top of page
LSLogoTransparentWOSlogan

Бизнис дискусија на избрана група

Сметководство и финансии

Public·11 members

Придонеси за плата и даночно ослободување за 2022 година


Придонеси за плата и даночно ослободување за 2022 година
Придонеси за плата и даночно ослободување за 2022 година

Управата за јавни приходи информира дека врз основа на Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување, стапките по кои се пресметуваат и плаќаат придонесите од задолжително социјално осигурување почнувајќи со исплата на платата за месец Јануари 2022 се следните:


  • Задолжително пензиско и инвалидско осигурување 18,8%

  • Задолжително здравствено осигурување 7,5%

  • Дополнителен придонес за здравствено осигурување за случај на повреда на работа и професионално заболување 0,5%

  • Задолжителен придонес за осигурување во случај на невработеност 1,2%


Даночното ослободување за еден месец изнесува 8788 денари. Имено, почнувајќи со исплатата на платата за месец Јануари 2022 година, ќе се применува даночно намалување во следниот износ:

  • Даночното намалување при годишно пресметување на данокот на доход во износ од 105.456,00 денари.

  • Даночното намалување при исплата на доход од работа по основна плата, надоместоци на плата и пензија, намесечно ниво во износ од 8.788,00 денари


Важна напомена: Ако се поднесува пресметка за плата која се однесува на минат период од 2009 до 2021 година, или пак се врши исплата по основ на деловна успешност или исправка на пресметка за плата за овој период, потребно е да се користат стапките на данок на личен доход, стапките на придонеси од задолжително социјално осигурување и даночното ослободување кои важат за тој период согласно Законот.



Споредбени табели по години


Стапки на придонесите од задолжително социјално осигурување
Стапки на придонесите од задолжително социјално осигурување

Придонес за стажот на осигурување што се смета со зголемено траење
Придонес за стажот на осигурување што се смета со зголемено траење

Највисока основица за пресметка на придонеси
Највисока основица за пресметка на придонеси

Корисни линкови и пресметки


💡 За да се подготви МПИН за јануари 2022, потребно е да се симне најновата верзија на апликацијата од УЈП - линк.


💡 Преглед на придонеси и параметри/износи по месеци може да се видат на страницата Коефициенти за плата по месеци и години


💡 За пресметка на плати, може да се користи Веб калкулаторот за плата на https://www.loginsystems.biz/presmetaj-plata



#плата

338 Views
bottom of page