Резултати од пребарување
392 results found with an empty search
- Црвено сторно
Задолжителна МК локализација за Microsoft Dynamics NAV Стандардно Dynamics NAV ги распределува износите во главната книга согласно износот на ставката од книжењето: ако е позитивен износ се става во колоната Должи (лева страна), а ако е негативен - се става во колоната Побарува (десна страна). Со опцијата Црвено сторно се овозможува корисникот на Dynamics NAV да одреди на која страна ќе оди негативниот износ односно да се форсира сторно на посакуваната страна. На пример, ако на одредена ставка во дневникот за книжење се постави дека е „Сторно“, NAV ќе го стави износот во книгата на искнижени ставки точно онака како што го пополнил корисникот. За пример како се изведува оваа функционалност, погледнете тука . Microsoft Dynamics NAV е систем кој е направен како платформа на која може да се надодава и прилагодуваат работи кои се бараат од корисникот. За потребите на македонските организации, Логин Системи има изработено и се во функција сет од од подесувања, подобрувања и нови опции кои се однесуваат на законските прописи, како и надополнувања за дополнителен конфор во работата и потребите на менаџерите. Македонска локализација во Microsoft Dynamics NAV (изработена од Логин Системи) Изведбата на македонската локализација е повеќеслојна и флексибилна. Со оваа локализација се обезбедува да се задоволат различните потреби на корисниците независно од нивната големина и за различните потреби. Локализацијата во Македонија е изведена во три слоја: (1) задолжителна локализација, (2) суштинска локализација со надополнувања, и (3) надополнувања по желба и потреба. Microsoft Dynamics NAV 2017 е најкомплетниот интегриран систем што се нуди во Македонија. Тој е најпопуларниот ERP за мали и средни фирми во светот - 100.000 организации работат со NAV. Целосна листа на македонска локализација и надополнувања има тука . Логин Системи е овластен провајдер на решенија и услуги базирани на Microsoft Dynamics NAV од 2002ра година до денес. #DynamicsNAV #MK
- Мобилна Android апликација на Логин Системи на Google Play
Скопје, 09.06.2017. Денес, Логин Системи, овластениот провајдер на Dynamics NAV решенија, објавува дека мобилната апликација за паметните телефони Android е расположива за преземање од продавницата Google Play. Корисниците на апликацијата ќе може да ги проверуваат најновите информации за ERP, CRM и деловната интелигенција базирани на Dynamics NAV на своите паметни телефони Android. "Работевме подолго време на адаптирање на нашиот веб сајт и помошните аликации за пријатно користење со мобилните телефони Android и iOS", изјави Венко Глигоров, управител на Логин Системи. "Целта ни е да ги направиме што е можно подостапни информациите за технологиите и алатките кои се важни за управувањето на компаниите и институциите какви што се ERP, CRM и деловната интелигенција Power BI". Покрај можностите да се следат објавите и блоговите поврзани со Dynamics NAV, мобилната апликација е оспособена за интеракција и користење на форумот за бизнис и менаџмент, како и четување со стручните лица од Логин Системи. На долниот дел од екранот секогаш се на располагање копчињата за контактирање со Логин Системи. "30% од посетителите на нашиот веб сајт доаѓаат преку мобилните телефони, а очекуваме таа бројка да расте.", заврши Венко Глигоров. "Преку услугата Нотификација ќе ги информираме нашите корисници, како и потенцијалните корисници инстантно за одредени вести, соопштенија или предупредаувања". Мобилната апликација може да се преземе од Google Play на адресата https://play.google.com/store/apps/details?id=com.appswiz.loginsystems&hl=en . Мобилната апликација го има препознатливото лого на Логин Системи за социјалните мрежи. # # # Microsoft Dynamics NAV 2017 е најкомплетниот интегриран систем што се нуди во Македонија. Тој е најпопуларниот ERP за мали и средни фирми во светот - 100.000 организации работат со NAV. Логин Системи е овластен провајдер на решенија и услуги базирани на Microsoft Dynamics NAV од 2002ра година до денес. #PR #DynamicsNAV #MK
- За првпат во Македонија: нови пакети за ERP со Dynamics NAV
Скопје, 07.06.2017. Денес, Логин Системи објавува нови пакети на месечни претплати за софтверски решенија ERP за мали и средни претпријатија. Ова е прв пат да се понудат стандардизирани пакети за користење на Dynamics NAV во Македонија. Целта на овие пакети е да ја поедностави постапката за набавка и изведба на ERP решенијата во прогресивните компании во Македонија. Поедноставувањето е направено преку стандардизирање на лиценците, изведбата (имплементацијата), македонската локализација и поддршката. Главната новина и предност на овие пакети е начинот на набавка и плаќање преку месечна претплата. Наместо организациите да инвестираат однапред одредена сума на средства, тие можат да плаќаат на месечна основа по пат на рентање лиценците и услугите. Споредба на два пакети за ERP Основниот пакет за мали потреби е ERP решение идеално за мали фирми со основни потреби и максимално 10 вработени и имаат надворешно сметководство. Решението вклучува и CRM, а не вклучува хостирање на решението. Овој пакет чини 265 евра плус ДДВ месечно и важи за потпишан двегодишен договор. Стандардниот пакет за средни потреби е ERP решение идеално за фирми и организации со средни потреби со максимално 15 - 30 вработени. Вклучува и CRM, а не вклучува хостирање на решението. Овој пакет чини 545 евра плус ДДВ месечно и важи за потпишан двегодишен договор. Хостирањето на ERP решенијата е на избор на претплатникот и може да биде во Логин Системи, на сопствен сервер или на некој од виртуелните сервери на македонските провајдери. "Со овие пакети очекуваме фирмите да се охрабрат да постават квалитетни ERP системи кои ќе го помогнат нивното работење за постигнување на подобри деловни резултати", изјави Венко Глигоров, главен проектант за ERP системи во Логин Системи. "Понудата им дава можност на фирмите да ги планираат своите трошоци на месечно ниво." Повеќе информации за основниот пакет има на страната " Основен пакет ERP за мали потреби (месечна претплата) ", а за стандардниот пакет има на " Стандарден пакет ERP за средни потреби (месечна претплата) ". ### Enterprise Resource Planning, скратено ERP, е категорија на деловно-менаџмент софтвер, најчесто во форма на пакет на повеќе интегрирани софтверски апликации, кој овозможува на организациите да прибираат, складираат, менаџираат и интерпретираат податоци од различни деловни активности какви што се продажбата и маркетингот, магацинското работење, набавките и испораките, кадровата евиденција, планирањето и анализата на производството како и сервисот. Microsoft Dynamics NAV 2017 е најкомплетниот интегриран систем што се нуди во Македонија. Тој е најпопуларниот ERP за мали и средни фирми во светот - 100.000 организации работат со NAV. Логин Системи е овластен провајдер на решенија и услуги базирани на Microsoft Dynamics NAV од 2002ра година до денес. #MK #PR #DynamicsNAV
- CRM за 145€ месечно
Скопје, 17.05.2017. Денес, Логин Системи, имплементаторот за ERP и CRM решенија, го објавува решението за Customer Relationship Management („CRM“) наменето за трговски компании и услужни организации базирано на светскиот ERP лидер за мали и средни претпријатија („МСП“) - Microsoft Dynamics NAV 2017. За 145 евра месечно плус ДДВ, максимално пет продажни/маркетинг лица ќе може да користат CRM за придобивање на нови купувачи и задржување на постоечките. Месечната услуга се состои од 5 лиценци за Dynamics NAV, хостирање на решението во „облак“ (анг. cloud) и месечно одржување и поддршка со вклучени 2 часа работа на инженерите на Логин Системи за максимално 4 инциденти во текот на месецот. За да може да ги користи CRM услугите, компанијата иницијално треба да издвои еднократен износ од 495 евра плус ДДВ за припрема на серверскиот дел, подесување на шифрарниците, вчитување на почетните листи на купувачи, артикли со цени и контен план, изработка на урнек на компаниска понуда и кастомизација од Логин Системи за поголема функционалност и адаптација на Microsoft Dynamics за македонски услови. Во оваа цена е вклучена и обука на 5 лица во траење од 4 часа. „Подолго време ги анализиравме потребите на компаниите и заклучивме дека е потребно воведување на решение по принципот клуч-на-рака кое ќе биде пристапно за поширок круг на бизниси и ќе биде флексибилно за надоградба“, изјави Венко Глигоров, главен проектен менаџер за Dynamics NAV. „Нашето решение за CRM содржи компоненти за лесен премин во ERP системот Microsoft Dynamics NAV“. Договорот за месечната претплата за Microsoft Dynamics NAV може да се раскине во било кое време без надомест и ќе биде на сила од наредниот месец. Корисникот на CRM-решението ќе може да зголемува и намалува број на лиценци од месец во месец согласно потребите. Софтверот за CRM ги автоматизира процесите во продажбата и маркетингот на една компанија. Тој се базира на листа од контакти при што активностите поврзани со контактите се забележуваат во интеракции, размена на документи, работни задачи и состаноци. Важна компонента од решението е водењето на зделки во фази од продажниот циклус и изработката на понуди. CRM ја подобрува тимската работа помеѓу маркетингот и продажбата. Тој дава појасна слика за минатите успеси (и неуспеси), продуктивноста и ефикасноста на тимовите и поединците во работата со купувачите и потенцијалните купувачи - проспекти. Решението за CRM во NAV ги содржи модулите прикажани на сликата подолу. Развојниот тим на Логин Системи го надополни решението со можности кои се бараат од македонските стопанственици и менаџери. Користење на CRM може да се прави со персонален компјутер или лаптоп со Micosoft Windows, мобилни телефони и таблети со оперативни системи Android, iOS (iPhone или iPad) и Windows Phone. Оние што поседуаат Apple Macbook, CRM може да се користи преку web услугата со web прелистувач. Повеќе информации за CRM има на линкот тука ... #PR #DynamicsNAV #MK
- Презентирани ЕРП можностите на Dynamics NAV
Скопје, 02.04.2017 . Последниот ден од минатата работна седмица, Логин Системи одржа брифинг за новите можности на Microsoft Dynamics NAV 2017. Покрај прегледот на изгледот на NAV 2017 и неговите функционалности, присутните се запознаа и со фазите во поставување (имплементација) на Dynamics NAV како и македонската локализација изведена од Логин Системи. "Dynamics NAV не е само сметководствен програм. Тоа е ЕРП систем кој ги подржува деловните процеси во организацијата и ги олеснува активностите на вработените." изјави Венко Глигоров, проектен менаџер на Microsoft Dynamics NAV и Dynamics NAV Lead Developer. "Современиот програм за сметководство како и ЕРП решенијата треба да може да се користат на сите можни уреди и оперативни системи". Логин Системи покажа дека Dynamics NAV може да се користи и на персоналните компјутери и лаптопи базирани на Windows и Apple macOS X, на таблети базирани на Windows, Apple iPAD и Android. Поддржани се и трите оперативни системи од мобилните телефони iOS, Android и Windows Phone. Присутните изразија интерес за производство и водење проекти во земјоделието како и за можностите со мобилните и веб решенија на Microsoft Dynamics NAV. Логин Системи одговараше на прашањата поврзани со цените за имплементација на ЕРП решенија и за приодите за воспоставување на NAV. Наредниот настан од ваков вид (брифинг) е планиран да се одржи на 21.04.2017. Повеќе информации има на www.loginsystems.biz/nastani . #PR #DynamicsNAV #MK
- Брифинг за софтвер за сметководство и оперативно работење
Скопје, 22.03.2017 . Логин Системи, имплементаторот на софтвер за деловно работење, објавува дека организира настан за најновата верзија Microsoft Dynamics NAV 2017. Во форма на брифинг, присутните ќе може да се запознаат со концептот на ЕРП системот, новините во верзијата 2017, македонската локализација и поддршка како и начините на поставување на овој систем во организациите. Брифингот е наменет за сопственици, менаџери или стручни лица во финансиите, продажбата, човечките ресурси и-или производството во мали и средни претпријатија. Тоа ќе биде интерактивен настан на кој присутните ќе може да поставуваат прашања и да ги изнесат своите барања и мислења околу ЕРП системите. Инструктори ќе бидат деловни консултатни и софтверски архитекти со децениско искуство во Dynamics NAV и софтверски системи. Настанот ќе се одржи во салата на Логин Системи, на ул. Гиго Михајловски 3, Скопје, на 24ти март, петок, со почеток во 12:30 часот. Влезот е бесплатен за сите оние кои ќе се регистрираат на страницата www.loginsystems.biz/nastani . #PR #DynamicsNAV #MK
- Четување на веб сајтот на Логин Системи
Скопје, 20.03.2017. Логин Системи ги информира своите корисници и посетители на веб сајтот дека од денес е во функција услугата за четување на веб сајтот www.loginsystems.biz . Со оваа услуга Логин Системи ќе биде поблиску со посетителите на сајтот за да може да ги насочи во вистинска насока или да реши одредена ситуација на лице место. „Нашите фиксни телефони многу малку звонат во последните години. Целата комуникација ја правиме преку емаил пораки, мобилни телефони и секако преку социјалните мрежи.“ изјави Венко Глигоров, главен менаџер во Логин Системи. „Навиките на луѓето за дознавање на новитети и решавање на проблеми се сменија и тие повеќе се на интернет сурфајќи по веб сајтови. Оваа група на корисниците сакаме да ја поддржиме преку сервисот за четување.“ Услугата за четување се активира во долниот десен агол на екранот од веб прелистувачот. Корисникот ќе го опслужува оператор кој е слободен во моментот, а ако има потреба, четот може да се пренасочи на соодветно стручно лице од Логин Системи. Во случај да нема активен оператор, посетителот се става на ред на чекање, или може да испрати порака. „Моментално ни е актуелно организирањето на брифингот за Dynamics NAV и со овој сервис ќе ги опслужиме и заинтересираните кои го посетуваат сајтот надвор од работното време“, завршува Венко Глигоров. Формирана во 1991ва година, Логин Системи е компанија за планирање, развој, имплементирање и поддршка на софтверски системи за сметководство и ЕРП базирани на Microsoft Dynamics NAV. Фирмата има искуство во работењето со Dynamics NAV повеќе од десет години во Македонија, Косово и Албанија. Повеќе информации има на www.loginsystems.biz или на Facebook страната www.Facebook.com/LSMacedonia. Корисни линкови: Блог Форум Microsoft Dynamics NAV Настани #MK #PR
- Форум за стратегија и менаџмент
| Во недостиг на доволно свежи локални содржини и примери за стратегија и нејзина изведба ... | Скопје, 07.03.2017. Денес, Логин Системи објавува дека е отворена нова категорија на форумот како дел од веб сајтот на Логин Системи посветена на стратегијата и светски познатата методологија за изведба на стратегијата – Balanced Scorecard. Во недостиг на доволно локални свежи содржини и примери, се наметнува потребата од формирање на централно информативно место кадешто ќе се дискутира за елементите од современиот менаџмент, стратегијата и изведбата на стратегиите. Достапноста на содржините на Интернет за овие теми како и преводот на разни книги од областа на менаџментот не се доволни за вака значајна област од менаџментот и претприемништвото. Можноста за споделување на примери или искуства речиси и не постои. Последните години премногу се мешаа(т) поими на стратегија, проекти, стратешки цели и визии. Ова придонесува за збунетост и конфузија кај луѓето за теми поврзани со проекти на владата, платформи на партиите, стратешки цели и слично. Дополнително, учениците од средните училишта имаат предмети за претприемништво и бизнис, но немаат доволно информации и материјали за учење и продлабочување на знаењето. „Дали членувањето во ЕУ и НАТО е стратешка цел или е визија или е стратешка иницијатива? Или можеби стратешка дестинација или стратешки приоритет? Целта со форумот е преку случаи за учење од развиениот свет и од Македонија да извршиме дополнително информирање и едукација на менаџерите, претприемачите, студентите и секако на политичарите за битни теми од стратегиите. На луѓето им треба насочување или иницијална каписла од каде да почнат.“ вели Венко Глигоров , главен модератор на форумот. „Сум држел предавања на студенти од економски факултети во земјата и странство, сум бил консултант на организации и политички партии, сум имал работилници и стратешки сесии со стопанственици и менаџери – едноставно постои потребата од дискусии на овие теми надвор од постоечката литература.“ Форумот обработува теми кои се клучни за работењето на организациите независно дали се од приватниот или јавниот сектор. Овој дел од форумот на Логин Системи е наменет за топ или средно-ниво на менаџери од фирмите и организациите во Македонија кои сакаат да научат за бизнис модели, стратегија и balanced scorecard. Форумот може да биде корисен и за студенти и после-дипломци од бизнис администрација, претприемачи или консултанти за подобрување на работењето на организациите. Содржините ќе бидат модерирани од Логин Системи и модераторите ќе постираат теми со почетни информации кои потоа ќе се дискутираат со сите заинтересирани. Логин Системи очекува повеќе стотини поединци да го користат и надополнуваат форумот за стратегија, претприемништво и изведба на стратегијата со Balanced Scorecard. Првите постови на форумот се планира да бидат со кусо објаснување на основните поими околу стратегијата, бизнис моделот, стратегијата и работната рамка balanced scorecard, вклучувајќи ги и термините за мисија, визија, стратегија, стратешки план, стратешка мапа, balanced scorecard, стратешки цели, стратешки иницијативи, стратешки теми, компензирање според перформансите, … Форумот е бесплатен и ќе може да се користи со претходна најава преку емаил адреса, или сметка од социјалните мрежи Facebook и Google+. Тој се наоѓа на адресата http://www.loginsystems.biz/forum/strategija-i-menadzhment . За Balanced Scorecard Balanced Scorecard е многу атрактивна методологија и многу познати светски фирми и организации (вклучително и министерства и влади на држави) користат Kaplan-Norton Balanced Scorecard во своето работење. На највисоко концептуално ниво, Balanced Scorecard е методологија која помага на организациите да ја преведат стратегијата во оперативни цели што ги насочуваат однесувањата и ги подобруваат перформансите во организациите. Повеќе има на линкот тука . За Логин Системи Логин Системи е компанија за планирање, развој, имплементирање и поддршка на софтверски системи за сметководство и ЕРП базирани на Microsoft Dynamics NAV. Фирмата има искуство во работењето со Dynamics NAV повеќе од десет години во Македонија, Косово и Албанија. Повеќе информации има на www.loginsystems.biz или на Facebook страната www.Facebook.com/LSMacedonia . За Венко Глигоров Венко Глигоров е дипломиран инженер по информатика-автоматика со искуство во предавање и тренинг на повеќе стотици студенти од различни професии. Покрај предавања на мали групи до 10 студенти, тој презентирал во сали со повеќе стотина гости, па дури и настани со повеќе од илјада посетители. Во 2010та година Глигоров се здоби со сертификатот, Kaplan - Norton Balanced Scorecard Certified Graduate, на полето на „Palladium Execution Premium Process™ (XPP)“, „Balanced Scorecard and Strategy Map“ и „Strategy-Focused Organization (SFO) Principles“. Во 1991ва година Глигоров ја основа фирмата Логин Системи, а е со-основач на Кардена Кеар во 2011та година. Покрај работењето во Логин Системи како генерален менаџер, Глигоров е иницијатор и со-основач на МАСИТ во 2000та година, еден од основачите и де-факто прв претседател на Сојузот на стопански комори на Македонија во периодот од 2004 до 2008, како и поранешен член на комитетот „еМакедонија за сите“ на покојниот Претседател на Македонија, Борис Трајковски. Заедно со Мајк Зафировски, Џон Битоф и неколку други бизнисмени од дијаспората, тој е основач на меѓународната невладина организација „Македонија 2025“ во 2006та година. Глигоров во последно време е чест гостин- предавач на значајни домашни и регионални конференции и настани за претприемништво, стратегијата, и менаџментот во организација на Академијата за менаџери (партнерска организација со Универзитетот Шефилд), топ-клас програмата на CEED, како и тренинг настани во организација на Владата на РМ. #PR #MK
- Плати за NAV поставени во „Мекиците од Стража“
Скопје, 01.12.2016. Логин Системи, имплементарот на софтвер за сметководство и ЕРП системи, и Еврокомерц 5, сопственикот на ланецот на ресторани за брза храна, Мекиците од Стража, објавуваат дека успешно е имплементиран модулот за плати во работењето на Мекиците од Стража. Модулот што го изработи Логин Системи за платите ги има сите потребни специфики што се пропишани за работа во Македонија. Тој ги поддржува сите начини на пресметка на плата (од бруто кон нето или од нето кон бруто со пресметка на минат труд), има можност за награди и одбитоци и се поставени сите барања согласно најновите законски промени во РМ. „Процесот на изработка на плати беше долг и сложен заради бројот на вработените и усогласувањето на искористените хранарини од нивна страна во износите за плата.”, изјави Стане Исакоски , одговорен во сметководство и администрација во Еврокомерц 5. “Со новата верзија што ја интегриравме во Dynamics NAV хранарините автоматски се превземаат и вчитуваат од локациите каде што е конзумирана. Сега платата се изработува за помалку од половина час и што е најважно, таа може да се испраќа на емаил за нејзина верификација.“ Логин Системи изработи модул за плати за сите актуелни верзии на Dynamics NAV и истиот е интегриран во сметководството. После пресметката на платата, корисникот може автоматски да ја искнижи платата во Главна книга или на ниво на фирма, на ниво на тим или на ниво на вработен. За потребите на корисниците, Логин Системи ги изработи потребните извештаи поврзани со платата: Исплатно ливче за вработен, Личен картон, Потврда за УЈП, Рекапитулар за плата (поединечен и вкупно за цела фирма), МПИН и ПДД-ГИ. Microsoft Dynamics NAV е глобално ЕРП решение за мали и средни организации кое нуди подобра контрола на финансиите и сметководството и ги поедноставува активностите во ланецот на набавки и продажби, производството и оперативните активности. NAV е дел од палетата на деловни апликации на Microsoft и со совојата интегрираност овозможува брза и продуктивна работа, како и флексибилност и адаптирање на организацијата кон новонастанатите можности и потребите од развој. За Логин Системи Логин Системи е компанија за планирање, развој, имплементирање и поддршка на софтверски системи за сметководство и ЕРП базирани на Microsoft Dynamics NAV. Фирмата има искуство во работењето со Dynamics NAV повеќе од десет години во Македонија, Косово и Албанија. Повеќе информации има на www.loginsystems.biz . За Еврокомерц 5 Еврокомерц 5 е сопственик на продавниците за брза храна „Мекиците од Стража“ кои се наоѓаат на локации во Скопје, Гостивар и Стража. Повеќе информации на www.MekiciteOdStraza.com или на https://www.facebook.com/MekiciteOdStraza/ . #MK #DynamicsNAV
- Плати и малопродажба во Мекиците од Стража
„Процесот на изработка на плати беше долг и сложен заради бројот на вработените и усогласувањето на искористените хранарини од нивна страна во износите за плата. Со новата верзија што ја интегриравме во Dynamics NAV, хранарините од вработените автоматски се превземаат и вчитуваат од локациите каде што е конзумирана. Сега платата се изработува за помалку од половина час, а исплатното ливче системот го испраќа до секој вработен по емаил.“ Стане Исакоски, одговорен за сметководство и администрација, Еврокомерц 5 За модулот плати Логин Системи изработи модул за плати за сите актуелни верзии на Dynamics NAV и истиот е интегриран во сметководството. После пресметката на платата, корисникот може автоматски да ја искнижи платата во Главна книга (од сметководството) или на ниво на фирма, на ниво на тим или на ниво на вработен. Секој од вработените добива од системот исплатно ливче по пат на емаил со прикачен PDF документ. За потребите на корисниците, Логин Системи ги изработи потребните извештаи поврзани со платата: Исплатно ливче за вработен, Личен картон, Потврда за УЈП, Рекапитулар за плата (поединечен и вкупно за цела фирма), МПИН и ПДД-ГИ. Повеќе за модулот за плати и цени има на линкот тука . Поврзани стории Малопродажба и ПОС Останати изјави од корисници За Еврокомерц 5 Еврокомерц 5 е сопственик на продавниците за брза храна „Мекиците од Стража“ кои се наоѓаат на локации во Скопје, Гостивар и Стража. Повеќе информации на www.MekiciteOdStraza.com или на https://www.facebook.com/MekiciteOdStraza/ . За Логин Системи Логин Системи е компанија за планирање, развој, имплементирање и поддршка на софтверски системи за сметководство и ЕРП базирани на Microsoft Dynamics NAV. Фирмата има искуство во работењето со Dynamics NAV повеќе од десет години во Македонија, Косово и Албанија. Повеќе информации за Dynamics NAV има на www.loginsystems.biz/microsoft-dynamics-nav . #MK #DynamicsNAV #PR
- Cunico Resources N.V., прва од корисниците со Dynamics NAV 2017
Скопје, 25.11.2016. Логин Системи и холдинг компанијата Cunico Resources N.V. од Амстердам потпишаа договор за набавка на најновата верзија на деловниот софтвер Dynamics NAV 2017. Cunico Resources N.V. во својата група на компании ги вклучува и македонските фирми Фени Индустри, Нова Логистик и неколку други специјализирани компании во услугите и производството. Одлуката на Cunico Resources N.V. за Dynamics NAV 2017 е резултат на потребите на холдингот да ги унифицира сметководството и финансиите кај своите членки на групацијата. Претходно мешовит тим составен од експерти на Логин Системи, Фени индустри-Македонија, NewCo Ferronikeli-Косово и Cunico Resources N.V.-Холандија изработија универзален контен план кој ќе биде имплементиран кај сите свои компании-членки во наредниот период. „Многу сме радосни што токму Логин Системи и домашните експерти за сметководство и финансии учествуваа во изработката на универзален контен план”, изјави Венко Глигоров, проект менаџер за ERP (Enterprise Resource Planning) во Логин Системи. „Прилагодениот македонски контен план ќе се користи во десетина фирми од три различни континенти што секако претставува куриозитет во оваа област.“ Покрај стандардизацијата на деловните книги и финансиските извештаи, со универзалниот контен план и деловниот софтвер Dynamics NAV 2017, Cunico Resources N.V. ќе го забрза процесот на донесување на менаџмент одлуки, ќе ги намали трошоците и ќе ја подобри соработката на своите фирми во размената на информациите и споделувањето на знаењето. Dynamics NAV е еден од најпопуларните ЕРП системи во светот, а неговата најнова верзија NAV 2017 се појави на пазарот на почетокот на овој месец. За потребите на македонските корисници, Логин Системи изведе локализација на софтверот која е во согласност со македонските закони и сметководствени прописи. Dynamics NAV е во употреба во десетина македонски компании претежно со мешовит капитал меѓу кои има и пионери-фирми со само домашен капитал. Поради прилагодувањето на цените во регионот, последните години се забележува зголемен интерес на домашните средни компании за поставување на Dynamics NAV во своето работење. Логин Системи е компанија за планирање, развој, имплементирање и поддршка на софтверски системи ЕРП базирани на Microsoft Dynamics NAV. Фирмата има искуство во работењето со Dynamics NAV повеќе од десет години во Македонија, Косово и Албанија. Повеќе информации има на www.loginsystems.biz . Cunico Resources N.V. е интернационална компанија за рударство и метали специјализирана за истражување, рударство и производство на феро-никел. Таа е најголем производител на феро-никел во Европа и четврт најголем производител во светот. Повеќе информации на веб сајтот http://www.cunicoresources.com/ . #PR #MK
- Dynamics NAV во Schmitz Cargobull Македонија
Успешна имплементација и прилагодување на Dynamics NAV за краток временски период беше почеток на нашата соработка која продолжи со услуга за одржување. Логин Системи секогаш навремено и квалитетно одговара на нашите специфични барања околу финансиите и затоа нашата соработка трае веќе 5 години. Љубинка Јосифовска , Овластен сметководител, Шмиц Каргобул Македонија За Schmitz Cargobull AG Со годишно производство од 50.000 возила и околу 5100 вработени, Шмиц Каргобул АГ е водечки производител во Европа за полу-приколки и приколки за превоз на производи со контролирана температура, општ карго и групни производи. Компанијата направи приближно 1,8 милијарди евра во 2015/2016. Дејности на Шмиц Каргобул во Македонија се: ПРОДАЖБА НА НОВИ И КОРИСТЕНИ ТОВАРНИ ПОЛУПРИКОЛКИ И ПРИКОЛКИ (ПРИКЛУЧНИ ВОЗИЛА), КАМИОНИ и КОМЕРЦИЈАЛНИ ВОЗИЛА, ПРЕТСТАВНИШТВА НА СТРАНСКИ КОМПАНИИ ШМИЦ КАРГОБУЛ ДООЕЛ Адреса: 2 бб нас. Илинден Град: СКОПЈЕ Телефон: 02/2581560; 02/2581561; 070/273619 Факс: 02/ 2572001 info@cargobull.com.mk About Schmitz Cargobull AG: With an annual production of some 50,000 vehicles and around 5,100 employees, Schmitz Cargobull AG is Europe's leading manufacturer of semi-trailers and trailers for temperature-controlled freight, general cargo and bulk goods. The company achieved sales of approximately €1.779 billion in the 2015/2016 business year. As a pioneer in the industry, the German company developed a comprehensive brand strategy early on and consistently established quality standards spanning every level: from research and development to services such as trailer telematics, financing, Full Service, spare parts and used trailers. #MK














