top of page
LSLogoTransparentWOSlogan

Бизнис дискусија на избрана група

Бизнис стил и здравје

Public·4 members

Недостаток на B12: Сериозни здравствени проблеми што може да се избегнат


„Се' започна со повремени појави на замор, вртоглавица и зуење во ушите. Потоа се јавија срцеви отчукувања (палпитации), чудни движења (сензации) во екстремитетите и снемување воздух. Како што поминуваше времето, ми се јави анксиозност, имав чувство на слабост и доживував мозочна магла.“ раскажува Dana Hawkins-Simons во колумна на реномираниот Wall Street Journal.



Еден чизбургер содржи 30% од дневната потреба на витамин Б12
Еден чизбургер содржи 30% од дневната потреба на витамин Б12


Dana со години шетала од прегледи на прегледи, средби со различни доктори специјалисти (кардиолози, гастро, гинеколози, ...) и правела различни тестови. Еден ден, после многу часови во истражување, открила дека има симптоми што наведуваат дека има недостаток на витамин Б-12.


ФОТО: DORLING KINDERSLEY/GETTY IMAGES
ФОТО: DORLING KINDERSLEY/GETTY IMAGES

Недостатокот на витаминот Б12 може да создаде низа од симптоми кои влијаат на мускулите, нервниот систем, органите за варење и многу друго.



Зошто витаминот Б-12 е важен?


Човечкото тело има потреба од витаминот Б12 за да ги создава црвените крвни зрнца, нервите, ДНК и да изведува други функции - пишува Patrick J. Skerrett во својот блог за Harvard Health.


Витамин Б12 печат

Според Patrick, недостатокот на Б12 може да биде препреден и штетен. Просечен возрасен човек треба да внесува 2.4 микрограми на ден. Бидејќи не може да се генерира во човечкото тело, потребно е да се внесува преку храна или додатоци за храна. Некои луѓе не го внесуваат доволно во организмотот, а дополнителен проблем претставува што луѓето различно го абсорбираат од храната, независно од количината на внесување.


Недостатокот на витаминот Б12 се манифестира со:

  • чудни чувства, вкочанетост или трнење во рацете, нозете или стапалата

  • потешкотии во одење (проблеми со рамнотежата)

  • анемија

  • отечен, воспален јазик

  • потешкотии во размислување и расудување (когнитивни потешкотии) или губење на меморијата

  • слабост

  • замор


„Понекогаш симптомите се суптилни/скриени“, вели интернистот Linda Assatourians, во статија на Wall Street Journal - Sluggish? Confused? Vitamin B12 May Be Low. Таа кажува дека изненадувачка бројка на млади женски пациенти имаат ниско ниво на Б12. Според нејзе, тие се здрави и активни, но не јадат месо и имаат слабо расположение и проблеми со меморијата и рамнотежата. „Кога ќе им дадам додатоци на Б12, тие се чувствуваат многу подобро“.



Конзумирање на витамин Б12


Б12 доаѓа исклучиво од месо, џигер, живина, риба и млечни производи. Некои житарки за доручек се засилени со овој витами.

Избор на храна што содржи витамин Б12 (Извор: Wall Street Journal)
Избор на храна што содржи витамин Б12 (Извор: Wall Street Journal)

Некои луѓе имаат проблем со апсорбирање на Б12 во телото. Потребна е стомачна киселина за да се издвои витаминот од хранливите честитки. Некои луѓе земаат медикаменти што ја блокираат киселината. Повозрасните луѓе почнуваат природно да не создаваат стомачна киселина така што недостатокот на Б12 е честа појава кај возрасните.


Затоа Институтот за медицина во САД препорачува земање на Б12 како додаток во исхраната за луѓе над 50 години возраст.



Мое лично искуство


Пред десетина години имав симптоми и тегоби кои беа необјасниви за мене. Ми се чини дека се' започна со бактеријата хеликобактер пилори, многу незгодна бактерија која според некои статистики ја има во телата на речиси 50% од популацијата. После коктел од антибиотици, според тестовите, нивото на анти телата за бактеријата беше под границата, но симптомите продолжија.


Ми требаше неколку години за да утврдам дека имам недостаток на витамин Б12 и тоа ми ги создаваше проблемите. Потоа сфатив дека мојата исхрана не содржеше храна богата со витамин Б12 бидејќи избегнувам јадење на месо - сега витамин Б12 внесувам преку суплменти од време на време. Симптомите исчезнаа.




Ако имате некое ваше слично искуство, ве молам да го споделите тука во коментар или со нова објава на форумот. Да не се мачат луѓето како мене и како Дана, а „лекот“ е достапен во форма на превенција. Благодарам.



#бизнисстил #здравје



867 Views
bottom of page