top of page
LSLogoTransparentWOSlogan

Бизнис дискусија на избрана група

Платежни услуги PayPal и ост.

Public·79 members

Успешно креиран Paypal business account

Морам да нагласам за сите што сакаат да го пробаат да отворат Paypal сметка, да не се откажуваат иако не го завршат процесот на прво. Мојот прв обид беше неуспешен поради тоа што не беше активна картичката од NLB banka.

Во консултација со Венко, извадив нова картица и мојот втор обид беше успешен. Како фирма која што работи со affiliate marketing потребата за Paypal во Македонија е неизбежна, бидејќи доколку не си во Европска унија и не поседуваш Paypal сметка не можеш да ги примиш парите кои што се заработени.

Најдобар водич при креирањето на мојата сметка е овој пост на Венко Глигоров;



Како што кажав извадив Visa картичка од NLB банка (доколку е нова картица обавезно проверете дали имате средства на картицата и според моето искуство најдобро да направите барем една трансакција за да бидите сигурни дека картицата е активна). Не сакам да ги повторувам постапките кои што се објаснати во постот погоре. Она што можам да го додадам е што кај Business URL го внесов Linkedin профилот од мојата компанија кој што е активен веќе 2 години. Иако имаме свои веб страни, сите се брендирани различно од името на фирмата и едниствениот бизнис профил беше на Linkedin со кој што успешно се заврши регистрацијата на бизнис профилот на Paypal.


Откако успешно го креирав профилот и направив paypal.me направивме неколку тест транскации. Од Paypal побараа доказ за извршените услуги и потврда на идентитет. Откако ги доставив потребните податоци, мојата сметка е активна.





394 Views

Members

bottom of page