top of page
LSLogoTransparentWOSlogan

Бизнис дискусија на избрана група

Сметководство и финансии

Public·10 members

Како-да: Изработка на завршна пресметка за финансиската година во Business Central


Како-да: Изработка на завршна пресметка за финансиската година во Business Central
Како-да: Изработка на завршна пресметка за финансиската година во Business Central


Во период кога се изготуваат и предаваат завршните пресметки, софтверот за сметководство треба да е способен да ги автоматизира пресметките и подготовката на извештаите. Една од клучните операции за изготовка на завршната пресметка е затворање на фискалната (сметководствената) година.


Во продолжение ќе наведам некои од операциите што се прават при изработката на завршната сметка, а се автоматизирани во Business Central.


Амортизација на основни средства

Курсни разлики на крај на период

Затворање на пресметковен период

Биланс на успех (заедно со државна евиденција) и биланс на состојба



Да почнеме со ред ...


Каде се наоѓаат функциите и алатките за завршната пресметка?


Се стартува Business Central и се добива екран сличен како на сликата подолу (вака изгледа екранот за ролјата „сметководител“ и подготовката од Логин Системи).


Главен екран на Business Central (за сметководител)
Главен екран на Business Central (за сметководител)


Функциите потребни за изработка на завршната пресметка се наоѓаат во делот за задачи.


Функции за завршна пресметка
Функции за завршна пресметка

Извештаите потребни за завршната пресметка се наоѓаат во делот за извештаи и финансиски изводи - види слика подолу.


Извештаи за завршната пресметка
Извештаи за завршната пресметка

Подолу се објаснети најбитните операции при изработката на завршната пресметка со Business Central.



Амортизација на основни средства


Прво се прави подесување за книжење на амортизација на основните средства со соодветни конта во амортизационата книга. Во зависност од групите на основни средства, се креираат соодветни амортизациони групи.


Самата пресметка на амортизација се прави со функционалноста за пресметка на амортизација преку избор од менито. Во прозорецот за дијалог, како на сликата подолу, се избира амортизационата книга во која што се подесувањата за амортизацијата, потоа се става крајниот датум, па датумот на книжење и бројот на документот под кој ќе се книжи. На крајот се избира да се вметне и против контото.


Избор на опции за пресметка на амортизација
Избор на опции за пресметка на амортизација

Кога ќе заврши функцијата, Business Central дава порака дали да се отвори журналот на основни средства. Во овој журнал може да се проверат линиите (ставките) на подготвениот журнал (налог за книжење). Дополнитено, на Preview posting може да се види пробно на кои конта ќе се искнижи амортизацијата.


Повеќе информации за основните средства има на линкот https://www.loginsystems.biz/BusinessCentral/Smetkovodstvo/OsnovniSredstva.



Курсни разлики на крај на период


Во денешни услови скоро и да не постои современа, модерна и растечка компанија во која голем дел од трансакциите не се прават на меѓународно ниво. Еден од главните финансиски индикатори кој треба да се следи е навремено, точно и прегледно ажурирање на курсните разлики.


За разлика од класичните (постари) сметководствени софтвери, курсирањето во NAV е автоматско и не треба рачно да се пресметува на крајот на одреден период (или почесто).


Сепак, за да се пресметаат евентуалните нереализирани позитивни и/или негативни курсни разлики, се користи функцијата.


Усогласување девизни курсеви во Business Central
Усогласување девизни курсеви во Business Central


Може да се усогласуваат курсните разлики посебно за купувачи, добавувачи или банкарски сметки. Исто така може да се издвојат операциите меѓу различните валути за да не одат под ист број на документ.


Повеќе информации за работата со валути во Business Central (и Dynamics NAV) може да се најдат на линкот https://www.loginsystems.biz/forum/microsoft-dynamics-365/azhuriranje-na-kursni-razliki-vo-dynamics-nav.



Затворање на пресметковен период


Затворањето на фискалната година во Business Central се прави во три чекори:


  • Затворање на пресметковниот период

  • Затворање на билансот на успех преку повикување на функционалност за затворање

  • Книжење на ставките за затворање на годината.


Откако ќе се затвори финансиската година, Business Central не дозволува дополнителни книжења во таа година освен завршните книжења. Затоа оваа операција се прави на крај.


За да се затвори годината, се отвора листата на пресметковни години - како на сликата подолу.


Затворање на финансиска година во Business Central
Затворање на финансиска година во Business Central

Кога ќе се обележи годината од листата на периоди, и се избере командата за затворање на годината, Business Central го предупредува корисникот дека со активирање на оваа команда, враќање назад - нема.

Предупредување дека оваа операција е нереверзибилна
Предупредување дека оваа операција е нереверзибилна

Вториот чекор е затворање на ставките од билансот на успех. Оваа активност се прави со командата за затворање на билнасот на успех. Во прозорецот за дијалог како на сликата подолу се пополнуваат сите полиња во дадениот прозорец:


Подесување податоци за затворање на билансот на успех
Подесување податоци за затворање на билансот на успех


Откако ќе се одбере ОК, системот прави автоматска пресметка на износите на контата кои претходно се означени во контниот план дека се конта од билансот на успех и го пополнува дневникот кој е означен за затворање на годината во претходниот прозорец.


За да се прокнижат ставките за затворање на приходите и трошоците, потребно е да се отиде во журналот кој претходно беше дефиниран во прозорецот за затворање на билансот на успех.


Повеќе информации има на https://www.loginsystems.biz/forum/microsoft-dynamics-365/kako-da-zatvoram-godina.



Биланс на успех и биланс на состојба


Во Business Central може да се изработат финансиски извештаи кои ги бара законодавецот, а при тоа да се користат контатата кои се одредени од самата компанија.


За билансот на успех се избираат следните податоци пред да се генерира извештајот.


Избор на опции за билансот на успех и билансот на состојба
Избор на опции за билансот на успех и билансот на состојба



Сличен екран се појавува и за билансот на состојба.


Покрај тековната година, извештајот дава споредбени податоци и за претходните две години.




Повеќе за Business Central има на линкот https://www.erp.mk/bc.


#businesscentral #msdyn365bc

1562 Views
bottom of page