top of page
LSLogoTransparentWOSlogan

Бизнис дискусија на избрана група

Сметководство и финансии

Public·10 members

Како-да: Пресметка и плаќање на кирија од фирма на сопственик – физичко лице преку УЈП


Како-да: Пресметка и плаќање на кирија на сопственик – физичко лице преку УЈП
Како-да: Пресметка и плаќање на кирија на сопственик – физичко лице преку УЈП

Пред да се започне со пресметката за кирија на сопственик - физичко лице, да се напомене дека заради одредени технички ограничувања, електронското потпишување на пресметката не може да се направи со Google Chrome или Microsoft Edge. Изработка на пресметка во Internet Explorer има одредени ограничувања така што на располагање се следните комбинации:


👉 Изработка/пресметка на кирија со Google Chrome и потпишување со Internet Explorer


или


👉 Изработка/пресметка на кирија со Microsoft Edge и потпишување со Internet Explorer



Забелешка Оваа пресметка се однесува за плаќање на фирма или организација кон физичко лице со плаќање на киријата и персоналниот данок од доход.


Пресметка во Google Chrome или Microsoft Edge


Се отвора веб адресата https://e-pdd.ujp.gov.mk/ во Google Chrome.


Се прави најава со акаунтот кој претходно е отворен за сајтот на УЈП. Овој акаунт може да биде на управителот, на интерниот сметководител или на надворешното сметководствено биро.


Се појавува екран на кој се избира областа Е-ППД



Главен екран за пресметка на Персонален данок


Се појавува екран како подолу и тука се внесуваат податоците за подносителот.


Податоци за подносител
Податоци за подносител


Откако ќе се кликне на иконата 🔎 десно од ЕДБ/ЕМБГ, се појавува листа на подносители и се избира фирмата/организацијата што треба да плаќа кирија.



Листа на обврзници
Листа на обврзници


Од главниот екран се проверуваат податоците и се клика на Сними податоци за подносител – копчето долу лево на сликата подолу.



Снимање податоци за подносител
Снимање податоци за подносител


Потоа се отвора подолу место за ставање на линии – линија (ставка) се креира со кликање на Нова ставка – копчето се наоѓа долу лево како на сликата подолу.



Отворање на ставка за пресметка на кирија
Отворање на ставка за пресметка на кирија


Се отвора нова линија и се става матичен број на сопственикот на просторот за кој треба да се плати кирија. Види слика подолу.



Пополнета ставка со Вид на доход и Подвид на доход


Ако матичниот број е точен, автоматски се пополнуваат податоците за сопственикот. Потоа се става трансакциската сметка на сопственикот.


Во вид на доход и во подвид на доход се става како на сликата погоре – T6. Доход од закуп и подзакуп како и S6.1 Доход од закуп, освен од издавање на опремени станбени и деловни простории.


Во забелешка се става произволен текст како на пример: Кирија за сеп 2021. Во датум на исплата се внесува датум, обично тоа е денешниот ден. На крајот се става износ на бруто киријата во полето Бруто / Остварен доход.


Откако ова ќе се пополни, се кликнува на Сними ставка. Со снимање на ставката, автоматски се пресметуваат другите износи како Данок на доход и Нето доход.


Ако е се’ во ред со износите се притиснува на Затвори пресметка.



Затворање на пресметка
Затворање на пресметка


Сега следува потпишување на пресметката која се прави во Internet Explorer.



Потпишување во Internet Explorer


Се отвора Internet Explorer за да се потпише пресметката. Таа се наоѓа на главниот екран. За побрзо да се заврши работата, може да се ископира веб адресата и да се налепи во Internet Explorer. Види слика подолу.



Копирање на веб адреса
Копирање на веб адреса


Се појавува екран за најавување на УЈП во Internet Explorer. Откако ќе се се изврши најава на УЈП преку Internet Explorer, ќе се појави пресметката што треба да се потпише. Најдолу во екранот има копче Потпиши за потпишување на пресметката. Како на сликата подолу.



Потпишување на пресметка
Потпишување на пресметка



Ако е правилно инсталирана екстензијата за потпишување заедно со токенот за потпишување за УЈП, ќе се појави дел во кој треба да се избере токенот и да се внесе пинот. Види слика подолу.



Избор на токен за потпишување
Избор на токен за потпишување


Се кликнува на копчето Потпиши и прати и се следат инструкциите на екранот. Ако правилно се искористат инструкциите, пресметката ќе биде потпишана.


После потпишувањето на пресметката, се појавува копче за печатење на пресметката кадешто го има и бројот на фолио кој треба да се користи за плаќање во образецот ПП53 (ако се користи електронско банкарство).


#сметководство #персоналенданок #кирија


Ако имаш прашање или сметаш дека е добро да се дополни ова кусо упатство, те молам реплицирај во коментар на оваа објава. 👇👇👇

250 Views
Venko Gligorov
Venko Gligorov
12 באוק׳ 2021

Така е уште подобро, ако корисникот може да инсталира Mozilla Firefox.

bottom of page