top of page
LSLogoTransparentWOSlogan

Бизнис дискусија на избрана група

Бизнис стил и здравје

Public·4 members

Билјана  Пешева Билјана Пешева
Билјана Пешева

Зен во пракса - Автоген тренинг за ослободување од стрес

Во денешниот брз животен ритам, каде стресот најчесто толку многу е присутен во секојдневието, да  имате алатка со која брзо ќе го вратите својот мир и баланс е од суштествена важност.  Брзината на живеење на денешниот “современ” човек, го доведува до состојба на постојан немир и напнатост. Стресот е секојдневен придружник на сите работни места и влијае врз односите и здравјето. Долгорочно влијание на негативниот стрес, предизвикува сериозни здравствени проблеми кај секој еден од нас. Тука доаѓа Автогениот Тренинг што претставува ефикасна и холистичка техника за релаксација, метод кој овозможува длабока релаксација и отстранување на последиците од секојдневниот стрес.

 

Замислете да имате способност да испратите сигнал до вашето тело да се опушти! Да може сами лесно, да направите премин од напнатост кон смиреност и тоа само со неколку едноставни ментални вежби - ете толку е голема моќта на Автогениот Тренинг.

 

Може да се каже дека автогениот тренинг е ментална вежба која има брз ефект, и е наменета за брзо смирување на разбурканиот ум. Или научно кажано, станува збор за пасивна мускулна релаксација, која пак влијае врз смирување на срцевиот ритам и дишењето, додека протокот на крв се зголемува, без несакани ефекти.

 

Некои оваа техника денес ја нарекуваат и како - Медитација на Западниот Свет.

 

Главните предности од примена на автогениот тренинг се:

 

  • Прави промена на вашата психофизичка состојба: од стрес и анксиозност во состојба на релаксација.

  • Ја намалува или елиминира анксиозноста и нападите на паника.

  • Ја подобрува самодовербата, сликата за себе и ја зајакнува самодовербата.

  • Силно го подобрува квалитетот на сонот.

  • Го намалува степенот (кај блага до умерена) депресија, тага,огорченост и љубомора.

  • Се користки како алатка во процесот на самоактуелизација и дава чувство на контрола над животот.

  • Ја подобрува концентрацијата и фокусот, така што практикантите се поефикасни во изведувањето на своите работни задачи.

  • Ги ублажува главоболките, настинките и другите тегоби, го зајакнува имунолошкиот систем. 


Ако сакате да дознаете повеќе за техниката и нејзиниот основач Јоханес Хајнрих

Шулц (1884 – 1970) како и за користа од практикувањето на оваа техника  кликнете на овој ЛИНК.

 

Ако сакате да ја искусите оваа техника, лично, на 4 Февруари (недела) е закажана онлајн сесија на која може да се пријавите преку овој ЛИНК




38 Views
bottom of page