top of page
LSLogoTransparentWOSlogan

Бизнис дискусија на избрана група

Платежни услуги PayPal и ост.

Public·79 members

Како-да: Пренос на заработеното преку Пејпал -->> на салдото од вашата платежна картичка


Пренос на заработеното преку Пејпал на  -->> салдото од платежната картичка
Пренос на заработеното преку Пејпал на -->> салдото од платежната картичка


Ако имате салдо на вашата бизнис пејпал сметка, што значи сте продале некој производ или услуга и некој ви платил, на располагање ви е опцијата Withdraw funds. Со оваа опција вие ќе можете да ги префрлите средствата од пејпал сметката -->> платежната картичка која ви е линкувана со пејпал бизнис сметката.


Иницирање пренос


Од главното мени на Пејпал дешбордот, се избира копчето Withdraw Funds - линк paypal.com/mep/dashboard.


Салдо на пејпал сметката што треба да се пренесе на платежната картичка
Салдо на пејпал сметката што треба да се пренесе на платежната картичка

Алтернативно, наместо Withdraw funds може да стои линк за Transfer Funds што е иста работа.



Копче Transfer Funds за пренос на салдото од Пејпал сметката
Копче Transfer Funds за пренос на салдото од Пејпал сметката

Избор на платежна картичка на која треба да легнат парите


На следниот прозорец се потврдува картичката на која треба да легнат парите. Можете тука да линкувате друга платежна картичка.


Избор на платежна картичка на која ќе легнат парите од Пејпал
Избор на платежна картичка на која ќе легнат парите од Пејпал


Откако се одбира платежната картичка, се потврдува со Next.


Преглед на условите за преносот и потврда за изведба


Потоа се потврдува преносот ако условите се задоволувачки.



Преглед на условите под кои Пејпал ќе ги префрли парите
Преглед на условите под кои Пејпал ќе ги префрли парите

На сликата погоре стои дека курсот на еврото е 59,4044 денари - тоа е некаде 2,5% што задржува банката која ја сервисира картичката.

Конфирмација за успешен пренос


Кога ќе се изведете преносот, се добива конфирмација дека парите се префрлени на VISA бизнис картичката.


Потврда на трансакцијата за пренос на средства
Потврда на трансакцијата за пренос на средства


Пејпал вели дека парите ќе легнат на картичката за 1 до 3 работни денови. Ова се деновите потребни за банката да ја процесира трансакцијата. Инаку, на дешбордот на Пејпал може да видите дека парите се префрлени и салдото е Нула.



Дешборд на Пејпал каде е заведена трансакцијата за пренос
Дешборд на Пејпал каде е заведена трансакцијата за пренос


Парите се на располагање на вашата платежна картичка


По некое време, парите се на располагање на бизнис платежната картичка.


Преглед на трансакции на платежната картичка каде се гледа дека Пејпал ги префрлил парите
Преглед на трансакции на платежната картичка каде се гледа дека Пејпал ги префрлил парите

Операцијата за прием на пари на платежна картичка во банка може да се разликува од банка до банка. Останува на корисникот да се распраша кои се условите за работа со Пејпал за прием на пари.


...


Примам бакшиш преку Пејпал на сметката на Логин Системи. Ако сте задоволни од написот и од целосната активност околу Пејпал, пуштете срце и пратите бакшиш на адресата paypal.me/loginsystems или со клик на копчето подолу.


Копче за оставање бакшиш за авторот
Копче за оставање бакшиш за авторот

Ова е впрочем и идеална прилика да пробате како функционира Пејпал. 😉😉😉 Благодарам однапред за бакшишот. 💙💚💛❤️ Ако нема за бакшиш, лајкнете подолу или споделете ја објавата за да израдувате некого. 😎😎😎


Корисни линкови


Прегледајте ги и останатите содржини поврзани со оваа објава.


Ако имате прашања или ви треба совет, најдобро е да поставите прашање тука. Или коментирајте на некоја од објавите.



#пејпал #paypal #какода #чекорпочекор


1071 View
Trpe Trajkov
23 мая 2020 г.

Процентот при конверзија на валути Пејпал го зема, банката нема врска со ова. А и зошто праќање во денари кога може во оригинална валута да повлечеш, во банка ќе добиеш денари по курс на НБРМ. Инаку сега ја пробувам финтата со бизнис пејпалот дали воопшто работи.

Members

bottom of page