top of page
LSLogoTransparentWOSlogan

Бизнис дискусија на избрана група

Сметководство и финансии

Public·10 members

Рок за плаќање на месечните аконтации за данок на добивка во 2019 година

Даночните обврзници ги плаќаат месечните аконтации на данокот на добивка за 2019 година, односно на данокот на доход од самостојна дејност за 2019 година во рок од 15 дена по истекот на секој календарски месец (до 15-ти во тековниот за претходниот месец).

Обврска за аконтација имаат обврзниците кои во „ДБ – даночен биланс за оданочување на добивка” за 2018 година пресметале разлика меѓу уплатената аконтација и вистинската обврска на пресметаниот данок на добивка. Оваа обврска ја имаат и обврзниците на данок на доход за приходите остварени од самостојна дејност кои се обврзани да водат деловни книги, кои во годишниот даночен биланс за 2018 година пресметале разлика меѓу уплатената аконтација и пресметаниот данок на доход.


Месечните аконтации на данокот на добивка во даночниот биланс „ДБ – даночен биланс за оданочување на добивка“ се утврдуваат во износ од една дванаесеттина од утврдениот данок во даночниот биланс за 2018 година, зголемени за процентот на кумулативниот пораст на цените на мало во Републиката од претходниот период од годината, односно до 31 јануари наредната година, во однос на просечните цени на мало во претходната година.

Месечната аконтација на данокот на доход за приходите од самостојна дејност се плаќа во износ од една дванаесеттина од пресметаниот данок во годишниот даночен биланс за 2018 година.


Извор: Управа за јавни приходи (УЈП)


#данок #добивка #ујп


56 Views
bottom of page