Како-да: Оспособување на VISA картичка од NLB за прием на пари
Во објавата Како-да: Проверка дали е до картичката, до банката или до акаунтот Пејпал (заедно со земјата) има детални појаснувања за проверка на евентуалните проблеми со картичката за прием на пари.
Кај некои корисници има проблем со картичката иако ги „одат“ сите чекори од објавата погоре. Најчесто се случува картичката да нема доделен лимит за да може Пејпал привремено да повлече некоја мала сума за да утврди дека се работи за активна картичка. Самата картичка може да има средства, но да нема лимит. Ова решение е објаснето од @Nikola Nikovski. Тој препорачува да се обратите во банката на телефонот за поддршка за да може да доделат лимит на картичката. Повеќе на линкот.
#NLB #VISA #лимит
754 Views
