top of page
LSLogoTransparentWOSlogan

Бизнис дискусија на избрана група

Сметководство и финансии

Public·10 members

Вадење на потврда за тековна состојба за фирма (субјект)

Ова е услуга на Централниот регистар што овозможува издавање на потврда изработена врз основа на службена евиденција која ја води Централниот регистар. Потврдата има информација за тековните (актуелни) податоци за субјект во Трговскиот регистар и Регистарот на други правни лица.


Се оди на почетната страница на Централниот регистар - www.crm.com.mk.



Почетна страна на Централен регистар
Почетна страна на Централен регистар


Се избира командата за тековна состојба на субјект со кликнување на копчето Тековна состојба на субјект. Или се оди директно на адресата на оваа услуга: https://www.crm.com.mk/mk/uslugi/dobijam-potvrda-ili-informatsija/delovni-podatotsi-i-potvrdi-za-subjekti/tekovna-sostojba-na-subjekt. Се појавува екран како на сликата подолу.



Потврда за тековна состојба на субјект
Потврда за тековна состојба на субјект

Се избира начинот на добивање на потврдата. Кликнете на Електронски за да добиете електронска потврда во ПДФ.



Ако не сте најавени на системот на Централниот регистер, сторете го тоа со Најави се. Ако не се регистрирани, потребно е да се регистрирате. Овие копчиња се наоѓаат горе десно.



Најавување или регистрација на системот на Централниот регистер
Најавување или регистрација на системот на Централниот регистер

Потоа се оди на страницата за е-Потврди - http://www.crm.com.mk/CRIS/default.aspx и се избира Ново барање. Се избираат опции како на сликата подолу.



Пополнување на барање за тековна состојба
Пополнување на барање за тековна состојба


Ако не е познат ЕМБС, се избира ЕМБГ и обратно. Откако е пополнето, се кликнува на копчето Зачувај кое е најдолу на страната. Ако е се' во ред, се прикажува кошничката со ставка дека услугата чини 256 денари - слика подолу.



Кошница во која се наведени избраните услуги/производи
Кошница во која се наведени избраните услуги/производи

Се преминува на плаќање со кликнување на копчето Плати. Откако се помине екранот за внесување на податоци за лицето кое ќе врши плаќање, се појавува страница за внесување на картичка за плаќање.


Избор на картичка за плаќање
Избор на картичка за плаќање

Се ставаат податоци за картичката и сигурносниот код CVV2/CVC2 и се кликнува на Потврди.


Ако уплатата е успешно изведена, се добива потврда од Централниот регистар како на сликата подолу.


Успешно изведена операција на плаќање
Успешно изведена операција на плаќање

По некое време, се добиваат две емаил пораки - едната дека е примена уплата, а другата порака линк од каде да се преземе бараната потврда.



Се добиваат две емаил пораки
Се добиваат две емаил пораки

За да ја подигнете потврдата (тековната состојба), се оди на страницата https://www.crm.com.mk/cris/ или на линкот што го пишува во втората емаил порака. Потоа се избира опцијата Преземање потврди.


На страницата за преземање потврди го ставате деловодниот број што го пишува во е-пораката што е испратена од Централниот регистер. Се кликнува на Барај. Види слика подолу.


Преземање на потврди
Преземање на потврди

Подолу на страницата се излистува листа на барања - во нашиот случај се излистува еден запис за тековна состојба. Види слика подолу.



Резултат од барањето на потврди
Резултат од барањето на потврди


Се кликнува на Преземи потврда и со тоа се симнува потврдата од Централниот регистер и се снима на локалниот компјутер.



Изглед на тековна состојба во електронски формат
Изглед на тековна состојба во електронски формат

Тоа е целата постапка. Со успех. 👍👌💪



Ако сте задоволни од напишаното и ако успеавте да извадите тековна состојба, ќе бидеме благодарни да добиеме бакшиш. Доволно е да се кликне на сликата за PayPal и да ставите сума која мислите дека е доволно добра. 😃



Прием на бакшиш преку PayPal
Прием на бакшиш преку PayPal


Ви благодариме. 🙏🙏🙏 Со вашата уплата ќе бидеме охрабрени да пишуваме повеќе за актуелни теми.


#тековнасостојба


4167 Views
bottom of page