top of page
LSLogoTransparentWOSlogan

Бизнис дискусија на избрана група

Платежни услуги PayPal и ост.

Public·79 members

Пејпал ги исплатува примените пари секој први во месецот. Колку пари се задржуваат во процесот?

Пред 18 месеци пишував дека Пејпал ги испраќа примените пари до корисникот на Пејпал бизнис сметката. Повеќе тука. На друг линк, Провизии на Пејпал при наплата на производи/ услуги и донации, има повеќе инфо за провизиите на Пејпал.



Колку пари се задржуваат во процесот?
Колку пари се задржуваат во процесот?


Сега ќе анализам eдна трансакција направена на 1ви ноември 2021 година - слика подолу. Значи, ептен тазе ситуација - примени пари на 1ви ноември, а Пејпал ми ги префрлил на 1ви декември 2021.


Дел од главен екран на пејпал сметката
Дел од главен екран на пејпал сметката


На овој датум се наплатени пари за услуга од 30 евра. Од овие пари, Пејпал задржал 1,97 евра и износот на сметката изнесува 28,03 евра. Провизијата излегува дека е 4,4% и дополнителни 0,65 евра од трансакција.


На 1ви декември 2021 година, Пејпал ги праќа парите на платежната картичка што е пријавена во Пејпал за прием на пари. На сликата подолу се прикажани деталите од трансакцијата.


Детален приказ на трансакцијата во Пејпал
Детален приказ на трансакцијата во Пејпал

На емаил адресата се добива информација за автоматскиот трансфер на средствата.





Рекапитулар на целата трансакција - табела подолу.


Табеларан приказ на износи од наплата до реализација
Табеларан приказ на износи од наплата до реализација


Вкупната провизија за износ од 30 евра изнесува 10.9% од оригиналниот износ. За износи поголеми од 30 евра, оваа провизија е помала.


Провизијата од Пејпал кон деловната банка што ја опслужува платежната картичка е менлив - повеќе може на Провизија %, курс на евро при префрлување на пари од Пејпал на приватна или службена платежна картичка


Важна напомена: провизиите се предмет на измени на Пејпал, банката во Македонија и/или нивната соработка - заедно. Овие провизии се менуваат и во други земји. Претходно провизијата на Пејпал беше 4.4% и плус 0,35 евра од трансакција. Сега излегува дека е 4.4% плус 0,65 евра.

Уште поважно - даноци: Приходите што се наплатуваат со Пејпал имаат третман како секои други приходи и се предмет на оданочување. Повеќе за даноците има на Даночен третман на плаќања и провизии кај Пејпал трансфери.



На форумот може да се информирате за повеќе околу Пејпал - www.loginsystems.biz/paypal. Тука може да се постави прашање и потенцијално да се добие одговор од модераторот или некој од членовите.


Ако некого му е потребна персонализирана услуга, еден-на-еден, на линкот подолу може да закажете средба за премиум услуга - кликни на сликата за повеќе.


30 мин online консултација за PayPal
30
VerticalEmbed_Bookings_Button


#paypal #пејпал


695 Views

Members

bottom of page