top of page
LSLogoTransparentWOSlogan

Бизнис дискусија на избрана група

Сметководство и финансии

Public·10 members

УЈП: Пресметка на плата 2025, нов клиентски софтвер МПИН

Управата за јавни приходи информира дека врз основа на Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување, стапките по кои се пресметуваат и плаќаат придонесите од задолжително социјално осигурување почнувајќи со исплата на платата за месец Јануари 2025 се следните:


  • Задолжително пензиско и инвалидско осигурување - 18,8%

  • Задолжително здравствено осигурување - 7,5%

  • Дополнителен придонес за здравствено осигурување за случај на повреда на работа и професионално заболувње - 0,5%

  • Задолжителен придонес за осигурување во случај на невработеност - 1,2%


Даночно намалување


Почнувајќи со исплата на платата за месец Јануари 2025 година, ќе се применува даночно намалување во следниот износ:


  • Даночното намалување при годишно пресметување на данокот на личен доход во износ од 123.240,00 денари.

  • Даночното намалување при исплата на данок на личен доход од работа по основна плата, надоместоци на плата и пензија, на месечно ниво во износ од 10.270,00 денари (повеќе на http://www.ujp.gov.mk/mk/plakjanje/licno_osloboduvanje).


Нова верзија на клиентскиот софтвер МПИН


За да може да се пресметуваат платите од јануари 2025, задолжително треба да се преземе новата верзија на клиентскиот софтвер (линк http://www.ujp.gov.mk/mk/obrasci/opis/81). Софтверот може да се данлодира од линкот подолу.




Извор УЈП: http://www.ujp.gov.mk/mk/javnost/soopstenija/pogledni/1082


#плата #брутоплата



УЈП: Пресметка на плата 2025
УЈП: Пресметка на плата 2025

641 View
bottom of page