top of page
LSLogoTransparentWOSlogan

Резултати од пребарување

397 results found with an empty search

  • Дали софтверот за сметководство овозможува работа на таблет или мобилен?

    Во денешно време, работа на мобилни уреди не е убаво-да-се-има туку е една од приоритетните работи. Со мобилните уреди менаџерите и вработените може да прегледуваат состојби на конта, залихи или купувачи/добавувачи, да испраќаат извештаи, да одобруваат документи. Секако дека може и процесираат продажни порачки на лице место од кај купувачите. Прегледај ги можностите за мобилни уреди тука ... Повеќе за сметководство и деловно работење со Dynamics NAV има на линкот тука ... #ДругитеНемаатЗаМобилниУреди #DynamicsNAV #Сметководство

  • Пред 23 години: Проектниот план за лансирање на Windows 95 во Македонија

    Скопје, 22.09.2018. Деновиве изминуваат 23 години од револуционерното лансирање на Microsoft Windows 95 во светот. Македонија не заостануваше од светската премиера. По тој повод Логин Системи како официјален дистрибутер на Microsoft организираше богата програма. Во продолжение е прикажан проектниот план на Логин Системи со богатата програма: Светската премиера на Windows 95 беше на 24 август 1995 година, а на Office 95 - на 26 август 95 Во Македонија го одбележивме светскиот ден со работен состанок и презентација со актуелните продажни партнери на Microsoft во работните простори на Логин Системи Во август 1995 година ја организиравме и првата обука за Windows 95 Главната промоција на WIndows 95 се одржа на 18 сеп 1995 во салата на АРМ (преку 500 присутни). Покрај презентирањето на Windows 95, во фоајето на МНТ имаа штандови неколку македонски компании како Вест Компјутинг и Усамак Компјутерс. Од 19 до 23ти септември се одржуваа секојдневни презентации и советувања со различни фокусни групи во Природо-научниот музеј во Скопје "... најдобрите планови се прават на празен лист хартија и надвор од работната просторија." - Венко Глигоров. "За разлика од денешните алатки за водење на настани и проекти, во 1995 година немаше ефикасни алатки - сеуште не беше заживеан Outlook, а Microsoft Project излезе после лансирањето на Windows 95", се присетува Венко Глигоров , основачот на Логин Системи и главниот огранизатор на лансираето на Windows 95 во Македонија. "И да имаша алатки, тие требаше да се користат на десктоп, а најдобрите планови се прават на празен лист хартија и надвор од работната просторија". На наредната слика е оригиналната проектна документација на Логин Системи - правени без Outlook Calendar или Microsoft Project. :) За маркетинг планирањето и изведбата помош имавме од маркетинг агенцијата Идеа Плус . Официјалното пуштање на Windows 95 беше пропратено со музиката од песната "Start Me Up" на Ролинг Стоунс. За целата кампања се потрошени преку 200 милиони долари. Официјалната реклама за Windows 95 со музиката од Ролинг Стоунс Windows 95 низ слики Во продолжение погледнете ги некои сеќавањата од тоа време. Поврзано: Сеќавање на лансирањето на Windows 95 / триумф на маркетингот АКО СТЕ БИЛЕ ДЕЛ ОД ОВИЕ НАСТАНИ КАКО АКТИВЕН УЧЕСНИК ИЛИ КАКО ПОСЕТИТЕЛ, ЌЕ НИ БИДЕ ДРАГО ДА ЛАЈКНЕТЕ ИЛИ ДА СТАВИТЕ КОМЕНТАР ЗА ВАШИТЕ ВПЕЧАТОЦИ. Уште подобро, ако имате слика од тоа време, ќе бидеме благодарни ако споделите тука. #Windows #Лидерство

  • Миграција на ЕРП системот на Фероникели кон Microsoft Dynamics NAV 2017

    Фото: поглед кон главниот дел од фабриката на Фероникели Дренас, 23.10.2017. Денес, Логин Системи и NewCo Ferronikeli Complex (скратено FNK или Фероникели) од Косово, објавуваат дека започнаа со надградување на ERP системот од верзијата Dynamics NAV 2009 кон Dynamics NAV 2017. Со овој договор, менаџментот на Фероникели очекува проширување на системот со нови функционалности кои ќе ја подобрат продуктивноста и ќе обезбедат аналитички извештаи во реално време. Системот ќе биде компатибилен со системите на другите членки од групацијата Cunico Resources. „Постоечкиот тим на Логин Системи за Dynamics NAV покажува многу поголемо ниво на одговорност и проактивност давајќи ни идеи и алатки како да го организираме производството и како да ги подобриме деловните процеси “, вели Pratik Jain, главен финансов менаџер (CFO) во Фероникели. „Со најновата верзија Dynamics NAV 2017, ние ќе воведеме неколку нови програмски функционалности и ќе ја рационализираме постоечката имплементација со што ќе ни се овозможи значително да ги намалиме трошоците“. Фероникели се состои од реновирана фабрика за производство на феро-никел и минерални наоѓалишта во Drenas, Kosovo. Компанијата е еден од првите клиенти на Логин Системи кои користат Dynamics NAV повеќе од една деценија. Новата импементација на Dynamics NAV 2017 е планирана да биде завршена до крајот на оваа година. Со овој проект, Фероникели исто така ќе го замени својот лиценцен модел на Dynamics NAV од базиран на трајни (Perpetual) лиценци во модел базиран на месечна претплата (Subscription). „Mногу сме возбудени затоа што ќе работиме со Фероникели на новиот систем”, вели Венко Глигоров, проект менаџер на Логин Системи. „Вработените во Фероникели се полни со знаење и секогаш однапред спремни со сугестии и идеи, па тaка преку самиот процес на имплементирање и ние ќе ги подобриме нашите способности и знаења - и тоа ќе биде придобивка за двете страни“. Фероникели е во сопственост на Cunico Resources NV (Cunico Resources, Cunico) со седиште во Холандија. Cunico Resources N.V. е интернационална компанија за рударство и метали и специјализирана за истражување, рударство и производство на феро-никел. Таа е најголем производител на феро-никел во Европа и четврт најголем производител во светот. Повеќе информации има на www.cunicoresources.com . Microsoft Dynamics NAV 2017 е најсеопфатниот интегриран ERP систем што се нуди во Македонија. Тој е најпопуларниот ERP за мали и средни фирми во светот - 100.000 организации работат со NAV. Формирана во 1991, Логин Системи е македонска компанија со мешовит македонски и американски капитал со специјалност во изработка на деловни ЕРП решенија базирани на Microsoft Dynamics NAV. Логин Системи е овластен провајдер на решенија и услуги базирани на Microsoft Dynamics NAV од 2002ра година до денес. Повеќе информации може да се добијат на www.loginsystems.biz . #PR #DynamicsNAV #Сметководство #MK

  • Видео: Како изгледа Microsoft Dynamics NAV 2017

    Microsoft Dynamics NAV е глобално ЕРП решение кое како база ги има финансиите и сметководството, а ги поедноставува активностите во ланецот на набавки и продажби, производството и оперативните дејности на организациите. Toj е дел од палетата на деловни апликации на Microsoft и со својата интегрираност овозможува брза и продуктивна работа, како и флексибилност и адаптирање на организацијата кон новонастанатите можности и потребите од развој. Интерфејсот на Dynamics NAV е интуитивен и е во склад со останатите апликации на Microsoft какви што се апликациите од семејството Microsoft Office. На видеото подолу може да погледнете како изгледа главното мени на Microsoft Dynamics NAV и како се прилагодува на различните улоги (ролји) на неговите корисници. Видео: цца 12 мин Повеќе информации за Dynamics NAV има на линкот тука ... Microsoft Dynamics NAV 2017 е најсеопфатниот интегриран ERP систем што се нуди во Македонија. Тој е најпопуларниот ERP за мали и средни фирми во светот - 100.000 организации работат со NAV. Формирана во 1991, Логин Системи е македонска компанија со мешовит македонски и американски капитал со специјалност во изработка на деловни ЕРП решенија базирани на Microsoft Dynamics NAV. Логин Системи е овластен провајдер на решенија и услуги базирани на Microsoft Dynamics NAV од 2002ра година до денес. Повеќе информации може да се добијат на www.loginsystems.biz . #MK #DynamicsNAV #Сметководство

  • Видео: Продажба - интеграција на материјално и финансово

    Се прикажува како се олеснува продажниот процес со Microsoft Dynamics NAV и се презентираат основните екрани од продажната порачка. Прегледајте го видеото или кликнете тука за повеќе ...

  • Сметките од бензиска пумпа директно во сметководството Dynamics NAV

    Функционалноста за Дојдовни документи може да се користи за директно префрлување на хартиени сметки во Dynamics NAV преку сликање со мобилен телефон. Со видео сесијата која е прикачена подолу се покажува како со мобилните уреди се префрлуваат сметки за гориво преку сликање и испраќање (upload) во Dynamics NAV. Потоа овие дојдовни документи се прикачуваат на набавни фактури или на налози за книжење на набавки. Функционалности Дојдовни документи Откако ќе се внесат во систем и се прикачат на одредени трансакции, дојдовните документи се на располагање за преглед со кликнување на нивниот линк кој се прикажува на десната страна во самата рамка за факти (анг. incoming documents fact-box). Видео сесија: Сметките од бензиска пумпа директно во сметководството Dynamics NAV Изведбата на операцијата прикажана на видео сесијата е на располагање за мобилните телефони и таблети со оперативните системи iOS, Android и Windows Phone. Логин Системи е овластен партнер и имплементатор на сметководствени и бизнис решенија и услуги базирани на Microsoft Dynamics NAV од 2002ра година до денес. #Сметководство #MK #DynamicsNAV

  • Оглас за работа „Систем-инженер и Програмер“

    Логин Системи има потреба од двајца колеги во делот на систем-инженерство и програмирање. Кандидатите треба да имаат факултетско образование од областа на информатичката технологија, познавање на англискиот јазик и возачка дозвола. Работните задачи опфаќаат активности околу дизајн, програмирање и поддршка на Dynamics NAV и клиентски апликации. Предност ќе имаат кандидатите со познавање на .NET, Visual Studio, Microsoft SQL Server и VMWare. Не е потребно работно искуство бидејќи сме спремни да работиме ви изградбата на кариерата на избраните кандидати. Објавата трае до 15.10.2016 до 16 часот. Во пријавата кандидатот треба да наведе за кое место се пријавува. Повеќе информации и пријавување на линкот „ Пријавување за работа во Логин Системи “. #MK #Работа

  • Логин Системи се одзва на поканата за чистење на Општина Карпош

    Скопје, 15.09.2018. Денес во рамките на Светскиот ден на чистење - #WorldCleanUpDay , Општината Карпош организираше темелно чистење на општината заедно со општествено одговорни компании, граѓани и организации. Основачот на Логин Системи, Венко Глигоров, се приклучи на оваа акција како жител на Карпош со компанија чије седиште е исто така во Карпош. „Порано како ученик бев чест организатор на чистење на околината во Карпош 3. Сега ја прифатив поканата од Општината со огромно задоволство.“ изјави Венко Глигоров. „Потребно е да има редовни акции за чистење за да премине во навика да имаме чиста општина и град. Видео-клип од акцијата на чистење во Карпош Основана во 1991 година, Логин Системи е овластен провајдер на деловни софтверски решенија и услуги базирани на Microsoft Dynamics NAV од 2002ра година до денес.

  • Dynamics NAV и користење на интелигентен :облак: Azure преку Intelligent Edge

    Скопје, 09.09.2018. На последната конференција на Microsoft ова лето во Лас Вегас е објавено дека за постоечките корисници на Dynamics NAV ќе се овозможи пристап до интелигентните Intelligent cloud/Azure преку услугата Intelligent Edge . До крајот на годината корисниците на Dynamics NAV и на Dynamics 365 Business Central On-premises ќе може да ги користат услугите на интелигентниот облак преку Dynamics 365 Business Central ( прикажано на сликата подолу ). Со воведувањето на услугата Intelligent Edge за Dynamics NAV и за другите апликации од семејството Dynamics кои користат сопствени сервери ќе може да се искусат способностите на "облакот" на Microsoft заедно со сите решенија што го користат интелигентниот облак. На тој начин ќе може да се користат апликациите Microsoft Flow, PowerApps, машинското учење и другите решенија преку заедничка податочна услуга. Главната цел на оваа новина е да се вклучат во облакот и оние корисници кои моментално не се спремни, немаат можност или немаат во план да преминат целосно на "облакот" на Microsoft. Ова ќе значи и лесна миграција во иднина, тогаш кога компаниите ќе бидат спремни да преминат на облакот на Microsoft. Со ова се потврдува намерата на Microsoft да биде "облак прво" бизнис и да ги овозможува способностите на облакот за секој поединец и секоја организација. #msdynnav #msdyn365bc #dynamicsnav #azure #облак Основана во 1991 година, Логин Системи е овластен провајдер на деловни софтверски решенија и услуги базирани на Microsoft Dynamics NAV од 2002ра година до денес.

  • Нови 5 совети од луѓето во реалниот македонски бизнис

    Скопје, 08.09.2018 . Во рамките на иницијативата #МојатаРабота Логин Системи објавува нови пет бизнис приказни заедно со нивните бизнис совети од претприемачи, менаџери и професионалци од Македонија. „Иако е важно да се истакнуваат нашите граѓани што успеваат во светот, сепак стожерот на Македонија се токму нашите стопанственици и професионалци што живеат и работат во Македонија (или вработуваат луѓе во Македонија). Да ги истакнеме бизнисите и личностите кои извезуваат наши производи и услуги на светските пазари.“ пишува Венко Глигоров , иницијаторот на #МојатаРабота. Верче Оречовска В.И.П. Студио фризерски салон Иако сум правник, сепак љубовта према фризерството како професија преовлада. Веќе 19 години работам како фризер и шминкер. (За да успееме) важно е да го сакаме тоа што го работиме, да бидеме храбри и одлучни. На сите порачуваме: “не се плашете и верувајте во себе”. Прочитај ја целата бизнис приказна на Верче Оречовска и нејзините совети тука. Петре Димитров еМагазин портал По долги години во новинарството, јас и уште тројца колеги, одлучивме работите да ги земеме во свои раце и практично да провериме како е да се води бизнис во земјава. Мора сами да си го најдете патот за успех во Македонија. Она што мене многу ми помогна е многу упорност , трпеливост и секако многу многу работа . Прочитај ја целата бизнис приказна на Петре Димитров и неговите совети тука. Томе Коцаров ТО-БЕ Пром, Нов Дојран месарница и кебапчилница Месарата ја отворив во 1993 година. Со овој занает сум повеќе од 40 години и продаваме само свежо месо. За да ја подобрам продажбата на месото и да отворам нов пазар, во 2008ма отворив и кебапчилница. Кога отворате бизнис, мислите на пазарот. Ако пазарот е мал, тогаш можете да се доведете во проблеми ако економијата не се развива. Прочитај ја целата бизнис приказна на Томе Коцаров и неговите совети тука. Глигор Дачевски doXteam софтверска компанија Софтверот е моја пасија од мали нозе а можноста да се натпреварувам со светот на тоа поле ми претставува огромно задоволство. Во првиот момент кога беше можно во Македонија да се произведува софтвер а притоа да се пласира и со него да се натпреварува на светскиот пазар јас тоа го направив. Радувајте се на малите победи, тие ќе ве однесат до големата победа. Прочитај ја целата бизнис приказна на Глигор Дачевски и неговите совети тука. Десанка Алчинова Хина Продуктс, Гевгелија производство Од 2000 година сум дел од тимот на фамилијарната компанија Техноалат Комерц дооел од Гевгелија, под која работи пекара Житко и фабриката за преработка и конзервирање Хина Продуктс. Домашно ајварче. Го продавам со многу емоција, а велат емоција во бизнисот не е дозволено. Јас би рекла малку поинаку. Прочитај ја целата бизнис приказна на Десанка Алчинова и нејзините совети тука . https://www.loginsystems.biz/biznis-prikazna За иницијативата #МојатаРабота Бруто-домашниот производ (БДП или анг. GDP) го создаваат луѓето во реалниот бизнис сектор. Тие се јунаците на Македонија. Целта со иницијативата ни е познати и помалку познати лица да ја претстават накусо својата работа и да споделат бизнис совети во неколку реченици. Напишаните бизнис приказни Логин Системи ќе ги става на форумот од веб сајтот на Логин Системи како референци. Целта е да се сврти вниманието кон економијата, работата и деловните вредности. #БизнисПриказна #БизнисСовет Основана во 1991 година, Логин Системи е овластен провајдер на деловни софтверски решенија и услуги базирани на Microsoft Dynamics NAV од 2002ра година до денес.

  • Од октомври Dynamics NAV се преименува во Dynamics 365 Business Central On-premise

    Скопје, 02.09.2018. На последната конференција на Microsoft, Inspire 2018 во Лас Вегас, Microsoft потврдува дека новата верзија Microsoft Dynamics NAV 2019 ќе се вика Microsoft Dynamics 365 Business Central On-premise. Со оваа измена бренд-називот Dynamics NAV оди во историјата. Од октомври оваа година новите и постоечките корисници ќе имаат можност да избираат верзија на имплементација на Business Central за облак (cloud), за свои сервери (on-premises) или хостирана (hosted). Освен името, нема да има други измени во начинот на работа на Dynamics 365 Business Central On-premises во однос на Dynamics NAV со исклучок на некои битни измени во подобрениот веб интерфејс. На сликата подолу е прикажан патоказот на развој на Dynamics NAV и Dynamics 365 Business Central. Постоечките корисници Dynamics NAV нема да почуствуваат некаква разлика во начинот на надградба на системот како што тоа го правеле до сега. Тоа што е важно да се истакне е дека надградбите на Business Central ќе одат два пати годишно наместо како до сега еднаш годишно. Надградбите ќе се прават во април и во октомври и за двете едиции, облак и on-premises. Измеѓу овие месеци ќе има месечни кумулативни исправки на програмскиот код. Dynamics 365 Business Central нуди подобрено корисничко искуство, а резиме од новостите може да се видат на линкот Summary of what's new in Dynamics 365 Business Central . Логин Системи редовно се подготвува на новостите од Microsoft во делот од бизнис апликациите и ги прилагодува истите со македонска локализација. Основана во 1991 година, Логин Системи е овластен провајдер на деловни софтверски решенија и услуги базирани на Microsoft Dynamics NAV - бизнис сегмент кој го работи од 2002ра година до денес.

  • Три нови бизнис совети за личен развој, мотивиран тим и професионалност

    Скопје, 25.08.2018 . Во рамките на иницијативата #МојатаРабота Логин Системи објавува три нови бизнис приказни заедно со нивните бизнис совети од претприемачи, менаџери и професионалци од Македонија. Редоследот на бизнис советите се излистани подолу според времето на пристигнување. Д-р Лазар Ѓуров Институт Симбиотика основач и претседател Лазар пишува за комуникациски вештини и трансформација на конфликти, емоционална интелигенција и менаџмент на време. ... Бидете УСПЕШНИ но не заборавајте дека треба и да сте СРЕЌНИ! Прочитај ја целата бизнис приказна на Лазар Ѓуров и неговите совети тука. Лукреција Маљковиќ Атанасовска Академија за протокол на Македонија Мислев дека во животот ќе се занимавам само со превод и толкување, бидејќи завршив англиски и италијански јазик, ама судбината ме однесе и во други води. Сакај ја професијата и не престанувај да учиш ... посетувајте ги сите саеми, конференции, дообуки што се во вашата сфера ... Светот постојано оди напред ... Прочитај ја целата бизнис приказна на Лукреција Маљковиќ Атанасовска и нејзините совети тука . Наташа Кирјазовска и Билјана Кирјазова Бахарудин Асеана Ројал Спа Сакавме да започнеме нешто различно и авентично, нешто што го нема на нашите простори. Инспирацијата ни дојде од Индонезиската култура и традиција, и од нејзиниот однос кон убавината на телото и духот. ... користете светски трансфер на знаење за издвојување од конкуренцијата ... и поставување на повисоко нива на услуги. Прочитај ја целата бизнис приказна на Наташа Кирјазовска и Билјана Кирјазова Бахарудин и нивните совети тука. https://www.loginsystems.biz/biznis-prikazna За иницијативата #МојатаРабота Бруто-домашниот производ (БДП или анг. GDP) го создаваат луѓето во реалниот бизнис сектор. Тие се јунаците на Македонија. Целта со иницијативата ни е познати и помалку познати лица да ја претстават накусо својата работа и да споделат бизнис совети во неколку реченици. Напишаните бизнис приказни Логин Системи ќе ги става на форумот од веб сајтот на Логин Системи како референци. Целта е да се сврти вниманието кон економијата, работата и деловните вредности. Основана во 1991 година, Логин Системи е овластен провајдер на деловни софтверски решенија и услуги базирани на Microsoft Dynamics NAV од 2002ра година до денес.

Пребарај во блог-објавите ...

Пребарај низ форумот на Логин Системи

Ако не најде тоа што те интересира, прегледај ги изворите на следните линкови

MSD365BC.png
DYNAMICS NAV / 365 BUSINESS CENTRAL
Hands
ФОРУМ
Notebook
БЛОГ-ОБЈАВИ
Reading Icon
ПОДДРШКА
bottom of page