top of page
LSLogoTransparentWOSlogan

Резултати од пребарување

386 results found with an empty search

  • Видео: Клучна разлика меѓу сметководствен програм и ЕРП систем

    ЕРП системот вклучува сметководствен програм и многу повеќе други модули. ERP е категорија на деловно-менаџмент софтвер, најчесто во форма на пакет на повеќе интегрирани софтверски апликации, кој овозможува на организациите да прибираат, складираат, менаџираат и интерпретираат податоци од различни деловни активности какви што се: Продажба и маркетинг магацинско работење набавки и испораки, управување со човечки ресурси, проектен менаџмент, планирање и анализа на производство и сервис. Сите овие активности се интегрираат со сметководството и финансиите и претставуваат една интегрирана целина. Постојат бројни предности на интегрираниот систем за деловно работење, ЕРП, во споредба со сметководствен програм. „Ако би избирал клучна разлика, некако би се свело на разликата помеѓу поглед кон минатото  и визија за иднината .“ кажува Венко Глигоров на своето предавање за ЕРП пред стотици сметководители како дел од КПУ програмата за едукација на сметководители во организација на ФВ консалтинг. Погледај го кусото видео од предавањето на Венко Глигоров за клучната разлика меѓу сметководствен програм и ЕРП. Сметководствениот програм гледа назад и кажува нешто што веќе го знае самата организација. Од друга страна, ЕРП системот ги врши операциите како сметководствениот програм и помага сега, во моментот, а креира претстава за иднината за да може организацијата се развива. Кога на сето тоа ќе се надодаде и AI (вештачката интелигенција), компанијата/организацијата има широка лепеза на алатки за поддршка на бизнисот и планирање на иднината. Повеќе за ЕРП систем базиран на Microsoft Dynamics 365 Business Central има на линкот www.loginsystems.biz/bc . Ако сакаш бесплатна консултација за избор на ЕРП, кликни на линкот подолу. Во Македонија и регионот Логин Системи ( www.loginsystems.biz ) има десетици успешни имплементации на деловни системи ЕРП кои користат Navision, Dynamics NAV и Dynamics 365 Business Central. Овој сегмент во работењето на Логин Системи започнува во 2002 година. #ERP #ЕРП

  • Постигнување дигитална трансформација и успех со Microsoft Dynamics 365 Business Central

    Постигнување дигитална трансформација и успех со Microsoft Dynamics 365 Business Central За да го одржи својот постојан раст како мал бизнис и да го обезбеди истото ниво на квалитет и услуга на клиентите, Polytropic мораше да процени дали неговите тековни деловни процеси и софтвер можат да се справат со растечката побарувачка. За да ги прати и биде чекор пред својата побарувачка и раст, Политропик избра да премине од Microsoft Dynamics NAV во Microsoft Dynamics 365 Business Central во облак за да ја искористи виртуелизацијата и да ја зголеми големината што ја овозможува облакот. Video: Achieving digital transformation and success with Microsoft Dynamics 365 Business Central Со избор на Microsoft Dynamics 365 Business Central и имплементирање на софтверот, Polytropic доживува директни решенија за своите претходни предизвици. Microsoft Dynamics 365 Business Central е софтверот што ќе ни овозможи да ги постигнеме нашите цели. По шест месеци користење, презадоволни сме. Dynamics 365 Business Central ни овозможи да ги координираме нашите тимови и да ја подобриме комуникацијата помеѓу тимовите, и во Франција и во странство. Исто така, можеме подобро да го предвидиме и организираме нашиот раст. Ние сме воодушевени од нашиот избор. - Jean-Christophe Fillot: CEO, Polytropic Извор, повеќе инфо: Microsoft Customer Story-Achieving digital transformation and success with Microsoft Dynamics 365 Business Central .

  • Одржано предавање за ЕРП и сметководството, КПУ обука за сметководителите во организација на ФВ

    Скопје, 21.11.2024. Венко Глигоров, основачот и ко-сопственик на Логин Системи одржа предавање на темата „ЕРП и сметководството“, на еднодневниот вебинар за сметководители од Македонија како дел од нивното професионално усовршување преку КПУ во организација на економско правен консалтинг „ФВ“. Со вкупно времетраење од 90 минути, предавањето почна со општо за ЕРП како деловен софтверски систем и улогата на сметководството во целиот систем. Потоа се даде осврт за придобивките за фирмите/организациите и сметководителите во користењето на ЕРП. На крајот се појаснија некои можни сценарија за соработка меѓу фирмите и сметководителите, како и за трендовите во нудењето на сметководствените услуги. Современите потреби на организациите се многу поголеми од базичното водење на сметководството независно дали се изведува интерно или со помош на сметководствено фирма. Тие имаат зголемена потреба од интегрирано водење на деловните книги какви што се главната книга, даночната книга, книгите на купувачи и добавувачи, движење на артиклите и лагерот како и односите со коминтентите. Ваквите потреби на организациите се решаваат со користење на софтверски ERP системи. „Ако нема ресурс во софтверскиот систем, не може софтверот да се нарекува ЕРП.“ презентираше Глигоров. „ Enterprise Resource Planning, скратено ЕРП, е категорија на сметководствено-деловен и менаџмент софтвер, најчесто во форма на пакет на повеќе интегрирани софтверски апликации.“ На крајот на предавањето, Маја Лазароска од ФВ консалтинг и Венко Глигоров разговараа за ЕРП, сметководството, деловната интелигенција BI и како сметководителите да ги искористат или да се прилагодат на новите трендови. На линкот подолу е видео од сесијата за прашања и одговори, веднаш после моето предавање за ЕРП и сметководстовото. Видео: прашања и одговори Прегледајте ја галеријата на слики од предавањето прикажана подолу. Повеќе информации за ЕРП има на www.ERP.mk #КПУ #сметководство Економско правен консалтинг ФВ ( www.fvkonsalting.com.mk ) е АКРЕДИТИРАНА компанија од Институтот на сметководители и овластени сметководители на РСМ и одржува обуки за континуирано професионално усовршување (КПУ) на сметководители и овластени сметководители кое се спроведува согласно Законот за вршење сметководствени работи, а со цел професионално и ефикасно вршење на сметководствените работи. Во Македонија и регионот Логин Системи ( www.loginsystems.biz ) има десетици успешни имплементации на деловни системи кои користат Navision, Dynamics NAV и Dynamics 365 Business Central. Овој сегмент во работењето на Логин Системи започнува во 2002 година.

  • Видео: Одбележани 33 години од основање на Логин Системи со прослава на поранешните вработени

    Скопје, 04.11.2024. Викендов, Логин Системи одбележа триесет и три години од основање и работење. Прославата што се одржа во Трибека, Скопје беше на иницијатива Владо Ѓорѓиевски, поранешен вработен во Логин Системи, а се приклучија поголем број на поранешни вработени кои со својата работа придонесоа за развојот на Логин Системи во 90тите, 2000тите и 2010тите години. Видео: Атмосфера од прославата на Логин Системи „Тортата што како изненадување ја донесоа имаше силна порака: Логин Системи - пријатели.“, пишува Венко Глигоров, основачот и косопственик на Логин Системи, на својата страница на Фејсбук. „После сите заеднички работни активности заедно, во добро и во лошо, остануваме пријатели. Тоа се работите што го прават животот да биде убав.“ Проследете ја галеријата на слики од прославата. Галерија слики од прославата Основана во 1991 година, Логин Системи е компанија за развој на сметководствено-деловни решенија базирани на Microsoft Dynamics 365 Business Central. Повеќе инфо на www.loginsystems.biz .

  • Печатење фискални сметки со Business Central Online и OnPremises

    Скопје, 15.08.2024. Денес, Логин Системи објавува дека изработи функционалност за печатење на фискални сметки со Business Central за Македонија. Оваа функционалност е расположива и за двете едиции на Business Central, едната е клауд (анг. Online или Cloud), а другата е едиција за сопствен сервер (анг. OnPremises). Функционалноста работи за најновата верзија на Business Central 24 или уште наречена Business Central 2024 wave 1.   Печатењето на фискални сметки во Македонија е проблематично бидејќи фискалните каси кои ги нудат најраспространетите македонски провајдери на фискални апарати работат со застарен метод за комуникација со компјутерите, преку EXE програми кои се изведуваат како ДОС команди и користат нестандардизирани текстуални датотеки. Дополнително, кириличната поддршка е застапена со Windows 1251 но не и UTF форматот на текстуалните фајлови (UTF е стандарден формат за новите апликации).   Новите клауд верзии на современите деловно-сметководствени програми, уште наречени ERP системи) се користат од различни уреди и оперативни системи кај кои нема Windows.   „Функционалноста ја направиме да биде надградлива со други команди за кои ќе се утврди дека има потреба во текот на користењето на Business Central.“ изјави Венко Глигоров, главен консултант во Логин Системи. „При тоа, наместо програмирање ќе се користи конфигурирање во Business Central“   Преку надградливоста, корисниците на Business Central ќе можат да ставаат нови команди и да одредуваат нивен редослед на прикажување во менито на Business Central. Исто така функционалноста овозможува да се ставаат различни модели на фискални апарати, па дури и апарати од други производители. Функционалноста за печатење на фискални сметки директно од Business Central е дел од модулот за малопродажно работење на Логин Системи. Повеќе информации за Business Central има на линкот https://www.loginsystems.biz/bc .   Microsoft Dynamics 365 Business Central  е интегриран сметководствен и деловен софтверски систем кој ги задоволува потребите на успешните мали и средни претпријатија во Европа и светот. Овој систем е продолжение на успешните бизнис пакети на Microsoft - Navision и Dynamics NAV. Во Македонија и регионот Логин Системи ( www.loginsystems.biz ) има десетици успешни имплементации на деловни системи кои користат Navision, Dynamics NAV и Dynamics 365 Business Central. Овој сегмент во работењето на Логин Системи започнува во 2002 година.

  • Business Central: Автоматско преземање на девизни курсеви од Народна банка на Македонија

    Логин Системи ја изработи функционалноста за автоматско преземање на курсевите од Народната банка на Македонија како дел од активностите на Логин Системи за подобрување на Business Central за македонските корисници. Оваа функционалност работи на верзијата Business Central 2024 wave 1 (уште позната како Business Central 24) според најновиот метод што го нуди Народната банка ( www.nbrm.mk ). Како што е познато, при секоја трансакција со странски купувач, добавувач или банка, Business Central пребарува да најде кој е девизниот курс за да може транскацијата да се заведе во главната книга во локална валута, денари. Ако не се внесуваат редовно девизните курсеви, Business Central ќе го земе курсот што е најблиску до датумот на трансакцијата. Затоа е важно девизните курсеви да се забележуваат во Business Central на редовна основа, секој ден.  Наместо како досега да се внесуваат девизните курсеви рачно, корисниците на Business Central ќе може да ги ажурираат девизните курсеви автоматски или полуавтоматски директно од веб сервисот на Народната банка. Автоматско преземање се прави кога ќе се подеси процедурата да се стартува секој ден наутро. Во такви случаи, самиот Business Central се обраќа до Народна банка и ги презема девизните курсеви. Полуавтоматско преземање е кога ќе се стартува командата „ажурирај курсеви“ што се наоѓа во листата на валути во Business Central.     Корисникот може да внесува произволен број на валути со кои работи, а ќе се ажурираат девизните курсеви само на оние валути кои Народната банка ги ажурира во својот веб сервис. Функционалноста за автоматско преземање на девизни курсеви е дел од македонската локализација на Business Central изработена од Логин Системи. Повеќе за локализацијата има на https://www.loginsystems.biz/lokalizacija-nadopolnuvanja-mk .

  • Србија е десета земја во која Логин Системи инсталира или опслужува Business Central во приватниот сектор

    Скопје, 17.07.2024. Логин Системи, консултантска компанија за имплементирање на ERP решенија базирани на Microsoft Dynamics 365 Business Central објавува дека инсталираше и конфигурираше Business Central верзија 24 за српска фирма која работи со големопродажба во Србија. „Со оваа имплементација Логин Системи може да се пофали дека го прошири својот домен на давање на услуги во 10 земји од регионот и странство“ изјави Венко Глигоров , главен консултант во Логин Системи. „Фирмата ни го довери и хостирањето на Business Central поради флексибилноста и интегрираноста со други системи и апликации." Покрај Србија, останати земји во кои Логин Системи имплементираше и/или одржува(ше) Business Central се: Македонија Косово Албанија Арапски емирати Холандија Данска Шведска Финска Норвешка Србија Логин Системи поставува решенија базирани на Microsoft Dynamics 365 Business Central во клауд со Business Central Online ( https://businesscentral.dynamics.com ) или на сервери кај корисниците со Business Central Onprem. Последните години, фирмите од регионот се одлучуваат и на хостирано решение кај Логин Системи. Хостираните решенија се поставуваат и се одржуваат во соработка со фирмата Макас ИТ ( http://makasit.net/ ). Макас ИТ обезбедува системска платформа и системски услуги за непречено работотење на Business Central. Microsoft Dynamics 365 Business Central  е интегриран сметководствен и деловен софтверски систем кој ги задоволува потребите на успешните мали и средни претпријатија во Европа и светот. Овој систем е продолжение на успешните бизнис пакети на Microsoft - Navision и Dynamics NAV. Повеќе информации за Business Central има на линкот тука. Заинтересираните за поставување на нов деловен систем или мигрирање кон Business Central може да закажат бесплатна консултација на линкот подолу. #dynamicsnav   #businesscentral   #msdyn365bc

  • Michelin поттикнува успех за своите мали бизниси со Microsoft Dynamics 365 Business Central

    Клучниот принцип на стратегијата за раст на Мишелин е фокусиран на спојувања и набавки. Иако системот за планирање на корпоративните претпријатија (ERP) е совршен за централни операции, тој нуди карактеристики кои на малите или средните бизниси (SMBs) не им се потребни и го надминуваат ИТ буџетот за тие ентитети. Michelin го најде решението со Dynamics 365 Business Central , доволно софистицирано за SMBs, но едноставно и достапно за инсталирање и одржување. ERP системите се животна енергија на модерната компанија, а Мишелин знае дека донесувањето на нови онлајн набавки значи координирање на финансиските системи. Microsoft Dynamics 365 Business Central е решение базирано на облак кое не само што обезбедува модерен интерфејс и вградена безбедност, ни дозволува скалирање на облакот. Cecile Latour: IT Director for ERPs and HR Solutions, Michelin Извор, повеќе инфо: Microsoft Customer Story-Michelin drives success for its small businesses with Microsoft Dynamics 365 Business Central . #msdyn365bc #businesscentral

  • Nanoleaf станува попродуктивен за 33% со Dynamics 365 Business Central

    Nanoleaf, канадската компанија за технологија и потрошувачката IoT, создава иновативни смарт решенија за домаќинства. Тие ги трансформираат обичните искуства и домови во извонредни места. Нејзината визија е да почне нова ера на паметниот дом кој центрира околу целосната персонализација. Како што LED осветлувачкиот пионер Nanoleaf се прошири со повеќе од 200 глобални партнери, компанијата требаше да консолидира повеќе софтверски програми во едно решение. Нанолеаф го имплементираше Microsoft Dynamics 365 Business Central за да ги оптимизира своите финансиски средства и да има контрола на синџирот на снабдување, што резултираше со подобрување на продуктивноста од 33% во своите операции на синџирот на снабдување. Dynamics 365 Business Central е многу полесен да се прилагоди отколку конкурентните решенија кои ги истражувавме, што не' доведе до автоматизација на процесот со побрза висока вредност. Paul Austin-Menear: Vice President of Commerce Operations, Nanoleaf По разгледувањето на сите опции, компанијата го избра Business Central како решение за својот нов ЕРП систем. Business Central нуди напредни финансиски контролни карактеристики неопходни за водење на бизнис, сите во рамките на систем кој е флексибилен, интуитивен и прилагодлив. Извор, повеќе инфо: Microsoft Customer Story-Nanoleaf boosts productivity by 33% with Dynamics 365 Business Central . #msdyn365bc #businesscentral

  • Новост е: Карактеристики на продуктивност во веб-клиентот (2023 release wave 2)

    Ова видео е дел од настанот за промоција на Business Central (2023 release wave 2). Видео: Карактеристики на продуктивност во веб-клиентот (2023 release wave 2) Помалку кликови. Помалку притискање на тастатурата. Повеќе податоци. Веб-клиентот продолжува да расте и да ја зајакнува вашата секојдневна работа со овие нови функции и подобрувања за секој корисник на продуктивност. Регистрирајте се и откријте повеќе видеа од настанот за промоција на Business Central на: https://www.loginsystems.biz/video . #businesscental #msdyn365bc Microsoft Dynamics 365 Business Central е интегриран сметководствен и деловен софтверски систем кој ги задволува потребите на успешните мали и средни претпријатија во Европа и светот. Овој систем е продолжение на успешните бизнис пакети на Microsoft - Navision и Dynamics NAV. Во Македонија и регионот Логин Системи има десетици успешни имплементации на деловни системи кои користат Navision, Dynamics NAV и Dynamics 365 Business Central. Овој сегмент во работењето на Логин Системи започнува во 2002 година. #финансии #сметководство #софтвер

  • Business Central: Интегрирано работење со Microsoft Outlook, Excel, and Teams

    Со Dynamics 365 Business Central и Microsoft 365, бизнисите можат да создадат унифицирано искуство каде податоците беспрекорно се поврзуваат со апликациите за продуктивност, вклучувајќи ги Excel, Outlook и Teams. Видео: Business Central: Беспрекорно работење со Microsoft Outlook, Excel, and Teams Ова поврзување ги осигурува вработените дека можат да пристапат до навремени информации, да стекнат вредни сознанија и да соработуваат директно во рамките на алатките што ги користат секојдневно - сето тоа без потреба да се префрлаат помеѓу апликациите. #businesscentral #msdyn365bc Microsoft Dynamics 365 Business Central е интегриран сметководствен и деловен софтверски систем кој ги задволува потребите на успешните мали и средни претпријатија во Европа и светот. Овој систем е продолжение на успешните бизнис пакети на Microsoft - Navision и Dynamics NAV. Во Македонија и регионот Логин Системи има десетици успешни имплементации на деловни системи кои користат Navision, Dynamics NAV и Dynamics 365 Business Central. Овој сегмент во работењето на Логин Системи започнува во 2002 година. #финансии #сметководство #софтвер

  • Приказна за клиентите: Swarovski ја зголемува глобалната продажба и маркетинг со Microsoft Dyn365

    Линиите на процесот на продажба се замаглуваат. Клиентите имаат интеракција со компаниите преку повеќе канали истовремено и собираат информации од различни извори. Координацијата на тимовите и алатките може да биде тешко, особено за светските брендови. Затоа Swarovski се откажува од повеќекратните продажни алатки во корист на единствен, кохезивен, поврзан систем. Погледнете го ова видео за да дознаете повеќе за патувањето на Swarovski до поинтегрирана продажна сила со Dynamics 365. Видео: Swarovski ја зголемува глобалната продажба и маркетинг со Microsoft Dyn365 #msdyn365 #msdyn365bc #businesscentral

Пребарај во блог-објавите ...

Пребарај низ форумот на Логин Системи

Ако не најде тоа што те интересира, прегледај ги изворите на следните линкови

MSD365BC.png
DYNAMICS NAV / 365 BUSINESS CENTRAL
Hands
ФОРУМ
Notebook
БЛОГ-ОБЈАВИ
Reading Icon
ПОДДРШКА
bottom of page