top of page
LSLogoTransparentWOSlogan

Бизнис дискусија на избрана група

Платежни услуги PayPal и ост.

Public·79 members

Македонскиот јазик е непознат за Google за бизнис

Дали и за ова се виновни банките?

Преку 10 години плаќаме Министерство за информатичко општество. Премиерот и министри задолжени за економија се сликаат со претставници на Google - а македонски јазик во Google нема. За гугле јазикот на мојот сајт www.loginsystems.biz е непознат - видете на сликите.

Google не го познава јазикот на сајтот на Логин Системи
Google не го познава јазикот на сајтот на Логин Системи

Зошто е тоа така? Затоа што повеќето работи во Мк не се прават суштински добро. Како да сме заглавени во 19ти век, и не знаеме, како држава и институции, да се справиме во 21ви век. Изгледа дека македонскиот јазик на луѓето им е битен за собирање политички поени, но не им е битен за развој на македонската економија.



Google Languages AdSense supports
Поддржани јазици во Google - македонскиот го нема


Ако за Пејпал беа банките виновни, за Google AdSense кој е виновен? Дали секогаш ќе се вадиме на македонската Калимеро неправда или точно ќе ги лоцираме потребите/проблемите и ќе се зафатиме за работа? Прашањето е адресирано до политичарите но и за сите нас.



681 View

Members

bottom of page