top of page
LSLogoTransparentWOSlogan

Бизнис дискусија на избрана група

Сметководство и финансии

Public·10 members

УЈП: Бруто плата 2022 - најниска и највисока основица за пресметување на придонеси


УЈП: Бруто плата 2022 - најниска и највисока основица за пресметување на придонеси
УЈП: Бруто плата 2022 - најниска и највисока основица за пресметување на придонеси

Управата за јавни приходи објавува дека просечната плата по работник во Македонија, според податоците на Државниот завод за статистика објавени во Јануари 2022 година, изнесува 43.509 денари. Повеќе има на објавата од Државен завод за статистика линк.


Просечната плата се користи за утврдување на најниската и највисоката основица за пресметка на придонесите од задолжително социјално осигурување. Ова важи за пресметките за плата кои се однесуваат за период од месец Јануари до месец Декември 2022 година.


  • Најниската основица за пресметка на придонесите за 2022 година изнесува 21.755,00 денари (50% од 43.509)

  • Највисока основица за пресметка на придонесите за 2022 година за примањата од работен однос и за примања на извршен член на одбор на директори, член на управен одбор, односно управител во трговско друштво изнесува 696.144,00 денари (16 x 43.509)

  • Највисока основица за пресметка на придонесите за 2022 година за самовработено лице изнесува 522.108,00 денари (12 x 43.509)


Напомена: Обврзниците треба да ја преземат новата верзија на клиентскиот софтвер - МПИН која го содржи новиот параметар.


УЈП ги објавува и износите за споредба на просечните плати по години - табела подолу.


Табела со износи на просечна плата по години
Табела со износи на просечна плата по години

Извор на објавата: Управа за јавни приходи




Корисни линкови и пресметки

💡 За да се подготви МПИН за јануари 2022, потребно е да се симне најновата верзија на апликацијата од УЈП - линк.

💡 Преглед на придонеси и параметри/износи по месеци може да се видат на страницата Коефициенти за плата по месеци и години

💡 За пресметка на плати, може да се користи Веб калкулаторот за плата на https://www.loginsystems.biz/presmetaj-plata


#плата #УЈП #плати

151 View
bottom of page