметководствен програм и ЕРП систем

    ЕРП системот вклучува сметководствен програм и многу повеќе други модули. ERP е категорија на деловно-менаџмент софтвер, најчесто во форма на пакет на повеќе интегрирани софтверски апликации, кој овозможува на организациите да прибираат, складираат, менаџираат и интерпретираат податоци од различни деловни активности какви што се: Продажба и маркетинг магацинско работење набавки и испораки, управување со човечки ресурси, проектен менаџмент, планирање и анализа на производство и сервис. Сите овие активности се интегрираат со сметководството и финансиите и претставуваат една интегрирана целина. Постојат бројни предности на интегрираниот систем за деловно работење, ЕРП, во споредба со сметководствен програм. „Ако би избирал клучна разлика, некако би се свело на разликата помеѓу поглед кон минатото  и визија за иднината .“ кажува Венко Глигоров на своето предавање за ЕРП пред стотици сметководители како дел од КПУ програмата за едукација на сметководители во организација на ФВ консалтинг. Погледај го кусото видео од предавањето на Венко Глигоров за клучната разлика меѓу сметководствен програм и ЕРП. Сметководствениот програм гледа назад и кажува нешто што веќе го знае самата организација. Од друга страна, ЕРП системот ги врши операциите како сметководствениот програм и помага сега, во моментот, а креира претстава за иднината за да може организацијата се развива. Кога на сето тоа ќе се надодаде и AI (вештачката интелигенција), компанијата/организацијата има широка лепеза на алатки за поддршка на бизнисот и планирање на иднината. Повеќе за ЕРП систем базиран на Microsoft Dynamics 365 Business Central има на линкот www.loginsystems.biz/bc . Ако сакаш бесплатна консултација за избор на ЕРП, кликни на линкот подолу. Во Македонија и регионот Логин Системи ( www.loginsystems.biz ) има десетици успешни имплементации на деловни системи ЕРП кои користат Navision, Dynamics NAV и Dynamics 365 Business Central. Овој сегмент во работењето на Логин Системи започнува во 2002 година. #ERP #ЕРП

  • Постигнување дигитална трансформација и успех со Microsoft Dynamics 365 Business Central

    Постигнување дигитална трансформација и успех со Microsoft Dynamics 365 Business Central За да го одржи својот постојан раст како мал бизнис и да го обезбеди истото ниво на квалитет и услуга на клиентите, Polytropic мораше да процени дали неговите тековни деловни процеси и софтвер можат да се справат со растечката побарувачка. За да ги прати и биде чекор пред својата побарувачка и раст, Политропик избра да премине од Microsoft Dynamics NAV во Microsoft Dynamics 365 Business Central во облак за да ја искористи виртуелизацијата и да ја зголеми големината што ја овозможува облакот. Video: Achieving digital transformation and success with Microsoft Dynamics 365 Business Central Со избор на Microsoft Dynamics 365 Business Central и имплементирање на софтверот, Polytropic доживува директни решенија за своите претходни предизвици. Microsoft Dynamics 365 Business Central е софтверот што ќе ни овозможи да ги постигнеме нашите цели. По шест месеци користење, презадоволни сме. Dynamics 365 Business Central ни овозможи да ги координираме нашите тимови и да ја подобриме комуникацијата помеѓу тимовите, и во Франција и во странство. Исто така, можеме подобро да го предвидиме и организираме нашиот раст. Ние сме воодушевени од нашиот избор. - Jean-Christophe Fillot: CEO, Polytropic Извор, повеќе инфо: Microsoft Customer Story-Achieving digital transformation and success with Microsoft Dynamics 365 Business Central .

  • Одржано предавање за ЕРП и сметководството, КПУ обука за сметководителите во организација на ФВ

    Скопје, 21.11.2024. Венко Глигоров, основачот и ко-сопственик на Логин Системи одржа предавање на темата „ЕРП и сметководството“, на еднодневниот вебинар за сметководители од Македонија како дел од нивното професионално усовршување преку КПУ во организација на економско правен консалтинг „ФВ“. Со вкупно времетраење од 90 минути, предавањето почна со општо за ЕРП како деловен софтверски систем и улогата на сметководството во целиот систем. Потоа се даде осврт за придобивките за фирмите/организациите и сметководителите во користењето на ЕРП. На крајот се појаснија некои можни сценарија за соработка меѓу фирмите и сметководителите, како и за трендовите во нудењето на сметководствените услуги. Современите потреби на организациите се многу поголеми од базичното водење на сметководството независно дали се изведува интерно или со помош на сметководствено фирма. Тие имаат зголемена потреба од интегрирано водење на деловните книги какви што се главната книга, даночната книга, книгите на купувачи и добавувачи, движење на артиклите и лагерот како и односите со коминтентите. Ваквите потреби на организациите се решаваат со користење на софтверски ERP системи. „Ако нема ресурс во софтверскиот систем, не може софтверот да се нарекува ЕРП.“ презентираше Глигоров. „ Enterprise Resource Planning, скратено ЕРП, е категорија на сметководствено-деловен и менаџмент софтвер, најчесто во форма на пакет на повеќе интегрирани софтверски апликации.“ На крајот на предавањето, Маја Лазароска од ФВ консалтинг и Венко Глигоров разговараа за ЕРП, сметководството, деловната интелигенција BI и како сметководителите да ги искористат или да се прилагодат на новите трендови. На линкот подолу е видео од сесијата за прашања и одговори, веднаш после моето предавање за ЕРП и сметководстовото. Видео: прашања и одговори Прегледајте ја галеријата на слики од предавањето прикажана подолу. Повеќе информации за ЕРП има на www.ERP.mk #КПУ #сметководство Економско правен консалтинг ФВ ( www.fvkonsalting.com.mk ) е АКРЕДИТИРАНА компанија од Институтот на сметководители и овластени сметководители на РСМ и одржува обуки за континуирано професионално усовршување (КПУ) на сметководители и овластени сметководители кое се спроведува согласно Законот за вршење сметководствени работи, а со цел професионално и ефикасно вршење на сметководствените работи. Во Македонија и регионот Логин Системи ( www.loginsystems.biz ) има десетици успешни имплементации на деловни системи кои користат Navision, Dynamics NAV и Dynamics 365 Business Central. Овој сегмент во работењето на Логин Системи започнува во 2002 година.

  • Видео: Одбележани 33 години од основање на Логин Системи со прослава на поранешните вработени

    Скопје, 04.11.2024. Викендов, Логин Системи одбележа триесет и три години од основање и работење. Прославата што се одржа во Трибека, Скопје беше на иницијатива Владо Ѓорѓиевски, поранешен вработен во Логин Системи, а се приклучија поголем број на поранешни вработени кои со својата работа придонесоа за развојот на Логин Системи во 90тите, 2000тите и 2010тите години. Видео: Атмосфера од прославата на Логин Системи „Тортата што како изненадување ја донесоа имаше силна порака: Логин Системи - пријатели.“, пишува Венко Глигоров, основачот и косопственик на Логин Системи, на својата страница на Фејсбук. „После сите заеднички работни активности заедно, во добро и во лошо, остануваме пријатели. Тоа се работите што го прават животот да биде убав.“ Проследете ја галеријата на слики од прославата. Галерија слики од прославата Основана во 1991 година, Логин Системи е компанија за развој на сметководствено-деловни решенија базирани на Microsoft Dynamics 365 Business Central. Повеќе инфо на www.loginsystems.biz .

  • Печатење фискални сметки со Business Central Online и OnPremises

    Скопје, 15.08.2024. Денес, Логин Системи објавува дека изработи функционалност за печатење на фискални сметки со Business Central за Македонија. Оваа функционалност е расположива и за двете едиции на Business Central, едната е клауд (анг. Online или Cloud), а другата е едиција за сопствен сервер (анг. OnPremises). Функционалноста работи за најновата верзија на Business Central 24 или уште наречена Business Central 2024 wave 1.   Печатењето на фискални сметки во Македонија е проблематично бидејќи фискалните каси кои ги нудат најраспространетите македонски провајдери на фискални апарати работат со застарен метод за комуникација со компјутерите, преку EXE програми кои се изведуваат како ДОС команди и користат нестандардизирани текстуални датотеки. Дополнително, кириличната поддршка е застапена со Windows 1251 но не и UTF форматот на текстуалните фајлови (UTF е стандарден формат за новите апликации).   Новите клауд верзии на современите деловно-сметководствени програми, уште наречени ERP системи) се користат од различни уреди и оперативни системи кај кои нема Windows.   „Функционалноста ја направиме да биде надградлива со други команди за кои ќе се утврди дека има потреба во текот на користењето на Business Central.“ изјави Венко Глигоров, главен консултант во Логин Системи. „При тоа, наместо програмирање ќе се користи конфигурирање во Business Central“   Преку надградливоста, корисниците на Business Central ќе можат да ставаат нови команди и да одредуваат нивен редослед на прикажување во менито на Business Central. Исто така функционалноста овозможува да се ставаат различни модели на фискални апарати, па дури и апарати од други производители. Функционалноста за печатење на фискални сметки директно од Business Central е дел од модулот за малопродажно работење на Логин Системи. Повеќе информации за Business Central има на линкот https://www.loginsystems.biz/bc .   Microsoft Dynamics 365 Business Central  е интегриран сметководствен и деловен софтверски систем кој ги задоволува потребите на успешните мали и средни претпријатија во Европа и светот. Овој систем е продолжение на успешните бизнис пакети на Microsoft - Navision и Dynamics NAV. Во Македонија и регионот Логин Системи ( www.loginsystems.biz ) има десетици успешни имплементации на деловни системи кои користат Navision, Dynamics NAV и Dynamics 365 Business Central. Овој сегмент во работењето на Логин Системи започнува во 2002 година.

  • Business Central: Автоматско преземање на девизни курсеви од Народна банка на Македонија

    Логин Системи ја изработи функционалноста за автоматско преземање на курсевите од Народната банка на Македонија како дел од активностите на Логин Системи за подобрување на Business Central за македонските корисници. Оваа функционалност работи на верзијата Business Central 2024 wave 1 (уште позната како Business Central 24) според најновиот метод што го нуди Народната банка ( www.nbrm.mk ). Како што е познато, при секоја трансакција со странски купувач, добавувач или банка, Business Central пребарува да најде кој е девизниот курс за да може транскацијата да се заведе во главната книга во локална валута, денари. Ако не се внесуваат редовно девизните курсеви, Business Central ќе го земе курсот што е најблиску до датумот на трансакцијата. Затоа е важно девизните курсеви да се забележуваат во Business Central на редовна основа, секој ден.  Наместо како досега да се внесуваат девизните курсеви рачно, корисниците на Business Central ќе може да ги ажурираат девизните курсеви автоматски или полуавтоматски директно од веб сервисот на Народната банка. Автоматско преземање се прави кога ќе се подеси процедурата да се стартува секој ден наутро. Во такви случаи, самиот Business Central се обраќа до Народна банка и ги презема девизните курсеви. Полуавтоматско преземање е кога ќе се стартува командата „ажурирај курсеви“ што се наоѓа во листата на валути во Business Central.     Корисникот може да внесува произволен број на валути со кои работи, а ќе се ажурираат девизните курсеви само на оние валути кои Народната банка ги ажурира во својот веб сервис. Функционалноста за автоматско преземање на девизни курсеви е дел од македонската локализација на Business Central изработена од Логин Системи. Повеќе за локализацијата има на https://www.loginsystems.biz/lokalizacija-nadopolnuvanja-mk .

  • Србија е десета земја во која Логин Системи инсталира или опслужува Business Central во приватниот сектор

    Скопје, 17.07.2024. Логин Системи, консултантска компанија за имплементирање на ERP решенија базирани на Microsoft Dynamics 365 Business Central објавува дека инсталираше и конфигурираше Business Central верзија 24 за српска фирма која работи со големопродажба во Србија. „Со оваа имплементација Логин Системи може да се пофали дека го прошири својот домен на давање на услуги во 10 земји од регионот и странство“ изјави Венко Глигоров , главен консултант во Логин Системи. „Фирмата ни го довери и хостирањето на Business Central поради флексибилноста и интегрираноста со други системи и апликации." Покрај Србија, останати земји во кои Логин Системи имплементираше и/или одржува(ше) Business Central се: Македонија Косово Албанија Арапски емирати Холандија Данска Шведска Финска Норвешка Србија Логин Системи поставува решенија базирани на Microsoft Dynamics 365 Business Central во клауд со Business Central Online ( https://businesscentral.dynamics.com ) или на сервери кај корисниците со Business Central Onprem. Последните години, фирмите од регионот се одлучуваат и на хостирано решение кај Логин Системи. Хостираните решенија се поставуваат и се одржуваат во соработка со фирмата Макас ИТ ( http://makasit.net/ ). Макас ИТ обезбедува системска платформа и системски услуги за непречено работотење на Business Central. Microsoft Dynamics 365 Business Central  е интегриран сметководствен и деловен софтверски систем кој ги задоволува потребите на успешните мали и средни претпријатија во Европа и светот. Овој систем е продолжение на успешните бизнис пакети на Microsoft - Navision и Dynamics NAV. Повеќе информации за Business Central има на линкот тука. Заинтересираните за поставување на нов деловен систем или мигрирање кон Business Central може да закажат бесплатна консултација на линкот подолу. #dynamicsnav   #businesscentral   #msdyn365bc

  • Michelin поттикнува успех за своите мали бизниси со Microsoft Dynamics 365 Business Central

    Клучниот принцип на стратегијата за раст на Мишелин е фокусиран на спојувања и набавки. Иако системот за планирање на корпоративните претпријатија (ERP) е совршен за централни операции, тој нуди карактеристики кои на малите или средните бизниси (SMBs) не им се потребни и го надминуваат ИТ буџетот за тие ентитети. Michelin го најде решението со Dynamics 365 Business Central , доволно софистицирано за SMBs, но едноставно и достапно за инсталирање и одржување. ERP системите се животна енергија на модерната компанија, а Мишелин знае дека донесувањето на нови онлајн набавки значи координирање на финансиските системи. Microsoft Dynamics 365 Business Central е решение базирано на облак кое не само што обезбедува модерен интерфејс и вградена безбедност, ни дозволува скалирање на облакот. Cecile Latour: IT Director for ERPs and HR Solutions, Michelin Извор, повеќе инфо: Microsoft Customer Story-Michelin drives success for its small businesses with Microsoft Dynamics 365 Business Central . #msdyn365bc #businesscentral

  • Nanoleaf станува попродуктивен за 33% со Dynamics 365 Business Central

    Nanoleaf, канадската компанија за технологија и потрошувачката IoT, создава иновативни смарт решенија за домаќинства. Тие ги трансформираат обичните искуства и домови во извонредни места. Нејзината визија е да почне нова ера на паметниот дом кој центрира околу целосната персонализација. Како што LED осветлувачкиот пионер Nanoleaf се прошири со повеќе од 200 глобални партнери, компанијата требаше да консолидира повеќе софтверски програми во едно решение. Нанолеаф го имплементираше Microsoft Dynamics 365 Business Central за да ги оптимизира своите финансиски средства и да има контрола на синџирот на снабдување, што резултираше со подобрување на продуктивноста од 33% во своите операции на синџирот на снабдување. Dynamics 365 Business Central е многу полесен да се прилагоди отколку конкурентните решенија кои ги истражувавме, што не' доведе до автоматизација на процесот со побрза висока вредност. Paul Austin-Menear: Vice President of Commerce Operations, Nanoleaf По разгледувањето на сите опции, компанијата го избра Business Central како решение за својот нов ЕРП систем. Business Central нуди напредни финансиски контролни карактеристики неопходни за водење на бизнис, сите во рамките на систем кој е флексибилен, интуитивен и прилагодлив. Извор, повеќе инфо: Microsoft Customer Story-Nanoleaf boosts productivity by 33% with Dynamics 365 Business Central . #msdyn365bc #businesscentral

Пребарај во блог-објавите ...

Пребарај низ форумот на Логин Системи

Ако не најде тоа што те интересира, прегледај ги изворите на следните линкови

MSD365BC.png
DYNAMICS NAV / 365 BUSINESS CENTRAL
Hands
ФОРУМ
Notebook
БЛОГ-ОБЈАВИ
Reading Icon
ПОДДРШКА
bottom of page