top of page
Резултати од пребарување
Се' (2118)
Производи (49)
Услуги (5)
Настани (14)
Блог-објави (386)
Страници (811)
Форум-објави (823)
Programs (30)
Filter by
Type
Category
823 results found with an empty search
- Споделување на нови бизнис Пејпал акаунтиIn Платежни услуги PayPal и ост.11 мај 2021 г.Здраво. Јас уште пред неколку месеци успеав да го апдејтувам својот стар paypal акаунт во бизнис акаунт. Ги проследив сите чекори во објавата „Креирање на бизнис сметка на PayPal за продажба на производи/услуги и прием на пари“. Како што е таму опишано, ми земаа некоја симболична сума за конфигурирање на картичката (Visa дебитна картичка од НЛБ). Сето тоа беше успешно, но сепак нешто беше чудно во сетинзите (не можев да ги најдам подесувањата за прием на пари), па така таа работа постојано ја одложував, а во меѓувреме ги следев објавите и коментарите поврзани со темава. Сега забележувам дека на мојот бизнис акаунт не постои можност за подесување за прием на пари, Дури и кога се обидувам да креирам свој Invoice темплејт, го пишува следново „Your Account May Only Be Used to Send Money“. Има ли решение за овој проблем? Што треба да направам со мојата бизнис сметка за да можам да примам пари на неа?01
- Три клучни знаци кои покажуваат дали вашата Пејпал сметка може да наплатува пари од купувачитеIn Платежни услуги PayPal и ост.25 декември 2020 г.Здраво на сите што учествувате во овој форум, барам помош да споделите искуства. Ќе ви раскажам моето искуство. Успеав да направам Бизнис смека на пејпал, користејќи го упатството наведено во постот, но со мала промена. Како прво кога ќе се проба да се направи прво пејпал сметка за купување веднаш бара верификација на мобилен, и веднаш го дава телефонскиот префикс за Македонија +389 .......... . Потоа според упатството ставив во националност Албанија и останатите информации и потоа се креира сметката за купување. Кога пробав потоа да направам надградба на пејпал бизнис сметка, не ми даде, ми даде порака дека веќе има сметка со таа е-маил адреса, и не ми даде опција за да направам упгрејд на постоечкиата сметка во бизнис сметка. Прво тоа ми е ново креирана е-маил адреса на gmail, платежната картица што ја вметнав е Виса картица од НЛБ банка која ја немам никаде ставено на пејпал. Потоа пробав директно да го отворам линкот за бизнис сметка, ја ставив емиал адресата на gmail, ставив во националност Албанија, и сите останати податоци, ја ставив виса картицата од НЛБ банка и успеав да ја регистрирам пејпал сметката , во прифилот ми пишува дека е бизнис сметка. Но проблемот е што сепак ми дава опција при setup bussines account следната порака - Your Account May Only Be Used to Send Money . Значи пишува во профилот дека е бизнис сметка, а сепак нема можност за да добиеш средства, туку само да плаќаш. Имам со друга емаил адреса веќе креирано одамна пејпал сметка за купување со линкувана виза картица од друга банка , и интерфејсот на профилот е многу поразличен од овој новиот пејпал бизнис профил што го направив со новата емаил адреса. И друго-кога ќе го отворам линкот на пејпал веднаш ми го вчитува овој URL: https://www.paypal.com/mk/home . Веројатно и покрај тоа што имам ставено дека е националност Албанија и ми е успешно креиран бизнис профил, можеби проверува по IP adresa дека е македонски интерне провајдер и веднаш ми го дава тоа URL и во сметката не ми дава да примам средства. ВЕ МОЛАМ ЗА ПОМОШ ДАЛИ ИМА НЕКОЈ ПОНОВО ИСКУСТВО ЗА КРЕИРАЊЕ НА ПЕЈПАЛ БИЗНИС СМЕТКА. БЛАГОДАРАМ01
- Три клучни знаци кои покажуваат дали вашата Пејпал сметка може да наплатува пари од купувачитеIn Платежни услуги PayPal и ост.13 јули 2020 г.Ништо, тотално неуспешно. Изгледа само Венко успеал, браво за него за другите не постои опцијава нажалост. Се пробав, сите опции. Нов акаунт со нов емаил со бизнис картичка со се. Се верифицираше картичката успешно стига до чекор како на скриншот и кога кликаш go to setup пак на исто те враќа. Пишав и до нивната корисничка поддршка па ќе видиме. Поздрав, Даниел01
- Како-да: Проверка дали е до картичката, до банката или до акаунтот Пејпал (заедно со земјата)In Платежни услуги PayPal и ост.3 ноември 2020 г.Дали е ова без последици од правен аспект, да креираш ПејПал акаунт од друга држава а да примаш пари на македонска сметка?01
- PayPal business accountIn Платежни услуги PayPal и ост.10 јули 2021 г.Здраво Сашо, Даночниот експерт Павле Гацов пишува: Приливите што пристигнуваат преку PayPal го имаат истиот даночен третман како и наплатите за промети на добра и услуги примени преку трансакциска сметка во банка, односно, тоа што приливот ќе дојде преку PayPal, не менува ништо во оданочувањето. Тоа важи како за приливите како кај правни лица (стопански субјекти, непрофитни организации и др. деловни субјекти) така и за физички лица-претприемачи (СВД) и граѓани. Повеќе за даночниот третман има на линкот од Павле Гацов: Даночен третман на плаќања и провизии кај Пејпал трансфери. Накратко кажано, начинот на наплата преку Пејпал не го менува даночниот третман и важат соодветните законски прописи за правни лица или за физички лица. На линкот Евидентирање на наплатата преку Пејпал во сметководството или даночната управа УЈП има повеќе за евидентирањето на трансакциите во сметководството. „Евиденцијата на приходот во сметководството се прави на ист начин како да е традиционална продажба. Се користат контата за приходи на производи и услуги (повеќе: конто 740). Ако е трговецот правно лице и ДДВ обврзник, се пресметува ДДВ за домашни купувачи – ако е купувачот странско лице се третира како извоз и соодветно се евидентира во сметководството (повеќе: конто 742). Ако продавачот е физичко лице, приходот се евидентира за да се пресмета персоналниот данок.“01
- Совети за отворање бизнис сметка Пејпал за онлајн наплата на производи и услуги во МакедонијаIn Платежни услуги PayPal и ост.21 јуни 2023 г.Zdravo dali od Sparkasse Banka so Kartica moze da se raboti so PAYPAL01
- Поврзување со PayPalIn Платежни услуги PayPal и ост.11 април 2023 г.Ne, zatoa sto ke mi treba nova karticka od banka da otvoram. Dur ja dobijam ke pomine nekoe vreme. Dokolku imam pak problem ke ve pobaram :)0
- Успешна имплементација на бизнис PaypalIn Платежни услуги PayPal и ост.22 октомври 2022 г.Здраво, Ме интересира дали бизнис акаунт на PayPal. може да отвори само регистрирана фирма или може и индивидуалци кои работат online без регистрирана фирма. Доколу може какви податоци се внесуваат при креирањето на бизнис акаунтот?01
- Paypal AccountIn Платежни услуги PayPal и ост.5 јуни 2023 г.A ako nadminam suma od 1000$ ili poveke mozno li e da mi pobarat verifikacija ako pobarat so prajme togas?0
- „Старото“ сметководство се вградува во новиот ERP системIn Сметководство и финансии·1 октомври 2017 г.Со новата функционалност на Логин Системи, фирмите и организациите имаат можност многу побрзо и поефтино да го остават старото сметководство и да преминат на Dynamics NAV. Наместо да се користат паралелно два системи за сметководство (старо и ново) заради преглед на историските податоци, новата функционалност овозможува податоците од старото сметководство да бидат увезени и на располагање за преглед заедно со другите нови податоци во Dynamics NAV. Повеќе на темата има тука.(https://www.loginsystems.biz/post/%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D0%BE-%D1%81%D1%82%D0%B0%D1%80%D0%BE%D1%82%D0%BE-%D1%81%D0%BC%D0%B5%D1%82%D0%BA%D0%BE%D0%B2%D0%BE%D0%B4%D1%81%D1%82%D0%B2%D0%BE-%D1%81%D0%B5-%D0%B2%D0%B3%D1%80%D0%B0%D0%B4%D1%83%D0%B2%D0%B0-%D0%B2%D0%BE-%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D0%B8%D0%BE%D1%82-dynamics-nav)0135
- Функционалности на Microsoft Dynamics NAV 2017In Сметководство и финансии·22 октомври 2017 г.Microsoft Dynamics NAV е глобално ЕРП решение кое нуди подобра контрола на финансиите и сметководството и ги поедноставува активностите во ланецот на набавки и продажби, производството и оперативните активности. Dynamics NAV е модуларен и тесно интегриран софтверски систем кој информатички ги поддржува следните активности: Сметководство и финансиски менаџмент за менаџирање на парите, средствата и банкарството Ланец за снабдување, производство и логистика за евиденција и управување со производството, залихите, порачките и добавувачите Продажба и сервис за менаџирање на коминтентите, продажните можности/зделки и договорите за одржување и сервис Управување со проекти за креирање на проценки, водење на проекти и менаџирање со капацитетите Деловна интелигенција и систем на извештаи за детален и општ преглед на работата на организацијата и носење на одлуки поткрепени со факти Поддршка за интернационални валути за конкурирање на интернационалниот пазар со различни валути и јазици Флексибилно инсталирање на сопствена опрема или во „облак“ според модел кој најдобро одговара на потребите на организацијата. Функционалностите на Dynamics NAV се организирани во три групи: почетен пакет (starter pack), проширен пакет (extended pack) и македонска локализација. Почетниот пакет уште се нарекува и стандарден пакет. Функционалности во Стандарден пакет Starter Pack е за компании кои имаат базични потреби од финансии/сметководство и функционалности во трговијата: вклучувајќи; Управување со финансии (главна книга и основни средства); Базично управување со синџирот на снабдување и управување со продажбите (продажби, набавки и залихи); Професионални услуги (проектен менаџмент). Овој пакет содржи широк опсег на анализи и извештаи за увид во бизнисот и деловното работење. Финансиски менаџмент Главна книга | Алокација | Буџети | Распоред на сметки | Консолидација | Основен XBRL | Евиденција при измените во податоците | Прогноза на паричен тек | Основни средства | Осигурување | Одржување | Основни средства - алокација | Ре-класификација | Управување со сметки во банки | Ракување со плаќања | Помирување на сметките во банките | Ракување со исплата | Основни критериуми | Напредни критериуми | Неограничен број на компании | Повеќе валути | Одложувања Менаџмент во ланецот на снабдување (Материјално/магацинско работење) Основни побарувања | Фактурирање при продажба | Управување со продажни порачки | Попусти на продажни фактури | Алтернативни адреси за испорака | Агенти за испорака | Управување со враќање на продажни порачки | Попуст на продажна линија | Цени за продажна линија | Данок на продажба | Основни обврски | Фактурирање за набавки | Управување со набавни порачки | Попусти за набавни фактури | Управување со требувања | Алтернативни адреси за порачка | Управување со вратени набавни порачки | Попуст за набавка на линија | Цени за набавни линии | Drop Shipments | Продажни лица / Набавувачи | Залихи и магацини | Повеќе локации | Магацински броеви на артикли (SKU) | Алтернативни добавувачи | Асемблирачко производство | Пренос по локации | Заменски производи | Крос-референтни артикли | Нескладишни артикли | Следење на артиклите | Прикачување трошоци на артикли | Бин | Пик | Аналитички извештаи | Буџетирање на залихи/артикли | Работни текови (Workflows) | Управување со документи и OCR | Е-услуги Управување со односи кон купувачите - CRM Менаџмент со контакти | Управување со задачи | Интеграција со Microsoft Outlook | Класифицирање на контактиа | Управување со кампањи | Управување со можности/тендери | Управување со интеракции / документи | Евидентирање на мејлови во Microsoft Exchange | Интеграција со Microsoft Dynamics CRM Проектен менаџмент Базични ресурси | Управување со капацитети | Повеќекратни трошоци | Проценки | Задачи / чекори | Проекти | Временски лист / распореди на времиња Управување со човечки ресурси Базични човечки ресурси Останато Повеќе јазици за документи | Повеќе јазици | ПодружницИ | Intrastate | Проширен текст | Џобови за изведување по распоред | Кодови за причини Функционалности во Напреден пакет Напредниот пакет е наменет за компании во растечки стопански гранки, средно големи организации или во фирми кои имаат посложени оперативни активности. Таквите организации имаат потреба од повеќе функционални потреби во адаптибилно решение кое вклучува напредно складирање, производство и сервис. Напредниот пакет ги вклучува сите функционалности од Starter Pack. Проширен финансиски менаџмнет Центри за одговорност | Книжења за поврзани компании (интер-компании) | Сметководство на трошоци Сервис Управување со сервисни налози/порачки | Управување со сервисни цени | Менаџмент со сервисни артикли | Сервисни договори | Планирање во сервис и диспечерски работи Магацинско и материјално работење Ветување на порачки | Календари | Цени за кампања | Броење на циклуси | Документи Put Away (стави ја настрана) | Прием во магацин | Испорака од магацин | Работен лист за стандардни трошоци | Системи за магацинско управување (WMS) | Интерни Picks и Put Away | Систем за автоматизирано преземење на податоци | Подесувања на бинови Функционалности на македонската локализација За да може да се користи во Македонија, Логин Системи изработи пакет од функционалности наречени македонска локализација. Логин Системи го прилагоди и дополни популарниот ERP систем со Македонска локализација и надополнувања за да ги задоволи македонските закони, прописи и потреби на корисниците во Македонија. Македонската локализација и надополнувањата се поставени во функција во многу компании и организации повеќе години наназад. Сите овие организации имале контроли од УЈП или од ревиорски куќи и добиле позитивно мислење за нивниот ERP систем.01124
- НБРМ: Намалена казнената камата од 1ви Јули 2018In Сметководство и финансии·5 јули 2018 г.Со одлука број 02-22066/1 од 27 Јуни 2018 година, Народната банка на Република Македонија ја објавува референтната стапка за пресметување на стапката на казнената камата, за периодот од 01.07.2018 година до 31.12.2018 година. Согласно оваа одлука, референтната стапка за пресметување на стапката на казнената камата, за периодот од 1 Јули 2018 година до 31 Декември 2018 година изнесува 3,00%. (Линк до одлуката на НБРМ). Досегашната стапка изнесуваше 3,25%. Како се применува во пракса? За долг во денари казнената камата во периодот од 1 Јули до 31 Декември 2018 година изнесува: во облигационите односи помеѓу правни лица стапката е 13,00% во облигационите односи од кои барем едно лице е физичко лице стапката е 11,00%. Повеќе информации има на сајтот на МСФИ: Казнената камата за долг во денари во периодот од 01.07.2018 до 31.12.2018 година е намалена како резултат на намалување на референтната стапка од 3,25% на 3,00%0135
Пребарај во блог-објавите ...
Пребарај низ форумот на Логин Системи
Ако не најде тоа што те интересира, прегледај ги изворите на следните линкови
bottom of page






