top of page
LSLogoTransparentWOSlogan

Бизнис дискусија на избрана група

Сметководство и финансии

Public·10 members

УЈП: Пресметка на плата за 2023 година - нова верзија на клиентскиот софтвер и ново даночно ослободување


УЈП: Бруто плата 2023 - нова верзија на софтверот и ново даночно ослободување
УЈП: Бруто плата 2023 - нова верзија на софтверот и ново даночно ослободување


Управата за јавни приходи објавува дека врз основа на Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување, стапките по кои се пресметуваат и плаќаат придонесите од задолжително социјално осигурување почнувајќи со исплата на платата за месец Јануари 2023 се следните:


  • Задолжително пензиско и инвалидско осигурување 18,8%

  • Задолжително здравствено осигурување 7,5%

  • Дополнителен придонес за здравствено осигурување

  • за случај на повреда на работа и професионално заболување 0,5%

  • Задолжителен придонес за осигурување во случај на невработеност 1,2%


Подолу во табелата се прикажани стапките за повеќе години наназад.


Стапки за придонеси од задолжително социјално осигурување по години
Стапки за придонеси од задолжително социјално осигурување по години

Даночно ослободување


Почнувајќи со исплатата на платата за месец Јануари 2023 година, ќе се применува даночно намалување во следниот износ:


  • Даночното намалување при годишно пресметување на данокот на доход во износ од 105.456,00 денари.

  • Даночното намалување при исплата на доход од работа по основна плата, надоместоци на плата и пензија, на месечно ниво во износ од 9.038,00 денари


Месечното даночно ослободување за 2023 изнесува 9.038 денари

Нова верзија на клиентски софтвер МПИН


За да може да се поднесе пресметката за плата за месец Јануари 2023 година, потребно е да се преземе најновата верзија на “МПИН“ клиентскиот софтвер (од 03.01.2023 година). Софтверот може да се преземе преку веб страницата на УЈП - линк http://www.ujp.gov.mk/mk/obrasci/opis/81 или од фајлот прикачен подолу.




Пресметката за плата МПИН се доставува преку е-пошта на адресата celaplata@ujp.gov.mk.




Извор на објавата: Управа за јавни приходи




Корисни линкови и пресметки

💡 За да се подготви МПИН за јануари 2023, потребно е да се симне најновата верзија на апликацијата од УЈП - линк.

💡 Преглед на придонеси и параметри/износи по месеци може да се видат на страницата Коефициенти за плата по месеци и години

💡 За пресметка на плати, може да се користи Веб калкулаторот за плата на https://www.loginsystems.biz/presmetaj-plata


#плата #УЈП #плати

626 Views
bottom of page