top of page
LSLogoTransparentWOSlogan

Бизнис дискусија на избрана група

Microsoft Dynamics 365

Public·4 members

Највеќе време се троши на наоѓање - Како побрзо до релевантни информации?

Софтверите за сметководство и деловно работење веројатно си ја вршат својата основна улога кај корисниците: книжење, фактурирање, магацини, веројатно и прозиводство. Не се секогаш проблем фунционалностите, иако некои софтвери заостануваат и во функционалностите. Се губи многу време кога ќе се наголеми обемот на податоците, повеќе години, повеќе трансакции ... Тешко се наоѓаат податоците што се најмногу потребни.

Како побрзо до релевантни инфромации?
Како побрзо до релевантни инфромации?


Добар софтвер треба да има разработено начини информацијата да биде на дофат корисниците. Со еден или повеќе кликови да се стигне до информацијата за да се донесе некоја оперативна или тактична одлука.


Business Central се издвојува од конкуренцијата со поврзаноста на податоците и со лесното навигирање меѓу нив. Тоа што го издвојува од другите е пребарување низ компаниските податоци со задавање на неколку знаци и/ил зборови. Подолу на сликата е прикажано како се добива резултатот од пребарување на Adatum...



Пребарување по компаниски податоци
Пребарување по компаниски податоци


Јасно се гледа дека оваа фирма се јавува како купувач, добавувач и има книжени фактури. Се разбира дека ако се кликне на некоја од линиите, Business Central ќе го однесе корисникот на посакуваното место за да види повеќе податоци/информации.


Како се стигнува до оваа опција? Лесно. Како да избирате да пребарувате на Google или Bing. Види слика подолу:



Почеток на рпебарување
Почеток на пребарување

Се внесува збор или реченица. Business Central прво проверува дали веќе има некоја команда со таков назив, или некоја страница или извештај. Исто така нуди дали се сака да се пребарува низ компаниски податоци.


Важна напомена: Пребарувањето на податоците се прави согласно овластувањата за пристап на податоците. Ако корисникот нема пристап на купувачите, воопшто нема да пребарува низ купувачи.

Дополнителен бонус е тоа што пребарувањето во Business Central се прави од било кој уред, дали е компјутер, лаптоп, мобилен или таблет, информацијата е секогаш на дофат.



Ако сте заинтересирани да дознаете повеќе за Business Central, овде може да дознаете:


👉 Способности на Business Central

👉 Блог објави за Business Central

👉 Настани за мигрирање од вашиот постоечки софтвер на Business Central

👉 Консултација 1-на-1




#businesscentral #msdyn365bc


646 Views
bottom of page