top of page
LSLogoTransparentWOSlogan

Резултати од пребарување

392 results found with an empty search

  • 25 години Логин Системи

    Скопје, 01.11.2016. Денес, точно пред 25 години започна првиот работен ден за Логин Системи, македонска компанија за креирање и одржување на деловни ЕРП решенија базирани на Microsoft Dynamics NAV (НАВ). Во Логин Системи работат професионалци со богато информатичко и бизнис искуство, а сопственичката структура се состои од две индивидуални лица и американскиот инвестициски фонд SEAF. „Започнавме како компјутерска училница за обучување на DOS, Windows, Word и Excel - беше прва од таков вид во Македонија. Освен обуката за возрасни и деца, изработувавме софтвер за сметководство и магацинско работење кој го користеа неколку десетици фирми во 90тите.“ се присетува Венко Глигоров, основач, содружник и генерален менаџер во Логин Системи. „Во втората половина на 90тите години ги поврзавме сите банки и Народната банка во еден систем за аукција на депозити. Пред појавувањето на Интернет во Македонија, направивме Инфо-изводи, систем и апликација за организациите за компјутерско преземање на изводи од Заводот за платен промет - овој сервис и апликација го користеа 300 најголеми и најуспешни фирми во Македонија. Инфо-изводи беше претставено на сајтот на Microsoft како иновативно решение рамо до рамо со неколку други меѓународни финансиски институции.“ Првата декада од 21виот век Логин Системи прерасна во водечки регионален дистрибутер на брендови како што се Microsoft, HP, EMC, Nortel, Cisco Systems, Canon и редица други светски лидери во својата област. Како дополнување на дистрибуцијата во Македонија, Косово и Албанија, Логин Системи обезбедуваше услуги на сервис за HP, беше кол центар на Microsoft, поставуваше серверски системи базирани на Windows Server, SQL Server како и вршеше имплементирање на ERP системи базирани на Dynamics NAV. Благодарение на напорната работа и успешните резултати, Логин Системи влезе во групата на ТОП200 најголеми компании во Македонија во 2004та, а 2009та година беше прогласена за Супер бренд во Македонија. „Благодарни сме на сите кои работеле, соработувале и помагале во Логин Системи. Без сите овие лица Логин Системи немаше да биде тоа што е денес.“ кажува Венко Глигоров. „Нивниот придонес на некој начин го овековечуваме во галеријата од слики што ја поставивме на нашата веб страница на линкот www.loginsystems.biz/25-godini .“ Покрај деловните активности, Логин Системи е активен учесник во општествените активности и како таква беше иницијатор за укинување на царините и намалување на данокот за софтвер, а подоцна и за компјутерите. Менаџментот на Логин Системи е иницијатор и основач на асоцијацијата МАСИТ во 2000 година, го даде де-факто првото претседателско место во Сојузот на Стопански комори (2004) и иницијатор и основач на меѓународната невладина организација Македонија 2025. „Се присетуваме на минатите години, учиме од грешките, се засилуваме од успесите, а сега е моментот да мислиме на иднината ... на идните 25 години“ завршува Венко Глигоров. „Нашата мисија е да ги опремиме фирмите и организациите со софтверски ЕРП решенија и balanced scorecard ... да бидеме секогаш лидери во тоа што го работиме“. #PR #DynamicsNAV #MK

  • ЕРП во Фени Индустриес

    Фени и Логин Системи соработуваат речиси 10 години во изградбата и одржувањето на софтверот за сметководство и ЕРП. Последните две години Логин Системи покажаа посебни квалитети во изведбата на нашите сложени барања во набавките и магацинското работење. Периодов успешно ја изведоа и унификацијата на контниот план на ниво на цела групација која планираме да ја спроведеме во Фени и во другите наши фирми. Сашко Ѓорчевски , маркетинг менаџер, Фени Индустриес http://www.cunicoresources.com/FeniIndustries/en Поврзано: Cunico Resources N.V., прва од корисниците со Dynamics NAV 2017 Други изјави на корисници има на линкот www.loginsystems.biz/rekoa-za-nas #MK

  • Потпишан договор со холандската групација Кјубиес

    Скопје, 18.10.2016. Логин Системи, провајдерот на софтвер и решенија за ЕРП (ERP) базиран на Dynamics NAV, и холандската групација Кјубиес (QBS) потпишаа договор за деловна соработка на полето на лиценцирање, имплементирање и поддршка за постоечките и новите корисници на Dynamics NAV во Македонија. Соработката со Кјубиес ќе овозможи намалени трошоци на работење кое директно ќе има влијание на корисниците на Dynamics NAV преку подобри цени за лиценци од Microsoft и подобра услуга во имплементирањето и поддршката. Договорот опфаќа едукација на стручните лица на Логин Системи, стручна напредна поддршка од мрежата на партнери при проблеми со НАВ и помош во лиценцирањето. Како дополнување, стручните лица на Логин Системи ќе имаат можност за пружање на своите експертски услуги на интернационалните пазари. „Последните две години Логин Системи силно се посвети на развојот на софтвер и решенија за сметководството заедно со другите витални деловни процеси како интегрален систем во организациите.“ истакна Венко Глигоров, генерален менаџер на Логин Системи. „Соработката со Кјубиес е природно продолжување на нашите активности во тој правец и доаѓа во вистинско време за нас и за сите корисници во Македонија“. Кјубиес е најголемата и најбрзо растечката интернационална мрежа на партнери на Microsoft Dynamics која се состои од 350 фирми во 15 земји. Според Мариа Гарана, потпретседател на Microsoft Business Solutions за ЕМЕА, партнерите во мрежата на Кјубиес се поуспешни до 40% од другите фирми за Microsoft Dynamics NAV. Со потпишувањето на договорот, Логин Системи ја воведува Македонија како 16та земја во оваа група. Договорот не менува ништо во комуникацијата на Логин Системи со постоечките корисници на Dynamics NAV но ќе има позитивни ефекти за наредни проекти и активности за одржување. ### Формирана во 1991, Логин Системи е македонска компанија за креирање софтвер за сметководство и деловни процеси и одржување на ЕРП деловни решенија (ERP solutions) базирани на индустрискиот стандард Microsoft Dynamics NAV. #PR #DynamicsNAV #MK

  • Успешна имплементација на Dynamics NAV во ИТД Дистрибуција

    Скопје, 13.10.2016. Логин Системи, имплементаторот за ЕРП решенија, и ИТД Дистрибуција, една од водечките диструбутерски куќи за ИКТ производи и решенија во Македонија, објавуваат дека успешно ја завршија имплементацијата и конфигурацијата на финансиските модули на Microsoft Dynamics NAV во работењето на ИТД. Покрај поставувањето на стандардните модули за сметководство, Логин Системи ги конфигурираше книжните шеми за документите и предложи модел на нумерациски серии на сите видови документи кои го олеснуваат работењето во сметководството. Логин Системи го надополни НАВ со модулите за налози за книжење, благајна, ситен инвентар, плати, основни средства, компензации, малопродажба и пресметка на каматни листи. „Со прилагодувањето на НАВ во ИТД имаме подетални и попрегледни извештаи, и попродуктивна работа на одделот за финансии и книговодство“ – изјави Мери Каровска, финансов директор на ИТД. „Логин Системи одговори на сите наши специфични барања и дополнувања на професионален начин и со квалитетна изведба.“ ИТД го избра ЕРП системот НАВ за своето работење заради интегрираноста на финансиите со другите процеси во фирмата како што се маркетингот и продажбата, набавките, човечките ресурси, магацинското и материјалното работење, основните средства и сервис. Системот нуди огромна можност за проширување и надополнување со решенија согласно потребите на фирмата во дистрибуцијата. „Иако стандардно со НАВ не се вклучени спецификите од македонското законодавство за сметководство, тимот на Логин Системи постави свои модули за црвено сторно книжење, ограничување на страната на книжење на контата и докнижувања за малопродажба.“ изјави Евгенија Ѓорѓиева, главен имплементатор на НАВ во Логин Системи. Microsoft Dynamics NAV е глобално ЕРП решение за мали и средни организации кое нуди подобра контрола на финансиите и сметководството и ги поедноставува активностите во ланецот на набавки и продажби, производството и оперативните активности. NAV е дел од палетата на деловни апликации на Microsoft и со совојата интегрираност овозможува брза и продуктивна работа, како и флексибилност и адаптирање на организацијата кон новонастанатите можности и потребите од развој. ### Формирана во 1991, Логин Системи е македонска компанија за креирање и одржување на ЕРП деловни решенија (ERP solutions) базирани на индустрискиот стандард Microsoft Dynamics NAV. Формирана во 2007ма година како Инфософт системи, а од 2010та преименувјќи се во ИТД Дистрибуција, компанијата прераснува во водечка за дистрибуција на ИТ опрема на Македонскиот пазар. ИТД Дистрибуција се стреми кон повисоки перформанси, фокусирајќи се на навремена дистрибуција, квалитативни односи со партнерите, висока бизнис етика, професионалност и знаење во процесите на продажба, како и добра логистичка подршка. Компанијата е овластен дистрибутер за Dell и многу други познати брендови во Македонија, Албанија и Косово. #PR #DynamicsNAV #MK

  • Dynamics NAV во ИТД Дистрибуција

    Со прилагодувањето на НАВ во ИТД имаме подетални и попрегледни извештаи, и попродуктивна работа на одделот за финансии и книговодство. Логин Системи одговори на сите наши специфични барања и дополнувања на професионален начин и со квалитетна изведба. Мери Каровска , финансов менаџер, ИТД Дистрибуција Формирана во 2007ма година како Инфософт системи, а од 2010та преименувајќи се во ИТД Дистрибуција, компанијата прераснува во водечка за дистрибуција на ИТ опрема на Македонскиот пазар. ИТД Дистрибуција се стреми кон повисоки перформанси, фокусирајќи се на навремена дистрибуција, квалитативни односи со партнерите, висока бизнис етика, професионалност и знаење во процесите на продажба, како и добра логистичка подршка. Компанијата е овластен дистрибутер за Dell и многу други познати брендови во Македонија, Албанија и Косово. http://www.itd.mk/ Поврзано: Успешна имплементација на Dynamics NAV во ИТД Дистрибуција Други изјави на корисници има на линкот www.loginsystems.biz/rekoa-za-na s #MK

  • Нови NAV ERP клауд услуги и подобрена корисничка поддршка во Македонија

    Скопје, 08.10.2016. Вчера Логин Системи успешно ја заврши трансформацијата на информатичкиот систем во својата фирма со цел да се поддржат планираните нови активности. Централно место на новиот систем и архитектура е множество од виртуелни севери поставени на силни хардверски сервери и мрежни дискови уреди (сториџи). „Дел од потенцијалните корисници на Microsoft Dynamics NAV ни бараат да овозможиме користење на ERP решението NAV по пат на месечна претплата наместо да инвестираат во хардвер и софтвер уште на почетокот на работењето со НАВ.” – изјави Венко Глигоров, менаџер во Логин Системи. “Воедно тие бараат и платформа на која ќе може да се прикачуваат други услуги како автоматско праќање на СМСи и електронски пораки, користење на смартфони и работа преку заштитен веб сајт.” Услугата за користење на клауд сервери за NAV Логин Системи ја нуди преку соработката со Неоком и НеоКлауд, а од наредниот период тоа ќе биде можно и преку сега-изградената платформа на Логин Системи. „Досегашното работење на Логин Системи вклучуваше и хостирање на веб сајтови и меилинг системи. Оваа активност фазно ја затворавме и ја приведовме до крајот, а искуствата се непроценливи за воведување услуги на хостирање и клауд решенија за ЕРП работење на фирмите.“ завршува Венко Глигоров. Покрај придобивките за корисниците, новата архитектура овозможува и побогато и попродуктивно изведување на работните задачи на вработените во Логин Системи. Со помош на QNAP Qsync решението, документите на вработените ќе бидат секогаш синхронизирани и архивирани на нивните компјутери, таблети и мобилни телефони. Со користењето на новиот систем, Логин Системи ќе ја намали потрошувачката на електрична енергија за 70% со што фирмата ќе биде поконкурентна со цените во својата понуда. Воедно, перформансите во работењето се очекува да се зголемат за преку 40%. Поставувањето на новиот систем Логин Системи го направи во соработка со фирмата Макас Инженеринг од Скопје. Откако ги затвори активностите во дистрибуцијата на Microsoft, HP, Canon, EMC, Nortel и Cisco Systems, Логин Системи продолжи да изработува ЕРП решенија и инженеринг услуги базирани на Microsoft Dynamics NAV. За напредните корисници Логин Системи нуди консалтинг услуги и поставување на светски признатата стратешка методологија Kaplan/Norton Balanced Scorecard. Логин Системи е првата и единствена фирма во Македонија со меѓународниот сертификат за Balanced Scorecard директно од основачите Kaplan и Norton. #PR #DynamicsNAV #MK

  • Компанија во Дубаи ќе користи деловен систем во Македонија

    Скопје, 13.09.2016. Логин Системи потпиша договор за имплементација на систем за деловно работење (анг. ERP Enterprise Resource Planning) базиран на Microsoft Dynamics NAV со компанија од Дубаи за продажба и маркетинг на производи на светски берзи и светски пазари. Согласно договорот, досегашниот систем што го користи фирмата од Дубаи ќе се замени со NAV и новиот систем ќе биде сместен во Македонија. Овој договор е значаен и по тоа што ќе се користат ресурси во Македонија како што се сервери, персонален клауд, лиценци и македонска работна сила. Покрај финансискиот модул, компанијата ќе користи и модули за набавки, продажба и маркетинг, и човечки ресурси. Системот ќе работи повеќе-јазично и со повеќе валути. Microsoft Dynamics Nav е платформа за изградба на решенија за интегрирано деловно работење за компании и организации. Логин Системи во текот на своето работење со Nav изработи дополнителни модули и програмски решенија кои ја комплетираат работата на NAV. Овие наши дополнувања се во функција во десетици фирми и организации во Македонија, Косово и Албанија. Формирана во 1991, Логин Системи е македонска компанија со мешовит македонски и американски капитал со специјалност во изработка на деловни ЕРП решенија базирани на Microsoft Dynamics NAV. #MK #PR #DynamicsNAV

  • Плати за Dynamics NAV во дистрибутерска компанија

    Скопје, 09.09.2016. Денес, Логин Системи успешно имплементира модул за плати во една од водечките дистрибутерски куќи во Македонија. Овој модул е надоградба на светски-познатиот систем за деловно работење Dynamics NAV и соработува со неговите модули за Човечки ресурси и Финансии (сметководство). Решението за плати опфаќа управување со договори за плата, ги пресметува сите типови на обврски (облигации) што ги бара законодавецот и подготвува книжења во сметководство на ниво на фирма, тим или поединечни вработени. Тоа содржи и опции за ставање на бонуси, разни одбитоци од плата како кредити, казни, извршни решенија и можности за пресметка на плата од бруто-во-нето и нето-во-бруто со вклучен и не-вклучен минат труд (стаж). Иако има многу можности, модулот за плати е едноставен за користење и пријатен за работа со повеќе различни извештаи и страници. Модулот ги има сите потребни обрасци, потврди и прегледи потребни за УЈП и за компанијата при исплата на платата. Корисниците може да го користат на македонски и англиски јазик. Поради својата интегрираност во NAV, на корисникот му се овозможува да гледа целосен преглед за одреден вработен со податоци за должење на ситен инвентар, основни средства, како и трансакции со касата. Модулот за плати е скалабилно решение што значи дека успешно може да работи и за фирми до 50 вработени, но и за фирми од 1000 и повеќе вработени. Microsoft Dynamics Nav е платформа за изградба на решенија за интегрирано деловно работење за компании и организации. Логин Системи во текот на своето работење со Nav изработи дополнителни модули и програмски решенија кои ја комплетираат работата на NAV. Овие наши дополнувања се во функција во десетици фирми и организации во Македонија, Косово и Албанија. #MK #DynamicsNAV #PR

Пребарај во блог-објавите ...

Пребарај низ форумот на Логин Системи

Ако не најде тоа што те интересира, прегледај ги изворите на следните линкови

MSD365BC.png
DYNAMICS NAV / 365 BUSINESS CENTRAL
Hands
ФОРУМ
Notebook
БЛОГ-ОБЈАВИ
Reading Icon
ПОДДРШКА
bottom of page