top of page
Резултати од пребарување
Се' (2118)
Производи (49)
Услуги (5)
Настани (14)
Блог-објави (386)
Страници (811)
Форум-објави (823)
Programs (30)
Filter by
Type
Category
823 results found with an empty search
- Како-да: Проверка дали е до картичката, до банката или до акаунтот Пејпал (заедно со земјата)In Платежни услуги PayPal и ост.·15 јули 2020 г.Во последно време добивам позачестени прашања и информации за потешкотии во подесување на пејпал за продажба на производи и услуги. Пејпал е моја волонтерска активност на која се нафатив иако не го користам за продажба и во догледно време немам планови да го користам. Можно е да искрсне некоја можност во иднина, секако, но јас не ја гледам. Сепак, дел од времето враќам на заедницата и сакам што повеќе луѓе да го користат и да напредуваат со бизнисите. Да се вратам на темата ... Тешко е да се оцени што може да е проблем ако акаунтот што сте го креирале не е оспособен за прием на пари. Може проблемот да е до акаунтот (заедно со Македонија како држава), може да е до картичката, може да е до банката, а може и се' заедно да е проблем. Може привремено Пејпал сајтот да не одобрува. Се' е можно. За да може да утврдите што е проблемот, ќе ви дадам насоки. Прво и основно е да тргнеме од акаунтот (за купување) кој ќе го пријавиме во земја за која сме сигурни дека Пејпал за продажба работи. Еве ги чекорите. 1. Креирање целосно нова емаил адреса Ќе креирате целосно нова емаил адреса за да може да ги отстраните сите претходни конфигурации што сте ги оставиле во Пејпал. Можете тоа да го сторите на gmail.com или outlook.com. Емаил адресата е добро да има некаков збор кој ќе биде сличен со називот на фирмата или на вас како индивидуа. На пример, venkokomerc@outlook.com. 2. Креирање на пејпал сметка за купување со назнака за друга држава Овој чекор е (нај)важен. Прочитајте го овој чекор целосно пред да преминете на постапката за креирање на пејпал сметка за купување која е објаснета во објавата Како-да: Креирање на сметка во PayPal за купување. Во поново време постапката за креирање на акаунт започнува со внесување на мобилниот број. Ставете македонски мобилен број кој навистина го користите - Пејпал ќе ви испрати код за верификација на СМС. Кога ќе стигнете на екранот за адреса, наместо избор на држава Македонија - ставете Албанија или Бугарија (или било која држава која има поддршка за прием на пари). Освен државата, се' друго нека ви биде како за македонска адреса: адреса, општина, поштенски број. види слика подолу Совет: Би советувал да ставите Албанија бидејќи сигурен сум дека македонската адреса не се проверува дали постои во Албанија. Кога ќе ви побара да ставите број на картичка, ставете ја картичката на која сакате да примате пари. При тоа, најдобро би било оваа картичка да ја извадите од било која друга пејпал сметка - за секој случај да не прави конфликт таму или на новата сметка. 3. Креирање на бизнис сметка Откако ќе ви се креира акаунтот за купување (персонална сметка), ќе преминете на креирање на бизнис сметка (акаунт). Постапката е објаснета во Како-да: Креирање на бизнис сметка на PayPal за продажба на производи/. Откако ќе ја креирате бизнис сметката - одете на линкот https://www.paypal.com/businessprofile/settings/info/edit за да проверите и евентуално ставите државата во која стопанисувате да биде Македонија. Ако не е Македонија, кликнете на копчето Edit и ставете Македонија - видете слика подолу. 4. Проверка дали сега ви е овозможено да примате пари Откако сте ги поминале чекорите, треба да проверите дали сметката има можности за прием на пари. Овие линкови подолу може да ви помогнат во верификацијата: Три клучни знаци кои покажуваат дали вашата Пејпал сметка може да наплатува пари од купувачите Кои кредитни/дебитни картички поддржуваат продажба преку Пејпал - проверете дали има опција Ауто-трансфер Кога конфигурирате бизнис сметка со Пејпал, ако има било какво ограничување, Пејпал нема да ви дозволи да наплатувате. Во превод, алатките за прием на пари нема да бидат на располагање. На некој начин сте обезбедени дека нема да заглавите ако ви се плати. За крај Ако сега може да примате пари - со среќа нека ви е бизнисот. Очекувам бакшиш за трудот - може да пуштите на линкот paypal.mk/loginsystems. Креирање на PayPal.Me е објаснето во објавата Како-да: Креирање на профил PayPal.me за едноставно прибирање на бакшиши, донации и плаќања од купувачи. Ако не можете да примате пари, веројатно е до картичката или до банката. Искуствено, македонските МАСТЕР картички не работат сеуште. Или пробјате повторно од почеток ... #PayPal #Пејпал233057
- Пресметка на цена на чинење на вработен или ресурсIn Стратегија и менаџмент·2 април 2018 г.Во овој пост ќе го презентирам примерот со мерење на трошоците на медицинска сестра при работа со пациенти кадешто ќе користам податоци кои повеќе одговараат на македонските услови. Исто така на крајот од овој пост поставувам линк за урнек во Excel за пресметка на цена на чинење на ресурс. Како извор за мојот пост ќе ја употребам статијата „Како да се реши трошковната криза во здравството“ подготвена од светски познатите експерти и професори од Харвард, Роберт Каплан и Мајкл Портер и издадена во Harvard Business Review во септември 2011 (линк тука). Тие пишуваат за проблемот со рапидното зголемување на трошоците во здравството во САД. Според нив, за да се реши кризата потребно е да се смени начинот на точно мерење на трошоците и нивно споредување со резултатите. При анализите за мерење на трошоците, Каплан и Портер даваат пример за одредување на цена на чинење на една медицинска сестра во клинички центар. Ваквата калкулација може да се употреби за било кој вработен како ресурс во изведувањето на активности поврзани со купувачите или пациентите. Според Каплан и Портер, обично пресметката за цена на чинење на вработен или ресурс се однесува на износ во пари за еден час или минута. Карактеристично за пресметката на чинењето е што се земаат работните часови за вработениот или ресурсот што се расположиви за работа со купувач или пациент. Основната формула изгледа како на сликата подолу. Под издатоци се подразбираат сите трошоци кои се поврзани со ресурсот во работата со купувачот или пациентот. Такви се компензациониот пакет на вработениот во кој е вклучена нето платата и соодветните давачки за плата, дополнителни исплаќања на вработениот како награди, хранарина и други придобивки за вработениот. Потоа се додаваат трошоците за обавување на примарната дејност на вработениот какви што се кирија за просторот, компјутерска и телекомуникациска опрема, мебел и друга опрема, и супервизија (менаџмент) на вработениот. Овде може да се стават сите заеднички трошоци на организацијата претходно распределени на сите вработени и ресурси кои обавуваат дејност директно со купувачот или пациентот. Трошокот за супервизија се одредува врз основа на тоа колку вработени надгледува менаџерот и неговите вкупни трошоци. Трошоците за простор се одредуваат врз основа на просторот што го користи вработениот или ресурсот во обавување на активностите. На сличен начин е и кај компјутерската и другата опрема. На следната слика е даден пример: Откако ќе се пресметаат трошоците, потребно е да се пресметаат бројот на расположиви работни часови во работата со купувачот или пациентот – делителот од формулата погоре. Оваа пресметка започнува од бројот на денови во текот на годината и се одзема времето кое вработениот не е расположив за работа. Пресметката е дадена подолу. Според пресметката излегува дека една Медицинска сестра е расположива за пациенти 115,9 часови во текот на месецот. Ако месечниот трошок во износ од 1.190 евра се подели со месечниот капацитет од 115,9 часови се добива стапката на трошок на капацитетот на Медицинската сестра: 10,3 евра од час. Слични калкулации може да се направат за другите членови од тимот во кој припаѓа медицинската сестра. Исто така оваа калкулација како урнек може да се искористи за било која друга индустрија. Корисни информации и линкови За калкулација на давачки на плата може да се користи бесплатниот веб калкулатор на Логин Системи на линкот www.erp.mk/plati. Урнекот за пресметка на износ на чинење на ресурс во Excel може да го преземете тука ... Повеќе постови на форумот од Венко Глигоров има на линкот https://www.loginsystems.biz/members/venko-gligorov/forum-posts.22716
- Успешна имплементација на бизнис PaypalIn Платежни услуги PayPal и ост.·23 септември 2022 г.По неколку неуспешни обиди конечно мојот бизнис пејпал акаунт е активен! Следејќи ги инструкциите од линкот https://www.loginsystems.biz/forum/platezhni-uslugi-paypal-i-ost/soveti-za-otvoranje-biznis-smetka-pejpal-za-onlajn-naplata-na-proizvodi-i-uslugi-vo-makedonija креирав успешен бизнис акаунт на пејпал со виза картичка од Комерцијална банка. Како што пишува и во инструкциите од линкот, креиравме нов емаил, нова картичка, го сменивме името на компанијата од ДОО во ЛТД, користевме нов браузер (мајкрософт еџ). Накратко чекори кои ги направив: - Креирав нов персонален акаунт - Избрав земја Албанија ( МНОГУ ВАЖНО!! При креирање на акаунтот во URL да стои paypal.com/al а не paypal.com/mk ), а притоа внесив град, поштенски број, телефонски број, улица на живеење ОД МАКЕДОНИЈА. - Веќе креираниот персонален акаунт го префрлив во бизнис акаунт - Ја внесив и картичката од комерцијална банка, го потврдив кодот кој ми стигна од мобилната апликација од банката, со што ја активирав картичката. - Извршив 2 пробни тестирања, и двете беа успешни. Тоа е отприлика моето искуство со Пејпал. Следете ги инструкциите и чекорите од линкот погоре и ќе креирате пејпал бизнис акаунт во 30 минути. Со среќа!221009
- УЈП: Увид на граѓаните во претпополнетата даночна пријава за 2018 годинаIn Сметководство и финансии·24 април 2019 г.Управата за јавни приходи ги информира граѓаните дека во тек е активноста за генерирање и доставување на претпополнета Годишна даночна пријава за утврдување на персонален данок на доход за 2018 година. Даночните обврзници - физички лица кои се регистрирани на системот „е-Персонален данок“ преку своите кориснички профили може да извршат увид во Годишните даночни пријави за 2018 година. Крајниот рок за доставување на претпополнета Годишна даночна пријава за утврдување на персонален данок на доход за 2018 година од страна на Управата за јавни приходи до граѓаните е 30.04.2019 година. Крајниот рок за доставување на претпополнета годишна даночна пријава е 30.04.2019. Граѓаните имаат можност најдоцна до 31.05.2019 година да ја потврдат или коригираат претпополнетата Годишна даночна пријава. До истекот на крајниот законски рок, граѓанинот може да го менува статусот на пријавата, односно да ја потврдува или коригира се до истекот на крајниот рок 31.05.2019 година. По истекот на 31.05.2019, Годишните даночни пријави ќе добијат статус на конечни. По истекот на законскиот рок на 01.06.2019 година, Годишните даночни пријави ќе добијат статус на конечни даночни пријави, согласно последниот статус на Годишната даночна пријава - потврдена или коригирана. На 01.06.2019 година, службено ќе бидат потврдени и Годишните даночни пријави, кои од страна на граѓанинот не се ниту потврдени, ниту коригирани. Годишната даночна пријава која граѓанинот ја коригигирал, а добила статус на конечна даночна пријава, ќе треба да биде одобрена од службено лице на Управата за јавни приходи. Доколку службеното лице не ја одобри пријавата ќе следи донесување на решение за утврдување на персоналниот данок на доход за 2018 година. Проверка на претпополнетата годишна даночна пријава се прави на линкот тука. Извор: УЈП14205
- PayPal во Охридска банка?! :)In Платежни услуги PayPal и ост.·30 април 2020 г.Разбрав дека PayPal Business функционира доколку отворите бизнис сметка, на правно лице корисник на НЛБ, што подразбира Visa Business од НЛБ. Јас се регистрирав на PayPal Business, како правно лице, и све по пропис како што треба. Меѓутоа добивав порака дека сум лимитиран само во еден правец (испраќање средства). Кога ги контактирав PayPal, го добив подолу нивниот одговор, што е малку контрадикторен на искуствата што ги гледам кај некои од вас... И си го поставувам прашањето, дозволен е или не во МК, или само во НЛБ? Мојата фирма има сметка во Охридска Банка, или сега по најново како ги купија Шпаркасе корпорација.14258
- Активиран ПејПал за прием на пари со Visa Business од Комерцијална банкаIn Платежни услуги PayPal и ост.·1 ноември 2021 г.Конечно успеавме да отвориме PayPal сметка за прием на пари! Картичката која ја искористивме е Visa Business од Комерцијална банка. Имавме неколку безуспешни обиди во минатото кога успевавме да отвориме само сметка преку која можеме да плаќаме. По кратка консултација со Венко Глигоров, отворивме нов e-mail и со тој нов e-mail отворивме нова персонална PayPal сметка. Потоа оваа персонална сметка ја надоградивме во бизнис сметка. Во целата постапка битни се следните работи: на персналната сметка ставивме држава Албанија, Visa Business картичката ја пријавивме на персоналната сметка, при надоградбата како веб страна ставивме линк од etsy. Меѓутоа, најбитната работа кои ни ја посочи Венко е да внимаваме од која држава ќе не логира PayPal. Неколку пати пробувавме преку Chrome и PayPal по автоматизам не логираше од САД. Така PayPal не ни дозволуваше да направиме надоградба во бизнис профил и цело време не враќаше во персоналниот. Потоа целиот процес на регистрација го започнавме преку Edge, затоа што претходно воопшто го немавме користено на овој компјутер, и се логиравме преку: https://www.paypal.com/al/webapps/mpp/home Потоа ги следевме упатствата објавени на форумов. Откако ги внесовме сите потребни информации сметката е функционална и може да прима пари. https://www.loginsystems.biz/forum/platezhni-uslugi-paypal-i-ost/kako-da-kreiranje-na-biznis-smetka-na-paypal-za-prodazhba-na-proizvodi-uslugi-i-priem-na-pari.141349
- Како-да: Правење фактура и испраќање по е-пошта преку PayPalIn Платежни услуги PayPal и ост.6 април 2020 г.Едно прашање. Се надевам не е далеку од темата на овој пост. Што се случува со трансфер (прием+плаќања) од/кон странски сметки на Paypal од македонски PayPal бизнис акоунт? имаше акција од Вас, Народна Банка да ги регулира овие трансакции. Но неможев да најдам инфо, па затоа тука прашувам. Се извинувам доколку ова е тема за друг пост. . Благодарам :)21
- Анкета: Кои опции ви се дополнително потребни во ЛС КонвертМак за Microsoft Excel?In Општа дискусија3 ноември 2022 г.Вашиот програм за конверзија на фонтови во македонска подршка и обратно го користам веќе долги години, можеби и од самиот негов настанок. Многу, знаци многу ми има помогнато. Браво за Вас! Конвекторот за Excel не го имам користено, искрено сега дознав за него, но би сакал да посочам дали има опција за конвектор во Power Point? Доста пати ми требало и сум морал рачно (и мачно) да префрлам во Word па назад во Power Point. Се надевам дека е добро да го има и тој дел. Можеби како системаска алатка за подршка на ковертирање на текстови под Office една за сите би била најдобра опција. Сеедно што ке биде понатаму, Ви благодарам за дадената помош од ваша страна21
- Поставувајте прашања, споделите искуства од други земји и активно учествувајте во подобрувањатаIn Платежни услуги PayPal и ост.·23 март 2019 г.Оваа рубрика е отворена како резултат на заложбите да се подобри состојбата со платежни системи и унапредување на соработката со светските платежни оператори како PayPal, Stripe, Skrill и останатите. Во изминатиот период ме контактираа многу заинтересирани за Пејпал. По разни канали, на телефон, социјални мрежи, некои и лично. Се обидувавме во Логин Системи да направиме систем за информирање преку емаил, потоа стававме информации на сајтот. За воведување на Пејпал во Македонија за продажни места е потребно да се менуваат закони, да си има пазар и производи и да има поголема масовност. Исто така е потребно да се споделуваат знаења од разни земји и од разни области, а сето тоа да биде некако концентрирано на едно достапно место за сите. Затоа решив да ја отворам рубриката Платежни системи ... Иако поводот е Пејпал, на ова место можеме да пишуваме и дискутираме и за други оператори, за други услуги што ги нудат банките, и за други начини за наплата. Ќе се обидеме да го привлечеме вниманието на разните битни чинители во банкарско-платежниот сектор во Македонија. Ве поканувам да се зачлените на форумот и активно да споделувате, коментирате и да лајкате ... Заедно можеме да ја избуткаме потребата од подобар и пофлексибилен платен систем во Македонија!21105
- Креирав PayPal и примив париIn Платежни услуги PayPal и ост.·2 септември 2020 г.За сите кои се бават со е-продажба да споделам информација дека успешно креирав PayPal и извршена е првата трансакција. Доколку сте заинтересирани упатствата се на следниот линк: https://www.loginsystems.biz/forum/platezhni-sistemi-paypal/kako-da-proverka-dali-e-do-kartichkata-do-bankata-ili-do-akauntot-pejpal-zaedno-so-zemjata21722
- Споделување на нови бизнис Пејпал акаунтиIn Платежни услуги PayPal и ост.7 април 2021 г.Здраво ! Стариот акаунт сега за сега си ја врши работата,но за секој случај пред месец и пол дена отворив нов бизнис акаунт, овој пат преку Албанија.За овој акаунт ја искористив Visa кредитната картичка од Комерцијална Банка.Направив проверка и функционира и за чудо на овој акаунт на први во месецот имав афтоматски трансвер на картичката,на стариот акаунт преку Бугарија со НЛБ Картичката морам сам да ги префрлам средствата??? Поздрав до сите и имајте успешна работа.13
- УЈП: Бруто плата 2021 - најниска и највисока основица за пресметување на придонесиIn Сметководство и финансии6 февруари 2021 г.Не требаше да има намалување на персоналниот данок за ИТ индустријата од јануари 2021?13
Пребарај во блог-објавите ...
Пребарај низ форумот на Логин Системи
Ако не најде тоа што те интересира, прегледај ги изворите на следните линкови
bottom of page








