top of page
LSLogoTransparentWOSlogan

Бизнис дискусија на избрана група

Платежни услуги PayPal и ост.

Public·79 members

Mitko Peroski
Придонесува во заедницата со свои коментари, објави и споделувања

paypal ентузијаст

Автоматско префрлање на картичка???

Здраво!Ми треба ваша помош во врска со бизнис акаунтот на PayPal.Благодарение на ВАС и вашите совети пред месец дена направив бизнис Профил на PayPal преку Бугарскиот линк. Се регистрирав како freelancer со назнака дека продавам дигитални производи.Ја ставив картичката од НЛБ Visa Дебит (имам денарска и девизна $ трансакциска сметка на истата ) ја верифицирав со кодот кој ми го испратија од PayPal и е линкувана со сметката,...email адресата од мојот Paypal ја имам ставено на три интернет продавници и веќе имам неколку приливи на доларчиња:-)Мојот проблем е што на 1 Октомври немав автоматско префрлање на средствата на мојата картичка,ако може да ми дадете совет каде да ја уклучам таа автоматска трансакција???Имам две опции: Да направам трансвер на средствата на мојата картица, едната е ВЕДНАШ и земаат некој процент и втората е без провизија ама за два три дена ке бидат префрлени.Jaс продавам Digital Download (JPG files ) а така и означив кога го креирав профилот на Paypal На сите платени нарачки стои можноста за транспорт и додавање на тракинг број???,јас сите ги имав означено како да се пратени но немав автоматска трансакција на картичката,дали ова е проблемот????Би ве замолил доколку некој сака да ми помогне нека ми одговори,и дали некој со ваков PayPal акаунт имаше проблеми со најава изминативе денови ( јас имав )и дали може да е проблем во иднина тоа што кодот за најава ми стига на мк мобилен тел.

Благодарам.





634 Views
Dejan Fidanovski
25. Dez. 2020

Здраво @Mitko Peroski , од постов видов дека си направил пејпал бизнис сметка. Јас исто така користам дебитна картица Виза од НЛБ банка, и пробав според иснтрукциите наведени на овој линк https://www.loginsystems.biz/forum/platezhni-sistemi-paypal/uspeshno-kreiran-biznis-paypal-so-debitna-kartichka-od-nlb , но малце поразлично , ми се креира бизнис сметка ( така пишуваше во профилот) со линкувана Виза картица од НЛБ МК , но при довршување на сетирањето ми даде порака - recipient is currently unable to receive money via PayPal . Не знам што може да е проблемот, Регистрирав сметка со наведена држава Албанија, го автентицирав кодот од изводот од банка на картицата на пејпал,

Дали е проблемот што ми е ново креирана пејпал сметка и сеуште имам баланс 0 евра (т.е. 0 долари), ако може помош или совет. Благодарам

Members

bottom of page