top of page
LSLogoTransparentWOSlogan

Резултати од пребарување

397 results found with an empty search

  • Форум за стратегија и менаџмент

    | Во недостиг на доволно свежи локални содржини и примери за стратегија и нејзина изведба ... | Скопје, 07.03.2017. Денес, Логин Системи објавува дека е отворена нова категорија на форумот како дел од веб сајтот на Логин Системи посветена на стратегијата и светски познатата методологија за изведба на стратегијата – Balanced Scorecard. Во недостиг на доволно локални свежи содржини и примери, се наметнува потребата од формирање на централно информативно место кадешто ќе се дискутира за елементите од современиот менаџмент, стратегијата и изведбата на стратегиите. Достапноста на содржините на Интернет за овие теми како и преводот на разни книги од областа на менаџментот не се доволни за вака значајна област од менаџментот и претприемништвото. Можноста за споделување на примери или искуства речиси и не постои. Последните години премногу се мешаа(т) поими на стратегија, проекти, стратешки цели и визии. Ова придонесува за збунетост и конфузија кај луѓето за теми поврзани со проекти на владата, платформи на партиите, стратешки цели и слично. Дополнително, учениците од средните училишта имаат предмети за претприемништво и бизнис, но немаат доволно информации и материјали за учење и продлабочување на знаењето. „Дали членувањето во ЕУ и НАТО е стратешка цел или е визија или е стратешка иницијатива? Или можеби стратешка дестинација или стратешки приоритет? Целта со форумот е преку случаи за учење од развиениот свет и од Македонија да извршиме дополнително информирање и едукација на менаџерите, претприемачите, студентите и секако на политичарите за битни теми од стратегиите. На луѓето им треба насочување или иницијална каписла од каде да почнат.“ вели Венко Глигоров , главен модератор на форумот. „Сум држел предавања на студенти од економски факултети во земјата и странство, сум бил консултант на организации и политички партии, сум имал работилници и стратешки сесии со стопанственици и менаџери – едноставно постои потребата од дискусии на овие теми надвор од постоечката литература.“ Форумот обработува теми кои се клучни за работењето на организациите независно дали се од приватниот или јавниот сектор. Овој дел од форумот на Логин Системи е наменет за топ или средно-ниво на менаџери од фирмите и организациите во Македонија кои сакаат да научат за бизнис модели, стратегија и balanced scorecard. Форумот може да биде корисен и за студенти и после-дипломци од бизнис администрација, претприемачи или консултанти за подобрување на работењето на организациите. Содржините ќе бидат модерирани од Логин Системи и модераторите ќе постираат теми со почетни информации кои потоа ќе се дискутираат со сите заинтересирани. Логин Системи очекува повеќе стотини поединци да го користат и надополнуваат форумот за стратегија, претприемништво и изведба на стратегијата со Balanced Scorecard. Првите постови на форумот се планира да бидат со кусо објаснување на основните поими околу стратегијата, бизнис моделот, стратегијата и работната рамка balanced scorecard, вклучувајќи ги и термините за мисија, визија, стратегија, стратешки план, стратешка мапа, balanced scorecard, стратешки цели, стратешки иницијативи, стратешки теми, компензирање според перформансите, … Форумот е бесплатен и ќе може да се користи со претходна најава преку емаил адреса, или сметка од социјалните мрежи Facebook и Google+. Тој се наоѓа на адресата http://www.loginsystems.biz/forum/strategija-i-menadzhment . За Balanced Scorecard Balanced Scorecard е многу атрактивна методологија и многу познати светски фирми и организации (вклучително и министерства и влади на држави) користат Kaplan-Norton Balanced Scorecard во своето работење. На највисоко концептуално ниво, Balanced Scorecard е методологија која помага на организациите да ја преведат стратегијата во оперативни цели што ги насочуваат однесувањата и ги подобруваат перформансите во организациите. Повеќе има на линкот тука . За Логин Системи Логин Системи е компанија за планирање, развој, имплементирање и поддршка на софтверски системи за сметководство и ЕРП базирани на Microsoft Dynamics NAV. Фирмата има искуство во работењето со Dynamics NAV повеќе од десет години во Македонија, Косово и Албанија. Повеќе информации има на www.loginsystems.biz или на Facebook страната www.Facebook.com/LSMacedonia . За Венко Глигоров Венко Глигоров е дипломиран инженер по информатика-автоматика со искуство во предавање и тренинг на повеќе стотици студенти од различни професии. Покрај предавања на мали групи до 10 студенти, тој презентирал во сали со повеќе стотина гости, па дури и настани со повеќе од илјада посетители. Во 2010та година Глигоров се здоби со сертификатот, Kaplan - Norton Balanced Scorecard Certified Graduate, на полето на „Palladium Execution Premium Process™ (XPP)“, „Balanced Scorecard and Strategy Map“ и „Strategy-Focused Organization (SFO) Principles“. Во 1991ва година Глигоров ја основа фирмата Логин Системи, а е со-основач на Кардена Кеар во 2011та година. Покрај работењето во Логин Системи како генерален менаџер, Глигоров е иницијатор и со-основач на МАСИТ во 2000та година, еден од основачите и де-факто прв претседател на Сојузот на стопански комори на Македонија во периодот од 2004 до 2008, како и поранешен член на комитетот „еМакедонија за сите“ на покојниот Претседател на Македонија, Борис Трајковски. Заедно со Мајк Зафировски, Џон Битоф и неколку други бизнисмени од дијаспората, тој е основач на меѓународната невладина организација „Македонија 2025“ во 2006та година. Глигоров во последно време е чест гостин- предавач на значајни домашни и регионални конференции и настани за претприемништво, стратегијата, и менаџментот во организација на Академијата за менаџери (партнерска организација со Универзитетот Шефилд), топ-клас програмата на CEED, како и тренинг настани во организација на Владата на РМ. #PR #MK

  • Плати за NAV поставени во „Мекиците од Стража“

    Скопје, 01.12.2016. Логин Системи, имплементарот на софтвер за сметководство и ЕРП системи, и Еврокомерц 5, сопственикот на ланецот на ресторани за брза храна, Мекиците од Стража, објавуваат дека успешно е имплементиран модулот за плати во работењето на Мекиците од Стража. Модулот што го изработи Логин Системи за платите ги има сите потребни специфики што се пропишани за работа во Македонија. Тој ги поддржува сите начини на пресметка на плата (од бруто кон нето или од нето кон бруто со пресметка на минат труд), има можност за награди и одбитоци и се поставени сите барања согласно најновите законски промени во РМ. „Процесот на изработка на плати беше долг и сложен заради бројот на вработените и усогласувањето на искористените хранарини од нивна страна во износите за плата.”, изјави Стане Исакоски , одговорен во сметководство и администрација во Еврокомерц 5. “Со новата верзија што ја интегриравме во Dynamics NAV хранарините автоматски се превземаат и вчитуваат од локациите каде што е конзумирана. Сега платата се изработува за помалку од половина час и што е најважно, таа може да се испраќа на емаил за нејзина верификација.“ Логин Системи изработи модул за плати за сите актуелни верзии на Dynamics NAV и истиот е интегриран во сметководството. После пресметката на платата, корисникот може автоматски да ја искнижи платата во Главна книга или на ниво на фирма, на ниво на тим или на ниво на вработен. За потребите на корисниците, Логин Системи ги изработи потребните извештаи поврзани со платата: Исплатно ливче за вработен, Личен картон, Потврда за УЈП, Рекапитулар за плата (поединечен и вкупно за цела фирма), МПИН и ПДД-ГИ. Microsoft Dynamics NAV е глобално ЕРП решение за мали и средни организации кое нуди подобра контрола на финансиите и сметководството и ги поедноставува активностите во ланецот на набавки и продажби, производството и оперативните активности. NAV е дел од палетата на деловни апликации на Microsoft и со совојата интегрираност овозможува брза и продуктивна работа, како и флексибилност и адаптирање на организацијата кон новонастанатите можности и потребите од развој. За Логин Системи Логин Системи е компанија за планирање, развој, имплементирање и поддршка на софтверски системи за сметководство и ЕРП базирани на Microsoft Dynamics NAV. Фирмата има искуство во работењето со Dynamics NAV повеќе од десет години во Македонија, Косово и Албанија. Повеќе информации има на www.loginsystems.biz . За Еврокомерц 5 Еврокомерц 5 е сопственик на продавниците за брза храна „Мекиците од Стража“ кои се наоѓаат на локации во Скопје, Гостивар и Стража. Повеќе информации на www.MekiciteOdStraza.com или на https://www.facebook.com/MekiciteOdStraza/ . #MK #DynamicsNAV

  • Плати и малопродажба во Мекиците од Стража

    „Процесот на изработка на плати беше долг и сложен заради бројот на вработените и усогласувањето на искористените хранарини од нивна страна во износите за плата. Со новата верзија што ја интегриравме во Dynamics NAV, хранарините од вработените автоматски се превземаат и вчитуваат од локациите каде што е конзумирана. Сега платата се изработува за помалку од половина час, а исплатното ливче системот го испраќа до секој вработен по емаил.“ Стане Исакоски, одговорен за сметководство и администрација, Еврокомерц 5 За модулот плати Логин Системи изработи модул за плати за сите актуелни верзии на Dynamics NAV и истиот е интегриран во сметководството. После пресметката на платата, корисникот може автоматски да ја искнижи платата во Главна книга (од сметководството) или на ниво на фирма, на ниво на тим или на ниво на вработен. Секој од вработените добива од системот исплатно ливче по пат на емаил со прикачен PDF документ. За потребите на корисниците, Логин Системи ги изработи потребните извештаи поврзани со платата: Исплатно ливче за вработен, Личен картон, Потврда за УЈП, Рекапитулар за плата (поединечен и вкупно за цела фирма), МПИН и ПДД-ГИ. Повеќе за модулот за плати и цени има на линкот тука . Поврзани стории Малопродажба и ПОС Останати изјави од корисници За Еврокомерц 5 Еврокомерц 5 е сопственик на продавниците за брза храна „Мекиците од Стража“ кои се наоѓаат на локации во Скопје, Гостивар и Стража. Повеќе информации на www.MekiciteOdStraza.com или на https://www.facebook.com/MekiciteOdStraza/ . За Логин Системи Логин Системи е компанија за планирање, развој, имплементирање и поддршка на софтверски системи за сметководство и ЕРП базирани на Microsoft Dynamics NAV. Фирмата има искуство во работењето со Dynamics NAV повеќе од десет години во Македонија, Косово и Албанија. Повеќе информации за Dynamics NAV има на www.loginsystems.biz/microsoft-dynamics-nav . #MK #DynamicsNAV #PR

  • Cunico Resources N.V., прва од корисниците со Dynamics NAV 2017

    Скопје, 25.11.2016. Логин Системи и холдинг компанијата Cunico Resources N.V. од Амстердам потпишаа договор за набавка на најновата верзија на деловниот софтвер Dynamics NAV 2017. Cunico Resources N.V. во својата група на компании ги вклучува и македонските фирми Фени Индустри, Нова Логистик и неколку други специјализирани компании во услугите и производството. Одлуката на Cunico Resources N.V. за Dynamics NAV 2017 е резултат на потребите на холдингот да ги унифицира сметководството и финансиите кај своите членки на групацијата. Претходно мешовит тим составен од експерти на Логин Системи, Фени индустри-Македонија, NewCo Ferronikeli-Косово и Cunico Resources N.V.-Холандија изработија универзален контен план кој ќе биде имплементиран кај сите свои компании-членки во наредниот период. „Многу сме радосни што токму Логин Системи и домашните експерти за сметководство и финансии учествуваа во изработката на универзален контен план”, изјави Венко Глигоров, проект менаџер за ERP (Enterprise Resource Planning) во Логин Системи. „Прилагодениот македонски контен план ќе се користи во десетина фирми од три различни континенти што секако претставува куриозитет во оваа област.“ Покрај стандардизацијата на деловните книги и финансиските извештаи, со универзалниот контен план и деловниот софтвер Dynamics NAV 2017, Cunico Resources N.V. ќе го забрза процесот на донесување на менаџмент одлуки, ќе ги намали трошоците и ќе ја подобри соработката на своите фирми во размената на информациите и споделувањето на знаењето. Dynamics NAV е еден од најпопуларните ЕРП системи во светот, а неговата најнова верзија NAV 2017 се појави на пазарот на почетокот на овој месец. За потребите на македонските корисници, Логин Системи изведе локализација на софтверот која е во согласност со македонските закони и сметководствени прописи. Dynamics NAV е во употреба во десетина македонски компании претежно со мешовит капитал меѓу кои има и пионери-фирми со само домашен капитал. Поради прилагодувањето на цените во регионот, последните години се забележува зголемен интерес на домашните средни компании за поставување на Dynamics NAV во своето работење. Логин Системи е компанија за планирање, развој, имплементирање и поддршка на софтверски системи ЕРП базирани на Microsoft Dynamics NAV. Фирмата има искуство во работењето со Dynamics NAV повеќе од десет години во Македонија, Косово и Албанија. Повеќе информации има на www.loginsystems.biz . Cunico Resources N.V. е интернационална компанија за рударство и метали специјализирана за истражување, рударство и производство на феро-никел. Таа е најголем производител на феро-никел во Европа и четврт најголем производител во светот. Повеќе информации на веб сајтот http://www.cunicoresources.com/ . #PR #MK

  • Dynamics NAV во Schmitz Cargobull Македонија

    Успешна имплементација и прилагодување на Dynamics NAV за краток временски период беше почеток на нашата соработка која продолжи со услуга за одржување. Логин Системи секогаш навремено и квалитетно одговара на нашите специфични барања околу финансиите и затоа нашата соработка трае веќе 5 години. Љубинка Јосифовска , Овластен сметководител, Шмиц Каргобул Македонија За Schmitz Cargobull AG Со годишно производство од 50.000 возила и околу 5100 вработени, Шмиц Каргобул АГ е водечки производител во Европа за полу-приколки и приколки за превоз на производи со контролирана температура, општ карго и групни производи. Компанијата направи приближно 1,8 милијарди евра во 2015/2016. Дејности на Шмиц Каргобул во Македонија се: ПРОДАЖБА НА НОВИ И КОРИСТЕНИ ТОВАРНИ ПОЛУПРИКОЛКИ И ПРИКОЛКИ (ПРИКЛУЧНИ ВОЗИЛА), КАМИОНИ и КОМЕРЦИЈАЛНИ ВОЗИЛА, ПРЕТСТАВНИШТВА НА СТРАНСКИ КОМПАНИИ ШМИЦ КАРГОБУЛ ДООЕЛ Адреса: 2 бб нас. Илинден Град: СКОПЈЕ Телефон: 02/2581560; 02/2581561; 070/273619 Факс: 02/ 2572001 info@cargobull.com.mk About Schmitz Cargobull AG: With an annual production of some 50,000 vehicles and around 5,100 employees, Schmitz Cargobull AG is Europe's leading manufacturer of semi-trailers and trailers for temperature-controlled freight, general cargo and bulk goods. The company achieved sales of approximately €1.779 billion in the 2015/2016 business year. As a pioneer in the industry, the German company developed a comprehensive brand strategy early on and consistently established quality standards spanning every level: from research and development to services such as trailer telematics, financing, Full Service, spare parts and used trailers. #MK

  • 25 години Логин Системи

    Скопје, 01.11.2016. Денес, точно пред 25 години започна првиот работен ден за Логин Системи, македонска компанија за креирање и одржување на деловни ЕРП решенија базирани на Microsoft Dynamics NAV (НАВ). Во Логин Системи работат професионалци со богато информатичко и бизнис искуство, а сопственичката структура се состои од две индивидуални лица и американскиот инвестициски фонд SEAF. „Започнавме како компјутерска училница за обучување на DOS, Windows, Word и Excel - беше прва од таков вид во Македонија. Освен обуката за возрасни и деца, изработувавме софтвер за сметководство и магацинско работење кој го користеа неколку десетици фирми во 90тите.“ се присетува Венко Глигоров, основач, содружник и генерален менаџер во Логин Системи. „Во втората половина на 90тите години ги поврзавме сите банки и Народната банка во еден систем за аукција на депозити. Пред појавувањето на Интернет во Македонија, направивме Инфо-изводи, систем и апликација за организациите за компјутерско преземање на изводи од Заводот за платен промет - овој сервис и апликација го користеа 300 најголеми и најуспешни фирми во Македонија. Инфо-изводи беше претставено на сајтот на Microsoft како иновативно решение рамо до рамо со неколку други меѓународни финансиски институции.“ Првата декада од 21виот век Логин Системи прерасна во водечки регионален дистрибутер на брендови како што се Microsoft, HP, EMC, Nortel, Cisco Systems, Canon и редица други светски лидери во својата област. Како дополнување на дистрибуцијата во Македонија, Косово и Албанија, Логин Системи обезбедуваше услуги на сервис за HP, беше кол центар на Microsoft, поставуваше серверски системи базирани на Windows Server, SQL Server како и вршеше имплементирање на ERP системи базирани на Dynamics NAV. Благодарение на напорната работа и успешните резултати, Логин Системи влезе во групата на ТОП200 најголеми компании во Македонија во 2004та, а 2009та година беше прогласена за Супер бренд во Македонија. „Благодарни сме на сите кои работеле, соработувале и помагале во Логин Системи. Без сите овие лица Логин Системи немаше да биде тоа што е денес.“ кажува Венко Глигоров. „Нивниот придонес на некој начин го овековечуваме во галеријата од слики што ја поставивме на нашата веб страница на линкот www.loginsystems.biz/25-godini .“ Покрај деловните активности, Логин Системи е активен учесник во општествените активности и како таква беше иницијатор за укинување на царините и намалување на данокот за софтвер, а подоцна и за компјутерите. Менаџментот на Логин Системи е иницијатор и основач на асоцијацијата МАСИТ во 2000 година, го даде де-факто првото претседателско место во Сојузот на Стопански комори (2004) и иницијатор и основач на меѓународната невладина организација Македонија 2025. „Се присетуваме на минатите години, учиме од грешките, се засилуваме од успесите, а сега е моментот да мислиме на иднината ... на идните 25 години“ завршува Венко Глигоров. „Нашата мисија е да ги опремиме фирмите и организациите со софтверски ЕРП решенија и balanced scorecard ... да бидеме секогаш лидери во тоа што го работиме“. #PR #DynamicsNAV #MK

  • ЕРП во Фени Индустриес

    Фени и Логин Системи соработуваат речиси 10 години во изградбата и одржувањето на софтверот за сметководство и ЕРП. Последните две години Логин Системи покажаа посебни квалитети во изведбата на нашите сложени барања во набавките и магацинското работење. Периодов успешно ја изведоа и унификацијата на контниот план на ниво на цела групација која планираме да ја спроведеме во Фени и во другите наши фирми. Сашко Ѓорчевски , маркетинг менаџер, Фени Индустриес http://www.cunicoresources.com/FeniIndustries/en Поврзано: Cunico Resources N.V., прва од корисниците со Dynamics NAV 2017 Други изјави на корисници има на линкот www.loginsystems.biz/rekoa-za-nas #MK

  • Потпишан договор со холандската групација Кјубиес

    Скопје, 18.10.2016. Логин Системи, провајдерот на софтвер и решенија за ЕРП (ERP) базиран на Dynamics NAV, и холандската групација Кјубиес (QBS) потпишаа договор за деловна соработка на полето на лиценцирање, имплементирање и поддршка за постоечките и новите корисници на Dynamics NAV во Македонија. Соработката со Кјубиес ќе овозможи намалени трошоци на работење кое директно ќе има влијание на корисниците на Dynamics NAV преку подобри цени за лиценци од Microsoft и подобра услуга во имплементирањето и поддршката. Договорот опфаќа едукација на стручните лица на Логин Системи, стручна напредна поддршка од мрежата на партнери при проблеми со НАВ и помош во лиценцирањето. Како дополнување, стручните лица на Логин Системи ќе имаат можност за пружање на своите експертски услуги на интернационалните пазари. „Последните две години Логин Системи силно се посвети на развојот на софтвер и решенија за сметководството заедно со другите витални деловни процеси како интегрален систем во организациите.“ истакна Венко Глигоров, генерален менаџер на Логин Системи. „Соработката со Кјубиес е природно продолжување на нашите активности во тој правец и доаѓа во вистинско време за нас и за сите корисници во Македонија“. Кјубиес е најголемата и најбрзо растечката интернационална мрежа на партнери на Microsoft Dynamics која се состои од 350 фирми во 15 земји. Според Мариа Гарана, потпретседател на Microsoft Business Solutions за ЕМЕА, партнерите во мрежата на Кјубиес се поуспешни до 40% од другите фирми за Microsoft Dynamics NAV. Со потпишувањето на договорот, Логин Системи ја воведува Македонија како 16та земја во оваа група. Договорот не менува ништо во комуникацијата на Логин Системи со постоечките корисници на Dynamics NAV но ќе има позитивни ефекти за наредни проекти и активности за одржување. ### Формирана во 1991, Логин Системи е македонска компанија за креирање софтвер за сметководство и деловни процеси и одржување на ЕРП деловни решенија (ERP solutions) базирани на индустрискиот стандард Microsoft Dynamics NAV. #PR #DynamicsNAV #MK

  • Успешна имплементација на Dynamics NAV во ИТД Дистрибуција

    Скопје, 13.10.2016. Логин Системи, имплементаторот за ЕРП решенија, и ИТД Дистрибуција, една од водечките диструбутерски куќи за ИКТ производи и решенија во Македонија, објавуваат дека успешно ја завршија имплементацијата и конфигурацијата на финансиските модули на Microsoft Dynamics NAV во работењето на ИТД. Покрај поставувањето на стандардните модули за сметководство, Логин Системи ги конфигурираше книжните шеми за документите и предложи модел на нумерациски серии на сите видови документи кои го олеснуваат работењето во сметководството. Логин Системи го надополни НАВ со модулите за налози за книжење, благајна, ситен инвентар, плати, основни средства, компензации, малопродажба и пресметка на каматни листи. „Со прилагодувањето на НАВ во ИТД имаме подетални и попрегледни извештаи, и попродуктивна работа на одделот за финансии и книговодство“ – изјави Мери Каровска, финансов директор на ИТД. „Логин Системи одговори на сите наши специфични барања и дополнувања на професионален начин и со квалитетна изведба.“ ИТД го избра ЕРП системот НАВ за своето работење заради интегрираноста на финансиите со другите процеси во фирмата како што се маркетингот и продажбата, набавките, човечките ресурси, магацинското и материјалното работење, основните средства и сервис. Системот нуди огромна можност за проширување и надополнување со решенија согласно потребите на фирмата во дистрибуцијата. „Иако стандардно со НАВ не се вклучени спецификите од македонското законодавство за сметководство, тимот на Логин Системи постави свои модули за црвено сторно книжење, ограничување на страната на книжење на контата и докнижувања за малопродажба.“ изјави Евгенија Ѓорѓиева, главен имплементатор на НАВ во Логин Системи. Microsoft Dynamics NAV е глобално ЕРП решение за мали и средни организации кое нуди подобра контрола на финансиите и сметководството и ги поедноставува активностите во ланецот на набавки и продажби, производството и оперативните активности. NAV е дел од палетата на деловни апликации на Microsoft и со совојата интегрираност овозможува брза и продуктивна работа, како и флексибилност и адаптирање на организацијата кон новонастанатите можности и потребите од развој. ### Формирана во 1991, Логин Системи е македонска компанија за креирање и одржување на ЕРП деловни решенија (ERP solutions) базирани на индустрискиот стандард Microsoft Dynamics NAV. Формирана во 2007ма година како Инфософт системи, а од 2010та преименувјќи се во ИТД Дистрибуција, компанијата прераснува во водечка за дистрибуција на ИТ опрема на Македонскиот пазар. ИТД Дистрибуција се стреми кон повисоки перформанси, фокусирајќи се на навремена дистрибуција, квалитативни односи со партнерите, висока бизнис етика, професионалност и знаење во процесите на продажба, како и добра логистичка подршка. Компанијата е овластен дистрибутер за Dell и многу други познати брендови во Македонија, Албанија и Косово. #PR #DynamicsNAV #MK

  • Dynamics NAV во ИТД Дистрибуција

    Со прилагодувањето на НАВ во ИТД имаме подетални и попрегледни извештаи, и попродуктивна работа на одделот за финансии и книговодство. Логин Системи одговори на сите наши специфични барања и дополнувања на професионален начин и со квалитетна изведба. Мери Каровска , финансов менаџер, ИТД Дистрибуција Формирана во 2007ма година како Инфософт системи, а од 2010та преименувајќи се во ИТД Дистрибуција, компанијата прераснува во водечка за дистрибуција на ИТ опрема на Македонскиот пазар. ИТД Дистрибуција се стреми кон повисоки перформанси, фокусирајќи се на навремена дистрибуција, квалитативни односи со партнерите, висока бизнис етика, професионалност и знаење во процесите на продажба, како и добра логистичка подршка. Компанијата е овластен дистрибутер за Dell и многу други познати брендови во Македонија, Албанија и Косово. http://www.itd.mk/ Поврзано: Успешна имплементација на Dynamics NAV во ИТД Дистрибуција Други изјави на корисници има на линкот www.loginsystems.biz/rekoa-za-na s #MK

  • Нови NAV ERP клауд услуги и подобрена корисничка поддршка во Македонија

    Скопје, 08.10.2016. Вчера Логин Системи успешно ја заврши трансформацијата на информатичкиот систем во својата фирма со цел да се поддржат планираните нови активности. Централно место на новиот систем и архитектура е множество од виртуелни севери поставени на силни хардверски сервери и мрежни дискови уреди (сториџи). „Дел од потенцијалните корисници на Microsoft Dynamics NAV ни бараат да овозможиме користење на ERP решението NAV по пат на месечна претплата наместо да инвестираат во хардвер и софтвер уште на почетокот на работењето со НАВ.” – изјави Венко Глигоров, менаџер во Логин Системи. “Воедно тие бараат и платформа на која ќе може да се прикачуваат други услуги како автоматско праќање на СМСи и електронски пораки, користење на смартфони и работа преку заштитен веб сајт.” Услугата за користење на клауд сервери за NAV Логин Системи ја нуди преку соработката со Неоком и НеоКлауд, а од наредниот период тоа ќе биде можно и преку сега-изградената платформа на Логин Системи. „Досегашното работење на Логин Системи вклучуваше и хостирање на веб сајтови и меилинг системи. Оваа активност фазно ја затворавме и ја приведовме до крајот, а искуствата се непроценливи за воведување услуги на хостирање и клауд решенија за ЕРП работење на фирмите.“ завршува Венко Глигоров. Покрај придобивките за корисниците, новата архитектура овозможува и побогато и попродуктивно изведување на работните задачи на вработените во Логин Системи. Со помош на QNAP Qsync решението, документите на вработените ќе бидат секогаш синхронизирани и архивирани на нивните компјутери, таблети и мобилни телефони. Со користењето на новиот систем, Логин Системи ќе ја намали потрошувачката на електрична енергија за 70% со што фирмата ќе биде поконкурентна со цените во својата понуда. Воедно, перформансите во работењето се очекува да се зголемат за преку 40%. Поставувањето на новиот систем Логин Системи го направи во соработка со фирмата Макас Инженеринг од Скопје. Откако ги затвори активностите во дистрибуцијата на Microsoft, HP, Canon, EMC, Nortel и Cisco Systems, Логин Системи продолжи да изработува ЕРП решенија и инженеринг услуги базирани на Microsoft Dynamics NAV. За напредните корисници Логин Системи нуди консалтинг услуги и поставување на светски признатата стратешка методологија Kaplan/Norton Balanced Scorecard. Логин Системи е првата и единствена фирма во Македонија со меѓународниот сертификат за Balanced Scorecard директно од основачите Kaplan и Norton. #PR #DynamicsNAV #MK

  • Компанија во Дубаи ќе користи деловен систем во Македонија

    Скопје, 13.09.2016. Логин Системи потпиша договор за имплементација на систем за деловно работење (анг. ERP Enterprise Resource Planning) базиран на Microsoft Dynamics NAV со компанија од Дубаи за продажба и маркетинг на производи на светски берзи и светски пазари. Согласно договорот, досегашниот систем што го користи фирмата од Дубаи ќе се замени со NAV и новиот систем ќе биде сместен во Македонија. Овој договор е значаен и по тоа што ќе се користат ресурси во Македонија како што се сервери, персонален клауд, лиценци и македонска работна сила. Покрај финансискиот модул, компанијата ќе користи и модули за набавки, продажба и маркетинг, и човечки ресурси. Системот ќе работи повеќе-јазично и со повеќе валути. Microsoft Dynamics Nav е платформа за изградба на решенија за интегрирано деловно работење за компании и организации. Логин Системи во текот на своето работење со Nav изработи дополнителни модули и програмски решенија кои ја комплетираат работата на NAV. Овие наши дополнувања се во функција во десетици фирми и организации во Македонија, Косово и Албанија. Формирана во 1991, Логин Системи е македонска компанија со мешовит македонски и американски капитал со специјалност во изработка на деловни ЕРП решенија базирани на Microsoft Dynamics NAV. #MK #PR #DynamicsNAV

Пребарај во блог-објавите ...

Пребарај низ форумот на Логин Системи

Ако не најде тоа што те интересира, прегледај ги изворите на следните линкови

MSD365BC.png
DYNAMICS NAV / 365 BUSINESS CENTRAL
Hands
ФОРУМ
Notebook
БЛОГ-ОБЈАВИ
Reading Icon
ПОДДРШКА
bottom of page