top of page
LSLogoTransparentWOSlogan

Бизнис дискусија на избрана група

Сметководство и финансии

Public·11 members

УЈП: Увид на граѓаните во претпополнетата даночна пријава за 2018 година

Управата за јавни приходи ги информира граѓаните дека во тек е активноста за генерирање и доставување на претпополнета Годишна даночна пријава за утврдување на персонален данок на доход за 2018 година. Даночните обврзници - физички лица кои се регистрирани на системот „е-Персонален данок“ преку своите кориснички профили може да извршат увид во Годишните даночни пријави за 2018 година.



УЈП: Увид на граѓаните во претпополнетата даночна пријава за 2018 година
УЈП: Увид на граѓаните во претпополнетата даночна пријава за 2018 година


Крајниот рок за доставување на претпополнета Годишна даночна пријава за утврдување на персонален данок на доход за 2018 година од страна на Управата за јавни приходи до граѓаните е 30.04.2019 година.


Крајниот рок за доставување на претпополнета годишна даночна пријава е 30.04.2019.

Граѓаните имаат можност најдоцна до 31.05.2019 година да ја потврдат или коригираат претпополнетата Годишна даночна пријава. До истекот на крајниот законски рок, граѓанинот може да го менува статусот на пријавата, односно да ја потврдува или коригира се до истекот на крајниот рок 31.05.2019 година.


По истекот на 31.05.2019, Годишните даночни пријави ќе добијат статус на конечни.


По истекот на законскиот рок на 01.06.2019 година, Годишните даночни пријави ќе добијат статус на конечни даночни пријави, согласно последниот статус на Годишната даночна пријава - потврдена или коригирана. На 01.06.2019 година, службено ќе бидат потврдени и Годишните даночни пријави, кои од страна на граѓанинот не се ниту потврдени, ниту коригирани.


Годишната даночна пријава која граѓанинот ја коригигирал, а добила статус на конечна даночна пријава, ќе треба да биде одобрена од службено лице на Управата за јавни приходи. Доколку службеното лице не ја одобри пријавата ќе следи донесување на решение за утврдување на персоналниот данок на доход за 2018 година.


Проверка на претпополнетата годишна даночна пријава се прави на линкот тука.

Извор: УЈП

206 Views

[@Xbsgs Fbvxdfb] Прогресивното одданочување на персоналниот данок стапува во сила од 01.01.2019 година, согласно Законот за данок на личен доход. Значи, прагот од 1.080.000 започнува да важи од 2019-та година.

bottom of page