top of page
LSLogoTransparentWOSlogan

Бизнис дискусија на избрана група

Бизнис стил и здравје

Public·4 members

OpenAI, ChatGPT и Copilot - Каде е вештачката интелигенција и објаснување на поими

OpenAI e организација за истражување и развој на вештачка интелигенција. Формирана како непрофитна организација во 2015та година, во меѓувреме се трансформира во комерцијална организација. Таа е „авторот“ на технологиите што се користат од ChatGPT и Copilot. Повеќе на https://openai.com/


ChatGPT е кориснички интерфејс и апликација направена од фирмата OpenAI која ги користи технологиите на OpenAI. Се користи на веб адресата https://chatgpt.com/


За да може да работи, услугите на OpenAI се наоѓаат на серверите на Microsoft - се вика Microsoft Azure или скратено Azure. https://azure.microsoft.com/en-us/


Copilot е имплементацијата на Microsoft во користењето на OpenAI. Се користи на адресата https://copilot.microsoft.com/. Покрај Copilot Chat, која служи како што може и да се претпостави за чет дискусија со AI, Microsoft направи Copilot специјализирани апликации кои „копаат“ информации, прават анализи и предлагаат решенија во рамките на апликациите на Microsoft. На пример, во програмот за сметководство и деловно работење Business Central, апликацијата Copilot помага на корисникот…


15 Views

Видео: Целиот процес од берење маслинки до точење екстра вирџин маслинов зејтин


Целиот процес од берење маслинки до точење екстра вирџин маслинов зејтин
Целиот процес од берење маслинки до точење екстра вирџин маслинов зејтин

Лани постирав видео на Фејсбук за правење екстра вирџин маслинов зејтин. Имаше неочекувано за мене, голем интерес и прашања почнувајќи од купување ваков зејтин до отворање на бизнис за правење на зејтин. Оваа година/сезона направив подетално, но сепак аматерско, видео и собрав повеќе информации.


Видеото е направено во фирма која почнала оваа година со работа. Ќе видите дека се' e ново. Инвестицијата како што разбрав е 400.000 евра. Фирмата направила хала, на автопатот од Тирана за Драч, ставила машини од Италија и сега произведува зејтин за луѓе што си ги носат самите своите маслинки.

За да нема забуни, расправии и мангуплаци, маслинките што си ги носиш ти ги мерат, и после чистењето се ставаат во посебна комора одделно за секој купувач - и името е „закачено“ на комората. Го има на видето.

Потоа од коморите, по принципот кој прв стигнал прв се опслужува, една по една комора се обработуваат за…


70 Views
Билјана  Пешева Билјана Пешева
Билјана Пешева

Редефинирај ја својата интелигенција и постигни когнитивна извонредност

Зошто само IQ не е доволен за постигнување на успех во бизнисот ?



Со години луѓето го мерат својот коефициент на интелигенција т.н IQ (ај-кју), за да добијат доказ за тоа колку се “паметни”. Во некои општествени кругови, сметаат дека висок коефициент на интелигенција значи престиж и моќ. Имајќи го во предвид фактот дека коефициентот на интелигенција претставува способност на човекот да размислува и логички да резонира во исто време,  да се има висок коефициент на интелигенција би значело дека некој е многу паметен. Но, зошто тогаш луѓето со висок коефициент на интелигенција имаат имаат ментални и/или социјални проблеми?

 

Без разлика дали барате животен партнер или нов вработен за вашата фирма за да процените дали некој е комплетен како личност, освен IQ, потребно е да ги процените кај избраната личност: коефициент на емоционална интелигенција EQ и коефициентот на витална интелигенција  VQ.

 


23 Views
Билјана  Пешева Билјана Пешева
Билјана Пешева

Зен во пракса - Автоген тренинг за ослободување од стрес

Во денешниот брз животен ритам, каде стресот најчесто толку многу е присутен во секојдневието, да  имате алатка со која брзо ќе го вратите својот мир и баланс е од суштествена важност.  Брзината на живеење на денешниот “современ” човек, го доведува до состојба на постојан немир и напнатост. Стресот е секојдневен придружник на сите работни места и влијае врз односите и здравјето. Долгорочно влијание на негативниот стрес, предизвикува сериозни здравствени проблеми кај секој еден од нас. Тука доаѓа Автогениот Тренинг што претставува ефикасна и холистичка техника за релаксација, метод кој овозможува длабока релаксација и отстранување на последиците од секојдневниот стрес.

 

Замислете да имате способност да испратите сигнал до вашето тело да се опушти! Да може сами лесно, да направите премин од напнатост кон смиреност и тоа само со неколку едноставни ментални вежби - ете толку е голема моќта на Автогениот Тренинг.

 

Може да се каже дека автогениот тренинг е ментална вежба која има брз ефект, и е наменета за брзо смирување на разбурканиот…


39 Views
bottom of page