top of page
Резултати од пребарување
Се' (2125)
Производи (22)
Услуги (5)
Настани (21)
Блог-објави (397)
Страници (827)
Форум-објави (823)
Programs (30)
Filter by
Type
Category
823 results found with an empty search
- Грешка во потпишување на ДДВ пријава на сајтот на УЈП - java.lang.reflect.invocationtargetexceptionIn Сметководство и финансии·26 април 2023 г.Ако ви се случи да не можете да потпишете ДДВ пријава за УЈП, а претходно можело на вашиот компјутер, проверете ја верзијата на Java. Новите верзии на Java не овозможуваат безбедносно ниво Medium (Least Secure Setting) - види слика подолу. Поради ова покачување на безбедносното ниво, апликацијата на УЈП за потпишување не може да се стартува и јавува грешка. Кога ќе кликнете на грешката ќе се појави порака со текст java.lang.reflect.invocationtargetexception. Како се решава овој проблем? 1️⃣ Прво, проверете ја верзијата на Java во компјутерот во Control Panel. Ако пребарате со Java и не пишува Java (32 bit), најверојатно имате 64 битна верзија или 32 битна верзија 8.0 со најнов датум. 2️⃣ Второ, кога ќе кликнете на Java во Control Panel и одите на табот Security, потребно е да имате опција за Medium како на сликата подолу. Ако немате опција за Medium, ќе биде потребно да деинсталирате постоечката верзија на Java - тоа се прави со Uninstall Program во Control Panel. Повеќе инфо има на линкот https://www.java.com/en/uninstall/uninstall_instructions.html. 3️⃣ Трето, откако ќе деинсталирате верзијата на Java потребно е да инсталирате верзија која е компатибилна со УЈП. Таква е верзијата Java 7 Update 79. 🗞️ Оваа верзија може да ја симнете од сајтот на Oracle на линкот https://www.oracle.com/ie/java/technologies/javase/javase7-archive-downloads.html. 🗞️ За постара верзија 8 може да го користите линкот https://www.oracle.com/java/technologies/javase/javase8-archive-downloads.html. 📥 Верзијата 7 може да ја преземете и ако кликнете на линкот подолу. Постот е пишуван на 26.04.2023 и со текот на времето оваа информација може да биде бајата/несоодветна. Лајкнете го постот ако ви беше корисен. 👍 Благодариме. 🙏🙏🙏001244
- УЈП: Уредба за номенклатурата на средствата за амортизација и годишните амортизациони стапки и начин за пресметување (важи од 28.12.2019)In Сметководство и финансии·2 март 2020 г.Со оваа уредба се утврдува номенклатурата на средствата за амортизација и годишните амортизациони стапки, како и начинот на пресметување на амортизацијата, односно отписот на вредноста на материјалните и нематеријалните средства која се признава како расход во даночниот биланс на обврзниците на данок на добивка и обврзниците на данок на личен доход кои остваруваат доход од самостојна дејност. Одлуката може да се преземе на копчето долу. Извор: Управа за јавни приходи (Службен весник на РСМ, број 277/2019) Корисни линкови Како-да: Пресметка на амортизација на основни средства во Dynamics NAV #сметководство #амортизација00916
- УЈП: Најниска и највисока основица за пресметување на придонеси, бруто плата 2025In Сметководство и финансии·28 јануари 2025 г.Бруто плата 2025 Управата за јавни приходи информира дека просечната бруто плата по работник во Република Северна Македонија, според податоците на Државниот завод за статистика објавени во Јануари 2025 година изнесува 63.154 денари согласно објавата од Државен завод за статистика. Просечната бруто плата се користи за утврдување на најниската и највисоката основица за пресметка на придонесите од задолжително социјално осигурување и тоа за пресметките за плата кои се однесуваат за период од месец Јануари до месец Декември 2025 година. • Најниската основица за пресметка на придонесите за 2025 година изнесува 31.577,00 денари (50% од 63.154.00) • Највисока основица за пресметка на придонесите за 2025 година за примањата од работен однос и за примања на извршен член на одбор на директори, член на управен одбор, односно управител во трговско друштво изнесува 1.010.464,00 денари (16 x 63.154,00) • Највисока основица за пресметка на придонесите за 2025 година за самовработено лице изнесува 757.848,00 денари (12 x 63.154,00) Обврзниците треба да ја преземат новата верзија на клиентскиот софтвер - МПИН која го содржи новиот параметар. Просечна плата по работни во РСМ УЈП напоменува сека сите обврзници кои до овој момент имаат поднесено и исплатено конечни пресметки за Јануари 2025 година, а исплатуваат плати под најниската основица или над највисоката основица за пресметка на социјалните придонеси, треба да поднесат исправки (103) на истите, со утврдениот износ на просечната плата. Извор: Управа за јавни приходи Пресметај ја твојата плата со бесплатната веб апликација на Логин Системи тука.0071
- УЈП: Пресметка на плата 2025, нов клиентски софтвер МПИНIn Сметководство и финансии·5 јануари 2025 г.Управата за јавни приходи информира дека врз основа на Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување, стапките по кои се пресметуваат и плаќаат придонесите од задолжително социјално осигурување почнувајќи со исплата на платата за месец Јануари 2025 се следните: • Задолжително пензиско и инвалидско осигурување - 18,8% • Задолжително здравствено осигурување - 7,5% • Дополнителен придонес за здравствено осигурување за случај на повреда на работа и професионално заболувње - 0,5% • Задолжителен придонес за осигурување во случај на невработеност - 1,2% Даночно намалување Почнувајќи со исплата на платата за месец Јануари 2025 година, ќе се применува даночно намалување во следниот износ: • Даночното намалување при годишно пресметување на данокот на личен доход во износ од 123.240,00 денари. • Даночното намалување при исплата на данок на личен доход од работа по основна плата, надоместоци на плата и пензија, на месечно ниво во износ од 10.270,00 денари (повеќе на http://www.ujp.gov.mk/mk/plakjanje/licno_osloboduvanje). Нова верзија на клиентскиот софтвер МПИН За да може да се пресметуваат платите од јануари 2025, задолжително треба да се преземе новата верзија на клиентскиот софтвер (линк http://www.ujp.gov.mk/mk/obrasci/opis/81). Софтверот може да се данлодира од линкот подолу. Извор УЈП: http://www.ujp.gov.mk/mk/javnost/soopstenija/pogledni/1082 #плата #брутоплата УЈП: Пресметка на плата 202500640
- Правилник за сметковниот план и содржината на одделните сметки во сметковниот план (за download)In Сметководство и финансии·26 април 2021 г.Со овој правилник, Министерството за финансии го пропишува сметковниот план и содржината на одделните сметки во сметковниот план за субјектите кои сметководството го водат согласно Законот за трговските друштва и Правилникот за водење сметководство. Овој правилник не се однесува на субјектите од став 1 на овој член, чие работење се уредува со посебен закон и доколку со друг пропис се пропишани посебни сметковни планови. Сметковниот план се донесува врз основа на член 472 став (9) од Законот за трговските друштва (”Службен весник на Република Македонија” број 28/04, 84/05, 25/07, 87/08, 42/10, 48/10 и 24/11). Преземете го правилникот од со кликнување на линкот тука. Извор: Архива на Министерство за финансии Сметковниот план можете да го прегледувате онлајн на страницата Сметковен план. #сметковенплан #контенплан00296
- МСФИ: Висина на надоместок заради привремена спреченост за работа (боледување)In Сметководство и финансии·5 февруари 2019 г.Висината на надоместокот на плата за време на привремена спреченост за работа ја определува работодавачот, односно Фондот за здравствено осигурување со општ акт, но најмалку во висина од 70% од основицата за надоместокот на плата (член 17 од Закон за здравствено осигуривање - ЗЗО). Со ЗЗО утврден е исклучок кога висината на надоместокот на плата за време на привремената спреченост за работа предизвикана со повреда на работа, професионална болест, за време на давање крв, ткиво или орган, како и за време на отсуство поради бременост, раѓање и мајчинство е утврдено да изнесува 100% од основицата на надоместокот на плата утврдена според член 16 на ЗЗО. Максималниот износ на надоместок на плата согласно член 17 од ЗЗО, изнесува четири просечни месечни плати исплатени во Републиката во претходната година. ЗРО не го определува минималниот износ на надоместокот на плата поради боледување, но тој е утврден со општите колективни договори. Приватен сектор Имено, согласно член 31 од Општиот колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството (“Службен весник на РМ“ бр.150/12, 189/13, 119/15 и 150/16, во натамошниот текст: ОКДС), надоместокот на плата за време на отсуство од работа поради болест или повреда, изнесува: до 15 дена спреченост за работа, 70% од основицата; над 15 дена спреченост за работа, 90% од основицата. Јавен сектор Согласно Општиот Колективен договор за јавниот сектор на Република Македонија („Службен весник на РМ” бр. 10/08 и 85/09, во натамошниот текст: ОКДЈ) надоместокот на плата за време на отсуство од работа поради боледување изнесува: до 7 дена спреченост за работа, 70% од основицата; до 15 дена спреченост за работа, 80% од основицата; над 15 дена спреченост за работа, 90% од основицата. Напомена: основица за исплата на надоместокот на плата согласно член 28 од ОКДС, како што е погоре наведено, е просечната плата на работникот од последните 12 месеци, доколку со закон поинаку не е определено, а согласно ОКДЈ е исплатената плата на работникот во последните три месеци. Извор: МСФИ www.msfi.com.mk #сметководство #плата0013265
- Како-да: Праќање на исплатни листови за плата по електронска пошта во кризни моменти (видео)In Microsoft Dynamics 365·2 април 2020 г.Ситуацијата со коронавирусот (COVID-19) го смени начинот на работа на компаниите. Повеќето вработени работат од дома. Некои работа со дежурства. Некои фирми имаат надворешни сметководствени бироа кои им даваат услуги на фирмите. Законските прописи за платата наложуваат работодавачот да доставува исплатни листови за плата на секој вработен. Доставата може да биде лично со хартиен документ но и преку е-пошта ако на тоа се согласат вработените. Со оглед на тоа што секој вработен мора да има адреса за електронска пошта заради персоналниот данок, тогаш програмите на плата може да испраќаат електронски пораки со исплатен лист прикачен како PDF до вработените. Microsoft Dynamics NAV / 365 Business Central има таква опција за праќање по електронска пошта на исплатните листови. Секој вработен добива посебен емаил со исплатен лист. Со тоа се решава проблемот за лична достава на исплатниот лист. Погледни на видеото подолу како изледа исплатниот лист на вработен за плата. Прочитајте како „Мекиците од Стража“ ја пресметуваат и ја испраќаат платата тука. Повеќе видео содржини за платата има на адресата www.erp.mk/video. Корисни линкови Бесплатна пресметка на плата на веб Коефициенти за плата по месеци и години #коронавирус #плата #ЕРП00369
Пребарај во блог-објавите ...
Пребарај низ форумот на Логин Системи
Ако не најде тоа што те интересира, прегледај ги изворите на следните линкови
bottom of page








