top of page
LSLogoTransparentWOSlogan

Бизнис дискусија на избрана група

Сметководство и финансии

Public·13 members

Нови стапки за придонеси од јули 2026 година


Ве информираме/потсетуваме дека согласно измените на Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување објавени во „Службен весник на РСМ“ бр. 148/2026, новите стапки за придонеси задолжително се применуваат при пресметка и исплата на платата за месец јули 2026 година, па се' до платата за месец декември 2026 година.


Новите стапки се:


✅ Пензиско и инвалидско осигурување (ПИО): 19,9%

✅ Здравствено осигурување: 7,5%

✅ Дополнителен придонес за здравствено осигурување (повреда на работа и професионално заболување): 0,5%


1 View

Книги за евиденција во трговијата на големо и мало

Правилник од Министерство за економија


Од економско правен консалтинг ФВ ни доставија како изгледа Правилникот за формата и начинот на водење евиденција за набавка и продажба на стоките и услугите во трговијата на големо и мало.



КДФИ - Книга за дневни финансиски извештаи


Покрај меморирањето на прометот во фискалната меморија, во случај на губење на другите евиденции, даночниот обврзник има обврска да води и Книга за дневни финансиски извештаи. Книгата се води за секој деловен објект во кој се користат фискални апарати. Во објект во кој се користат повеќе фискални апарати, дневните финансиски извештаи се евидентираат збирно.


http://www.ujp.gov.mk/mk/obrasci/opis/14


226 Views
Admin (LS)
Admin (LS)
Mar 24, 2025

Правилник а евиденции во трговијата - Службен весник 51 од 2004




УЈП: Најниска и највисока основица за пресметување на придонеси, бруто плата 2025


УЈП: Најниска и највисока основица за пресметување на придонеси, бруто плата 2025
Бруто плата 2025

Управата за јавни приходи информира дека просечната бруто плата по работник во Република Северна Македонија, според податоците на Државниот завод за статистика објавени во Јануари 2025 година изнесува 63.154 денари согласно објавата од Државен завод за статистика


Просечната бруто плата се користи за утврдување на најниската и највисоката основица за пресметка на придонесите од задолжително социјално осигурување и тоа за пресметките за плата кои се однесуваат за период од месец Јануари до месец Декември 2025 година.


  • Најниската основица за пресметка на придонесите за 2025 година изнесува 31.577,00 денари (50% од 63.154.00)

  • Највисока основица за пресметка на придонесите за 2025 година за примањата од работен однос и за примања на извршен член на одбор на директори, член на управен одбор, односно управител во трговско друштво изнесува 1.010.464,00 денари (16 x 63.154,00)

  • Највисока основица за пресметка на придонесите за 2025 година за самовработено лице изнесува 757.848,00 денари (12 x 63.154,00)


102 Views

УЈП: Пресметка на плата 2025, нов клиентски софтвер МПИН

Управата за јавни приходи информира дека врз основа на Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување, стапките по кои се пресметуваат и плаќаат придонесите од задолжително социјално осигурување почнувајќи со исплата на платата за месец Јануари 2025 се следните:


  • Задолжително пензиско и инвалидско осигурување - 18,8%

  • Задолжително здравствено осигурување - 7,5%

  • Дополнителен придонес за здравствено осигурување за случај на повреда на работа и професионално заболувње - 0,5%

  • Задолжителен придонес за осигурување во случај на невработеност - 1,2%


Даночно намалување


662 Views
bottom of page