top of page
LSLogoTransparentWOSlogan

Бизнис дискусија на избрана група

Бизнис совети, Q&A

Public·3 members

Бизнис совет: Десанка Алчинова, Техноалат Комерц (Хина Продуктс), Гевгелија


Десанка Алчинова, Томе Кичуков и Љубица картова (од десно кон лево)
Десанка Алчинова, Томе Кичуков и Љубица Картова (од десно кон лево)

Во Хина Продуктс од самото основање


Од 2000 година сум дел од тимот на фамилијарната компанија Техноалат Комерц дооел од Гевгелија, под која работи пекара Житко и фабриката за преработка и конзервирање Хина Продуктс. Во 2005 година од самото основање на Хина Продуктс, па се’ до денес сум на позиција Менаџер на продажба, и тоа е нешто што навистина ме исполнува.


... позицијата Менаџер на продажба е нешто што навистина ме исполнува.

Имам прекрасен тим на млади луге кои секојдневно ми даваат се' поголем елан за реализација на се’ поголемите предизвици кои ни се појавуваат на пазарот.


Домашен ајвар од Хина производи

Секој производ од широката палета на Хина производите е направен од внимателно селектирани зеленчуци, и горди сме што нашите купувачи се презадоволни од истите.


... наши носечки производи би ги издвоила Домашниот ајвар и Домашната лутеница ...

Како наши носечки производи би ги издвоила Домашниот ајвар и Домашната лутеница кои со право ја користат придавката ДОМАШНО😊



Бизнис совет


Продавам автентичен македонски производ на кој никој, ама баш никој до сега не останал рамнодушен. Домашно ајварче. Го продавам со многу емоција, а велат емоција во бизнисот не е дозволено. Јас би рекла малку поинаку.


... емоција во бизнисот не е дозволено. Јас би рекла малку поинаку.

Кога еднаш ќе стекнеш мислење за човек, во било која сфера на животот, никогаш не го менувај и не му давај втора шанса… бидејки тој некој никогаш нема да се промени.



Десанка Алчинова

Facebook: Desanka Alchinova




За Техноалат Комерц, Гевгелија


Фирмата е формирана пред 15 години и една од првите приватни фирми во општина Гевгелија. Од пред една година работи во нови простории со комплет нова линија за леб и бели пецива и има збогатен и разновиден асортиман на истите. 

Контакт:

ТЕХНОАЛАТ - КОМЕРЦ ГЕВГЕЛИЈА  тел: 034-211-985 ул. Маршал Тито бр.124, Гевгелија тел: 034-212-284 ул. Индустриска бб, Гевгелија


Веб: www.hinaproducts.mk

Facebook: HINA Products






Сподели ја твојата бизнис приказна со нас


Ја очекуваме твојата бизнис приказна и бизнис совет на адресата www.LoginSystems.biz/biznis-prikazna

#МојатаРабота #БизнисСовет #БизнисПриказна

#Стратегија #Менаџмент #ERP


1168 Views
bottom of page