Бизнис дискусија на избрана група

Бизнис совети, Q&A
Бизнис совет: Петар Ниновски, Brainster

Пред 3 години го основав Brainster – училиштето на иднината кое ќе работи со поединци и компании за да им овозможи персонален и професионален раст.
Мисијата на Brainster е:
✅ Да помогне на 1 милион луѓе да дојдат до кариера која од секогаш ја посакувале.
По 3 години од основањето, тимот на Brainster се состои од 14 луѓе (13 дипломирани на академиите на Brainster), 50+ инструктори, 50+ партнерски компании, 160+ компании кои ги развиваат вештините на вработените преку нашите курсеви, одржани првите курсеви надвор од Македонија, и 6000+ учесници кои ја трансформираа својата кариера. Имавме успешна година и уште поголеми планови за во иднина.
Можеби звучи лудо, но и пред 3 години звучеше лудо тоа што кажував дека ќе го направам со Brainster, па се случи.
Бизнис совет: Софија Семенпеева, Маркетинг агенција Ефектива

Почеток со продажба во печатница Софија
Мојата бизнис приказна започнува пред 15 години. Уште тогаш ја имав прецизно зацртано мојата цел и патот по кој треба да одам за да ја постигнам. Иако точно знаев што сакам, признавам дека не можев ниту да претпоставам што ме очекува. Едноставно, мислев дека се ќе биде поедноставно.
... искуството мора секогаш да се надополни со квалитетна едукација. Затоа постојано инвестирам во знаење.
Зад себе имам 14-годишно работно искуство, но искуството мора секогаш да се надополни со квалитетна едукација. Затоа постојано инвестирам во знаење.
Тринаесет години работам во сегментот продажба во убедливо најголемиот бренд во графичката индустрија во Македонија, Печатница Софија. Компанијата е основана од моите родители и речиси 30 години успешно опстанува и се развива иако пазарните услови не секогаш се добри за водење на овој бизнис.
Бизнис совет: Зоран Стојковски, Проефект Иново

Мојот почеток
Во јуни одбележав 22 години од првиот добиен грант од една регионална фондација со која обезбедив 7000 долари за спелеолошко друштво Пеони со предлог проект кој го напишав за нив.
Година порано, во 1995 година како дел на тимот на Зелен Ветер, подлистокот за живитна средина на Млад Борец бев испратен да направам текст за пештерите на Матка. Спелеолозите на Пеони, кои ме однесоа до пештерите Убава, Крштална и Врело сите три на Матка, не само што ми помогнаа да направам одличен текст, туку и придонесоа заштитата на пештерите да стане моја активистичка, а потоа професионална преокупација во следните три години.

Го читам напишаното вчера и објавеното денеска во делот Бизнис совети на Логин системи, и се сетив на уште еден важен заклучок за мене од почетниот период на мојата професионална кариера. Со големиот број на активности реализирани преку реализацијата на проектите во Пеони за две години успеав да создадам одличен тим на волонтери, но се соочив и со отпори кај постарите членови (Пеони беше здружение формирано во доцните шеесети на минатиот век) кои беа збунети од новиот начин на работа, па не ми дадоа влез во раководното тело на редовните избори. Целата екипа на млади членови го доживеаа тоа како не фер однесување и доминација на постарите, и се случи поделба. Јас набргу ја продолжив мојата кариера надвор од таа организација, а нездоволните млади формираа посебна организација Урсус спелеус, кои до ден денеска се активни. Беше интересно да се види дека, и на Пеони му се случи подмалдок, т.е. децата на основачите се активираа и до денеска и тие се активни. Еден од увидите кои ми е останат од тоа време е дека ако се сака да се ре-активира било која организација во која има криза или некаков внатрешен судир помеѓу персоналот, соодведетен потег е да се иницира одвојување на делот кој има други вредности и гледишта, секако доколку обидите за внатрешно разрешување на проблемите се неуспешни. И едниот и другиот дел на организацијата можно е да опстанат подолго, отколку организација.