Резултати од пребарување
2106 results found with an empty search
Услуги (5)
- 30 мин консултација за PayPal
За време од 30 минути може да прашаш за PayPal како сервис, да зборуваме за стратегија на поставување на платежна услуга PayPal за наплата на твоите производи и услуги. Услугата што ја нудиме вклучува и помош во инсталирање и конфигурирање на бизнис сметката во временската рамка на оваа услуга. Ако буџетот не ви ја дозволува оваа услуга, може да ја посетите рубриката за Пејпал на www.loginsystems.biz/paypal. Таму ќе најдете корисници информации, а можете да поставите прашања и да дискутирате со нашите членови. НАПОМЕНА Консултацијата не вклучува техничка поддршка или било каква консултација за пејпал сметки што се отворени претходно преку други земји и кои имале трансакции пред 2020 година.
- Бесплатна 1-на-1 ERP консултација
Aко користите застарена верзија на систем – како Pantheon, Dynamics NAV или локален сметководствен софтвер – и се соочувате со ограничувања во интерфејст, интеграции, скалабилност или поддршка, сега е вистинскиот момент да ја планирате иднината. Во рамките на нашата летна кампања Cool Down with Smart Solutions, ви нудиме бесплатна 1-часовна консултација за да го направите првиот чекор кон Dynamics 365 Business Central. Што вклучува вашата бесплатна сесија: • Преглед на вашето тековно ИТ и деловно опкружување и идентификација на главните предизвици. • Прелиминарен прилагоден план на миграција со фазен пристап и проценки за времетраење (3 до 9 месеци). • Стратешки препораки базирани врз нашето искуство и 8 Microsoft-сертифицирани додатоци за локализација и напредно управување. ❄ Без обврска, без притисок – само конструктивен и јасен разговор за можностите. 👉 Закажете ја вашата бесплатна консултација тука на оваа страница. Време е да започнете со планирање на вашата модерна ERP трансформација – ние сме тука да ви помогнеме.
- Kонсултација Business Central (30 мин)
Ќе ти помогнеме да избереш оптимално и интегрирано деловно решение за твоите бизнис активности. Дали може да се префрлат претходните податоци? Колку трае постапката? Сите клучни дилеми околу одлуката за премин на нов ERP систем ќе ги разгледаме заедно. Со завршувањето на оваа консултативна средба ќе добиеш одговор дали Microsoft Dynamics 365 Business Central е вистинското решение за твојот бизнис. Повеќе информации за Business Central има на линкот https://www.loginsystems.biz/bc
Блог-објави (392)
- е-Фактура Македонија: нова онлајн заедница за сметководство и комуникација со УЈП
Бесплатна група за сметководители, финансиски професионалци и сопственици на бизниси - совети за е-Фактура, API интеграција и идни деловни модели Скопје, јануари 2026. Со претстојното воведување на системот за е-Фактура од страна на Управата за јавни приходи (УЈП), македонските компании и сметководствени бироа се соочуваат со значајна промена во начинот на работа. За да им помогне на професионалците да се подготват, Логин Системи ја лансира новата онлајн заедница: е-Фактура заедница | УЈП проект и совети . Оваа бесплатна група нуди безбеден простор за размена на идеи, решенија и искуства поврзани со: Методи на комуникација со УЈП (портал, мобилна апликација, API интеграција) Практични совети за редизајн на сметководствени услуги - дали приходите ќе растат или ќе се намалат? Влијание врз трошоците и квалитетот на услугите за сопственици и финансиски менаџери Дигитална трансформација и ERP интеграција со Microsoft Dynamics 365 Business Central Членството е бесплатно, а одобрувањето на членови гарантира професионална средина за сметководители, финансиски менаџери, административни лица и сопственици на мали бизниси. Целта на групата е да поттикне реални дискусии за тоа како е-Фактура ќе влијае врз деловните модели, приходите и оперативните трошоци. Зошто да се приклучите? Следете ги најновите информации за рокови и правила на УЈП Научете практични чекори за рачна и автоматска обработка на е-Фактури Дознајте како да го прилагодите вашиот бизнис модел за новата дигитална ера Поврзете се со колеги и индустриски експерти Логин Системи планира да ја надополни оваа иницијатива со обуки и едукативни содржини во соработка со сметководствени институции, за да обезбеди навремена подготовка на бизнисите и професионалците. Приклучете се денес: 👇👇👇 www.ERP.mk/e-faktura-grupa За повеќе информации за подготовка за е-Фактура и ERP интеграција, посетете ја страницата: https://www.loginsystems.biz/e-faktura-makedonija За Логин Системи Логин Системи е сертифициран Microsoft партнер и консултантска компанија со седиште во Скопје. Нуди целосни решенија за Microsoft Dynamics 365 Business Central , вклучувајќи македонска локализација и API интеграции достапни на Microsoft AppSource . Со експертиза во финансии, трговија и производство, Логин Системи им помага на компаниите да постигнат усогласеност, ефикасност и долгорочен раст преку ERP имплементации и автоматизација.
- Business Central: како да започнете брзо, прифатливо и без компликации
Во претходниот блог-пост Започнување со Dynamics 365 Business Central во Македонија зборувавме за процесот и клучните одлуки при имплементација на ERP базиран на Business Central. Сега се фокусираме на поразвиените мали компании и услужно ориентираните бизниси и како да го направат тоа брзо, прифатливо и без непотребни компликации . Навремена одлука Одложувањето обично значи уште еден месец, квартал па и година, без јасен преглед на приливи и одливи, без конзистентни процеси и без реална слика за финансиската состојба. Business Central овозможува структуриран пристап кон финансии, продажба и набавка, а со правилна подготовка стартот може да биде брз и ефикасен. Чекор-по-чекор имплементација Секоја имплементација на Business Central се изведува чекор‑по‑чекор, со јасни влезови, активности и испораки по чекор. Ова обезбедува време‑до‑продукција во рамки на предвидениот буџет и постои контрола на ризикот, без непотребна комплексност на почетокот од воведувањето. 1) Kickoff & Планирање Се усогласуваат очекувањата, улогите и роковите; се дефинира јасна мапа што следи и кога. 2) Конфигурација на системот Се подготвува околина и се конфигурираат основните модули: финансии, продажба, набавки. 3) Master податоци & почетни салда Компанијата обезбедува чисти податоци за контен план, купувачи, добавувачи, артикли и почетни состојби. 4) Обука Се изведува практична обука за клучните корисници за навигација, книжење и извештаи. 5) Тестирање & валидација Компанијата и Логин Системи ги проверуваат процесите пред да се оди во продукција (go-live). 6) Go-Live + Hypercare Се стартува со поддршка во првата седмица заради стабилност, решавање на евентуални проблеми и одговори на прашања. Што реално е потребно за старт со Business Central? Одредување на цели и одлука за почеток Основна конфигурација на модули: финансии, продажба, набавка. Увоз на мастер податоци (контен план, купувачи, добавувачи, банкарски сметки, евентуално вработени, и артикли/услуги) и почетни салда. Обука за корисници и документација. Прилагодување на изгледот на фактурите. Поддршка во првите денови по стартот. Лиценците за Business Central и македонската локализација, како и месечните SLA-пакети за поддршка/хостирање, се нарачуваат одделно - се планираат навреме. Инвестиција во имплементирање Врз основа на нашето искуство, инвестицијата во ваков опфат за мали компании би можела да биде во рамки од околу 4.000 € за имплементација , што го прави процесот прифатлив и предвидлив. По стартот, раст без блокатори Business Central е основа што расте со вашиот бизнис. Кога ќе дојде време за повеќе (залихи, производство, интеграции/API, напредни извештаи, CRM), само надградувате или додавате функционалности. Подготвени да започнете? Резервирајте бесплатна 1-на-1 ERP консултација и дознајте како да го организирате вашиот старт: 👉 https://www.loginsystems.biz/service-page/besplatna-1-na-1-erp-konsultacija 📖 Прочитајте го претходниот блог за целосниот водич: https://www.loginsystems.biz/post/business-central-migracija-vodic-odlucuvaci-mk #businesscentral #МалБизнис За Логин Системи Основана во 1991, Логин Системи е македонска консултантска компанија фокусирана на Microsoft Dynamics 365 Business Central и миграции од локални/ERP софтверски решенија кон Business Central. Ние сме издавачи на македонска локализација (јазик и усогласеност) за Business Central објавена на Microsoft AppSource . Работиме со јасни опфати, пакетирани имплементации со можност за прилагодување и месечен SLA за континуитет. Нашата цел е единствен извор на вистина, сметководството да се совпаѓа со реалните операции, и да обезбедиме предвидливи опфати, рокови и интеграции.
- е-Фактура во Македонија, УЈП интеграција и усогласеност за компании и сметководители
(Овој блог пост е изработен врз основа на јавно достапни информации од Управата за јавни приходи (УЈП), интервјуа со менаџментот на УЈП, мислења на финансиски експерти, искуства од други земји на Балканот и Европа, како и нашата експертиза во API интеграции, EDI размена и имплементација на Microsoft Dynamics 365 Business Central во 10 земји досега, вклучувајќи и македонска локализација. Бидејќи проектот е во тек, дел од информациите може да се променат со текот на времето. За најнови практични совети и импликации, следете ги нашите објави на веб-страницата на Логин Системи.) Зошто е‑Фактура е game‑changer за Македонија? е-Фактурата во Македонија претставува нова ера во деловната комуникација и усогласеност со УЈП. Клучни придобивки за компании и сметководители Наместо хартиени документи, физичка достава и двојно внесување, компаниите добиваат систем кој овозможува: Автоматска размена на податоци со УЈП во реално време. Валидирани фактури со EUID - гаранција за автентичност и следливост. Елиминирање на трошоци за печатење и транспорт - нема потреба од лице кое носи фактури до сметководителот. Побрза подготовка на ДДВ пријави и подобра контрола на обврските. За сметководителите, ова значи нова дисциплина: работа со дигитални документи, автоматски статуси и можност за консултативни услуги со повисока вредност.Компаниите што ќе се подготват навреме ќе имаат конкурентска предност - оние што ќе чекаат, ќе се соочат со хаос и дополнителни трошоци. Важни временски рамки и фазност Фазноста на проектот за еФактура на УЈП е клучна за планирање на ERP интеграција и API поврзување. Q1 2026 : започнува пилот програмата со избрани компании за тестирање на е‑Фактура преку портал и API интеграција. Q2 2026 : се очекува да стане достапна клиентска апликација (десктоп/web) која ќе им олесни на компании без сопствен ERP систем лесен пристап до е‑Фактура преку интерфејс на УЈП. Q3 2026 : задолжителна примена за B2G трансакции (бизнис кон државни институции). За останатите компании, користењето е опционално во оваа фаза. Следни фази (2027 и понатаму) : постепено проширување на опфатот кон B2B и малопродажба (retail) , со целосна интеграција за сите даночни обврзници во наредните години. Од хартија до дигитално: како се менува процесот Преминот од хартиени фактури кон еФактура во Македонија значи целосна дигитализација и автоматизација на процесите. Долги години фактурите значеа печатење, потпис и физичка достава до сметководителот - често еднаш неделно, со дополнителни трошоци за време и транспорт. Во поново време, многу компании преминаа на праќање PDF фактури по е‑пошта , а некои дури ги потпишуваат електронски и ги нарекуваат „е‑Фактури“. Но важно е да се нагласи: овие PDF документи, иако дигитално потпишани, не се е‑Фактури според новиот систем на УЈП . Новата е‑Фактура е структурирана датотека (JSON формат), со квалификуван дигитален потпис и верификација од УЈП, која добива единствен идентификациски број (EUID). (JSON формат - структуриран формат кој овозможува автоматска обработка и интеграција) Со новиот систем, внесувањето на фактурите во УЈП ќе се прави преку: Веб портал (слично на е‑ПДД), Бесплатна мобилна апликација , API интеграција со ERP систем, или Middleware решенија за автоматска размена на податоци. Оваа разлика е клучна за компаниите и сметководителите: PDF фактурите нема да бидат доволни за усогласеност со новите правила. Поврзување на различни апликации и опции со УЈП за е-Фактура Со е‑Фактура, овластено лице од компанијата креира документ (фактура, испратница, кредитно одобрение или времен документ) во својот ERP или систем за фактурирање. Потоа: Документот се трансформира во структурирана форма (JSON формат) - ова е клучната разлика од PDF, бидејќи овозможува автоматска обработка и интеграција. Се потпишува со квалификуван дигитален сертификат - гаранција за автентичност и правна важност. Се испраќа до УЈП преку портал, мобилна апликација или API интеграција - каде се врши техничка валидација. УЈП доделува единствен идентификациски број (EUID) и потврдува статус (прифатена, одбиена, откажана). Сметководителот добива пристап до валидирани фактури со EUID - без ризик од изгубени документи, со целосна следливост и можност за автоматско книжење. Овој процес е основата на новата деловна дисциплина: нема повеќе физичка достава, нема двојно внесување, а сите документи се централизирани и проверени. Што се менува за бизнисите и сметководителите (Case Study) Овој пример покажува како трговска компанија и сметководствено биро можат да го оптимизираат процесот со еФактура и ERP интеграција. Денес „Алфа“ креира фактури во свој систем, ги печати и еднаш неделно ги носи физички до „Бета“. Ова значи трошоци за време, транспорт и ризик од изгубени документи. „Бета“ повторно ги внесува во својата апликација, што носи двојна работа и можност за грешки. Утре, со портал на УЈП „Алфа“ креира фактура во својот систем, потоа рачно ја внесува во порталот на УЈП. „Бета“ ги гледа потврдените фактури и прави книжење по EUID. ✅ Предност: централизирана архива и сигурност. ❌ Недостаток: двојно внесување, зголемен оперативен напор, ризик од грешки. Утре, со ERP интеграција „Алфа“ креира фактура само еднаш - во ERP. Се испраќа автоматски преку API до УЈП, добива статус и EUID, кој се снима назад во системот. „Бета“ има пристап до валидирани фактури во реално време, без повторно внесување. ☑️ Резултат: елиминирање на физичка достава, намалување на трошоци, побрзо затворање на месецот, целосна следливост и автоматско усогласување со ДДВ. Микро и мали фирми наспроти средни и големи компании Микро и мали фирми: За фирми со мал број фактури месечно, бесплатната веб и мобилна апликација од УЈП е практично решение. Овозможува пристап до е‑Фактура без дополнителни трошоци за ERP системи. Но, дури и за микро фирмите, ќе биде потребна обука за користење на апликацијата и разбирање на новите правила за дигитален потпис и EUID. Средни и големи компании: Компании со стотици или илјадници фактури месечно се соочуваат со сосема поинаква реалност. За нив, користење на портал или мобилна апликација значи огромен оперативен товар и ризик од грешки. Затоа, интеграцијата преку API со ERP систем е клучна за: Автоматизација на процесите - фактурите се креираат еднаш и автоматски се испраќаат до УЈП. Намалување на трошоци - нема потреба од дополнителен персонал за рачно внесување. Контрола и следливост - статусите и EUID се враќаат во ERP, достапни за извештаи и ревизија. Подготвеност за идни дигитални стандарди - интеграцијата овозможува лесно прилагодување на нови регулативи. За средни и големи компании, API интеграцијата со ERP како Microsoft Dynamics 365 Business Central е најбрз и најсигурен пат кон усогласеност. CEO перспектива: Ова не е само ИТ проект - тоа е стратегиска промена. Влијае на финансискиот тек, на усогласеноста со закони, на оперативната ефикасност и на односите со сметководителите. Компаниите што ќе инвестираат навреме во интеграција ќе имаат конкурентска предност и ќе избегнат хаос кога е‑Фактура ќе стане задолжителна. Како да се подготвите (компании и сметководители) Компании Подготовката за е‑Фактура не е само ИТ задача - тоа е стратегиска промена. CEO и CFO треба да: Анализираат тековни процеси: колку фактури месечно, колку време и ресурси се трошат за физичка достава и двојно внесување. Планираат буџет за интеграција или middleware, обуки и тестирање. Уредат мастер-податоци (купувачи, артикли, даночни групи) за да одговараат на новите правила. Дефинираат правила за исправки: сторно, кредитни белешки, референтни врски. Воспостават контроли: пред-испорака (валидирање), по-испорака (следење статуси), месечен close (усогласување со ДДВ). Сметководствени бироа Е‑Фактура е можност да се понудат нови услуги: Структурирана размена на податоци (CSV/JSON) наместо PDF. Контролни листи за статуси: примена, потврдена, одбиена, откажана. Аларми за одбиени фактури за навремени корекции. Стандардизација на шаблони за исправки за да се избегнат даночни недоследности. Консултативни услуги: подготовка на интеграција, чистење на податоци, тест сценарија. Обучување на клиентите за новиот систем. Автоматизација на затворање по период: споредба EUID ↔ ERP, усогласување со банкарски извештаи. Најбрзиот пат: Business Central + LSM API Integration App За компаниите што сакаат да избегнат двојно внесување и евентуални потешкотии од различна природа со користење на портал, најсоодветното решение е Microsoft Dynamics 365 Business Central во комбинација со LSM API Integration App . Зошто Business Central? За средни и големи компании, API интеграцијата со ERP како Microsoft Dynamics 365 Business Central е најбрз и најсигурен пат кон усогласеност. ERP систем кој е локализиран за Македонија преку нашите сертифицирани апликации на Microsoft AppSource . Поддршка за македонски јазик, даночни правила, ДДВ и локални регулативи. Интеграција со сите основни модули: финансии, продажба, набавка, складишта. Зошто LSM API Integration App? Апликацијата веќе е имплементирана кај компании кои имаат API интеграција со Ананас, ПакетМК, МикМик и WooCommerce . Сега ја надградуваме со поврзливост кон системот на УЈП за е‑Фактура , што значи автоматска размена на документи без рачно внесување. Поддршка за реално време : статуси, EUID, потврди и известувања директно во Business Central. Безбедност и усогласеност со локалните стандарди. Портфолио на македонска локализација: За целосно искуство, LSM API Sales and Shipping Agents Integration App за Business Central, работи најдобро со нашите други апликации: LSM Macedonian Localization Base App LSM Macedonian Localization Retail Management LSM Macedonian Language Pack (македонски интерфејс) Со оваа комбинација, компаниите добиваат: ✔ Еднократно креирање на фактури во ERP ✔ Автоматска испорака до УЈП и враќање на статуси ✔ Централизирана контрола и извештаи ✔ Подготвеност за идни дигитални стандарди Повик за акција е‑Фактура е голем проект кој ќе влијае на вашите процеси, трошоци и усогласеност. Не чекајте до последен момент - подгответе се навреме! 👉 Резервирајте бесплатна 1-на-1 консултација пред крајот на Q1 2026 за да бидете подготвени за почетокот на еФактура: Проценка на вашата спремност за е‑Фактура План за интеграција со Microsoft Dynamics 365 Business Central Надградба со LSM API Integration App за автоматска поврзаност со УЈП Контактирајте не’ денес и осигурете си конкурентска предност! --- За Венко Глигорoв Венко Глигорoв е основач и консултант во Логин Системи , специјализиран за имплементација на ERP решенија, API интеграции и дигитална усогласеност. Со повеќе од една деценија искуство, има реализирано успешни проекти со Microsoft Dynamics 365 Business Central во 10 земји, со фокус на локализација, автоматизација и оптимизација на деловни процеси. За Логин Системи Логин Системи е сертифициран Microsoft партнер и консултантска компанија со седиште во Скопје. Нуди целосни решенија за Microsoft Dynamics 365 Business Central , вклучувајќи македонска локализација и API интеграции, достапни на Microsoft AppSource . Со експертиза во финансии, трговија и производство, Логин Системи им помага на компаниите да постигнат усогласеност, ефикасност и долгорочен раст преку ERP имплементации и автоматизација.
Страници (816)
- Настани и презентации | Логин Системи
Информации за актуелни настани и презентации за сметководствени програми и ЕРП во организација на Логин Системи Настани на Логин Системи Директно запознавање со софтверските решенија за сметководство и деловно работење базирани на Microsoft Dynamics 365 Business Central. Следни настани Повеќе датуми за избор Е‑Фактура УЈП - Обука за компании и сметководители (3 КПУ поени) чет., 29 јан. Економско правен консалтинг „ФВ“ Практична обука за целосно запознавање со е‑Фактура системот на УЈП. Дизајнирана за компании и сметководители кои сакаат брза и точна усогласеност со новите правила. Учесниците добиваат 3 КПУ поени. Пријави се Ако повеќе ти одговара персонализирана консултација ... Бесплатна 1-на-1 ERP консултација Онлајн Имате ограничувања во вашиот постоечки програм? Да зборуваме за ERP имплементација или миграција! 30 min Free Free Побарај термин Последни објави е-Фактура Македонија: нова онлајн заедница за сметководство и комуникација со УЈП Приклучете се во бесплатната онлајн заедница за е-Фактура во Македонија. Дознајте како да се подготвите за новите правила на УЈП, API интеграција и ERP автоматизација. Business Central: како да започнете брзо, прифатливо и без компликации Како малите бизниси можат да започнат со Business Central брзо и без компликации. Чекор-по-чекор имплементација, обука и прифатлив буџет и време за изведба. е-Фактура во Македонија, УЈП интеграција и усогласеност за компании и сметководители е-Фактурата во Македонија започнува во 2026 и носи нови правила за усогласеност со УЈП. Овој водич објаснува фазноста на проектот, опциите за интеграција, и зошто Microsoft Dynamics 365 Business Central со LSM API Integration App е најбрз пат до автоматизација и сигурност за компании и сметководители. Започнување со Dynamics 365 Business Central во Македонија Практична рамка за миграција на Business Central за носители на одлуки: прво дефинирајте цели и KPI, потоа по јасен редослед донесете шест клучни одлуки (модел на испорака, лиценци, локализација, имплементација, SLA/хостирање, интеграции). Резултатот е побрз и контролиран go‑live, мерливи чекори на подобрување и единствен извор на вистина - сметководство усогласено со операции.
- Логин Системи | Решенија со Microsoft Dynamics 365 Business Central | Macedonia
Води го бизнисот и сметководството со софтвер на начин кој најмногу ти одговара. Со Microsoft Dynamics 365 Business Central и Логин Системи. Дома Агилност Интегрираност Рекоа Започни Решенија Зошто ЛС Новости Води го твојот бизнис со Business Central Води го бизнисот со софтвер на начин кој најмногу ти одговара. Имај слобода во креирањето на процесите и опслужувањето на купувачите. Со Microsoft Dynamics 365 Business Central и Логин Системи. започни тука Агилност Агилност за предизвиците во работењето Нашите софтверски решенија базирани на Microsoft Dynamics 365 Business Central се креирани и оптимизирани за трговски компании, производители, агилни и брзо растечки мали компании и услужни организации. Ако имаш потреба од изработка на точни и навремени извештаи , сакаш да ја подобриш контролата во водењето на бизнисот и да ги зголемиш перформансите во сите свои оддели - ти си на правото место.. започни тука Microsoft Dynamics NAV Provider in Macedonia MK МК Интегрирани модули со богати функционалности Сметководство и финансии Ракување со главната книга и книжењата, парите, средствата и сметките во банка научи повеќе | > Човечки ресурси и плати Најбитниот елемент во креирањето на вредност научи повеќе | > Управување со сервис Важни алатки за зголемено корисничко задоволство и долготрајна лојалност научи повеќе | > Комерцијално и магацинско работење Eвиденција и управување сo продажбите, залихите и добавувачите научи повеќе | > Производство Вистинско производство за вистински производители научи повеќе | > Управување на релации со контакти Менаџирање на коминтентите и продажните можности/зделки научи повеќе | > Проектен менаџмент Следи ги проектите според буџет, квалитет и време научи повеќе | > започни тука Интегрираност Решенија „Клуч-на-рака“ Enterprise Resource Planning Основата на секој деловен систем е ERP. Твојот бизнис ќе биде поуспешен со Microsoft Dynamics NAV. повеќе >>> Customer Relationship Management Задржи ги постоечките купувачи и освој нови со софтверот за менаџмент на релациите со купувачите - CRM. повеќе >>> започни тука Business Intelligence Power BI е светски тренд во деловната интелигенција. Обемот на податоци е бескорисен ако не се преточат во KPIs (клучни индикатори за перформанси), графикони и трендови. повеќе >>> Бизнис и софтверски услуги На располагање ти е нашето најдолго и најразновидно искуство во работењето со ERP/CRM, Microsoft Dynamics NAV и Balanced Scorecard (по Kaplan и Norton). повеќе >>> Решенија Пролистај што има ново на сајтот Новости Зошто ЛС Зошто Логин Системи? Јазикот на бизнисот. Иако познавањето на програмирањето е неопходно, за успешна имплементација на деловни системи е потребно и знаење од менаџментот, финансиите и другите струки. Кој ќе го знае подобро јазикот на бизнисот ако не е Логин Системи? Оптимизираност и конфор. Модулите, програмскиот код и извештаите се оптимизирани и работат побрзо. Скратени се во голема мерка непотребните кликови за форми или пребарувања. Проактивност. Знаеме да работиме проактивно со корисниците и со тоа ги предвидуваме евентуалните идни грешки и пропусти што корисникот би можел да ги направи. Прво, заради најдобриот ERP Економичност. За ист тип на работни задачи, помал е бројот на дополнителни објекти што ги користиме во NAV во споредба со конкурентите. Тоа значи помала инвестиција за лиценци и број на објекти во NAV. И поефтино одржување. Соодветна поддршка на потребите. Поддршката на решението и системот се дефинира во зависност од потребите како на пример работното време, начинот на комуникација и времето за одзив. Искуство и сигурност. Во бизнисот сме 25+ години, а во сопственичката структура го имаме е американскиот инвестициски фонд SEAF. Како фирма имаме најголемо искуство со NAV во Македонија и регионот. Кога ќе те пофалат ... Работиме напорно, професионално и стручно. Барањата на корисниците ги завршуваме согласно буџетот и очекувањата. Рекоа Сашко Ѓорчевски, Фени Логин Системи покажаа посебни квалитети во изведбата на нашите сложени барања во набавките и магацинското работење Љубинка Јосифовска, Шмиц Каргобул ... секогаш навремено и квалитетно одговара на нашите специфични барања околу финансиите Мери Каровска, ИТД Дистрибуција Со прилагодувањето на НАВ во ИТД имаме подетални и попрегледни извештаи, и попродуктивна работа Кој ќе ти помогне ако не најдобриот. Избери термин за бесплатен совет или помош. Услуги со термини Започни Избери што те интересира повеќе Прочитај повеќе Размени мислење и искуство на форумот за бизнис и менаџмент Закажи средба Контактирај не'
- Product (All) | Login Systems
Лиценци и услуги за сметководство и ERP Состави решение по твоја мерка - базирано на Microsoft Dynamics NAV и услугите од Логин Системи Лиценци Microsoft Dynamics NAV Се овозможува право на пристап до Microsoft Dynamics NAV Кликни тука за повеќе ... Локализација и надополнувања од Логин Системи Неопходни компоненти за работа во Македонија според прописи во МК Кликни тука за повеќе ... Услуги на имплементирање Активности на поставување на деловно решение и оспособување на корисниците Кликни тука за повеќе ... Хостирање и одржување Решението треба да се стави на централно место и да се одржува во функција Кликни тука за повеќе ... Пролистај што има ново на сајтот
Форум-објави (823)
- Успешна Пејпал сметка за примање пари во НЛБ тутунска банкаIn Платежни услуги PayPal и ост.·2 мај 2020 г.Претходниот пејпал акаунт го имав отворено одамна и тој служеше само за плаќање, на него не можеше да се примаат пари . Бидејќи немаше бизнис опција, го затворив стариот и со нов email и преку бугарски линк за пејпал се логирав и таму ми даде опција и за нашата држава, одбрав Македонија, бизнис акаунт , пополнив лични податоци и ја поврзав мојата дебитна visa картичка od NLB тутунска банка и така го отворив пејпал акаунтот и за примање пари. Претходниот пејпал акаунт го имав отворено одамна и тој служеше само за плаќање, на него не можеше да се примаат пари . Бидејќи немаше бизнис опција, го затворив стариот и со нов email и преку бугарски линк за пејпал се логирав и таму ми даде опција и за нашата држава, одбрав Македонија, бизнис акаунт , пополнив лични податоци и ја поврзав мојата дебитна visa картичка od NLB тутунска банка и така го отворив пејпал акаунтот и за примање пари. Заради проверка пријател од Франција ми уплати неколку долари и веднаш за таа трансакција ми стигна порака од НЛБ дека имам примено пари. Тоа е се. :) Со среќа !3177384
- Работна средба со Народна банка на РСМ: Промени во регулативата за отворање сметки во странствоIn Платежни услуги PayPal и ост.·6 август 2019 г.Денес, 06.08.2019, на покана од Народната банка на РСМ (НБРСМ) остварив работна средба со Гувернерката Анита Ангеловска Бежоска и нејзиниот тим. На средбата разменивме информации и искуства околу регулативите и потешкотиите за воведување на Пејпал, Скрил и другите платежни процесори во Македонија. НБРСМ изготви предлог-одлука за начинот и условите под кои резидентите коишто не се овластени банки, можат да отвораат и да имаат сметки во странство. Со други зборови, се отстрануваат пречките домашни граѓани и фирми да отвораат/користат сметки во странски електронски сервиси за платежни трансакции какви што се Пејпал, Скрил и останатите за прием на пари преку електронска трговија. Предлог-одлуката ќе (треба да) се усвои на 29 август оваа година на Советот на НБРСМ. По усвојувањето, раководството на НБРСМ е подготвено да продолжи со прилагодување на регулативата/условите кон потребите на професионалците, компаниите за побрз „влез“ на Пејпал и останатите. Повеќе информации има во оваа рубрика или кликни Follow за известување на новините за оваа тематика тука. #paypal #платежниуслуги3132266
- Поврзување со PayPalIn Платежни услуги PayPal и ост.·29 март 2023 г.Следејќи ги инструкциите на страната ги пребродив сите проблеми за конекција на платежна картичка со PayPal акаунтот, како: - Која картичка е валидна за праќање и примање пари од странство - На кој начин да се направи профилот - Како да се ажурираат податоците на PayPal - Отстранување на интернет лимитот од страна на банка - Успешно да се добијат парите на PayPal и истите да се префрлат на Македонска картичка. - За можност да се добијат пари, Мора да се искористи VISA Картичка, не финкционира Мастер. Јас ја искористив Студентската Купувај Домашно Картичката од НЛБ Банка, Така да сигурно функционираат и другите приватни или бизнис картички. - Доколку не сте биле во банка да побарате да ви го тргнат лимитот за плаќање онлајн, имате број позади на секоја картичка, јавете се на истот и кажете им да го поместат лимитот над 100 $ или повеќе, поради тоа што PayPal наплаќа 1$ од картичката за да ја важи за валидна. Доколку не ви фати една, испробајте со различни картички. - Доколку веќе сте пробале да направите акаунт со ваше име и презиме и не ви успеало, при правење на нов акаунт би ви препорачал да го смените името или презимето или додајте го името на вашата компанија (за новиот профил). - Кога ќе ви е готов PayPal акаунтот, повелете на GrosFolli.store да ги израдувате најблиските.210478
Programs (30)
- How to Create a Business Plan
Ready to achieve your business goals? A business plan is your secret weapon to get everyone excited about what’s next.

















