top of page
LSLogoTransparentWOSlogan

Бизнис дискусија на избрана група

Сметководство и финансии

Public·10 members

Каровска: Законот за заштита на лични податоци стапува на сила на 24 авг 2021


Каровска: Законот за заштита на лични податоци стапува на сила на 24 авг 2021
Каровска: Законот за заштита на лични податоци стапува на сила на 24 авг 2021

Агенцијата за сметководство и едукација, Каровска, ги информира своите корисници и соработници дека новиот Закон за заштита на личните податоци, Службен весник бр.42/20 од 16.02.2020, стапи на сила и се применува од 24.02.2020 година. Рокот за усогласување на работењето на контролорите и обработувачите на лични податоци е најдоцна до 24.08.2021 година.


Новиот Закон за заштита на личните податоци треба да овозможи обработката на личните податоци да се врши на законит начин, со ограничување на:


  • целите за кои може да се користат податоците,

  • неопходните податоци во зависност од целите за кои се користат,

  • роковите за користење,

  • со преземање на соодветни мерки за навремено бришење или корегирање на податоците што се неточни или нецелосни и

  • со обработка на начин кој обезбедува соодветно ниво на безбедност на личните податоци вклучувајќи заштита од неовластена или незаконска обработка, како и нивно случајно губење, уништување или оштетување.


Компаниите треба да ги консултираат своите правници и/или адвокати за повеќе инфо и усогласување на деловното работење. Агенцијата Каровска е подготвена за помош на компаниите и правните лица за креирање на потребната документација и усогласување на работењето. Контакт: @Мери Каровска


Извор: Каровска ДООЕЛ




Законот за заштита на личните податоци преземете го тука.





194 Views
bottom of page