top of page
LSLogoTransparentWOSlogan

Бизнис дискусија на избрана група

Сметководство и финансии

Public·10 members

Барање за финансиска поддршка за исплата на плати - Образец БФП-ИП/2 и БФС-СВД/2 за месеците окт, ное и дек 2020 за фирми

Управата за јавни приходи ги објавува обрасците за финансиска поддршка за исплата на плати за месеците октомври, ноември и декември 2020. Ова е во согласност со Законот за финансиска поддршка на работодавачите погодени од здравствено-економската криза предизвикана од вирусот Covid-19 („Службен весник на РСМ“, бр.267/2020).


За остварување на правото работодавачот поднесува Барање за финансиска поддршка за исплата на платите на работниците до Управата за јавни приходи. Поднесувањето се врши преку системот е-Даноци, а комплетноста на Барањето го потврдува Управата за јавни приходи, во рок од 3 дена од денот на доставувањето на барањето.


Барањето може да го превземете подолу или од страницата на УЈП.




Извор: Управа за јавни приходи


Управа за јавни приходи


#плата

60 Views
bottom of page